Владимир Атанасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 13:36:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владимир Атанасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апелација ја укина првостепената пресуда за „Организатори на 27-ми април“ – случајот вратен на повторно судење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-organizatori-na-27-mi-april-sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-organizatori-na-27-mi-april-sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene/#respond Mon, 03 Apr 2023 13:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=819563

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. - Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-121/21, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Т.В., С.Р., М.Ј., сите од С. и В.А од Д., со привремено престојувалиште во С., ја укина првостепената пресуда КОК.бр.2/20 од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје, Специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, се вели во соопштението од Апелација. Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во оваа фаза на постапката, Апелациониот суд одлучи дека е беспредметна. Мерките за претпазливост спрема обвинетите Т.В од С. и В.А од Д. со привремено престојувалиште во С., остануваат во сила. -Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда, оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик, посочуваат од Апелација. Ова, од причина што првостепениот суд врз основа на расположивиот доказен материјал во недоволна мера ги расправил сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти што го чинат обележјето на кривичното дело и го определуваат неговото дејствие на извршување, при утврдување на фактичката состојба не утврдил со сигурност во што се состојат дејствијата на секој од обвинетите преземени во насока на остварување на битието на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејствието на извршување на предметното кривично дело, за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ. Првостепениот суд, се вели во соопштението од Апелација, сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. - Првостепниот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постпувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија (Сл.весник на РМ бр.233/2018) кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор, се вели во соопштението од Апелација. Вака донесената одлука, посочуваат од Апелација, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски шест години казна затвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-organizatori-na-27-mi-april-sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene/feed/ 0
Ристовски и Атанасовски одат во куќен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/#respond Fri, 31 May 2019 15:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=203998

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд ја замени мерката притвор со куќен за Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои се обвинетите за нападот во Собранието на 27 април 2017 година, а на Миле Јанакиевски му го продолжи куќниот притвор уште за 30 дена. Кривичниот совет одлучуваше по барање на Обвинителството за организиран криминал кое денеска подигна обвинение за четири лица- обвинети дека се организатори на наислниот упад. –Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, а во однос на денеска поднесниот обвинителен акт за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кои го прифати предлогот и на двајца од обвинетите мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор, а на еден од обвинетите мерката куќен притвор му ја продолжи за 30 дена, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Што се однесува до обвинителниот акт истиот ќе биде распореден согласно АКМИС системот на Совет за оценка на обвинителен акт. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, претходно денеска информира, дека е поднесен обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање. Како што соопшти Јавното обвинителство, наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во Парламентот на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието. Криичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети. Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор. Во соопштението од ЈОРМ не се посочува идентитетот на четворицата обвинети за организирање на собраниските настани на 27 април 2017. Во предистражната постапка, Обвинителството за огранизирање на „27 април“ ги сомничеше поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и Владимир Атанасовски и Никола Бошковски од УБК. За насилствата во Собранието, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/feed/ 0
Обвинителството побара: Ристовски и Атанасовски да излезат од „Шутка“ и да одат во куќен притвop https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-ristovski-i-atanasovski-da-izlezat-od-shutka-i-da-odat-vo-kukjen-pritvop/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-ristovski-i-atanasovski-da-izlezat-od-shutka-i-da-odat-vo-kukjen-pritvop/#respond Fri, 31 May 2019 14:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=203970

Екс министерот Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, да бидат пyштeни од истpaжниот затвop „Скопје“ и притвopoт да продолжат да го издржуваат дома, односно да им биде одреден куќен притвop. Исто така, Миле Јанакиески и понатаму да остане во куќен притвop. Ова се барањата на Oбвинитeлcтвoто за организиран кpиминал и кopупција, откако денеска поднесоа oбвинeниe за организаторите на нacилниот yпaд во Собранието, што се случи на 27 април. Со oбвинeниeтo е опфатен и пратеникот Трајко Вељаноски, но за него обвинитeлcтвoтo не бара мерка на oбeзбeдyвање, најверојатно бидејќи тој ужива пратенички имyнитeт. За екс премиерот Никола Груевски кој е во бeгcтвo во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бeгcтвo во Грција, пocтапката е запpeна до нивно пpoнаоѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-ristovski-i-atanasovski-da-izlezat-od-shutka-i-da-odat-vo-kukjen-pritvop/feed/ 0
Уште 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-30-dena-pritvor-za-poraneshniot-direktor-na-ubk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-30-dena-pritvor-za-poraneshniot-direktor-na-ubk/#respond Mon, 04 Feb 2019 11:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=159969

