„Владислав Рибникар“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 14:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Владислав Рибникар“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Н1: Колку ученици се уапсени за ширење паника по убиствата во Рибникар во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/n1-kolku-uchenitsi-se-uapseni-za-shirene-panika-po-ubistvata-vo-ribnikar-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/n1-kolku-uchenitsi-se-uapseni-za-shirene-panika-po-ubistvata-vo-ribnikar-vo-belgrad/#respond Wed, 19 Jul 2023 14:13:14 +0000 https://kurir.mk/?p=858149

По масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, против 82 ученици на возраст над 14 години поднесени се кривични пријави за загрозување на безбедноста и ширење паника и неред преку социјалните мрежи, во периодот од 3 мај до 7 јули, соопшти МВР на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Во анализата на белградскиот портал Н1, според соопштенијата на МВР, станува збор за ученици кои биле кривично одговорни во моментот на делото, односно биле постари од 14 години. Од вкупно 82 ученици против кои беа поднесени кривични пријави, 29 се приведени и спроведени до правосудните органи за понатамошно постапување. Масовните убиства во „Рибникар“ на 3 мај и во Дубона и Мало Орашје кај Младеновац, на 4 мај, предизвикаа низа објави, пријави, инциденти на социјалните мрежи на малолетници, кои може да се сумираат под поимот „имитација“ на кривични дела. Така, на денот кога се случи страшната трагедија во која беа убиени осум ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, се појави видео на кое децата „си играат“ пукајќи на соучениците во училницата. Ден по трагедијата, седмоодделенец од основното училиште „Јефимија“ во Обреновац извади пластичен пиштол, веднаш по минутата молчење за смртта на децата и чуварот во „Рибникар“. Полицијата добила повик од ОУ „Десанка Максимовиќ“ во Белград, со информација дека е пронајден список со имињата на деца кај деветгодишно момче кое посетува трето одделение. Инцидент „инспириран“ од трагедијата во Рибникар се случил и во основното училиште „Милоје Васиќ“ кога еден од учениците преку социјалните мрежи се обидел да имитира дел од постапките на К.К. Ден по злосторството, полицијата приведе поранешен ученичка во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“, која со нож повреди ученик и наставничка во тоа училиште во Белград. Неколку дена по злосторството, во Суботица е уапсен малолетник, според извештајот на ФБИ, кој прогуглал како се прави бомба. Во Пожега сослушани се двајца ученици од гимназијата во тој град - едниот се снимил и во живо го емитувал видеото со порака дека ќе ги убие учениците од училиштето, додека другиот ученик емитувал видео во живо на кое симулира пукање во деца. Во Зрењанин е уапсен 19-годишно момче, осомничено дека преку мобилна апликација поставил цртеж на група од неговиот клас, на кој е прикажана училница со крвави ликови како лежат покрај клупите, додека еден од нив држел сличен предмет на пиштол. Шефот на Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ, на почетокот на мај изјави дека и најмалку заканувачките пораки на социјалните мрежи ќе бидат проверени до крај, а тоа вклучува и утврдување на локацијата на емитувањето, претрес и апсење. Малолетната (14) од Футог кај Нови Сад неодамна беше ослободена од притвор каде што беше задржана два месеци поради сомнение дека шири паника по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај. Според законските прописи во Србија, малолетник е лице кое во времето на извршувањето на кривичното дело наполнило четиринаесет години, а не навршило осумнаесет години. На малолетниот сторител на кривично дело може да се применат една или повеќе воспитни налози за кривично дело за кое е пропишана парична казна или затвор до пет години, според кривичното дело и жртвата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/n1-kolku-uchenitsi-se-uapseni-za-shirene-panika-po-ubistvata-vo-ribnikar-vo-belgrad/feed/ 0
Мајка на девојче убиено од Коста со емотивно писмо до неговите родители, открива нови детали https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majka-na-devojche-ubieno-od-kosta-so-emotivno-pismo-do-negovite-roditeli-otkriva-novi-detali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majka-na-devojche-ubieno-od-kosta-so-emotivno-pismo-do-negovite-roditeli-otkriva-novi-detali/#respond Tue, 23 May 2023 08:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=837797

