владо бучковски – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиWed, 22 Jun 2022 20:16:19 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngвладо бучковски – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Бучковски: Борисов демонстрира лидерство и пријателство кон Македонија
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-borisov-demonstrira-liderstvo-i-prijatelstvo-kon-makedonija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-borisov-demonstrira-liderstvo-i-prijatelstvo-kon-makedonija/#respondWed, 22 Jun 2022 20:16:19 +0000https://kurir.mk/?p=694346Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, изјави поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски по одлуката на Борисов неговата партија во Бугарското собрание да даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
-Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас, изјавил Бучковски во изјава за „БГНЕС“.
Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.]]>Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, изјави поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски по одлуката на Борисов неговата партија во Бугарското собрание да даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
-Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас, изјавил Бучковски во изјава за „БГНЕС“.
Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-borisov-demonstrira-liderstvo-i-prijatelstvo-kon-makedonija/feed/0Бучковски: Францускиот предлог е добра основа
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-francuskiot-predlog-e-dobra-osnova/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-francuskiot-predlog-e-dobra-osnova/#respondMon, 20 Jun 2022 18:37:51 +0000https://kurir.mk/?p=693364Поранешниот специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија Владо Бучковски во колумна за НоваТВ ја разработува идејата про или контра францускиот предлог. Според него, предлогот на француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира.
Според мене, францускиот предлог е добра основа за излез од блокадата наметната од Бугарија. Да треба да се надгради и да се допрецизира…НО, што е она што мора да го одбележиме како позитивно, несомнено тоа е решението за македонскиот јазик со кое дефинитивно веќе не се доведува во прашање употребата на македонскиот јазик во ЕУ. Во поглед на кревањето на ветото, има компромисна формула.
Првата Меѓувладина конференција веднаш на 23 јуни, почетокот на преговорите по промената на Преамбулата на Уставот и вметнувањето на нашите сограѓани со бугарска самосвест во неа, вели Бучковски.
]]>Поранешниот специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија Владо Бучковски во колумна за НоваТВ ја разработува идејата про или контра францускиот предлог. Според него, предлогот на француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира.
Според мене, францускиот предлог е добра основа за излез од блокадата наметната од Бугарија. Да треба да се надгради и да се допрецизира…НО, што е она што мора да го одбележиме како позитивно, несомнено тоа е решението за македонскиот јазик со кое дефинитивно веќе не се доведува во прашање употребата на македонскиот јазик во ЕУ. Во поглед на кревањето на ветото, има компромисна формула.
Првата Меѓувладина конференција веднаш на 23 јуни, почетокот на преговорите по промената на Преамбулата на Уставот и вметнувањето на нашите сограѓани со бугарска самосвест во неа, вели Бучковски.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-francuskiot-predlog-e-dobra-osnova/feed/0Бучковски: Поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-pogolema-e-nervozata-vo-sofija-otkolku-vo-skopje/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-pogolema-e-nervozata-vo-sofija-otkolku-vo-skopje/#respondTue, 03 May 2022 08:00:54 +0000https://kurir.mk/?p=670965Денеска во 10 часот ќе биде промовиран нов клуб на пријателство меѓу Бугарија и Македонија. Тоа е неформална мрежа на видни интелектуалци од двете земји кои не се откажуваат од желбата за искрен дијалог во моменти за кои сметаме дека се критични, вели Владо Бучковски, кој е дел од оваа мрежа, за Утрински брифинг.
-Се обидуваме со граѓански ангажман да се спротивставиме на говорот на омраза на оние кои го искористија моментот на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“. Оваа влада на Петков е на стаклени нозе. Мојата улога, пак, е поврзана со граѓанскиот сектор оти сметам дека напорите на политичарите не се доволни, вели Бучковски за Утрински брифинг.
Тој смета дека поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје, а политиката на ВМРО-ДПМНЕ е константна.
-Сметам дека треба да побараме и ние гаранции за заштита на идентитетот и ова да премине во надградба на договорот за пријателство, вели Бучковски.
