владина реконструкција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 18:52:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владина реконструкција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието ќе продолжи со седницата за избор на министри во понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-prodolzhi-so-sednitsata-za-izbor-na-ministri-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-prodolzhi-so-sednitsata-za-izbor-na-ministri-vo-ponedelnik/#respond Fri, 24 Feb 2023 18:52:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804755

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата по 104. седница за Предлогот за избор на членови на Владата. Пратениците продолжија со работа и по 18 часот, а по неколку излагања и реплики претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Поради престојните верски празници, тој најави дека Собранието ќе продолжи со работа по оваа седница в понеделник. Во текот на дебатата пратеникот Борислав Крмов од Левица се осврна на експозето од премиерот Димитар Ковачевски, при што меѓу другото, оцени дека не го разбира оправдувањето зошто се случува ротацијата на Алтернатива со Алијанса за Албаниците во владината коалиција. Според него, не држи наводното образложение дека целта е европска коалиција и тн. окрупнување, тука се работи за класично купување „ден за ден влада“, и како што рече, за целосно заложништво на СДСМ од страна на ДУИ. Според негои, „ СДСМ дефакто е веќе малцински партнер, бројот на пратениците не е релевантен и најголем дел од министерствата не се во нивни раце. -Над 90 отсто од клучните институции ги држи ДУИ, за СДСМ се само трошките, очигледно единствена мотивација е само да продолжат бизнисите, вели Крмов. ДУИ, пак, според него, сега има два проблеми, првиот да спречи обединување на албанската опозиција, а вториот е внатрешната фракција. Влезот на АА во Владата, вели е за една година и потоа таа партија ќе биде делигитимирана. -За внатрешната фракција која има три пратеники со влезот на Алијанса, моќта на огнените е намалена и скоро и да немаат моќ и сега може да се посвети ДУИ на внатрешна чистка, рече Крмов. Арта Биљали Зендели од ДУИ му реплицираше на искажаните ставови за проблемите во партијата. -ДУИ може да има не два, илјада проблеми, но се додека вие се занимавате со ДУИ рејтингот на партијата само ќе расте. А на крај ќе дојдат избори каде сите ќе го земеме тоа што сме го заслужиле, рече Биљали Зендели. Со владината реконструкција за министер за правда е предложен Кренар Лога, за за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Расправата за изборот на новите министри почна вчера, откако по 10-дневна дебата беа разрешени министрите од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи. На 104. седница по изборот на министрите треба да се расправа и гласа за разрешување на пет заменици министри и да бидат именувани нови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-prodolzhi-so-sednitsata-za-izbor-na-ministri-vo-ponedelnik/feed/ 0
Пратениците во 23 часот ќе ја продолжат седницата за реконструкција на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-vo-23-chasot-ke-ja-prodolzhat-sednitsata-za-rekonstruktsija-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-vo-23-chasot-ke-ja-prodolzhat-sednitsata-za-rekonstruktsija-na-vladata/#respond Wed, 22 Feb 2023 21:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=803893

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното продолжение на собраниската седница за реконструкција на Владата ги повторија своите ставови дека се пазарење за лични интереси и кадровски политики. Тие повторија дека не добиле образложение зошто тројцата министри од Алтернатива се сменети. За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најдобро е да се оди на предвремени избори со цел, како што истакнаа, народот да го каже своето мислење. На седницата се расправа за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, откако нa претходните заседанија беше заокружена дебатата за разрешување на неговите сопартијци, министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер - Алијанса за Албанците. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека перцепцијата што оваа влада сака да ја изгради е дека создава некаков сојуз за Европа. -Ова е сојуз за три министерства, и за 25 директорски места. Тоа е цената на оваа нова коалиција. Нема никаква врска ни со Европа, ни со интеграции, ни со кои други принципи се работи за функционерски позиции кои партијата Алијанса смета дека во следниот период ќе и бидат корисни за партијата и за партиските функционери, не верувам дека имаат план да ги искористат во полза на народот, рече Милошоски. Неговиот сопартиец Бране Петрушевски за разрешувањето на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, рече дека тој ништо не сработел дополнително за дијаспората, и ги праша министрите од власта и премиерот дали ние имаме дијаспора во Бугарија