владимир лазовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 10:09:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владимир лазовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изабела Новотни и Владимир Лазовски прославуваат 30 годишен јубилеј, тие се првовработените актери на ТДМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izabela-novotni-i-vladimir-lazovski-proslavuvaat-30-godishen-jubilej-tie-se-prvovrabotenite-akteri-na-tdm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izabela-novotni-i-vladimir-lazovski-proslavuvaat-30-godishen-jubilej-tie-se-prvovrabotenite-akteri-na-tdm/#respond Wed, 01 Feb 2023 09:57:00 +0000 https://kurir.mk/?p=794606

Со претставата „Зрното грашок и принцезата“, денес актерскиот тандем Изабела Новотни и Владимир Лазовски, ќе го одбележат три деценискиот јубилеј од нивната плодна кариера како првовработени актери во ансамблот на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје. Триесет (30) години исполнети со најразлични театарски ролји, со кои се едуцираа и уживаа бројни генерации на детска публика. „Пред три децении кога за се вработив, не бев свесна за авантурата во која се впуштам. Ентузијазмот што го имав тогаш, се уште ме држи и верувам дека ја оправдаме довербата како првовработени актери да креираме и создаваме квалитетни претстави во првиот и единствен државен театар за деца и младинци на македонски јазик“, вели Изабела Новотни. Театарот за деца и младинци, со одлука на Владата во 1990 година е формиран како Национална институција и во првите години од формирањето претставите биле играни на најразлични сцени низ Скопје и низ земјата, но без официјално вработени актери. „Прекрасно е чувството да бидете дел од создавањето темели на едно сега веќе големо функционално семејство, кое неуморно соништата ги создава низ театарските претстави преку кои израснале бројни генерации“, вели Владимир Лазовски. Пред театарот да го формира својот уметнички ансабл, во него, заедно со тогашниот директор Љубомир Чадиковски, вработени како административни соработници кои веќе имаат навршено 30 години биле и Виолета Димовска која што се уште го дава својот придонес во ТДМ и нешто подоцна Софија Георгиевска, која веќе е во пензија. Во 1993 година, со претставата „Зрното грашок и принцезата“, од Атанaс Илков, а во режија на Срѓан Јанаќиевиќ во која играат Владимир Лазовски и Изабела Новотни, се означува и формално создавањето уметнички ансамбл на театарот со вработени актери, како и вработување на технички соработници. Премиерната изведба на претставата била изведена во Детската градинка „13 ноември“ во Скопје, а заради нејзината мобилност и камерен стил истата за многу кусо време учествува на бројни фестивали во Албанија, Бугарија, СР Југославија, Италија, Турција и освојува бројни награди и признанија, меѓу кои се издвојуваат: Наградата за претстава во целина на фестивалот „Буроборак“ во Смолен, Бугарија 1994 година, Наградата за естетско обликување на претставата на фестивалот во Суботица, 1995 година и други. Како што посочуваат од ТДМ, заедно со вработувањето на првите актери, театарот ги бележи и вработувањата на Љубица Велкова, кројач која остава силни белези при реализација на сите раскошни костими за најразличните претстави во театарот, а исто толку години поминати во оваа институција оваа година ќе одбележи и Ангеле Насковски, тон мајстор. На 6. февруари 1998 година, Театарот за деца и младинци конечно добива свој дом. Поранешниот воен ресторан „Вардар“ станува адаптиран сценски простор, од привремен карактер. Овој објект се уште како „привремено адаптиран театар“ е единствениот дом во кој вработените неуморно креираат и создаваат успешни претстави наменети за деца и младинци, цели 33 години и веруваат во „Сонот што трае“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izabela-novotni-i-vladimir-lazovski-proslavuvaat-30-godishen-jubilej-tie-se-prvovrabotenite-akteri-na-tdm/feed/ 0
Детали за сообраќајката во која учествуваше заменик-министерот Лазовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-soobrakjajkata-vo-koja-uchestvuvashe-zamenik-ministerot-lazovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-soobrakjajkata-vo-koja-uchestvuvashe-zamenik-ministerot-lazovski/#respond Thu, 30 May 2019 09:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=203541

На 29.05.2019 година во 11:15 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(54) од Скопје и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(41) од Скопје. Со возилото управувал заменик - министерот за култура Владимир Лазовски. Тој се огласи на социјалните мрежи: “Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност”, напиша тој на Фејсбук. Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот и му била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-soobrakjajkata-vo-koja-uchestvuvashe-zamenik-ministerot-lazovski/feed/ 0
Лазовски: Доколку се утврди моја вина во сообраќајката, ќе сносам одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazovski-dokolku-se-utvrdi-moja-vina-vo-soobrakjajkata-kje-snosam-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazovski-dokolku-se-utvrdi-moja-vina-vo-soobrakjajkata-kje-snosam-odgovornost/#respond Wed, 29 May 2019 13:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=203283

Во денешната сообраќајна незгода кај Градската болница учествувал заменик-министерот за култура Владимир Лазовски. Тој на својот Фејбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина. – Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на Фејбук. Сообраќајната незгода се случи денеска меѓу патничко возило и моторциклист. Повредениот моторциклист беше пренесен во Градската болница, а на местото на незгодата увид изврши полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazovski-dokolku-se-utvrdi-moja-vina-vo-soobrakjajkata-kje-snosam-odgovornost/feed/ 0