Владо Камбовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 09:39:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владо Камбовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Камбовски за случајот Јанакиески: Судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/#respond Sat, 08 Jul 2023 09:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=854287

Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење, вели во изјавата за МКД.мк академикот Владо Камбовски, професор по кривично право, за случајот со затворската казна за Миле Јанакиески во случајот Титаник. Научното толкување на законите е важен и значаен прилог кон правилната примена на законите и во сушинска смисла влијае врз нивното толкување од страна на судовите, особено кога се работи за комплексни случаи, вели Камбовски во писмената изјава која ја пренесуваме во целост. „Во случајот на Јанакиевски се битни две клучни околности од кое треба да се води системското и телеолошкото толкување на одредбите од Кривичниот законик за казната и засметувањето на притворот во изречената казна, во светлина на одредбите и на Законот за кривичната постапка. Првите се однесуваат на процесниот аспект на притворот и другите облици на лишување од слобода, кои го опфаќаат секое лишување од слобода како процесна мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката. Покрај куќниот притвор, поимот на лишување од слобода ги подразбира и полициските мерки на задржување на осомничениот во полициската истрага. Притворот, како и другите облици на лишување од слобода не се поврзани со кривичното дело или дела за кои е осомничен обвинетиот. Ако е тој осомничен/обвинет за повеќе кривични дела, му се одредува една мерка на притвор, заради обезбедување на негово присуство во постапката за сите дела. Значи, не постои диференцирање на притвор за едно дело, па потоа притвор за друго, трето... за кои се води една постапка или повеќе постапки. Вторите се однесуват на материјалниот аспект определен со одредбите од КЗ кои имаат рефлексии и врз постапката што се води против обвинетиот. Една е ситуацијата кога против обвинетиот се води кривична постапка со едно обвинение за повеќе дела, извршени во стек (еден судски предмет, еден судски совет). Во тој случај судот донесува една пресуда за сите дела сторени во стек и изречува единствена казна според правилата за одмерување на казната за дела во стек согласно чл.47 ст.1 од КЗ, според која ‘времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело, се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна’. Во пресудата со која се изрекува казната, судот е должен во траењето на казната да го засмета и времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, согласно чл. 404 ст.1 т.6 од Законот за кривичната постапка, според која ‘во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен судот ќе изрече: ......одлука за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната казна...’. Друга е ситуацијата кога на едно лице му се суди во повеќе раздвоени кривични постапки, оформени како различни судски предмети со подигање на повеќе обвиненија, пред различни совети и со донесување на пресуди во тие постапки. За тие случаи треба да важи правилото дека во секоја постапка при донесување на осудителна пресуда судот мора да одлучи за засметување на притворот што му бил одреден на обвинетиот, независно за кое кривично дело против него се покренати различните постапки (на пример одреден е притвор заради обезбедување негово присуство во истрагата за едно дело, но потоа истрагата е проширена и на други дела или се покренати истраги и за други дела). Во тој случај судот при донесувањето на осудителната пресуда мора да се држи за императивната норми од чл.47 ст.1 КЗ и чл.404 ст.1 т.6 од ЗКП за засметувањње на притворот, односно куќниот притвор, при изрекувањето казна затвор за посебното дело. Притоа, судот не смее да ја избегне таквата обврска поаѓајќи од сознанието дека против обвинетиот, кој е правосилно осуден, се водат други кривични постапки, кои не се завршени со правосилна судска пресуда. Во спротивен случај, судот го повредува принципот на пресумпцијата на невиност, според која никој не може да се смета за виновен сѐ додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Недозволено е во таа смисла и калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и прависилна судска пресуда за тие дела. Според тоа, со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење. Тоа не исклучува во следна, втора, трета итн. правосилна пресуда да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор. Ова толкување на случајот Јанакиевски не само што одговара на духот и целта на одредбите од КЗ и ЗКП, согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: In dubio pro reo - секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“, се вели во изјавата на Владо Камбовски. И универзитетскаите професори Гордан Калајџиев и Слаѓана Тасева сметаат дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“. Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“ изјави вчера професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Тој посочува дека случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон. „Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев. До Кривичниот суд поднесено е барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е веќе спроведен. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 години може да му се засмета во казната од 3,6 години. Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно. извор: mkd.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/feed/ 0
Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/#respond Thu, 10 Nov 2022 10:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=758499

Испраќањето закони на преглед во Венецијанската комисија не новост, тука е практика која постоела и претходно, изјави денеска академик Владо Камбовски. – Ние и порано сме испраќале такви закони на преглед и ако се добие објективна оценка, според мене, во тој дел на законот за забрана на делување на политички партии, е општа практика насекаде во сите демократски држави. Дури и уставните судови имаат директна надлежност да забранат делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање. Тој очекува дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став и во однос на изменетиот Закон за здруженија и фондации. – Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми, вели Камбовски. Тој додаде дека секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок. – Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/feed/ 0
Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-zatvorite-se-pretvoreni-vo-uchilishta-za-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-zatvorite-se-pretvoreni-vo-uchilishta-za-kriminal/#respond Wed, 29 Jun 2022 10:22:31 +0000 https://kurir.mk/?p=697238