и во Македонија. -Кој ќе биде носител на Акцискиот план за соработка со дијаспората во 2023. Акцискиот план има сериозни точки што се однесуваат на зачувување на културниот идентитет на македонската дијаспора, а сериозни точки на зачувување на дијаспората и на дел од албанската, српската, бошњачката што живее и потекнува од Македонија. Дали со ваквиот чекор се откажале од дијаспората од сите народи што живеат во Македонија. Дали некој од вас може да каже до каде е подготовката на Законот за дијаспора на Македонија. До каде е собраниската група за соработка со дијаспората и кои активности ги презеде, праша Петрушевски. Ѓорѓија Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека министерот за дијаспора не сработил ништо и можеби е оправдано да биде разрешен, но, рече, ако гледаме како се реконструираат министрите, мислев дека владата, колегите пратеници од СДСМ ќе дадат можност да има нови избори. -Но тоа не се случи затоа што приоритет на оваа Влада на СДСМ и ДУИ е грабежот, не се приоритет граѓаните, кој и да влезе во оваа влада таа ќе биде иста онаа влада што ништо не испорача во овие шест години, рече Сајковски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, обвини дека власта не може да направи и реновирате болници, ниту хигиената не може да ја држи. -Има хакиран систем во ФЗО, протестира здравството и оној медицински персонал кој некако останал во државава ќе го избркате. Зошто не најде премиерот време да потпише средства за лекот за болните од цистична фиброза? Заради трошењето време на пазарлак со партиите, кој ќе добие фотелја, тој не најде време за овие луѓе кои му протестираа пред владата, рече тој. Нагласи дека оваа реконструкција, овој пазар ова лицемерие не е ништо друго освен купување на време, купи ден помини влада, обвини Ристески. На овие обвинувања премиерот Димитар Ковачевски рече дека за време на мандатот на оваа Влада, пензиите се зголемени, минималната плата е зголемена, откупната цена на тутунот е најголема досега, просечната плата над 34.000 денари, преземени се 760 милиони евра антикризни мерки, со што, како што рече, граѓаните плаќаат петпати помала цена за струја поиради субвенциите, во земјоделството ги вратиле долговите... -Во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт минималната плата беше 8.000 денари сега е 18.000 денари. А од март ќе стане над 20.000 денари. Пензиите ги зголемивме за 10%, сега ќе има уште едно зголемување во март. Погледнете ја просечната плата кога во време на ВМРО-ДПМНЕ беше едвај 20.000 денари а погледнете ја денеска просечната плата, над 34.000 денари, рече претседателот Ковачевски. За евро-обврзницата Ковачевски рече дека е за рефинансирање на евро-обврзницата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја зема за стиропор, палми и споменици во Скопје -Ако сакате да видите што е направено со тие пари, дојдете во зградата на владата да видите како стиропорот се распаѓа, рече Ковачевски. На дневен ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина. На оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици. На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-vo-23-chasot-ke-ja-prodolzhat-sednitsata-za-rekonstruktsija-na-vladata/feed/ 0
Во вечерните часови продолжува расправата за реконструкција на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vechernite-chasovi-prodolzhuva-raspravata-za-rekonstruktsija-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vechernite-chasovi-prodolzhuva-raspravata-za-rekonstruktsija-na-vladata/#respond Wed, 22 Feb 2023 18:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=803832

Собраниската 104-та седница за реконструкција на Влада, во рамки на која се уште тече расправата за првата точка од дневниот ред - предлог за разрешување на членови на Влада, продолжува и во вечерните часови. Во попладневниот дел од денешното продолжение пратениците од опозицијата продолжија со критиките за реконструкцијата на Влада, ставајќи акцент на управувањето на владејачкото мнозинство. Неколкупати, како и и во текот на претходните денови, нагласија дека е потребно да се одржат предвремени избори со цел граѓаните „да го искажат револтот кон нивните лоши политики“. Владата, според нив, нема капацитет за справување со корупцијата, хакерските напади во институциите и секојдневните дојави за наводно поставни бомби, за подобрување на состојбите во економија, за евроинтеграциите на државата, за иселувањето на младите, образованието, како и за културата, за што е одвоен поразителен буџет. Претениците истакнаа дека реконструкцијата се користи за пазарање, а не поради тоа што досегашните кадри на Алтернатива „не биле способни“. Беа упатени критики и за Алијанса за Албанците која влегува во Влада, бидејќи, како што беше кажано, истите тие партиски членови зборувале дека коалцијата на СДСМ е „криминална“. Во овој дел од седницата, претениците се расправа за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, откако нa претходните заседанија беше заокружена дебатата за разрешување на неговите сопартијци, министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер - Алијанса за Албанците. Седницата почна на 13 февруари, а претходно Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Седницата продолжува во 19:15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vechernite-chasovi-prodolzhuva-raspravata-za-rekonstruktsija-na-vladata/feed/ 0
