владини мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 12:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владини мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата ги казнува маркетите за нешто што не зависи од нив: Не можеме да продаваме производи доколку добавувачот не ни ги дистрибуира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kaznuva-marketite-za-neshto-shto-ne-zavisi-od-niv-ne-mozheme-da-prodavame-proizvodi-dokolku-dobavuvachot-ne-ni-gi-distribuira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kaznuva-marketite-za-neshto-shto-ne-zavisi-od-niv-ne-mozheme-da-prodavame-proizvodi-dokolku-dobavuvachot-ne-ni-gi-distribuira/#respond Tue, 09 May 2023 08:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=832132

Претставниците на домашните синџири на маркети трговци со прехранбени производи на мало ја поздравија владината одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврската на трговците да прибавуваат и да им продаваат на потрошувачите определени видови и количества од одделни стоки (Сл. весник бр. 42-3066/3 од 21.3.2023 година), истакнувајќи дека, со заеднички напори на Владата на РМ и на Министерството за економија, учествуваат во примената на мерките за намалување на енергетската криза и за ублажување на порастот на цените. -Но, поврзано со објавите во повеќето електронски медиуми за изречените парични и кривични казни за непочитување на владината одлука за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук, компаниите информираат дека од Пазарниот инспекторат биле извршени контроли во повеќето маркети во изминатите неколку денови. Информацијата дека се изречени прекршочни казни е точна, а казните се изречени од причина што во маркетите немало количини или, пак, воопшто немало одредени видови овошје и зеленчук опфатени со мерките на Владата, велат тие. Откако министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека повеќе трговци ќе бидат санкционирани поради непочитување на одлуката за замрзнати цени, повеќето домашни синџири на маркети се јавија со појаснување дека до маркетите немало доставено количини или немало воопшто од овошјето и од зеленчукот кои се опфатени со мерките на Владата. -И покрај сите направени напори од нив, нарачки и контакти со добавувачи, маркетите не успеаја да ги обезбедат потребните количини на овошје и на зеленчук пропишани со одлуката на Владата, па тие не се достапни на пазарот по оние цени по кои е наложено да се набавуваат и да се продаваат. Претставниците на синџирите на маркети, со најдобра намера за да им излезат во пресрет на своите потрошувачи, а истовремено и за да ги исполнат одлуките на Владата, НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ДА ПРОДАВААТ ПРОИЗВОДИ ДОКОЛКУ ДОБАВУВАЧОТ НЕ ИМ ГИ ДИСТРИБУИРА. Оттука, трговците на мало со прехранбени производи упатуваат апел до сите надлежни институции да не ги оптоваруваат компаниите со казнени мерки кои ќе имаат финансиски последици врз нив во овие тешки моменти за стопанството, посочуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kaznuva-marketite-za-neshto-shto-ne-zavisi-od-niv-ne-mozheme-da-prodavame-proizvodi-dokolku-dobavuvachot-ne-ni-gi-distribuira/feed/ 0
Низок степен на реализација на владините мерки за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nizok-stepen-na-realizacija-na-vladinite-merki-za-namaluvanje-na-efektite-od-pandemijata-vo-sektorot-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nizok-stepen-na-realizacija-na-vladinite-merki-za-namaluvanje-na-efektite-od-pandemijata-vo-sektorot-turizam/#respond Fri, 12 Aug 2022 08:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=717442

Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“. Во него констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам, како и дека недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на владините мерките во секторот туризам. -Со ревизијата на успешност го опфативме периодот од 2018 до 2021 година, како и одредени прашања до денот на известување од извршената ревизија. Целта на извршената ревизија e да се даде одговор на прашањето „Дали преземените мерки и политики од страна на Владата и надлежните институции се во функција на развој на туризмот и намалување на ефектите од кризата од пандемијата во секторот туризам?”. Со ревизијата е утврдено дека има потреба од измени на законската регулатива поради потешкотии во имплементацијата на законските решенија, што води кон отежната реализација на програмите за развој на туризмот, велат од ДЗР и додаваат дека нискиот степен на реализација на мерките од областа туризам не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата. Нагласуваат дека ревизорите констатирале оти креирањето на мерките и политиките треба да се врши со среднорочно и долгорочно стратешко планирање на државно ниво, со дефинирање на цели и приоритети, како и потреба од анализа за влијанието на мерките со што ќе се обезбеди следење на ефикасноста од нивното спроведување и ќе се дадат идни насоки за постапување. -Недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на