-Владата на Петков која најави дека ќе работи за иднината, а не за минатото предизвика нервоза во Бугарија. Тој беше изложен на напади и од националистите во Бугарија, но со право ги загуби и симпатиите во Македонија. Ние бараме точки што можат да нѐ поврзат. Двете земји се охрабрени од ЕУ дека сега е моментот да се постигне договор, но како да се нема расположение. Османи рече дека како да се затвора прозорецот, но не треба така, мора да се работи на приближување, вели Бучковски.]]>Денеска во 10 часот ќе биде промовиран нов клуб на пријателство меѓу Бугарија и Македонија. Тоа е неформална мрежа на видни интелектуалци од двете земји кои не се откажуваат од желбата за искрен дијалог во моменти за кои сметаме дека се критични, вели Владо Бучковски, кој е дел од оваа мрежа, за Утрински брифинг.
-Се обидуваме со граѓански ангажман да се спротивставиме на говорот на омраза на оние кои го искористија моментот на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“. Оваа влада на Петков е на стаклени нозе. Мојата улога, пак, е поврзана со граѓанскиот сектор оти сметам дека напорите на политичарите не се доволни, вели Бучковски за Утрински брифинг.
Тој смета дека поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје, а политиката на ВМРО-ДПМНЕ е константна.
-Сметам дека треба да побараме и ние гаранции за заштита на идентитетот и ова да премине во надградба на договорот за пријателство, вели Бучковски.
-Владата на Петков која најави дека ќе работи за иднината, а не за минатото предизвика нервоза во Бугарија. Тој беше изложен на напади и од националистите во Бугарија, но со право ги загуби и симпатиите во Македонија. Ние бараме точки што можат да нѐ поврзат. Двете земји се охрабрени од ЕУ дека сега е моментот да се постигне договор, но како да се нема расположение. Османи рече дека како да се затвора прозорецот, но не треба така, мора да се работи на приближување, вели Бучковски.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-pogolema-e-nervozata-vo-sofija-otkolku-vo-skopje/feed/0Во Софија се формира мрежа на бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sofija-se-formira-mreza-na-bugarsko-makedonski-klubovi-megju-pretstavnicite-od-makedonija-se-ljubcho-georgievski-i-vlado-buchkovski/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sofija-se-formira-mreza-na-bugarsko-makedonski-klubovi-megju-pretstavnicite-od-makedonija-se-ljubcho-georgievski-i-vlado-buchkovski/#respondSat, 30 Apr 2022 10:45:40 +0000https://kurir.mk/?p=670104Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје.
-На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија.
Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство.
-Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика.
Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.
Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.
Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта [email protected].
]]>Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје.
-На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија.
Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство.
-Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика.
Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.
Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.
Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта [email protected].
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sofija-se-formira-mreza-na-bugarsko-makedonski-klubovi-megju-pretstavnicite-od-makedonija-se-ljubcho-georgievski-i-vlado-buchkovski/feed/0Бучковски: Бевме блиску до решение со Бугарија, јас ќе работам на каузата
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-bevme-blisku-do-reshenie-so-bugarija-jas-kje-rabotam-na-kauzata/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-bevme-blisku-do-reshenie-so-bugarija-jas-kje-rabotam-na-kauzata/#respondThu, 17 Feb 2022 18:01:20 +0000https://kurir.mk/?p=632842Поранешниот специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски информира дека Македонија била блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година.
-Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски во емисијата „Само интервју“.
Тој додава дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака доколку е потребно.
-Јас со неколку невладини организации по потпишувањето на Договорот за добрососедство сакав да ги приближам двете општества, знаејќи дека ќе дојде до проблеми. Беше само прашање на време кога ќе дојдеше до проблеми во имплементирање на Договорот, рече Бучковски.
Професорот се обиде да ја појасни причината зошто повеќе не ја извршува таа функција.
„Кога видов дека ни се раздвојуваат размислувањата, сфатив дека нема што многу да помогнам во таквата состојба. Но, јас ќе работам на каузата. Ќе се трудиме да дојде до зближување на двата народи и надминување на сите проблеми кои настанаа од бугарската блокада“, рече Бучковски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.]]>Поранешниот специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски информира дека Македонија била блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година.
-Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски во емисијата „Само интервју“.
Тој додава дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака доколку е потребно.
-Јас со неколку невладини организации по потпишувањето на Договорот за добрососедство сакав да ги приближам двете општества, знаејќи дека ќе дојде до проблеми. Беше само прашање на време кога ќе дојдеше до проблеми во имплементирање на Договорот, рече Бучковски.
Професорот се обиде да ја појасни причината зошто повеќе не ја извршува таа функција.
„Кога видов дека ни се раздвојуваат размислувањата, сфатив дека нема што многу да помогнам во таквата состојба. Но, јас ќе работам на каузата. Ќе се трудиме да дојде до зближување на двата народи и надминување на сите проблеми кои настанаа од бугарската блокада“, рече Бучковски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-bevme-blisku-do-reshenie-so-bugarija-jas-kje-rabotam-na-kauzata/feed/0Откако го сменија Бучковски се сети дека ако Гоце Делчев го направат Бугарин нема договор
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-go-smenija-buchkovski-se-seti-deka-ako-goce-delchev-go-napravat-bugarin-nema-dogovor/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-go-smenija-buchkovski-se-seti-deka-ako-goce-delchev-go-napravat-bugarin-nema-dogovor/#respondMon, 14 Feb 2022 14:08:26 +0000https://kurir.mk/?p=631322Ако тоа биде условот, Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Вака му одговори професорот Владо Бучковски, поранешен специјален претставник за Бугарија, на новинарот на бугарската ТВ Нова на прашањето – „ако ние кажеме – или признавате дека Гоце Делчев е Бугарин или вие нема да станете Европјани, како би одговориле?“
„Ако тоа биде условот, Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Мислам дека тоа не е патот кој нè води до целта“.барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ македонското Собрание да донесе декларација за Гоце Делчев, Бучковски беше прашан дали смета дека Гоце Делчев би се срамел кога би видел за какви теми денес спорат Македонија и Бугарија.
За барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ македонското Собрание да донесе декларација за Гоце Делчев, Бучковски беше прашан дали смета дека Гоце Делчев би се срамел кога би видел за какви теми денес спорат Македонија и Бугарија.
„Би се срамел и мислам дека се превртува во гробот, поради своите идеали, поради неговите идеи. Тој денес би бил еден од најголемите космополити. Во овој момент кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да не се говори само за историјата, туку повеќе да се говори за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент“, одговори Бучковски.]]>Ако тоа биде условот, Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Вака му одговори професорот Владо Бучковски, поранешен специјален претставник за Бугарија, на новинарот на бугарската ТВ Нова на прашањето – „ако ние кажеме – или признавате дека Гоце Делчев е Бугарин или вие нема да станете Европјани, како би одговориле?“
„Ако тоа биде условот, Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Мислам дека тоа не е патот кој нè води до целта“.барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ македонското Собрание да донесе декларација за Гоце Делчев, Бучковски беше прашан дали смета дека Гоце Делчев би се срамел кога би видел за какви теми денес спорат Македонија и Бугарија.
За барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ македонското Собрание да донесе декларација за Гоце Делчев, Бучковски беше прашан дали смета дека Гоце Делчев би се срамел кога би видел за какви теми денес спорат Македонија и Бугарија.
„Би се срамел и мислам дека се превртува во гробот, поради своите идеали, поради неговите идеи. Тој денес би бил еден од најголемите космополити. Во овој момент кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да не се говори само за историјата, туку повеќе да се говори за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент“, одговори Бучковски.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-go-smenija-buchkovski-se-seti-deka-ako-goce-delchev-go-napravat-bugarin-nema-dogovor/feed/0Бучковски ќе биде преговарач помеѓу НАТО и Русија
https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/buchkovski-kje-bide-pregovarach-pomegju-nato-i-rusija/
https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/buchkovski-kje-bide-pregovarach-pomegju-nato-i-rusija/#respondTue, 25 Jan 2022 17:26:08 +0000https://kurir.mk/?p=622877Нов преговарач помеѓу НАТО и Русија.