Дијаспората, дипломатијата, хакерските напади, дел од дебатата за владината реконструкција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijasporata-diplomatijata-hakerskite-napadi-del-od-debatata-za-vladinata-rekonstruktsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijasporata-diplomatijata-hakerskite-napadi-del-od-debatata-za-vladinata-rekonstruktsija/#respond Wed, 22 Feb 2023 13:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=803705

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на денешното продолжение на собраниската седницата за реконструкција на Владата порачаа дека предложените промени се само за политички цели, како резултат на коалициски пазар и нема да помогнат да се решат проблемите на граѓаните. Владата, според нив, нема капацитет за справување со корупцијата, хакерските напади во институциите и секојдневните дојави за наводно поставни бомби, за подобрување на состојбите во економија и за евроинтеграциите на државата. Во рамки на првата точка на 104. седница се расправа за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, откако нa претходните заседанија беше заокружена дебатата за разрешување на неговите сопартијци, министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер - Алијанса за Албанците. Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски „новото политичко другарство“ во Владата ќе заврши неуспешно. -Чупи не е виновен за својата неработа, туку нивните тогашни партнери од власта. Ова за што дискутираме е веќе видено, се е исто само различни се учесниците. Затоа ова политичко другарство ќе заврши неусепешно и неславно бидејќи е вештачка творба. Оваа Влада е најнеуспешната во историјата на државата, ваква реконструкција е непотребна и значи само купување време и вештачко одржување во живот на коалицијата на СДСМ и ДУИ, рече Мицевски. Реплицирајќи, Ненад Коциќ од СДСМ меѓу другото истакна дека евроскептицизмот во државата се јавува поради тоа што, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста дека за да влеземе во ЕУ треба да се откажеме од јазикот и идентитетот. -Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново освен, празни множества што ги поставивте. Немате ништо друго, потенцираше Коциќ. Сопартиецот на Мицевски, Антонио Милошовски, оцени дека „Владата нема никаква кадровска стратегија ниту за коалициските партнери кога ги повикува и отпушта од владините кругови“. Чупи, посочи, е само доказ дека Владата нема никаква стратегија во надворешната политика. -Во декември 2019 го предложија за амбасадор во Пекинг, не бидна ништо од тоа, но несериозно е кон една таква држава да имате предлог и да не го реализирате. Потоа во декември 2021 го назначија за министер без ресор за денес да го предложат за разрешување и тоа без образложение, рече Милошовски. Неговата сопартијка Благица Ласовска се осврна на работата на Чупи посочуваќи дека на неговата веб страница има само три-четири активности, прес-конференција, еднодневна обука,.. -Ниту го познаваме ниту пак направил нешто за една година за да биде запаметен, но секој министер спроведува политика на Владата и не смееме да заборавиме дека е избран и без образложение разрешен во Влада којашто македонскиот народ и иселенците во странство го направија дијаспора. Немаат никаква програма да се грижат за дијаспората, рече Ласовска. Според неа, на Владата не и е важна нашата дијаспора и македонските права во која било држава, а доказ за тоа е фактот што не е предложен нов министер за диајспората. Во реплика Лидија Тасевска од СДСМ, рече дека Владата ја промовира научната вистина за македонскиот јазик насекаде во светот, наведувајќи ја работата на лекторатот за македонски јазик во Тирана, Педагошкиот факултет во Корча, на Универзитетот во Пекинг. -Од оваа година македонскиот јазик се изучува во Осло, на Факултетот за литература во Истанбул, во Љубљана, во Грција официјално е отворен пред неколку месеци Центар за македонскиот јазик... Во Викторија македонскиот јазик се изучува во пет државни училишта како дел од наставата, рече меѓу другото Тасевска. Дебатата ќе продолжи во 15 часот по редовната пауза на пратениците. На дневен ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина. На оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици. На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijasporata-diplomatijata-hakerskite-napadi-del-od-debatata-za-vladinata-rekonstruktsija/feed/ 0