мерките во секторот туризам. Ревизорите утврдија низок степен на реализација на мерките во секторот туризам кој не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата, се порачува во извештајот од ДЗР. Реализацијата на мерката „ваучери за домашен туризам“, како што се истакнува, е 55 отсто од планираните 704.106.000 денари, мерката „грант за туристички водичи“ е реализирана со 52 отсто од планираните 9.800.000 денари, мерката „грант за туристички агенции“ е реализира со 68 отсто од планираните 116.850.000 денари, повратот за туристичка такса за 2019 година е 48 отсто од планираните 120.000.000 денари, целосно е нереализиран проектот „хотели надвор од туристичките центри“ во вредност од 64.600.000 денари, а мерката „финансиска помош за туристички агенции“ е реализира со 61 отсто од планираните 86.100.000 денари. Со анализата на Националната стратегија за развој на туризмот 2016-2021 и Акцискиот план 2019-2021, ревизорите констатирале дека не се следи реализацијата на планираните активности и дека е незадоволителен степенот на имплементација на активностите од Акцискиот план, што влијае на планирањето, креирањето, донесувањето и имплементацијата на политиките и мерките во областа туризам. Во делот на реализацијата на програмските активности на надлежните институции за туризам е утврдено континуирано намалување на Буџетот за период 2018-2021 година, со исклучок на 2020 година. Исто така, утврдена е потреба од унапредување на институционалните капацитети, соработка и координација на активностите на централно и локално ниво и формирање на Комитет за туризам како орган од највисок ранг надлежен за туризмот во земјата. -Со престанок на работата на Координативното тело за туризам не постои целосна координација меѓу институциите и носителите на секторот туризам, а поединечното делување доведува до намалување на влијанието на секторот при креирањето на интервентни политики за справување со кризата од Ковид-19, видот на мерките, нивното навремено носење и брза реализација. Во однос на креирањето на економските мерки за справување со пандемијата утврдено е отсуство на документација за извршена претходна анализа и проценка при креирањето на мерките на која се базира планираниот опфат и потребните средства за секоја економска мерка, условите и критериумите за нивно доделување, како и анализа за влијанието на мерките и утврдување на целта што треба да се постигне на краток, среден и долг рок. Ваквата состојба го отежнува следењето на успешноста од спроведување на мерките, како и отсуство на идни насоки за постапување, се констатира во извештајот од ДЗР. Се посочува дека Владата нема воспоставено систем за следење на секоја мерка одделно и не е развиена и објавена централна база на податоци во која на дневно или месечно ниво би се објавиле информации за степенот на реализација на секоја поединечна мерка со податоци за планираните средства, бројот на деловни субјекти и граѓани за кои е наменета мерката, изворот на средствата, степенот на нивната искористеност и неискористеност, причините за не реализираност на мерката. Во однос на контролата над исполнувањето на условите за доделената финансиска поддршка на туристичките агенции од шестиот пакет на мерки, ревизорите констатирале дека не е утврден начинот на кој ќе се врши контролата за исполнување на условите, ниту, пак, е определена надлежната институција која ќе ја врши контролата и мерки кои ќе се преземат во случај на неисполнување на критериумите и неизвршен поврат на средства. -Со спроведената ревизија е добиено разумно уверување дека Владата преку донесените антикризни мерки за поддршка на економијата/туристички сектор, кои се фокусирани на граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност и креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од корона вирусот, како и програмските активности на надлежните институции за туризам имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата и намалување на ефектите од кризата во секторот туризам, се посочува во извештајот од ДЗР што е објавен денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nizok-stepen-na-realizacija-na-vladinite-merki-za-namaluvanje-na-efektite-od-pandemijata-vo-sektorot-turizam/feed/ 0
Охридските угостители бараат адаптација на најновите мерки за справување со епидемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskite-ugostiteli-baraat-adaptacija-na-najnovite-merki-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskite-ugostiteli-baraat-adaptacija-na-najnovite-merki-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/#respond Wed, 11 Aug 2021 18:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=549380

