Владлен Татарски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 14:34:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владлен Татарски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Национална републиканска армија презеде одговорност за убиството на блогерот Татарски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/natsionalna-republikanska-armija-prezede-odgovornost-za-ubistvoto-na-blogerot-tatarski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/natsionalna-republikanska-armija-prezede-odgovornost-za-ubistvoto-na-blogerot-tatarski/#respond Wed, 05 Apr 2023 14:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=820632

Рускиот портал Медуза објави дека организацијата Национална републиканска армија (НРА) презеде одговорност за убиството на блогерот Владлен Татарски. - Организиравме и спроведовме акција на 2 април 2023 година, против група З-активисти и лично против познатиот воин и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски. Овој чин го подготвивме и го извршивме самостојно и немаме никаква поврзаност ниту сме добиле помош од странски структури ниту од специјални служби, се наведува во пораката објавена од НРА. Организацијата тврди дека нивната акција не била насочена против „мирните цивили“ и дека сите жртви на нападот биле поддржувачи на руската војна против Украина. НРА ги повика руските активисти за човекови права да и помогнат на Дарија Трепова, за која властите се сомневаат дека го извршила нападот. Тие, исто така, ги повикаа Русите да се спротивстават на режимот во Кремљ на сите нивоа, „до негово целосно уништување“. НРА претходно презеде одговорност и за убиството на Дарија Дугина, ќерка на идеологот Александар Дугин. Окружниот суд во Москва претходно го одобри барањето на Обвинителството за притвор на Трепова, која беше приведена по експлозијата во која беше убиен Татарски. Трепова се товари за тероризам и недозволено тргување со експлозив. Таа во притвор ќе биде до 2 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/natsionalna-republikanska-armija-prezede-odgovornost-za-ubistvoto-na-blogerot-tatarski/feed/ 0
Дарја Трепова обвинета за тероризам за убиството на воениот блогер Татарски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darja-trepova-obvineta-za-terorizam-za-ubistvoto-na-voeniot-bloger-tatarski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darja-trepova-obvineta-za-terorizam-za-ubistvoto-na-voeniot-bloger-tatarski/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=820143

Истражниот комитет на Руската Федерација побара притвор за Дарија Трепова во случајот со терористичкиот напад во кафуле во Санкт Петербург, во кој беше убиен воениот блогер Владлен Татарски. Против Трепова е покренато соодветно обвинение, јавија руските медиуми. Според истрагата, Трепова на 2 април 2023 година, по инструкции на лица кои оперираат од територијата на Украина, однела статуетка наполнета со експлозив во кафуле во центарот на Санкт Петербург и му ја дала на воениот блогер Максим Фомин, познат под псевдонимот Владлен Татарски. Како резултат на последователната експлозија, Фомин почина, а повеќе од 30 луѓе беа повредени. За време на истрагата за инцидентот, органите на редот извршиле претрес во станот на Трепова во Санкт Петербург, а нејзината мајка и сестра биле сослушани. Првично беше отворено кривично дело за убиство на особено опасен начин, но подоцна беше преквалификувано како терористички напад. Националниот антитерористички комитет соопшти дека операцијата за елиминација на Татарски ја планирале украински специјални служби и оти за нејзино спроведување биле регрутирани агенти кои соработувале со фондацијата на Алексеј Навални.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darja-trepova-obvineta-za-terorizam-za-ubistvoto-na-voeniot-bloger-tatarski/feed/ 0
Убиен познат руски воен блогер, експлозија во кафуле https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-poznat-ruski-voen-bloger-eksplozija-vo-kafule/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-poznat-ruski-voen-bloger-eksplozija-vo-kafule/#respond Sun, 02 Apr 2023 17:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=819200

Во експлозија во кафуле во вториот по големина руски град Санкт Петербург денеска е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

-Во инцидентот едно лице загина. Станува збор за воениот блогер Владлен Татарски, а повредени се 16 лица, соопшти руското МВР.

Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најпознатите воени блогери, кој често даваше критички коментари за војната на Русија во Украина.

Експлозијата, наводно, се случила во кафуле кое некогаш било во сопственост на Евгениј Пригожин, основачот на приватната војска на Вагнер, која се бори на руска страна во Украина.

Засега не се знае кој е одговорен за експлозијата.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-poznat-ruski-voen-bloger-eksplozija-vo-kafule/feed/ 0