Нина Боровиќ Кобиљски, мајката на Е.К., девојчето убиено во масакрот на 3-ти мај во ОУ „Владислав Рибникар“, со потресни зборови им се обрати на родителите на момчето кое ја уби нивната ќерка и уште осум соученици, како и чуварот на училиштето. Во писмото насловено „До родителите на едно нелекувано момче“, таа изнесува низа досега непознати детали за животите на децата од одделението VII2 пред масакрот. „Порака до родителите на нелекуваното момче: Ако некогаш дојдете да не’ барате и сакате да ни кажете ‘Простeте ни, не знаевме подобро и многу ни е жал’. Знаете, ние повеќе не веруваме во световна правда… Но, се трудиме да продолжиме да веруваме во хуманоста и вистината… Верувам дека добро ви е познато дека нашиот клас VII2 беше исклучителен клас, не затоа што беше составен од одлични ученици, туку затоа што беа добри деца и добри пријатели еден на друг. Насмеани одеа на училиште и се враќаа задоволни. Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на екскурзии… знаете дека сите играа карти и се смееја заедно во собите доцна во ноќта. Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите. Дали знаевте дека на тоа дете му треба помош? Им беше убаво, но истовремено им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вас како родители и стручните лица? Трагедијата што ни се случи е толку страшна, болна и незамислива што секојдневно се мачиме да дишеме. Мислите кои ќе не прогонуваат до крајот на животот се: Зошто не му помогнавте?! Зошто го трениравте на стрелиште и со него развивате и негувате такви страшни вештини за стрелање и убивање, додека ние ги носевме нашите деца на часови по уметност и спорт?! Ако не сте биле свесни за вашата улога во невидената трагедија од 3 мај 2023 година, тогаш треба да се разбудите и да сфатите дека за жал овде имаме работа со трагедија од светски размери. Јасно ни е дека јавното мислење бара некаква смисла – причина со цел на некој начин да се објасни овој вид на криминал и да разбере како се случило? Да разјасниме, врсничкото насилство е суштинска тема на денешното време, на кое мора да и се посвети најголемо внимание и грижа за да се запре. Но, тоа не се случи во оваа трагедија и не треба повторно да се залажувате и да се криете зад невистините. Жал ми е, тоа се случи на најпогубниот можен начин, но од вашето дете до нашите деца. Дали сте свесни дека преживеаните и ранетите добиваат закани по живот од целиот свет затоа што „некој ќе го заврши започнатото“, во болното убедување на правдата за „злоупотребеното“ момче. Добро знаете дека децата од VII2 наивно го прифатија, му пружија рака за пријателство и тоа беше се’ што можеа нивните златни срца… се’ останато беше до вас кои сте одговорни за него и стручните служби кои мораа да одржуваат објективност тогаш кога ќе се појави родителска слабост. Знаете, 21 век е за жал бесрамен век…во овој век не треба да се срами да се бара сета стручна помош која е достапна денес. Кога повторно ќе ве прашаат, размислете дали ќе повторите: „Јас не сум виновен“ или барем кажете: згрешивме, не знаевме подобро… Можеби тогаш не знаевте, но сега болната вистина е зад сите нас и треба да можете подобро… дури и да речете: „Извини, многу ни е жал, твоите деца не се виновни за било што!” Ова не е само лична трагедија, туку колективна трагедија на едно општество затоа што умреа исклучителни деца кои беа на вистинскиот пат да станат големи луѓе и кои со своите несудени семејства требаше да бидат залог за ова општество. Сè уште се молиме за спасение на вашите души, но без признание, нема покајание“, се наведува во пораката на мајката објавена на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majka-na-devojche-ubieno-od-kosta-so-emotivno-pismo-do-negovite-roditeli-otkriva-novi-detali/feed/ 0
Оформен предмет за мајката на Коста, еве што ќе утврдува Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oformen-predmet-za-majkata-na-kosta-eve-shto-ke-utvrduva-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oformen-predmet-za-majkata-na-kosta-eve-shto-ke-utvrduva-obvinitelstvoto/#respond Mon, 22 May 2023 09:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=837330

