Владимир Туфегџиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 18:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владимир Туфегџиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА БОКИ МОРА ДА МУ СЕ ИЗВАДИ ЖЕЛУДНИКОТ, НЕГОВАТА СОСТОЈБА Е ДРАМАТИЧНО ВЛОШЕНА – тврди неговиот адвокат Туфегџиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-boki-mora-da-mu-se-izvadi-zheludnikot-negovata-sostojba-e-dramatichno-vloshena-tvrdi-negoviot-advokat-tufegdhik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-boki-mora-da-mu-se-izvadi-zheludnikot-negovata-sostojba-e-dramatichno-vloshena-tvrdi-negoviot-advokat-tufegdhik/#respond Thu, 16 Mar 2023 18:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=812871

Ново барање за прекин на казната на Бојан-Јовановски-Боки 13 е поднесено од неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Тој за „Макфакс“ посочува дека има драматично влошување на здравствената состојба, а поради тоа, тврди: „Неизбежен е оперативен зафат со кој ќе биде отстранет витален орган-желудник и ќе настане траен инвалидитет на лицето. За оваа состојба денеска писмено е известен и претседателот на Кривичниот суд Скопје“. Адвокатот посочува дека Кривичен и Управата за санкции знаеле за последиците кои може да ги има Боки 13 ако не се почитуваат лекарските напатствија. „За жал, во изминатите 7 месеци постојано му укажувавме на судот и надлежните во Управата за извршување на санкциите за значењето на редовната примена на задолжителниот здравствен режим и сериозните последици кои можат да произлезат по животот и здравјето, доколку секојдневно не се применува. Постојано укажувавме на последиците по животот и здравјето на лицето доколку само неколку дена не се применува овој задолжителен медицински режим бидејќи природата на болеста е таква што за само неколку дена настануваат тешки последици. За жал од страна на надлежните органи не наидовме на разбирање за нашето тврдење засновано на стручно медицинско мислење, дека задолжителниот здравствен режим не може да се спроведе во пенални услови“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Макфакс“. Тој посочува дека Брза помош се обидувала да го спроведе задолжителниот здравствен режим во затворот „Идризово“ каде Боки 13 издржува казна, но без успех, за што сведочат и 11-те писмени извештаи. „Напротив, судот и Управата за извршување на санкциите врз основа на мислењето на домскиот лекар утврдија дека КПУ Идризово ги има сите услови за спроведување на задолжителниот медицински режим. Доставивме обемна медицинска документација во изнинатите 7 месеци во две последователни постапки пред судот и управата за санкции, бидејќи состојбата се влошуваше на дневна основа. Ниту еден надлежен орган при одлучувањето не направи ниту еден обид да стапи во контакт со лекарите специјалисти кои го лекуваат лицето. Останува впечарокот дека Бојан Јовановски покрај казната на која е осуден сега се казнува и поради неговата болест. Прекинот на казната го баравме поради факти засновани на стручната медицина, бидејќи само на тој начин ќе беа одбегнати последиците со кои денеска се соочува лицето. За жал, денеска ризикот и исходот по животот на пациентот е неизвесен и во тој дел се оградуваат и лекарите специјалисти од областа“, додава Туфегџиќ. Тој потсетува дека пред седум дена го алармирал и Кривичен суд каде укажал дека прекинот е неопходен и преважен за Боки 13. „Во последното мое обраќање до судот на 09.03.2023 укажав дека поради ваквата состојба на работите е потполно основано и легитимно евентуалното барање одговорност за последиците од страна на осудениот и неговото семејство, а заради идните несакани и неизвесни последици по животот и здравјето на лицето. Како и да е, се надевам дека овој случај ќе биде повод да се извлече поука за во иднина, за поинаков пристап во вакви сложени постапки, а пред се да проработи совеста, разумот и хуманоста кај надлежните за да во иднина не ни се случуваат вакви несакани последици, кажано со реториката на сегашниот Министер за правда, условите во затворите да не останат и понатаму срамни“, додава Туфегџиќ. Претходно, Јасминка Јовановска, мајка на Бојан Јовановски-Боки 13 преку писмо до јавноста алармираше дека животот на нејзиниот син е донесен во ризик. Јовановска, во писмото потпишано од неа и нејзиниот сопруг Миле Јовановски, посочува дека Боки 13 е во лоша здравствена состојба поради тоа што е мета на изживување, малтретирање и тортура. Најавува дека за ваквите последици по неговото здравје, одговорност ќе бара од инволвирни лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-boki-mora-da-mu-se-izvadi-zheludnikot-negovata-sostojba-e-dramatichno-vloshena-tvrdi-negoviot-advokat-tufegdhik/feed/ 0
Туфегџиќ: Заев ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, тој директно влијае на понатамошниот тек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tufegdzikj-zaev-ja-kompromitira-istragata-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-toj-direktno-vlijae-na-ponatamoshniot-tek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tufegdzikj-zaev-ja-kompromitira-istragata-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-toj-direktno-vlijae-na-ponatamoshniot-tek/#respond Wed, 06 Oct 2021 10:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=573945

