владо илиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 04:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владо илиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владо Илиевски нов спортски директор на Цедевита Олимпија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-nov-sportski-direktor-na-tsedevita-olimpija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-nov-sportski-direktor-na-tsedevita-olimpija/#respond Tue, 13 Jun 2023 04:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=845103

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски од денеска официјално е нов спортски директор на словенечкиот гигант Олимпија. Такво нешто се најавуваше уште од минатиот месец, но денеска струмичанецот е назначен на новата функција, како замена за Сани Бечировиќ кој беше на неа од 2019 година. Илиевски во Олимпија доаѓа од Илирија каде претходните години беше претседател на клубот. Ова е негово четврто враќање во љубљанскиот колектив каде играше од 2001 до 2003, потоа од 2008 до 2009 и по краткиот престој во Тау Керамика (Басконија), од 2009 до 2011 година.
„Задоволен сум што, сега во нешто пиинаква улога, се враќам во клубот кој ми помогна многу во мојата кариера. Заедно со моите нови колеги, ќе ја вложам цела моја енергија и амбиција да напишам една нова успешна приказна. Голема чест за мене е што ќе работам како спортски директор на најголемиот кошаркарски клуб во Словенија и би сакал сите во словенечкиот спорт да ја препознаат нашата работа и да ни се придружат“, изајви Илиевски на промоцијата.
Поранешниот македонски репрезентативец ја заврши играчката кариера во 2017 година во дресот на Работнички, а оттогаш живее во Словенија каде што е неговото семејство. Негова главна цел летово ќе биде да состави конкурентен тим кој ќе се бори за трофејот во АБА лигата, но и за што подобар пласман во Еврокупот каде Олимпија оваа сезона тотално разочара и оствари само три победи на 18 натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-nov-sportski-direktor-na-tsedevita-olimpija/feed/ 0
Владо Илиевски доби награда за животно дело од општина Струмица https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-opshtina-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-opshtina-strumica/#respond Mon, 12 Dec 2022 10:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=774321

Владо Илиевски е еден од најдобрите кошаркари на Македонија на сите времиња, а вчера тој доби посебно признание и награда за животно од дело од општина Струмица. Струмица вчера го одбележуваше денот на заштитниците на овој град и се доделуваа награди за луѓето кои многу придонеле за градот. Илиевски е човекот кој го постигна сигурно највредниот кош во историјата на македонската кошарка. На Европското првенство во Литванија во 2011 година Илиевски во последните секунди погоди тројка со која Македонија обезбеди пласман во полуфиналето каде што бевме поразени од Шпанија. „Струмица е мојот роден град, мојот дом, се започна тука. Првите шутеви ги имав на дрвениот рачно изработен кош од татко ми Илија и чичко ми Здравко, а со брат ми Димче тука почнав да ја учам кошарката, која подоцна стана моја опсесија и инспирација. Огромна благодарност на моите струмички тренери Павле Узунов, Петар Настев, Драган Јанков и Гоце Николов за сѐ што ме научија и за вербата која ја имаа во мене“, изјави Илиевски на примањето на наградата. Кариерата Илиевски ја започна во Неметали Огражден, а подоцна настапуваше за екипи како Партизан, Барселона, Олимпија, Лотоматика, Тау Керамика, Цедевита и Работнички. Фото: Општина Струмица/Фејсбук]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-opshtina-strumica/feed/ 0
ВИДЕО: „Леле луѓе што направивме“ – 10 години од денот кога светот учеше географија, а Македонија плачеше од радост! https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/video-lele-lugje-shto-napravivme-10-godini-od-denot-koga-svetot-ucheshe-geografija-a-makedonija-placheshe-od-radost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/video-lele-lugje-shto-napravivme-10-godini-od-denot-koga-svetot-ucheshe-geografija-a-makedonija-placheshe-od-radost/#respond Tue, 14 Sep 2021 09:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=563382