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор. Кривичниот суд во петокот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ. Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември минатата година по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски. Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина дотогашниот директор Сашо Мијалков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-30-dena-pritvor-za-poraneshniot-direktor-na-ubk/feed/ 0
Нови 30 дена притвор за eкс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-30-dena-pritvor-za-eks-direktorot-na-ubk-vladimir-atanasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-30-dena-pritvor-za-eks-direktorot-na-ubk-vladimir-atanasovski/#respond Thu, 03 Jan 2019 09:46:41 +0000 https://kurir.mk/?p=147741

Нови 30 дена притвор му одреди кривичниот суд во Скопје на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомнични Атанасовски за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, некои од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во Собранието, заедно со други лица. Владимир Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков, кој пак, два дена пред Нова година беше пуштен во куќен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-30-dena-pritvor-za-eks-direktorot-na-ubk-vladimir-atanasovski/feed/ 0
Одбиена жалбата- Атанасовски останува во притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbiena-zalbata-atanasovski-ostanuva-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbiena-zalbata-atanasovski-ostanuva-vo-pritvor/#respond Fri, 07 Dec 2018 16:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=137125

Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за одредување на мерката притвор во траење од 30 дена, информираат од Основниот суд Скопје 1. -Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В.А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка, соопшти Кривичниот суд. Атанасовски се товари за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“. Притворот од 30 дена на 5 декември му го одреди судија на претходна постапка поради инволвираност во настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Притворот е побаран поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbiena-zalbata-atanasovski-ostanuva-vo-pritvor/feed/ 0
„Атанасовски ниту бил, ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasovski-nitu-bil-nitu-e-angaziran-kako-sovetnik-na-pretsedatelot-na-partijata-vmro-dpmne-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasovski-nitu-bil-nitu-e-angaziran-kako-sovetnik-na-pretsedatelot-na-partijata-vmro-dpmne-mickoski/#respond Wed, 05 Dec 2018 15:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=136151

Република Македонија се соочува со најцрниот период од осамостојувањето кога целиот безбедносен и судски систем се ставени во улога само и само за спроведување политички монтирани и мотивирани процеси, на штета на безбедноста на државата и особено на правото и правдата. Во време кога со државата владее криминогена власт, а државата се завива во црно заради мафијашки пресметки на улиците, СДСМ спроведува класичен политички прогон преку пласирање на лажни информации, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Владимир Атанасовски ниту бил ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. Информацијата дека Атанасовски е дел од советниците на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме за тенденциозна инсинуација и намерно нанесување на штета на новото раководство на партијата и претседателот г. Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека во Република Македонија се одвиваат политички мотивирани и инструирани судски процеси кои немаат врска со правото и правдата, а кои судскиот систем го доведуваат до апсурдности кои се одвиваат до недоглед. Токму заради тоа ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија, стои во реакцијата и се додава: „И политичките судски процеси и политичките приведувања, како и пласирањата на лажни информации имаат за цел да ја дезавуираат јавноста од безбедносните проблеми и прашања, како и од реалните проблеми кои оваа мрачна криминогена власт ги нанесува врз граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од СДСМ и од портпаролот Костадин Костадинов заради пласирање и објавување на неточна информација. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и е достапна за медиумите да одговори на било кое прашање во и од интерес на јавноста“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasovski-nitu-bil-nitu-e-angaziran-kako-sovetnik-na-pretsedatelot-na-partijata-vmro-dpmne-mickoski/feed/ 0
Уапсен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-poraneshniot-direktor-na-ubk-vladimir-atanasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-poraneshniot-direktor-na-ubk-vladimir-atanasovski/#respond Tue, 04 Dec 2018 21:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=135821

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, е уапсен вечерва. Атанасовски бил на апанажа до 16 јуни 2018 година и оттогаш е во партискиот безбедносен совет. На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016 година и остана до 16 јуни 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-poraneshniot-direktor-na-ubk-vladimir-atanasovski/feed/ 0