Белградското јавно обвинителство денеска соопшти дека оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба“на малолетно лице“, јави Бета. Обвинителството испратило барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наредило распит на осомничената М.К., се наведува во соопштението. Исто така, побара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба. Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К.К. и за ова да го извести обвинителството. Откако ќе бидат доставени бараните пријави до обвинителството, јавноста „без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и одлуките“, стои на веб-страницата на обвинителството. Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај, кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и чувар на тоа училиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oformen-predmet-za-majkata-na-kosta-eve-shto-ke-utvrduva-obvinitelstvoto/feed/ 0
Родителите на учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ со барање:Да се заврши учебната година, се по 3 мај е вештачка нормалност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditelite-na-uchenitsite-od-ou-vladislav-ribnikar-so-barane-da-se-zavrshi-uchebnata-godina-se-po-3-maj-e-veshtachka-normalnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditelite-na-uchenitsite-od-ou-vladislav-ribnikar-so-barane-da-se-zavrshi-uchebnata-godina-se-po-3-maj-e-veshtachka-normalnost/#respond Sun, 21 May 2023 09:07:04 +0000 https://kurir.mk/?p=836940

Како стои во соопштението, повеќе од 150 родители на ученици од белградското училиште „Владислав Риникар“ бараат учебната година да биде завршена заклучно со 3 мај, како ден кога трагичниот настан насилно го прекина нормалното настава. „Се што се случи во училиштето после тој датум е само обид насилно да се врати „нормалната“ состојба во училиштето.Кризниот план кој раководството на училиштето се обидува да го спроведе по секоја цена, има единствена цел да ги прикрие последиците на трагичниот настан“, велат родителите на учениците на ова училиште. Родителите сметаат дека планот за продолжување на школувањето, кој се спроведува од 10 мај, е штетен за развојот на голем број ученици (ако не и сите), а единствено решение е итен прекин на наставата и завршување на работната учебна година. Родителите велат дека за ваквиот став добиле поддршка од еминентни стручњаци од областа на невропсихијатријата и психотерапијата. “Учебната година заврши на трагичен начин на 3 мај. Секој ден потоа не е продолжение на учебната година, туку вештачко преправање дека ништо не се случило. И тоа се случи. Нашите деца ги убиваа на училиште”, заклучуваат родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditelite-na-uchenitsite-od-ou-vladislav-ribnikar-so-barane-da-se-zavrshi-uchebnata-godina-se-po-3-maj-e-veshtachka-normalnost/feed/ 0
Уште една жртва на монструмот Коста: Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-edna-zhrtva-na-monstrumot-kosta-ranetoto-devojche-im-podlegna-na-povredite-po-12-dena-borba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-edna-zhrtva-na-monstrumot-kosta-ranetoto-devojche-im-podlegna-na-povredite-po-12-dena-borba/#respond Mon, 15 May 2023 10:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=834315

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот. Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишикот на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден чувар. И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на тешките повреди на главата, пренесуваат српските медиуми. Веста ја потврди и Министерството за здравство на Србија. Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-edna-zhrtva-na-monstrumot-kosta-ranetoto-devojche-im-podlegna-na-povredite-po-12-dena-borba/feed/ 0
Нема живот за нив во Србија: Експертите со став, еве што треба да прави семејството на Коста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/#respond Sat, 13 May 2023 10:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=833782