Пред точно 10 години, македонските кошаркарски репрезентативци на гости во Литванија во Каунас на Европското првенство испишаа една голема историја која направи секој еден Македонец да се почувствува горд! Владо Илиевски е името кое направи шок во последните 11 секунди од натпреварот. Тој со својата постигната тројка и донесе на Македонија водство иако нашата репрезентација губеше со 2 поени разлика. Македонија се пласираеше во полуфиналето, таму загуби од Шпанија, а потоа и во битката за бронза тесен пораз од Русија. Како и да е четвртото место беше најголемиот успех, а потоа спектакуларен пречек на Плоштадот во Скопје. На овој меч Илиевски го изговори легендарното: „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ!“ Инаку, ФИБА ЕуроБаскер на својот Фејсбук објави видео од овој историски момент за Македонија и напиша: „Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, пишува во објавата на ФИБА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/video-lele-lugje-shto-napravivme-10-godini-od-denot-koga-svetot-ucheshe-geografija-a-makedonija-placheshe-od-radost/feed/ 0
Владо Илиевски проговори за аутизмот на двата сина (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vlado-ilievski-progovori-za-autizmot-na-dvata-sina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vlado-ilievski-progovori-za-autizmot-na-dvata-sina-foto/#respond Thu, 11 Oct 2018 11:33:39 +0000 https://kurir.mk/?p=113698

Македонскиот кошаркар Владо Илевски, кој ѝ ја донесе победата на Македонија давајќи ја тројката на натпреварот со Литванија на Европското кошаркарско првенство, престана со професионалното играње кошарка. Тој сега е посветен на своето семејство, на сопругата и двата сина, кои имаат аутизам. Исто така, тој е почесен амбасадор на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и на хуманитарните мисии. Кошаркарот искрено проговори за она со што се соочува неговото семејство, аутизмот и за двете негови деца. Вели дека борбата со аутизмот е присутна кај нив веќе подолго време, дека дури и би можел да напише многу за тоа како неговото семејство се справувало со целата ситуација. На крајот за аутизмот се вели дека има илјада лица, така што секоја приказна, колку и да е слична на почетокот, се развива поинаку за секого и со разни стадиуми на пречки во развојот“, изјавил Владо Илиевски за „Убавина и здравје“. Тој вели дека негова силна желба е секој родител да добие шанса да го помине тој пат со помош на средината во која живее, а не да биде оставен сам на себе и да дејствува во границите на своите можности. -Секој има право да му овозможи на своето дете третман и услови за развој, а со тоа и достоинствен живот. И за крај, секогаш сум бил и ќе бидам на располагање за секој што има потреба од совет или помош во борбата со аутизмот, додава Илиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vlado-ilievski-progovori-za-autizmot-na-dvata-sina-foto/feed/ 0
Владо Илиевски поднесе кандидатура за претседател на МКФ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-mkf/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-mkf/#respond Wed, 10 Jan 2018 12:47:06 +0000 http://kurir.mk/?p=8918

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски денес ја поднесе својата кандидатура за нов предводник на македонската кошарка. Илиевски побара свикување на собрание на кое би се гласало за смена на актуелниот претседател на Македоската кошаркарска федерација, Петар Наумоски. Преку својот „Фејсбук“ профил Илиевски објави фотографија од пред МКФ и напиша: - Иницијативата е поднесена,....продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-mkf/feed/ 0
ФОТО: Поранешната сопруга на Пеце Наумоски навива за неговиот противкандидат https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/foto-poraneshnata-sopruga-na-pece-naumoski-naviva-za-negoviot-protivkandidat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/foto-poraneshnata-sopruga-na-pece-naumoski-naviva-za-negoviot-protivkandidat/#respond Fri, 22 Dec 2017 17:48:57 +0000 http://kurir.mk/?p=923

Веќе е повеќе од јасно дека најсериозниот кандидат за смена на Петар Наумоски од позицијата претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) е неговиот поранешен репрезентативен соиграч Владо Илиевски, кој денеска доби навистина неочекувана поддршка.
Станува збор за поранешната сопруга на популарниот Пеце, Сања Обрадовиќ, која во коментар на Фејсбук отворено ја поддржа амбицијата на Илиевски прво да го смени, а потоа и наследи човекот со кого до неодамна беше во брак. Таа сега е во врска со поранешниот ракометен репрезентативец, Ренато Вугринец, а со Наумоски, со кого има два сина кои се талентирани кошаркари, не е во добри односи што и ја објаснува нејзината поддршка за директниот конкурент на поранешниот сопруг, пишува спортскиот портал Спорт1. -Поддршка за Владо. Браво!, напиша некогашната госпоѓа Наумоска во коментар на текст во кој Илиевски објавува дел од своите планови за влез во МКФ.    
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/foto-poraneshnata-sopruga-na-pece-naumoski-naviva-za-negoviot-protivkandidat/feed/ 0