Адаптација на пакетот мерки што ги определи Владата за работењето на угостителските објекти. Тоа е барањето што до властите ќе го достави Општина Охрид по денешната средба на охридските угостители со градоначалникот Константин Георгиески и претставници на Локалната самоуправа. Угостителите од Охрид се на став дека најновите мерки за заштита од Ковид-19 не се добро осмислени, како и оти оставаат неодговорени прашања за начинот на кој ќе се одвива нивното работење после 16-ти август. Денешната средба беше реализирана на барање нa угостителскиот еснаф и ХОТАМ (хотелска асоцијација на Македонија). -Очекувавме повеќе одговори од Државниот пазарен инспекторат, но за жал тие биле спречени да дојдат на денешната средба. Се донесе заклучок дека, нашите барања коишто се однесуваат на новиот пакет, кој сметаме дека не е добро составен, да бидат ревидирани и да се изврши извесна адаптација на истите. Ќе чекаме одговор од повисоките инстанци, дали ќе најдат слух за нашите барања, рече после средбата Михаил Мишев, претседател на Охридскиот еснаф на угостители од Охрид. Забелешките од страна на угостителите во најголем дел се однесувале на плановите за воведување редарска служба, потоа за начинот како да се постапува со гостите кои веќе влегле во државава и се сместени во хотелите врз основа на нивниот статус околу вакцинацијата, а нејаснотии се појавуваат и за тоа како да се постапува со веќе закажаните свадби (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskite-ugostiteli-baraat-adaptacija-na-najnovite-merki-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Пандов: Новите мерки на власта прават уште поголема поделба во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-novite-merki-na-vlasta-pravat-ushte-pogolema-podelba-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-novite-merki-na-vlasta-pravat-ushte-pogolema-podelba-vo-opshtestvoto/#respond Tue, 10 Aug 2021 16:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=548874

Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Жешко политичко лето“ во Канал 5 телевизија во врска со новите мерки на Владата за вакцинирањето истакна дека тие се чист фашизам затоа што не се почитува волјата на граѓаните кои одлучиле да не се вакцинираат, а истите ќе донесат уште поголема поделба во општеството. -По мое длабоко уверување овие мерки ги делат луѓето на вакцинирани и невакцинирани, таму кадешто ќе можат едни да влезат ќе не можат други, иако јас сум вакциниран и сум поборник на вакцинацијата, но сум противник на луѓето кои одбираат да не се вакцинираат да им биде забрането движење или влезот некаде, посочи Пандов. Тој вели дека власта не може со сила да им наметне на граѓаните дека мора да се вакцинираат, како и дека мора да се има разбирање кон оние луѓе кои одбираат да не се вакцинираат. -Кампањата за вакцинирање треба да се движи, но поделбата на луѓето со новите мерки за Ковид пропусници и оние без пропусници е чист фашизам на власта и којшто ќе биде вовед за нови дејствувања на Владата онаму каде што може, како во полицијата и војската на почетокот да мораат да се вакцинираат, појасни Пандов. Тој смета дека луѓето си имаат право да одберат и да не сакаат да се вакцинираат. -Општеството мора тоа да го почитува, а ова е прв чекор кон општа поделба во општеството, смета Пандов и ги повика граѓаните кои не се согласуваат со овие мерки да се приклучат на протестот во недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-novite-merki-na-vlasta-pravat-ushte-pogolema-podelba-vo-opshtestvoto/feed/ 0
Анкета: 80% од граѓаните мислат дека владините мерки за Ковид-19 се лоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-80-od-gragjanite-mislat-deka-vladinite-merki-za-kovid-19-se-loshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-80-od-gragjanite-mislat-deka-vladinite-merki-za-kovid-19-se-loshi/#respond Thu, 11 Jun 2020 13:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=356650

МЦМС: Вкупно 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе влезе во економска криза, најзагрозено угостителството Вкупно 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе навлезе во економска криза поради состојбата со коронавирусот. Според нив, најпогоден сектор од кризата е угостителството и туризмот, а 70 отсто од граѓаните се на ставот дека е потребно отворање на економијата за враќање на работните процеси. Ова го покажуваат наодите од истражувањата на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) поврзани со економијата, влијанието врз навиките на луѓето и подготвеноста за враќање во состојба како таа пред кризата. Според наодите од истражувањето, вкупно 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјата ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно. Што се однесува до економските мерки на Владата, средната оценка на испитаниците е 2,7. Вкупно 40 проценти владините мерки ги оцениле со ниски оценки, 1 или 2, а 21 отсто ги оцениле со 4 или 5. На прашањето за тоа кој сектор е најпогоден со кризата, првите три најчести одговори се: угостителство и туризам (27%), сите сектори (24%) и приватни бизниси (23%). Вкупно 77 отсто од испитаниците целосно или до некаде се согласуваат со ставот дека е потребно отворање на економијата за враќање на работните процеси. -Ковид-19, целосно или до некаде го променил животот и секојдневието на 83 отсто од граѓаните. Повеќе од половината (59%) со 4 или 5 го оцениле степенот на изолација за време на