Трет ден собраниска расправа за владината реконструкција- обвинувања, реплики и контрареплики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-sobraniska-rasprava-za-vladinata-rekonstruktsija-obvinuvana-repliki-i-kontrarepliki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-sobraniska-rasprava-za-vladinata-rekonstruktsija-obvinuvana-repliki-i-kontrarepliki/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:51:07 +0000 https://kurir.mk/?p=800850

Меѓусебни обвинувања, реплики и контрареплики, на ова се сведе денешното второ продолжение на 104. собраниска седница. Пратениците повторно ги спротивставија ставовите околу владината коалиција и реконструкција која за ВМРО-ДПМНЕ, како што беше речено, е „’Пазар 3’, синоним за лага, манипулација, лицемерие и хипокризија“, додека за СДСМ - опција која ја води државата напред кон европската иднина. Според ВМРО-ДПМНЕ, новото парламентарно мнозинство нема да биде стабилно, а целта на реконструкцијата е само да се продолжи рокот на Владата уште 10 месеци. Притоа, работите во државата нема да се подобрат. СДСМ, пак, порача дека новото и поголемо парламентарно мнозинство ќе овозможи посигурни услови за реформи и економски политики, а ВМРО-ДПМНЕ само блокира, опструира, шири лаги и манипулации зашто ниту едно нејзино црно сценарио не успеа - има струја и нафта, има топлинска енергија за скопјани, двете стратешки одредници се случуваат сега, во времето на оваа власт, потпишан е ФРОНТЕКС,... Со ВМРО-ДПМНЕ, оценија пратениците од владејачката партија, државата не може да оди напред, а тоа го гледаат и граѓаните и меѓународната заедница. Во текот на расправата ставовите на народните избраници се судрија и околу Алијанса за Албанците (АА). АА реши да биде „лепак“ на бродот што дека тоне и го промени својот став за многу кратко време, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ веднаш возвратија дека оваа Влада е политичка, дека политички договори се правеле и ќе се прават и тоа се нормални процеси. Но, за збор се јавија и тројца пратеници од АА кои потенцираа дека нивната партија останува на критичките ставови кои ги изнесуваше претходно, а причината за влез во Владата е единствениот приоритет - изгласување на уставните измени и продолжување на земјата по европскиот пат. -Како АА ќе излезе пред глаасачите за да им објасни дека Ахмети и Груби не се криминалци како што ги нарекуваа и дека заедно ќе се борат за искоренување на корупцијата? Образложението дека со влезот на АА во Владата ќе се забрза европскиот пат не држи, зашто ако АА ги почитуваше европските вредности и принципи, можеше да го одржи зборот пред граѓаните и да ја поддржи Владата во евроинтеграциските процеси без да преговара со неа за министерски функции, рече Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Снежана Калевска Ванчева од СДСМ изрази жалење што од говорницата се слуша реторика на, како што рече, поделби, деградации, омаловажување и омраза. -Тука сме да работиме заедно, во интерес на народот. Дали ваква реторика ќе имавте ако Алијанса останеше со вас во опозија? Сигурно не. Ова е политичка влада, политички договори се правеле и ќе се прават. Ова се нормални процеси, особено во вакви времиња, напомена Калевска Ванчева. Фадил Зендели од БЕСА потсети дека АА употребуваше арсенал навреди против Владата, за потоа да го смени мислењето и да стане дел од неа. -Вашето влегуваше во Владата е обична фарса, рече Зендели. На тоа реплицираше Аднан Незири од АА, укажувајќи на потребата од уставни измени. - Партиите некогаш треба да ја жртвуваат политичката карирера за добро на граѓаните. Годинава треба да биде одлучувачка, а не да биде година на избори. Потребни се измени на Уставот, тоа е единствена можност за нашиот пат кон ЕУ кој граѓаните долго време го очекуваат. Ако ова не се реализира, тие ќе бидат уште поразочарани. И Преспанскиот договор го направивме поради граѓаните и европската ориентација, за тоа станавме и членка на НАТО. Определни сме да ја ризикуваме личната политичка кариера со единствеа причина - да не се пролонгира чекањето со декади. Со уставните измени не се става во опасност ниту макеодонскиот народ, ниту македонскиот јазик. Ништо не губиме околу националните прашања. Ова е одлучувачки момент кој е неопходен, рече Незири. За контрареплика се јави Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа му порача на колегата Незири да ја прочита Преамбулата на Уставот. -Не може вие да ме убедувате дека нема штета ако Бугарите влезат во Уставот. Бидете внимателни кога ќе ни препорачувате нам Македонците што треба да правиме, а што не. Знаеме ние што треба да правиме, а вие како добри наши сограѓани треба само да не поддржите, рече Ласовска. Претходно, и Елми Незири од АА објасни зошто неговата партија одлучила да стане дел од Владата. Рече и дека и дале шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, но таа по локалните избори се вратила на старите патеки. -Заземавме политички став, одговорен, да и дадеме шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, да се врати во реалноста. Соработувавме