владина коалиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 06:22:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владина коалиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета на „Форса“: Само половина од Германците сметаат дека владината коалиција ќе преживее до крајот на мандатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-na-forsa-samo-polovina-od-germantsite-smetaat-deka-vladinata-koalitsija-ke-prezhivee-do-krajot-na-mandatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-na-forsa-samo-polovina-od-germantsite-smetaat-deka-vladinata-koalitsija-ke-prezhivee-do-krajot-na-mandatot/#respond Fri, 26 May 2023 06:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=838871

Само половина од Германците веруваат дека владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц ќе опстане до крајот на неговиот мандат, покажуваат резултатите од анкетата објавена вчера, а беше цитирана од британските медиуми. Во коалицијата, во која се Социјалдемократите, Зелените и бизнис-ориентираната Слободна демократска партија, неделава ескалира спорот за иднината на германскиот систем за греење. Слободната демократска партија во вторникот го блокираше воведувањето во парламентот на нацрт-законот подготвен од Министерството за економија, што е под контрола на Зелените, со кој од следната 2024 година би се забраниле повеќето нови системи за греење со нафта и гас. Слободната демократска партија повика на големи промени во законот. Зелените ја обвинија Слободната демократска партија за „политичка блокада“ и предупредија дека владината криза може да биде неизбежна. Од вчера објавените резултати на социолошкото истражување на агенцијата „Форса“ се гледа дека околу 40 отсто од Германците мислат дека трипартиската владејачка коалиција ќе се распадне пред крајот на нејзиниот мандат во 2025 година. Околу 54 отсто од Германците поддржуваат одржување нови избори во случај на колапс на коалицијата. Канцеларот Олаф Шолц вчера ги повика своите коалициски партнери да ги решат разликите во следните недели, но околу 81 отсто од Германците сметаат дека тој треба да дејствува поодлучно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-na-forsa-samo-polovina-od-germantsite-smetaat-deka-vladinata-koalitsija-ke-prezhivee-do-krajot-na-mandatot/feed/ 0
Заврши средбата на Заев со партиите од владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sredbata-na-zaev-so-partiite-od-vladinata-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sredbata-na-zaev-so-partiite-od-vladinata-koalicija/#respond Mon, 06 Dec 2021 20:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=605016

Заврши средбата на премиерот Зоран Заев со партиите од владината коалиција на која тој ги информира за договорот за влегување на Алтернатива во Владата. По средбата, Тито Петковски, претседател на НСДП во изјава за медиумите рече дека разговарале околу тоа што како коалиција треба да направат за земјава да не се втурне во предвремени парламентарни избори. -Мислам дека на Македонија во овој момент не и се потребни вонредни парламентарни избори. Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште четири пратеници. Останува еден од БЕСА и четворица од Алтернатива што сметам дека е пристојно парламентарно мнозинство, рече Петковски. Според него, Алтернатива го искористила моментот кога на Владата и треба помош, да истапи со „максималистички“ барања. Вели дека не станува збор за зачувување на државните интереси, туку преферирање на партиските интереси да се добие политички профит и функции, наместо на прво место да се евроинтеграциите. -Ако гледате низ призма што се нуди со зголемувањето на парламентарното мнозинсво и што бара Алтернатива, проценител ќе каже дека Алтернатива бара многу од СДСМ и коалицијата. Местата што ги бара Алтернатива досега биле покриени од други политички партии. Не станува збор за новоотворени места, туку за места кои ги имале СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА. Не се измислуваат нови работни места. Тоа ќе го добиете како детално објаснување и од премиерот и од Алтернатива, рече Петковски. Додаде дека како партија не бараат ништо и оти е најважно да се зголеми парламентарното мнозинство и Владата да има сигурна поддршкка. Мирослав Јовановиќ од Српска странка изјави дека преговорите ќе траат уште недела дена. -После кога ќе биде новиот претседател на СДСМ кој ќе се избере на 12 декември, заедно со премиерот да седнеме и да се договирме за сите детали, мислам дека идната недела околу 14-ти треба да се договориме за сите детали, рече Јовановиќ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sredbata-na-zaev-so-partiite-od-vladinata-koalicija/feed/ 0
Села не излегува од владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-ne-izleguva-od-vladinata-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-ne-izleguva-od-vladinata-koalicija/#respond Sun, 24 Dec 2017 16:20:45 +0000 http://kurir.mk/?p=1607

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар изјави дека не ја напуштат владината коалиција и оти верува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата. Села посочи дека на состанокот не се разговарало за излегување од Владата и оти раководството на партијата ги разгледала извештаите од локалните избори. На состанокот било разговарано и за подготовките за партискиот конгрес којшто ќе се одржи во март.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-ne-izleguva-od-vladinata-koalicija/feed/ 0