Владимир Костов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 12:53:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владимир Костов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Владимир Костов, почесен член на МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-vladimir-kostov-pochesen-chlen-na-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-vladimir-kostov-pochesen-chlen-na-manu/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=783531

Во Битола почина Владимир Костов (1932 г.), професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток“. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември“, и награда за животно дело, како и на републичките награди „11 Октомври“, „1 Мај“, наградата „Рациново признание“; наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески“; „Гоцева повелба“ за литературна дејност; наградите на Сојузот на здруженијата на наставниците по македонски јазик и литература и „Феникс“. За литературна дејност одликуван е со орден „Заслуги за народ со златен венец“. Владимир Костов има објавено 17 романи, 10 збирки новели и раскази и осум книги за деца и млади. Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во светот. Во 2015 година Костов, член на МНД-Битола, беше избран и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-vladimir-kostov-pochesen-chlen-na-manu/feed/ 0
„Вида“ – Концерт на Филхармонијата и виолинистот Владимир Костов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vida-koncert-na-filharmonijata-i-violinistot-vladimir-kostov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vida-koncert-na-filharmonijata-i-violinistot-vladimir-kostov/#respond Thu, 10 Nov 2022 07:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=758313

Оркестарот на Филхармонија, вечер во 20 часот, ќе одржи концерт насловен „Вида“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов. Гостин на концертот е чембалистката Цветанка Созовска. На програмата се дела од Корели, Вивалди, Порпора и Рихтер. Владимир Костов (1975) е роден во Битола каде што го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Михајло Куфујонакис, каде што и магистрира, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози Костов е единствен музичар од Македонија кој повеќе пати е избран да членува во реномираниот Светски оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти (Јаков Крајцберг, Курт Мазур) и солисти (Ана Софи Мутер, Xемс Енес, Даниел Мулер Скот). Со овој оркестар му се нуди неповторлива можност да свири во најпознатите концертни сали во светот – Националниот Арт Центар Отања, Линколн центарот, Харвард Универзитетот, Берлинската филхармонија, Келнската филхармонија, Концертхаус Берлин, Концертхаус Виена, во Шанија, Полска, Кина… Настапува и со оркестарот Исток-Запад во Алтенбург (Германија), а во периодот од 2000 до 2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ. Камерната музика претставува негов особен интерес и тој е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа“, Камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“, основач е на клавирското трио ,„ВАМ“, редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија. Член е на ансамблот за современа музика „Кон Темпора“. Владимир Костов постојано посетува и мајсторски курсеви за камерна музика предводени од светски познатите „Медичи“ Квартет (Шведска), „Артемис“ Квартет (Германија) и Квартетот „Миро“ (САД). Настапува како солист со Македонската филхармонија и камерниот оркестар, како и на повеќе фестивали и манифестации во Северна Македонија, Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија, Хрватска, Полска. Основач е на фестивалот за млади виолинисти „Виолин фест“. Моментно работи како концерт-мајстор во Македонската филхармонија и како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vida-koncert-na-filharmonijata-i-violinistot-vladimir-kostov/feed/ 0