на локалните избори. Штом изборите завршија, ВМРО-ДПМНЕ се врати на старите патеки, кон Орбан, Додик. Жал ми е што на некој начин го губи контактот со реалноста. Ќе продолжиме со нашите ставови во Владата, но политиката се дефинира и како избор на приоритети, а приоритет над сите пориоритети сега е да го фатиме чекорот што го чекаме 30 години, подвлече Незири. И неговиот сопартиец Халил Снопче потврди дека АА стои зад сите критики што ги изрекла кон Владата. -Алијанса за Албанците стои зад сите изјави што ги кажа против ДУИ, СДСМ и Владата. Не се пишманивме, ниту имаме намера да се пишманиме околу изјавите и критиките, му рече Снопче на Зендели. Пратениците моментно се на пауза, а седницата треба да продолжи во 15 часот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-sobraniska-rasprava-za-vladinata-rekonstruktsija-obvinuvana-repliki-i-kontrarepliki/feed/ 0
Почна второто продолжение на собраниската седница за реконструкција на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-vtoroto-prodolzhenie-na-sobraniskata-sednitsa-za-rekonstruktsija-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-vtoroto-prodolzhenie-na-sobraniskata-sednitsa-za-rekonstruktsija-na-vladata/#respond Wed, 15 Feb 2023 11:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=800775

Почна второто продолжение на 104. собраниска седница на чиј дневен ред е владината реконструкција. Пред пратениците се предлозите за разрешување министри и заменици министри во неколку ресори, како и именување нови. Собранието треба да ги разреши министрите за здравство, за информатичко општество и за дијаспора, Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи, а да ги назначи Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина. Разрешени треба да бидат и заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, додека за нови заменик-министри во Владата се предлагаат Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска – Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука. Сто и четвртата седница почна завчера попладне, а претходно, претпладнето, Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-vtoroto-prodolzhenie-na-sobraniskata-sednitsa-za-rekonstruktsija-na-vladata/feed/ 0
Алтернатива одлучува дали ќе остане во Владата: Некој го потценува нашиот учинок за спас на владејачкото мнозинство и изборот на Ковачевски за премиер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-odluchuva-dali-ke-ostane-vo-vladata-nekoj-go-pottsenuva-nashiot-uchinok-za-spas-na-vladejachkoto-mnozinstvo-i-izborot-na-kovachevski-za-premier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-odluchuva-dali-ke-ostane-vo-vladata-nekoj-go-pottsenuva-nashiot-uchinok-za-spas-na-vladejachkoto-mnozinstvo-i-izborot-na-kovachevski-za-premier/#respond Sun, 12 Feb 2023 15:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=799563

Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa попладнево во 16 часот ја започна седницата на највисокото тело Централно собрание со цел да оформири став околу одлуката дали и понатаму ќе биде дел од извршната власт. Партиските функционери се собраа во седиштето во Тетово, а според нивната најава околу два часа ќе трае седницата по што ќе ја известат јавноста за конечната одлука. Тие пред два дена соопштија дека согласно статутарните одредби е одлучено конечниот став да го изградат преку Централното собрание, откако во меѓувреме беше официјализирано дека во владиното мнозинство се приклучува Алијансата за Албанците. Со предложената реконструкција на Владата АА добива министри во три ресори на Алтернатива. -Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ. Водејќи се од тоа што е најдобро за иднината на државата и за иднината на Алтернатива расудуваме трезвено, без емоции целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат. Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат, порачаа од партијата. Алтернатива е дел од извршната власт од декември 2021 и има тројца министри – за здравство, информатичко општество и еден министер без ресор, тројца заменици министри и функционерски места во повеќе централни и подрачни институции. Со Предлогот за реконструкција на Владата, што уследи по одлуката за проширување на владиното мнозинство со Алијансата за Албанците, Ковачевски побара разрешување на министрите на Алтернатива. Од СДСМ вчера порачаа дека Алтернатива е добредојдена и како што рече партискиот портпарол и пратеник Дарко Каевски, вратата е отворена за некаква наредна соработка, не само кон оваа, туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба. Каевски изјави дека на партијата на Африм Гаши и била понудена опција за продолжување на соработката и дека СДСМ јавно соопштил оти има намера соработката да продолжи. -Дадовме простор и предлог-решенија со својот кадровски потенцијал да дадат придонес во коалицијата, но, за жал, не дадоа свој предлог, со што де факто одлучија да ја прекинат соработката до овој момент. Партијата е добродојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, но не само кон Алтернатива туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, рече Каевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-odluchuva-dali-ke-ostane-vo-vladata-nekoj-go-pottsenuva-nashiot-uchinok-za-spas-na-vladejachkoto-mnozinstvo-i-izborot-na-kovachevski-za-premier/feed/ 0
