Владимир Милошев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 16:57:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владимир Милошев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот претседател на СДСМ Штип: За коридор за кој нема ниту основен проект, веќе платени над 130 милиони евра – за штипската Клиничка болница нема пари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-na-sdsm-shtip-za-koridor-za-koj-nema-nitu-osnoven-proekt-veke-plateni-nad-130-milioni-evra-za-shtipskata-klinichka-bolnitsa-nema-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-na-sdsm-shtip-za-koridor-za-koj-nema-nitu-osnoven-proekt-veke-plateni-nad-130-milioni-evra-za-shtipskata-klinichka-bolnitsa-nema-pari/#respond Fri, 12 May 2023 16:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=833584

За коридор за кој нема ниту основен проект, веќе платени над 130 милиони евра - за штипската Клиничка болница нема пари!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук поранешниот претседател на СДСМ Штип и државен секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев. -За коридор за кој нема ниту основен проект , веќе платени над 130 милиони евра....за завршување ( готов проект) и комплетно опремување на штипската Клиничка болница се потребни не повеќе од 30 милиони евра!, пишува во својата објава Милошев. Милошев функцијата државен секретар во МЗ ја извршуваше од 2017-2020, а на чело на СДСМ Штип бил од 2012-2017 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-na-sdsm-shtip-za-koridor-za-koj-nema-nitu-osnoven-proekt-veke-plateni-nad-130-milioni-evra-za-shtipskata-klinichka-bolnitsa-nema-pari/feed/ 0
СКАНДАЛ: За граѓаните казни, за несовесниот доктор награда – договор за работа во Министерството за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-za-gragjanite-kazni-za-nesovesniot-doktor-nagrada-dogovor-za-rabota-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-za-gragjanite-kazni-za-nesovesniot-doktor-nagrada-dogovor-za-rabota-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo/#respond Wed, 10 Mar 2021 09:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=479942

КУРИР од свои извори од штипската болница дојде до информации дека поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, повторно ќе биде работно ангажиран во МЗ. Станува збор за докторот кој на дежурството во новогодишната ноќ ја покажа својата несовесност ставајќи се во ризик себеси, колегите и пациентите. Групирање, без маски, без дистанца, без никаква заштита. Седнати на полна трпеза како да прославуваат во некој ресторан, а не како да се здравствени работници на должност. Ова е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита од ковид од страна на екс-државниот секретар за здравство. Милошев работеше во кабинетот на Филипче во периодот кога короната зема најголем замав и во МЗ се креираат мерките и политиките. Се носи одлука за драстични казни кои очигледно се наменети само за граѓаните, но не и за лицата блиски до функционерите. Ни беа забранети многу работи, ниту еден празник не го прославивме како што доликува бидејќи ни се закануваа со казни. Најголем дел од граѓаните останаа дома почитувајќи ги препораките, тие кои не го сторија тоа – си беа казнети. Институциите многу сакаат да претставуваат слика дека “мерките“ важат за сите. Но, тоа не е вистина. Исто така, граѓаните се сведоци дека некои манифестираат самоволие бидејќи се заштитени, а други се ставени на тест за издржливост. Кој нема да издржи, ќе плати казна. КУРИР уште во јануари бараше одговори од МВР и МЗ за овој случај. Во министерството на Спасовски прашавме дали ќе има казни за вработените во штипската болница кои несовесно се однесуваа на дежурство во новогодишната ноќ. Не добивме одговор. Во министерството на Филипче уште пред повеќе од два месеци прашавме дали ќе повикаат на одговорност. Од таму директно не го повикаа на одговорност овој доктор. Во својот прв одговор до нашата редакција испратија “пластични“ реченици кои ги зборуваат од почетокот на пандемијата и кои досега низа пати се покажаа дека не се вистинити. Кога побаравме конкретен одговор и не дозволивме да ја замајуваат јавноста, пратија поширок одговор, повторно, без да повикаат на одговорност. Потсетуваме на комуникацијата со МЗ од јануари годинава на оваа тема:   Милошев до ден денес не доби казна. Но, според нашите информации, добил награда - договор за работа од Министерството за здравство, работно место и плата од џебот на граѓаните!!! Истите граѓани кои плаќаа казни за дела помали од овие на докторот. За ова побаравме одговори од Министерството за здравство пред цели шест дена. Одговор - нема! Со цел да ја пренесеме нивната страна на јавноста, откако со денови чекавме одговор на оваа е-маил порака, го контактиравме и телефонски кабинетот на Филипче. Пред два дена ни рекоа дека ќе добиеме одговор, но тоа уште не го направиле. Со оглед на фактот што од нив баравме да потврдат или негираат, а шест дена не најдоа време и расположение да ни вратат, оправдан е сомнежот дека сакаат да го сокријат овој скандал. Скандалозно е што доктор Владимир Милошев, максилофацијален хирург во болницата во Штип, наместо осуда, повик на одговорност и казна, доби нов договор за работа во кабинетот на Венко Филипче. Оваа одлука е срамна бидејќи истата претставува доказ за селективноста која се случува на грбот на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-za-gragjanite-kazni-za-nesovesniot-doktor-nagrada-dogovor-za-rabota-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo/feed/ 0
Дрска селективност на грбот на граѓаните: За народот казни, за несовесниот доктор и партиски другар заштита од Министерство за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drska-selektivnost-na-grbot-na-gragjanite-za-narodot-kazni-za-nesovesniot-doktor-i-partiski-drugar-zashtita-od-ministerstvo-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drska-selektivnost-na-grbot-na-gragjanite-za-narodot-kazni-za-nesovesniot-doktor-i-partiski-drugar-zashtita-od-ministerstvo-za-zdravstvo/#respond Wed, 27 Jan 2021 09:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=460390