кризата. Очекувано, степенот на изолација повисоко е оценет од повозрасните граѓани. Пандемијата ги променила и навиките за купување на граѓаните, па сега пазари само еден член на семејството (29%) или поретко купуваат во продавници (27%). За среќа, голем број од граѓаните (85%) имаат целосна или делумна поддршка од семејството, пријателите и познаниците. Оваа криза влијаеше на функционирањето на здравствениот систем воопшто. Една четвртина од испитаниците рекле дека заради неа морале да ги одложат лекарските прегледи, се наведува во соопштението на МЦМС. Истражувањето покажува дека во поглед на негативните чувства, над 70 проценти ретко или никогаш не плачеле, не се чувствувале нервозно (48%) депресивно (50%) и осамено (53%). Тие повеќе се исплашени за блиските (32%) отколку за себе (19%). За најголем број (71%) односите во семејството не се промениле, а речиси секој петти (19%) рекол дека односите се подобрени. -Граѓаните се преокупирани со информациите за Ковид-19. Еднаш или неколку пати на ден ги следат ваквите информации дури 86 отсто од испитаниците. Средната оценка за покривањето на вестите за пандемијата за националните медиуми е 3,4. Сепак, речиси половина (48%) рекле дека информациите се конфликтни и конфузни. Ваквите оценки најчесто се за информациите пласирани преку веб страните. Повеќе од половина од испитаниците (55%) не се спремни да ја користат апликацијата „СтопКорона“, за разлика од 21% кои се целосно или до некаде спремни за тоа, се наведува во истражувањето на МЦМС. Според анкетата, работното место (35%) и работните состаноци (27%) се местата каде испитаниците би се чувствувале најкомфорно да се вратат веднаш. Тие се поделени во однос на трговските центри и продавниците, кои би ги посетиле истиот месец (28%) односно, во наредните еден до три месеци (29%). Слични се одговорите на испитаниците во однос на посетата на рестораните и кафулињата. Најтешко ќе биде да им се вратат на патувањата низ земјата (32%), како и одењето на одмор надвор од земјата (38%) кои се оставени за следната година. Враќањето во салите за вежбање (39%), одењето на концерти (39%) во театар (38%) и кино исто така ќе бидат оставени за наредната година. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците се прибирани со телефонска анкета во периодот од 16 до 22 мај оваа година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-80-od-gragjanite-mislat-deka-vladinite-merki-za-kovid-19-se-loshi/feed/ 0
Српската Влада ги ублажи вонредните мерки за пандемијата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ublazi-vonrednite-merki-za-pandemijata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ublazi-vonrednite-merki-za-pandemijata-so-kovid-19/#respond Mon, 20 Apr 2020 14:03:28 +0000 https://kurir.mk/?p=334644

Српската Влада на денешната седница во согласност со епидемиолошката состојба и мислењето на струката, донесе одлуки за ублажување на одредени мерки во однос на спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, со новите мерки граѓаните постари од 65 години, кои досега само еднаш неделно можеа да излезат од домовите, од утре тоа ќе можат да го прават три пати неделно, во вторник, в петок и в недела, помеѓу 18 часот и еден часот по полноќ ќе можат да излезат на прошетка на половина час, најмногу шестотини метри од местото на живеење. Почнувајќи од вторник, 21 април, се дозволува работа на работодавачите од областа на пружање на услуги, како што се автомеханичарски и вулканизерски дејности, чевлари, кројачи, хемиско чистење, училиштата за обука на возачи, како и на работодавачите од областа на трговијата на мало – книжарници, трговци со моторни возила, велосипеди, наутички и технички стоки, градежни материјали. Од утре се отвараат и зелените пазари (на отворен и затворен простор) со задолжителна примена на сите мерки на заштита. Владата ги повика од утре, 21 април и работодавачите од областа на градежништвото (високоградбата и носкограбата) да продолжат со работа во полн капацитет. Сите тие се должни на работниците да им обезбедат заштитна опрема (маски, нараквици и средства за дезинфекција), а работата мора да се одвива со почитување на физичка дистанца. Од работодавците се бара да изготват посебен план на мерки за време на вонредната состојба, а вработените се обврзани тоа да го почитуваат. Оние кои сè уште не можат да ја продолжат својата работа се објектите чијашто работа вклучува собирање голем број на луѓе, како што се продавниците лоцирани во трговски центри. Исто така, сè уште не е дозволена работата на оние активности кои вклучуваат близок физички контакт, така што фризерските салони, салоните за убавина, вежбалниците и фитнес центрите и понатаму остануваат затворени. Во соопштенето на Владата се потенцира дека работата во објектите на кои од утре им се дозволува работата, таа може да се одвива само со почитување на сите мерки на заштита и употреба на средствата за дезинфекција и заштитната опрема – маски и нараквици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ublazi-vonrednite-merki-za-pandemijata-so-kovid-19/feed/ 0