Собранието го прими предлогот за реконструкција на Владата и треба да закаже седница- кој чие место ќе заземе? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-go-primi-predlogot-za-rekonstruktsija-na-vladata-i-treba-da-zakazhe-sednitsa-koj-chie-mesto-ke-zazeme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-go-primi-predlogot-za-rekonstruktsija-na-vladata-i-treba-da-zakazhe-sednitsa-koj-chie-mesto-ke-zazeme/#respond Sat, 11 Feb 2023 11:33:11 +0000 https://kurir.mk/?p=799260

Од Собранието потврдија дека во нивната архива е примен Предлогот за реконструкција на Владата испратен од премиерот Димитар Ковачевски. -Премиерот го достави предлогот за реконструкција на Владата и е примена од нашата архива. Кој ден ќе биде на седница, односно кога претседателот на Собранието ќе ја свика, ќе информираме дополнително, велат од собраниската прес-служба. Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство. Кренар Лога е предложен за министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, додека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова од СДСМ, на местото на досегашниот Насер Нуредини од ДУИ. Лога ќе го замени Никола Тупанчевски од СДСМ, Меџити треба да биде на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство. За заменик министер за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог на Ковачевски за заменик министер за правда е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, за здравство Маја Манолева, а за образование и наука - Агим Нихиу од ДУИ. Коалицискиот партнер во власта Алтернатива, кој раководи со министерствата за здравство и за информатичко општество и администрација, а има кадри и во пониските ешалони на власта, за утре најави седница на Претседателството на која ќе одлучува за натамошното делување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-go-primi-predlogot-za-rekonstruktsija-na-vladata-i-treba-da-zakazhe-sednitsa-koj-chie-mesto-ke-zazeme/feed/ 0
Владината реконструкција треба да помине во Собранието во почетокот на следната седмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladinata-rekonstrukcija-treba-da-pomine-vo-sobranieto-vo-pochetokot-na-slednata-sedmica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladinata-rekonstrukcija-treba-da-pomine-vo-sobranieto-vo-pochetokot-na-slednata-sedmica/#respond Thu, 20 Jun 2019 09:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=211091

Владата очекува во почетокот на наредната седмица Собранието да го усвои Предлогот за најавената реконструкција. Како што соопшти денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа, предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела. Во меѓувреме, Заев ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата. – Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, Предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела, рече Хоџа. Одговорајќи на новинарско прашање дали „бомбите“ на Ел Чека ќе влијаат врз реконструкцијата и изборот на новите министри, Хоџа напомена дека промените се претходно најавени и за тоа јавноста е веќе информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladinata-rekonstrukcija-treba-da-pomine-vo-sobranieto-vo-pochetokot-na-slednata-sedmica/feed/ 0
Имињата за реконструкција на Владата денеска ќе бидат доставени во Парламентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iminjata-za-rekonstrukcija-na-vladata-deneska-kje-bidat-dostaveni-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iminjata-za-rekonstrukcija-na-vladata-deneska-kje-bidat-dostaveni-vo-parlamentot/#respond Tue, 22 May 2018 06:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=56809

Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието на Република Македонија треба да ги достави предлозите за реконструкција на Владата. -  Биографиите на новите министри, заменици и директори ќе бидат навреме поднесени до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата, изјави Заев вчера пред Кривичниот суд.  Минатата недела премиерот најави дека нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам. - Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци, изјави Заев. Тој додаде дека дека Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции. Како што објавија медиумите извесно е заминувањето на Рената Дескоска од Министерството за образование и наука во Министерството за правда. Дескоска вчера одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда,  рече „мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iminjata-za-rekonstrukcija-na-vladata-deneska-kje-bidat-dostaveni-vo-parlamentot/feed/ 0