Македонските граѓани за непочитување на мерките и препораките добиваат казни. Оние кои сакаа да ја испочитуваат вековната традиција за Водици добија “удар по џебот“ исто како и граѓаните кои запалија оган за Бадник. Ни беа забранети многу работи, ниту еден празник не го прославивме како што доликува бидејќи ни се закануваа со казни. Најголем дел од граѓаните останаа дома почитувајќи ги препораките, тие кои не го сторија тоа – си беа казнети. Институциите многу сакаат да претставуваат слика дека “мерките“ важат за сите. Но, тоа не е вистина. Исто така, граѓаните се сведоци дека некои манифестираат самоволие бидејќи се заштитени, а други се ставени на тест за издржливост. Кој нема да издржи, ќе плати казна. Министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на пандемијата зборува за мерки, препораки и санкции. Со својот тим во кабинетот правеше планови што ново да им се забрани на граѓаните. Еден претставник на тој тим до пред извесно време беше поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев. КУРИР пред два дена пишуваше за скандалозното однесување на овој доктор, а за тоа ве потсетуваме во продолжение.

Скандалозно однесување на екс-соработникот на Филипче: Граѓаните плаќаат дебели казни, несовесниот доктор става пациенти во ризик (ФОТО)

Речиси цела година водат неуспешна битка за справување со коронавирусот, а наместо да понесат одговорност, ги обвинуваат граѓаните дека се несовесни и дека затоа вирусот се шири. Но, да видиме колку се совесни најблиските соработници на министерот за здравство, Венко Филипче. Поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев е доктор во штипската болница. Таму е вработен како максилофацијален хирург. Бил дежурен ноќта за нова година, па покажа како му поминало тоа дежурство. Групирање, без маски, без дистанца, без никаква заштита. Седнати на полна трпеза како да прославуваат во некој ресторан, а не како да се здравствени работници на должност. Ова е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита од ковид од страна на екс-државниот секретар за здравство. До вчера овој човек беше дел од политиките, наводно грижејки се за здравјето на граѓаните. Истиот тој без маска, без дистанца и на работно место не ги почитува препораките кои неговиот претпоставен ги диктира на “обичните“ граѓани. Дали надлежните ќе замолчат пред ваквото непочитување? Да стануваше збор за граѓани, досега сигурно ќе беа казнети и санкционирани. Но, за најблиските соработници на Филипче очигледно не важат ни закони, ни препораки. Зошто Филипче досега нема побарано одговорност за ваквите постапкина неговиот довчерашен близок соработник  Милошев кој сега работи како доктор во КБ Штип? Ваквото однесување е во најмала рака скандалозно! Докторот го става во ризик не само своето здравје, туку и здравјето на своите колеги, а особено на пациентите. Министерот Филипче треба да покаже дека препораките важат за сите исто. Граѓаните постојано добиваат парични казни и забрани, а неговите најблиски соработници се однесуваат како за нив се да е дозволено! КУРИР вчера бараше одговори од Министерството за здравство. Од таму директно не го повикаа на одговорност овој доктор. Во својот прв одговор до нашата редакција испратија “пластични“ реченици кои ги зборуваат од почетокот на пандемијата и кои досега низа пати се покажаа дека не се вистинити. Кога побаравме конкретен одговор и не дозволивме да ја замајуваат јавноста, пратија поширок одговор, повторно, без да повикаат на одговорност. Со цел граѓаните да бидат сведоци на односот од МЗ, нашата комуникацијата со Министерството за здравство, ви ја пренесуваме во продолжение:     Зошто ги објавуваме пораките? КУРИР како медиум се обрати до МЗ во име на македонските граѓани. И МЗ е должно конкретно да одговори на ваков тип на прашања бидејќи на очиглед на јавноста е селективноста во казнувањето за непочитување на препораките. Затоа, првиот одговор кој го добивме од нив,  го сметаме за обид за ново манипулирање дека “се е во ред“ и “сите се исти“. Во нивниот втор одговор, прво се оградуваат од докторот кој до пред кусо време му беше близок соработник на Филипче, но повторно, не апелираат јавно дека и тој треба да биде казнет. Овој доктор, како и сите останати, дури и надвор од пандемија, вакво однесување не смеат да си дозволат. А министерството и тоа како