Владимир Плавевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 12:21:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владимир Плавевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelot-i-fotograf-vladimir-plavevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelot-i-fotograf-vladimir-plavevski/#respond Wed, 05 Jul 2023 12:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=853032

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови. Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од 2000 година е член и на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на ТВ-филмот „Мултиплеј“ (2008). За Македонското радио има подготвено девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002). Во 2013 година ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. Во 2020 година ја добива наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ (издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“). Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на многубројни групни изложби e активен во периодот од 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото-клубот „Вардар“ од Скопје (1978-1990) како и претседател на Фото-сојузот на Македонија (1982-1986). Член бил на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот „Фотографија“ на Факултетот за драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија. Во врска со фотографијата, ги објавил книгите: „Папарацо – феномен на денешнината“ (1997) и „Фотографија“ (1998).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelot-i-fotograf-vladimir-plavevski/feed/ 0
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-raskazi-za-novo-maalo-od-vladimir-plavevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-raskazi-za-novo-maalo-od-vladimir-plavevski/#respond Wed, 25 Jul 2018 06:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=80701

Книгата раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски вечер од 19 часот ќе биде промовирана во скопската населба Ново маало, а утревечер во истиот термин во книжарницата Литература.мк на ул. „Македонија“. Ново маало е автентичната скопска населба која е во фокусот на расказите на Плавевски, кој ќе има средба со своите новомаалци за да  се потсетат на животот и луѓето од старо Скопје и некогашно Ново маало. Издавачот „Арс Либрис“ посочува дека во збирката може да се прочитаат носталгични и емотивни реминисценции за одамна минато време и за едно невино детство изгубено во маалскиот амбиент. Според Плавевски, Ново маало сè уште постои и е речиси исто и непроменето како и пред седумдесет години – времето кога биле реалност расказите содржани во книгата. - Ново маало своевремено било центар на светот за новомаалците, микрокосмос од кој почнува и завршува сè. Таму се зборувал локален, маалски јазик и имал свое наречје, различно од тоа на соседните маала, поради што неретко луѓето не се разбирале меѓусебно. Маалската гордост ја чувале маалските банди, секогаш закрвени со тие отспротива. И покрај скудниот начин на живот, маалските улици ечеле од детскиот џагор и нивните необични игри, наведува „Арс Либрис“. Во книжарницата Литература.мк книгата раскази утревечер ќе ја претстави новинарот Мојсо Мојсовски,, a извадоци ќе чита актерката Снежана Конеска-Руси. Со овој настан во книжарницата ќе биде одбележана 55-годишнината од скопскиот земјотрес. Владимир Плавевски (Скопје, 1948) дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година.  Автор е на  сценарија за ТВ-серии, филмови, радиодрами, драмски текстови, раскази и романи. Во 2013 година, ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-raskazi-za-novo-maalo-od-vladimir-plavevski/feed/ 0