Семејството на Коста К.(13), кој на 3 мај уби осум деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ Белград, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство. Мајката на Коста и неговата десетгодишна сестра би можеле први да ја напуштат Србија, а да им се придружи и таткото на момчето-убиец, откако тој ќе излезе од затвор, пишува Пинк.рс. Психолозите и криминолозите сметаат дека ова е најдоброто решение за ова семејство, особено за сестрата на Коста. Родителите на Коста добија стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го изврши нивниот син. Таткото Владимир, моментално е зад решетки, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет каде работи и е со ќерката во непознато место во Србија. Во тоа училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение. Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат, бидејќи таа ќе ги сноси последиците од неговото дело до крајот на животот. -Таа девојка не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана и жигосана. Тоа ќе го прави околината и мислам дека треба да се заштити што е можно повеќе. Ваквата ситуација кај нас не е вообичаена, но важно е да и се објасни на мајката колку е сложена ситуацијата за нив и дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е неопходна во овој случај. Мајката треба да разбере дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити – вели Костиќ и додава: – Уништено е се, вклучително и неговиот живот и животите на сите семејства кои ги огорчи со својот чин. Ги уништи и животите на својата мајка, татко и сестра. Неговото семејство многу години ќе трпи страшни последици бидејќи вакво нешто тешко се заборава – изјави Радовановиќ. Тој забележува дека мајката и таткото ќе ги чувствуваат последиците до крајот на животот, но дека сестрата, можеби поради младоста, нема. -Кога ќе порасне, можеби во одреден момент сестрата ќе се дистанцира од тоа злосторство, но… Сега единствено решение е промена на средината. Најкорисно е да се смени презимето, но не сум запознаен со процедурата. Секако, мајката и сестрата на Коста имаат опција да не сменат ништо, но потоа ќе ги сносат последиците. Доколку одлучат да ја напуштат државата, веројатно ќе бидат под постојан надзор на безбедносните служби на земјата во која се преселуваат – истакнува Радовановиќ. Бора Бањац, поранешен началник на Дирекцијата за сузбивање на организиран криминал, смета дека можеби најдоброто решение за семејството на Коста е да се пресели во далечна земја. – Што може да се направи со нив, мислам на сестрата и мајката? За нив нема живот ниту во Белград, ниту во Србија. Мислам дека не би можеле да живеат во ниту една земја од регионот бидејќи порано или подоцна ќе се дознае кои се тие. Можеби треба да одат преку океанот, некаде доволно далеку. Ако останат тука, единствено решение е да го сменат идентитетот, но прашање е дали ќе можат да го сторат тоа – вели Бањац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/feed/ 0
Снепчет го преименуваше ОУ „Владислав Рибникар“ по масовниот убиец, училиштето означено како „туристичка атракција“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snepchet-go-preimenuvashe-ou-vladislav-ribnikar-po-masovniot-ubiets-uchilishteto-oznacheno-kako-turistichka-atraktsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snepchet-go-preimenuvashe-ou-vladislav-ribnikar-po-masovniot-ubiets-uchilishteto-oznacheno-kako-turistichka-atraktsija/#respond Fri, 12 May 2023 17:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=833599

На апликацијата „Снепчет“, основното училиште „Владислав Рибникар“, каде неодамна се случи масакр, во кој беа убиени осум ученици и еден чувар, е означено како „туристичка атракција“ на Белград. Имено, на мапата не само што е истакнато училиштето како локација што треба да се посети, туку името на училиштето е означено со Коста К., односно името на 13-годишниот извршител на крвавиот масакр, кој ја зави Србија во црно. Снепчет е бесплатна апликација, особено популарна кај помладата генерација, која има 347 милиони следбеници од втората половина на 2022 година. Главната идеја на апликацијата е да испраќа видеа, фотографии и пораки до корисниците, кои се бришат по неколку минути. Покрај сето горенаведено, преку оваа апликација е можно да ја следите локацијата на вашите пријатели, секако доколку ви дозволат, а цифрата од 4,6 милијарди долари колку апликацијата направила лани, вели многу. Она што загрижува е пропустот на глобално популарната апликација, па училиштето во кое тринаесетгодишникот изврш масовно убиство е означено како „туристичка атракција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snepchet-go-preimenuvashe-ou-vladislav-ribnikar-po-masovniot-ubiets-uchilishteto-oznacheno-kako-turistichka-atraktsija/feed/ 0
„Само сакаме да ја премолчиме нашата болка“: Се огласи одбојкарот Кобиљски чија ќерка беше убиена во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samo-sakame-da-ja-premolchime-nashata-bolka-se-oglasi-odbojkarot-kobilski-chija-kerka-beshe-ubiena-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samo-sakame-da-ja-premolchime-nashata-bolka-se-oglasi-odbojkarot-kobilski-chija-kerka-beshe-ubiena-vo-srbija/#respond Wed, 10 May 2023 11:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=832691