е надлежно за вакви случаи. Не знаеме кое лице точно одговара на новинарските прашања преку е-маил адресата на Министерството за здравство, но во обид да го “испере“ докторот кој до вчера таму беше претпоставен, сакаше да ја намали тежината на случајот. Така, иако докторот САМ, на СВОЈОТ Фејсбук профил објави каде и кога се случува неговото несовесно однесување, од МЗ велат дека КУРИР тврди што и каде се случило. Најмал проблем е што тие велат дека “ние тврдиме кога е направена фотографијата“, еве Фејсбук нека покаже. Не е проблем само Милошев, не се проблем само сестрите и болничарите на оваа фотографија. Проблем е што Филипче и МЗ замижуваат на ваквите случувања. Не може и не смее нивните блиски соработници, колеги, партиски другари, да бидат заштитени како “бели мечки“, а граѓаните да плаќаат казни на секој чекор. КУРИР побара одговор и од Министерството за внатрешни работи:

“Дали полицијата има нешто превземено и дали ќе бидат изречени казни во врска со случувањето во штипската болница за време на новогодишната ноќ?“

Имено, доктор објави фотографија на која јасно се гледа дека персоналот во болницата воопшто не ги почитувам мерките, што е казниво.

Засега, нема одговор од таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drska-selektivnost-na-grbot-na-gragjanite-za-narodot-kazni-za-nesovesniot-doktor-i-partiski-drugar-zashtita-od-ministerstvo-za-zdravstvo/feed/ 0
Скандалозно однесување на екс-соработникот на Филипче: Граѓаните плаќаат дебели казни, несовесниот доктор става пациенти во ризик (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-odnesuvanje-na-eks-sorabotnikot-na-filipche-gragjanite-plakjaat-debeli-kazni-nesovesniot-doktor-stava-pacienti-vo-rizik-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-odnesuvanje-na-eks-sorabotnikot-na-filipche-gragjanite-plakjaat-debeli-kazni-nesovesniot-doktor-stava-pacienti-vo-rizik-foto/#respond Mon, 25 Jan 2021 11:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=459470

Речиси цела година водат неуспешна битка за справување со коронавирусот, а наместо да понесат одговорност, ги обвинуваат граѓаните дека се несовесни и дека затоа вирусот се шири. Но, да видиме колку се совесни најблиските соработници на министерот за здравство, Венко Филипче. Поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев е доктор во штипската болница. Таму е вработен како максилофацијален хирург. Бил дежурен ноќта за нова година, па покажа како му поминало тоа дежурство. Групирање, без маски, без дистанца, без никаква заштита. Седнати на полна трпеза како да прославуваат во некој ресторан, а не како да се здравствени работници на должност. Ова е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита од ковид од страна на екс-државниот секретар за здравство. До вчера овој човек беше дел од политиките, наводно грижејки се за здравјето на граѓаните. Истиот тој без маска, без дистанца и на работно место не ги почитува препораките кои неговиот претпоставен ги диктира на “обичните“ граѓани. Дали надлежните ќе замолчат пред ваквото непочитување? Да стануваше збор за граѓани, досега сигурно ќе беа казнети и санкционирани. Но, за најблиските соработници на Филипче очигледно не важат ни закони, ни препораки. Зошто Филипче досега нема побарано одговорност за ваквите постапкина неговиот довчерашен близок соработник  Милошев кој сега работи како доктор во КБ Штип? Ваквото однесување е во најмала рака скандалозно! Докторот го става во ризик не само своето здравје, туку и здравјето на своите колеги, а особено на пациентите. Министерот Филипче треба да покаже дека препораките важат за сите исто. Граѓаните постојано добиваат парични казни и забрани, а неговите најблиски соработници се однесуваат како за нив се да е дозволено!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-odnesuvanje-na-eks-sorabotnikot-na-filipche-gragjanite-plakjaat-debeli-kazni-nesovesniot-doktor-stava-pacienti-vo-rizik-foto/feed/ 0
Државниот секретар за здравство Милошев ја посети болницата „Негорци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-sekretar-za-zdravstvo-miloshev-ja-poseti-bolnicata-negorci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-sekretar-za-zdravstvo-miloshev-ja-poseti-bolnicata-negorci/#respond Thu, 07 Jun 2018 15:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=63350