Затворите се претворени во училишта за криминал и места каде се прават недозволени дејствија, а не во институции каде осудените лица ќе се ресоцијализираат и ќе се спречува криминалот, истакна академик Владо Камбовски. Во рамките на седмата сесија на Охридската школа на природното право што се одржува во Охрид на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ нагласи дека затворите се едни од клучните институции на правдата, кои се запоставени кај нас. Покрај институционални промени во однос на извршувањето на санкциите, смета дека треба да дојде и до промена на односот на судиите, односно судовите, на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донеле. – Неможе судот да ја донесе пресудата и понатаму да не го интересира што се случува во затворот. Постојат посебни судии за извршување на санкциите, кои треба да бидат стално ставени во мониторинг на целиот процес на извршување на казната. Неможе судијата или судот да биде незаинтересиран што ќе биде со осудениот во затвор, па и после излегувањето, рече Камбовски. Министерот за правда Никола Тупанчевски го дели ставот дека треба да се направи нешто во однос на забелешките за состојбата во македонските затвори. – Треба нешто конкретно да се направи во однос на повеќе димензионалните забелешки кога се однесува на затворската популација и на затворите генереално во однос на здравствената заштита, подобрување на условите на осудените лица, итн. Дефинитивно ние покажавме и како држава пред извесен период дека сме решително подготвени состојбите да ги менуваме и тоа радикално, подвлече Тупанчевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-zatvorite-se-pretvoreni-vo-uchilishta-za-kriminal/feed/ 0
Камбовски од академик стана политичар: Законот за ЈО морал да се донесе и по цена на одложување на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-od-akademik-stana-politichar-zakonot-za-jo-moral-da-se-donese-i-po-cena-na-odlozuvanje-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-od-akademik-stana-politichar-zakonot-za-jo-moral-da-se-donese-i-po-cena-na-odlozuvanje-na-izborite/#respond Tue, 28 Jan 2020 15:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=295915

Академикот Владо Камбовски како на катедра на правен факултет се обрати со ставови во јавната дискусија за Предлог законот за јавно обвинителство и истакна дека законот мора да се донесе и тоа да значи и одложување на изборите. Тој најпрво истакна дека се согласува со најголем дел од забелешките на професорката Сиљановска, која како што вели го чува достоинството на науката, и зборувала според нејзиното најдобро знаење. -Овој закон има долга предходница од 2007 година и тоа во едно лошо време се направија овие сега предлог измени. Мора нешто да се менува во ЈО зошто тоа стана главен актер во предистражната постапка, ние влетавме во реформа на казнената постапка без да го реформираме јавното обвинителство и му дадовме огромен товар и тоа очигледно не можеше да го поднесе, како што гледаме потклекнува, вели Камбовски. Тој додава дека законот мора да се донесе и по цена да ги одложи изборите, ама законот да се донесе, затоа што тоа е суштински услов за продолжување на процесот на евроатланските интеграции, вели Камбовски. Професорот и академик Камбовски денеска во улога на политичар ги искара присутните со обрзложенија дека законот бил навистина потребен иако претходно рече дека се согласува со најголем дел од забелешките на професорката Сињановска. Академик Камбовски човекот кој ја води МАНУ познат како „министерот на Милошевиќ“ како што некои го условуваат го немаше со ниеден став за бруталното погазување на Уставот, но затоа денеска ревносно и гордо од собраниската говорница велеше Северната Република.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-od-akademik-stana-politichar-zakonot-za-jo-moral-da-se-donese-i-po-cena-na-odlozuvanje-na-izborite/feed/ 0
Министерот за правда на Милошевиќ бара одложување на изборите: Креаторот на законот кој го предлага СДСМ наместо со правото, се занимаваше со политиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-pravda-na-miloshevikj-bara-odlozuvanje-na-izborite-kreatorot-na-zakonot-koj-go-predlaga-sdsm-namesto-so-pravoto-se-zanimavashe-so-politikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-pravda-na-miloshevikj-bara-odlozuvanje-na-izborite-kreatorot-na-zakonot-koj-go-predlaga-sdsm-namesto-so-pravoto-se-zanimavashe-so-politikata/#respond Tue, 28 Jan 2020 15:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=295907

Поранешниот министер за правда на Слободан Милошевиќ, Владо Камбовски кој е еден од креаторите на законот за Јавно обвинителство кој го предлага СДСМ ја злоупотреби Собраниската говорница на денешната комисиска расправа за политички говор, наместо со правни аргументи истиот да го одбрани. Тој отиде дотаму, па дури побара и одложување на изборите за да се донесе законот кој тој работел да се состави. Камбовски држеше предавање за тоа што барала меѓународната задница од Македонија и не се откажува од идејата за Специјално јавно обвинителство во нашата држава. -Целата меѓународна заедница бара тешките злоупотреби на власта, криминалот од висок профил, корупцијата итн. да бидат опсервирани од страна на специјални јавно обвинителски тела, специјални јавни обвинителства ги имаме низ целото наше опкружување, рече тој. Според него, државата не се грижи премногу за капацитетите на јавното обвинителство со кое раководи Јовески. -Без да го реформираме јавното обвинителство, без да го опремиме, без да го обучиме, без да го специјализираме, му дадовме огромна надлежност, му дадовме огормен товар кој што не можеше да го поднесе и како што гледаме и ден денес потклекнува. Јовески не спомена дека тоа работи со недостаток од 80 јавни обвинители за кој државата не се грижи многу да го пополни, што пак говори каков е односот кон јавното обвинителство, истакна тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-pravda-na-miloshevikj-bara-odlozuvanje-na-izborite-kreatorot-na-zakonot-koj-go-predlaga-sdsm-namesto-so-pravoto-se-zanimavashe-so-politikata/feed/ 0