Премиерот Зоран Заев со денешната изјава ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово каде трагично згасна животот на 14 луѓе. Ова го тврди долгогодишниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ преку својот Фејсбук статус кој ви го пренесуваме во целост:
„Недозволиво е во правна држава заради политички цели и интереси, како прв политичар меѓу еднаквите, да искористиш ЕДЕН парцијален материјален доказ прибавен со обвинителска истрага, кој има целосна доказна сила кога ќе биде ценет поединечно и во една целина во корелација со други прибавени докази во истрагата. На овој начин политиката директно влијае на понатамошниот тек на независната и непристрасна истражна постапка за трагедијата во модуларната болница и потполно ја компромитира понатамошната истрага, сведувајќи ја причината за трагедијата на 14 луѓе на петпарачки продолжен кабел. Продолжниот кабел е само дел во мозаикот на истражните дејствија и докази, кои ценети во една доказна целина допрва треба да го дадат одговорот по однос на одговорноста“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tufegdzikj-zaev-ja-kompromitira-istragata-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-toj-direktno-vlijae-na-ponatamoshniot-tek/feed/ 0
Судијата Туфегџиќ: Обвинителството да отвори финансиска истрага за трошењето на буџетски пари во СЈО! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sudijata-tufegdzikj-obvinitelstvoto-da-otvori-finansiska-istraga-za-troshenjeto-na-budzetski-pari-vo-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sudijata-tufegdzikj-obvinitelstvoto-da-otvori-finansiska-istraga-za-troshenjeto-na-budzetski-pari-vo-sjo/#respond Fri, 22 Nov 2019 21:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=267937

По денешната информација на „Призма“ дека поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева земала вкупно 157.000 евра, како додаток, надвор од редовната плата, податок кој досега се класифицираше како таен, со реакција се јави судијата Владимир Туфегџиќ, објавува Фокус.
-Благодарение на новата апликација на Министерството за финансии, јавноста дозна за исплатените плати и додатоци на плати на специјалните јавни обвинители во изминатите четири години. Во досегашните шестмесечни финансиски извештаи на СЈО, кои се достапни и доставени до Собранието, не успеав да прочитам дека е прикажана исплата по основ “ДОДАДОК ЗА ДОВЕРЛИВОСТ“ и други основи по кои се исплатувани додатоци на плата на специјалните јавни обвинители. Најмалку што очекувам од Јавното обвинителство е веднаш да отвори финансиска истрага за трошењето на Буџетските пари во мандатот на СЈО, како и да ги испита наводите околу постоењето, потребата и намената на посебната каса во ова јавно обвинителство, и при тоа да го примени истиот принцип на ефикасност и итност во постапувањето како што тоа го направи пред извесно време према претседателот на Судско Буџетскиот Совет, поради индиции за незаконита одлука и исплата на надоместоци на плати на судии, вели судијата Туфегџиќ. Министерството за финансии завчера преку базата ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, освен основните плати на вработените во администрацијата и затоа не може да се дојде до официјална информација за висината на личниот доход на Јанева. Најголем дел од дополнителните средства таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее. Инаку, додатокот за доверливост е предвиден со Законот за СЈО, а Јанева со посебна одлука лично го одредувала износот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sudijata-tufegdzikj-obvinitelstvoto-da-otvori-finansiska-istraga-za-troshenjeto-na-budzetski-pari-vo-sjo/feed/ 0