]]>Нов преговарач помеѓу НАТО и Русија.
]]>https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/buchkovski-kje-bide-pregovarach-pomegju-nato-i-rusija/feed/0Бучковски: Договорот од 2017 година е клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-dogovorot-od-2017-godina-e-kluchot-za-napredok-megju-bugarija-i-makedonija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-dogovorot-od-2017-godina-e-kluchot-za-napredok-megju-bugarija-i-makedonija/#respondSun, 16 Jan 2022 19:31:22 +0000https://kurir.mk/?p=620071Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија е договорот од 2017 година.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји.
Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра. Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија.
Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа. За да се смени Уставот на Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на ова да се случи, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент. Прашањето за човековите права и заедничката историја што ги обединува народите преку заеднички личности ќе мора да се продолжи, бидејќи тоа е напишано во Договорот.
Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза, а одговорот според него бил вториот.
– Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата. Проблемот беше што во Бугарија немаше влада осум месеци, додаде Бучковски, што според него влијаело и на севкупната динамика на барање решение за проблемот.
За поранешниот македонски преговарач клучно е прашањето, зошто блокадата дојде од бугарска страна, што била голема енигма за него.]]>Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија е договорот од 2017 година.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји.
Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра. Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија.
Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа. За да се смени Уставот на Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на ова да се случи, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент. Прашањето за човековите права и заедничката историја што ги обединува народите преку заеднички личности ќе мора да се продолжи, бидејќи тоа е напишано во Договорот.
Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза, а одговорот според него бил вториот.
– Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата. Проблемот беше што во Бугарија немаше влада осум месеци, додаде Бучковски, што според него влијаело и на севкупната динамика на барање решение за проблемот.
За поранешниот македонски преговарач клучно е прашањето, зошто блокадата дојде од бугарска страна, што била голема енигма за него.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-dogovorot-od-2017-godina-e-kluchot-za-napredok-megju-bugarija-i-makedonija/feed/0Владата го разреши Бучковски
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-razreshi-buchkovski/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-razreshi-buchkovski/#respondTue, 11 Jan 2022 15:46:52 +0000https://kurir.mk/?p=618120Владо Бучковски кој беше поставен за специјален претставник на Македонија за Бугарија е разрешен од својата функција, потврди портпаролот на Владата.
Бучковски е разрешен во пресрет на изборот на нова Влада предводена од новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски.
]]>Владо Бучковски кој беше поставен за специјален претставник на Македонија за Бугарија е разрешен од својата функција, потврди портпаролот на Владата.
Бучковски е разрешен во пресрет на изборот на нова Влада предводена од новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-razreshi-buchkovski/feed/0Бучковски: Ако го прифатиме новиот предлог на Бугарија за работните групи ќе покажеме дека имаме направено сериозни подготовки
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-ako-go-prifatime-noviot-predlog-na-bugarija-za-rabotnite-grupi-kje-pokazeme-deka-imame-napraveno-seriozni-podgotovki/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-ako-go-prifatime-noviot-predlog-na-bugarija-za-rabotnite-grupi-kje-pokazeme-deka-imame-napraveno-seriozni-podgotovki/#respondTue, 14 Dec 2021 19:35:51 +0000https://kurir.mk/?p=608516Убеден сум дека на средби на работните групи меѓу Македонија и Бугарија на кои теми би биле инфраструктурата, економијата, културата, образованието… ќе може да покажеме дека ние и во изминатиот период имаме направено сериозни подготовки, оцени специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, во однос на предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков за забрзување на билатералната комуникација и соработката низ повеќе работни групи.