Српскиот одбојкар Драган Кобиљски за првпат проговори откако неговата ќерка беше една од деветте жртви на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Кобиљски и се обрати на јавноста преку објава на социјалната мрежа Фејсбук. „Почитувани, ја цениме вашата желба да земете од таква трагедија барем порака за луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе кои само сакаме да ја премолчиме нашата болка. Ниту го сакаме, ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца, бидејќи сите тие се убави суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ожалостени семејства“, рече Кобиљски во објавата. Коста К, ученик во седмо одделение во училиштето уби осум деца и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samo-sakame-da-ja-premolchime-nashata-bolka-se-oglasi-odbojkarot-kobilski-chija-kerka-beshe-ubiena-vo-srbija/feed/ 0
„Училницата на смртта“ останува под клуч: По масакрот, децата се враќаат во училиште, но настава нема да почне – еве што е предвидено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilnitsata-na-smrtta-ostanuva-pod-kluch-po-masakrot-detsata-se-vrakaat-vo-uchilishte-no-nastava-nema-da-pochne-eve-shto-e-predvideno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilnitsata-na-smrtta-ostanuva-pod-kluch-po-masakrot-detsata-se-vrakaat-vo-uchilishte-no-nastava-nema-da-pochne-eve-shto-e-predvideno/#respond Wed, 10 May 2023 06:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=832487

Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ донесе одлука учениците од ова училиште каде минатата недела се случи невиден масакр, денеска да се вратат на настава. На вчерашниот Совет на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ се расправаше за денешното враќање на наставата откако ученик уби осум деца и чувар во таа образовна институција, а повреди уште шестмина, меѓу кои и наставничката по историја. Родителите на дел од учениците од ова училиште не се согласија со одлуката да се вратат во училишните клупи, но како што беше претходно најавено, учениците од ова училиште од денеска ќе се вратат на настава. Како што пренесуваат медиумите, родителите се согласуваат со директорката во одлуката да не се започне веднаш со наставата, туку само со приспособувања во форма на разговор меѓу учениците и наставниците, а по потреба би бил вклучен и психолог. Помош и поддршка за учениците од ова училиште и сите училишта во Србија, родителите и наставниците обезбедуваат психолози и психијатри од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија КЦС, бројни други здравствени установи и здруженија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilnitsata-na-smrtta-ostanuva-pod-kluch-po-masakrot-detsata-se-vrakaat-vo-uchilishte-no-nastava-nema-da-pochne-eve-shto-e-predvideno/feed/ 0
Конечно се огласи директорката на училиштето каде Коста направи масакр, еве што кажа таа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konechno-se-oglasi-direktorkata-na-uchilishteto-kade-kosta-napravi-masakr-eve-shto-kazha-taa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konechno-se-oglasi-direktorkata-na-uchilishteto-kade-kosta-napravi-masakr-eve-shto-kazha-taa/#respond Tue, 09 May 2023 10:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=832185

За прв пат се огласи Снежана Кнежевиќ, директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ каде имаше масовно пукање, кога ученик од седмо одделение (13) уби осум ученици и чувар, а рани уште шест негови пријатели и професор по историја. -Знам дека должност на секој што е на чело на јавна институција е да комуницира со медиумите, а особено сега да им се обрати, но ние сме во ситуација во која никој досега не бил,  рече Кнежевиќ. Директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ објасни дека како и досега се води од моралот и дека сака достоинствено да завршат сите процеси во оваа посебна ситуација. Сакала, вели, да ги испрати сите настрадани деца во вечното почивалиште, како и чуварот на тоа училиште и да ја следи состојбата на останатите ученици и наставничката кои беа ранети во овој масакр. -По ваквите настани немав време да се занимавам со невистините што се појавија во медиумите, истакнува Снежена и додава дека најмногу се занимавала со процесот во кој сите во училиштето се обидуваат на најдобар можен начин да дојдат до решение за децата. Снежана Кнежевиќ уште еднаш побара трпение и порача дека навремено ќе одговори на сите прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konechno-se-oglasi-direktorkata-na-uchilishteto-kade-kosta-napravi-masakr-eve-shto-kazha-taa/feed/ 0