Националната стратегија чија што оновна цел е превенција и унапредување на условите за лекување на ментално и душевно растројство на сите пациенти без разлика на нивниот пол, вера и национална припадност, за периодот 2018-2025 што ја изработи Министертвото за здравство и деновиве ќе влезе во владина процедура, беше повод државниот секретар за здравство Владимир Милошев денеска да ја посети Невропсихијатриската болница „Негорци“. - За имплементирање и реализација на оваа стратегија веќе се предвидени човечки ресурси како и отворање на нови центри за ментално здравје за кои се обезбедени стабилни финансиски средства со цел да создадеме достоинтвени услови за третман на овие пациенти, нагласи Милошев. Покрај ова Милошев посочи дека Министерството за здравство дало согласност на НПБ „Негорци“ за вработување на тројца психијатри и два лекари по општа медицина кои веднаш ќе бидат упатени на специјализација. На средбата со вработените, Милошев беше информиран за актуелната состојба во оваа јавна здравствена установа, а имаше можност да ги види и условите за престој на пациентите како и нивниот третман од страна на вработените. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-sekretar-za-zdravstvo-miloshev-ja-poseti-bolnicata-negorci/feed/ 0
Милошев: Граѓаните кои примаат инсулин нема да останат без терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshev-gragjanite-koi-primaat-insulin-nema-da-ostanat-bez-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshev-gragjanite-koi-primaat-insulin-nema-da-ostanat-bez-terapija/#respond Tue, 08 May 2018 12:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=51525

Граѓаните на Република Македонија кои примаат инсулин нема да останат ниту еден ден без потребната терапија, изјави денеска д-р Владимир Милошев, државен секретар во Министерството за здравство. - Согласно постоечкиот договор за набавка на инсулин, двогодишниот договор август 2016 – август 2018, од сите типови на инсулин има доволни количини. Единствено претставува мал проблем „новорапидот“ кој го имаме само за уште месец и половина. Веќе бараме начин да извршиме интервентен увоз и дополнителна тендерска постапка за еден и пол месец за да стигнеме до август кога ќе го отвориме комплетниот пакет за јавна набавка за нов двогодишен договор за набавка на инсулин, рече Милошев. Тој појасни дека редовната постапка ќе биде во август. - Еден и пол месец е во прашање за да го пополниме тој вакуумски простор до распишување на целокупната постапка. Еден и пол месец е сосема доволен период за да се покријат потребите на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија кои примаат инсулин нема да останат ниту еден ден без потребните количини инсулин, порача државниот секретар во Министерството за здравство. На новинарско прашање дека граѓаните во изминатиот период се жалеа на количините и на квалитетот на инсулинот, тој појасни дека веќе во собраниска процедура се измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства во кои се предвидени дополнителни критериуми за заострување на сето она што значи квалитет во обезбедување на паралелниот увоз на лекови. Овде е вклучен и инсулинот. Изрази надеж дека до крајот на овој месец законот ќе биде поддржан во Собранието на Република Македонија, а по објавување во „Службен весник“ ќе стапи на сила. - Сето она што ќе значи паралелен увоз ќе гарантира квалитет на лековите кои ќе бидат предмет на овој увоз, рече Милошев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshev-gragjanite-koi-primaat-insulin-nema-da-ostanat-bez-terapija/feed/ 0