– Во инфраструктура имаме направено многу повеќе од Бугарија. Факт е дека нашиот директор на Македонски железници, Хари Локвенец имаше неколку средби со нивниот директор Папуџиски, каде што дефинира динамика во која конечно ќе се гради пругата меѓу Бугарија и Македонија. Тоа ќе биде еден од најголемите инфраструктурни проекти кој ќе чини 650 милиони евра кој треба да заврши во следните шест години. Од друга страна факт е дека ние го правиме експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Факт е дека подолго време, веќе две децении ги чекаме да ги изградат фамозните 12-15 километри и да го отвориме фамозниот граничен премин Клепало, кој што би ги поврзал Берово и Струмјани. За културата имаме многу што да збориме. Во делот на економијата треба да се види зошто не се реализирани проекциите, рече Бучковски во Тема на денот во Дневникот на Сител.
Според него, сега се соочуваме со нов предизвик, односно дека мора да се води битка за час поскоро да ги финализираме преговорите.
– Заев најавува дека 15 јануари е периодот до кога тој би бил премиер. Ние очекувавме во тој период да го направиме максималниот исчекор. Тргнувајќи од тоа што го гледав во измината година, знаејќи се што во изминатите четири години правеше Заев, сметав и се уште сметам дека тој може да биде дополнителна гаранција за исполнување или имплементација на сето ова што дополнително би го договориле, изјави Бучковски.
Тој оцени дека и кај нас и кај Бугарите недостасува довербата.
– Тоа е главниот проблем ако ја читате и претпочитате нивната фамозна декларација која ни создава сериозни проблеми во изминатите две години. Ние тврдиме дека со таа декларација западнавме во овој ќор сокак од кој не може да излеземе. Тие тврдат дека тоа било провоцирано од наша страна заради тоа што Историската комисија не работела според нивните очекувања, изјави Бучковски. ]]>Убеден сум дека на средби на работните групи меѓу Македонија и Бугарија на кои теми би биле инфраструктурата, економијата, културата, образованието… ќе може да покажеме дека ние и во изминатиот период имаме направено сериозни подготовки, оцени специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, во однос на предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков за забрзување на билатералната комуникација и соработката низ повеќе работни групи.
– Во инфраструктура имаме направено многу повеќе од Бугарија. Факт е дека нашиот директор на Македонски железници, Хари Локвенец имаше неколку средби со нивниот директор Папуџиски, каде што дефинира динамика во која конечно ќе се гради пругата меѓу Бугарија и Македонија. Тоа ќе биде еден од најголемите инфраструктурни проекти кој ќе чини 650 милиони евра кој треба да заврши во следните шест години. Од друга страна факт е дека ние го правиме експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Факт е дека подолго време, веќе две децении ги чекаме да ги изградат фамозните 12-15 километри и да го отвориме фамозниот граничен премин Клепало, кој што би ги поврзал Берово и Струмјани. За културата имаме многу што да збориме. Во делот на економијата треба да се види зошто не се реализирани проекциите, рече Бучковски во Тема на денот во Дневникот на Сител.
Според него, сега се соочуваме со нов предизвик, односно дека мора да се води битка за час поскоро да ги финализираме преговорите.
– Заев најавува дека 15 јануари е периодот до кога тој би бил премиер. Ние очекувавме во тој период да го направиме максималниот исчекор. Тргнувајќи од тоа што го гледав во измината година, знаејќи се што во изминатите четири години правеше Заев, сметав и се уште сметам дека тој може да биде дополнителна гаранција за исполнување или имплементација на сето ова што дополнително би го договориле, изјави Бучковски.
Тој оцени дека и кај нас и кај Бугарите недостасува довербата.
– Тоа е главниот проблем ако ја читате и претпочитате нивната фамозна декларација која ни создава сериозни проблеми во изминатите две години. Ние тврдиме дека со таа декларација западнавме во овој ќор сокак од кој не може да излеземе. Тие тврдат дека тоа било провоцирано од наша страна заради тоа што Историската комисија не работела според нивните очекувања, изјави Бучковски. ]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-ako-go-prifatime-noviot-predlog-na-bugarija-za-rabotnite-grupi-kje-pokazeme-deka-imame-napraveno-seriozni-podgotovki/feed/0