владо мисајловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 18:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владо мисајловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мисајловски: Важно е и ги охрабрувам младите да останат во татковината и заедно со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да ја направиме подобро место за живеење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vazhno-e-i-gi-ohrabruvam-mladite-da-ostanat-vo-tatkovinata-i-zaedno-so-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-makedonija-da-ja-napravime-podobro-mesto-za-zhiveene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vazhno-e-i-gi-ohrabruvam-mladite-da-ostanat-vo-tatkovinata-i-zaedno-so-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-makedonija-da-ja-napravime-podobro-mesto-za-zhiveene/#respond Thu, 02 Nov 2023 18:20:20 +0000 https://kurir.mk/?p=895911

Многу луѓе, посебно младите се разочарани од власта поради нефункционирање на системот, затоа што луѓето не можат да завршат работа во институциите и за тоа мора да фаќаат врски, термин не може да се најде за да закажат за сликање за пасош, лична карта. Јас имам пример, каде што наши граѓани ми кажале дека за сликање за пасош им закажале во јули, август следната година, тоа се многу месеци, затоа се луѓето разочарани и сега си викаат кога ќе го земам пасошот ќе си заминам, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа истакна дека младите се разочарани од актуелната власта која не воспостави функционирање на системот, напротив го руинираше и тие единствено што размислуваат е да си заминат од државата. „Многу од нив се разочарани од институциите и тоа треба да го смениме. Треба да размислуваме на дигитализација, треба да размислуваме како со помалку ресурси повеќе продуктивност да има во самите институции, а не само да се вработуваат луѓе. Треба да размислуваме како младите кои што се нај квалитетни и најголем дел од нив разочарани, први да влезат во институциите да помогнат, по готово оние што се млади и паметни, бидејќи требаат а не да заминат во странство и таму да бидат најпаметните во тие институции и општества, бидејќи добро е за државата да останат тука“, рече Мисајловски. И затоа, додаде тој, со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и она што ние како платформа ќе го понудиме следниот период е младите да се пронајдат тука во Македонија, бидејќи ова е шанса сите да се сплотиме, а не само да се казни ДУИ и СДСМ кои се на власт, туку да се даде шанса за нов почеток и нов просперитет. Мисајловски посочи дека од сите политичари треба да се извади најдоброто и тие да го дадат максимумот од себе за доброто и во интерес на држава и граѓани, а тоа може да се види оваа нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ и тоа може да се види на дело и во општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и од пратеничката група дека се многу поразлични како и од раководството на партијата. „И затоа ги охрабрувам младите луѓе да останат во Македонија, затоа што ќе има подобра иднина за нив. Затоа што важно е да останат во Македонија и да ја градат државата и сите заеднички да придонесеме за Македонија да ја направиме подобро место за живеење“, рече Мисајловски. Во однос на рејтинзите кои во последните истражувања на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски води два спрема еден во однос на владејачката СДСМ, Мисајловски истакна дека и порано истакнал дека колку подолго нема избори толку поголема ќе биде разликата на анкетите која подоцна ќе се одрази и со гласови на избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vazhno-e-i-gi-ohrabruvam-mladite-da-ostanat-vo-tatkovinata-i-zaedno-so-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-makedonija-da-ja-napravime-podobro-mesto-za-zhiveene/feed/ 0
„Обвинителството молчи и нема обвинителен акт за скандалот на Онкологија а таму постои и компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-molchi-i-nema-obvinitelen-akt-za-skandalot-na-onkologija-a-tamu-postoi-i-kompanija-koja-shto-ima-monopol-i-e-vo-direkten-dosluh-so-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-molchi-i-nema-obvinitelen-akt-za-skandalot-na-onkologija-a-tamu-postoi-i-kompanija-koja-shto-ima-monopol-i-e-vo-direkten-dosluh-so-vlasta/#respond Thu, 02 Nov 2023 18:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=895906

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што во однос на скандалот на Онкологија истакна дека сето она што се случувало на Онкологија се знаело а обвинителството молчи и нема обвинителен акт и чудно е што таму постои компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта. „Навистина се чудам јас и целиот македонски народ како може толку долго време да нема случај да нема обвинителен акт ви текнува како за еден ден се правеа решенија притвори за нарачани прогони а сега имаме еден од најголемите случаеви во македонското здравство, случај кој ние го нарекуваме канцер мафија бидејќи навистина се тргувало со луѓе, со човечки судбини да нема истрага, некоја предистрага има. Но многу е сомнително што години наназад се знаело за сето ова. Еве денеска имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прес каде што кажа фрапантни податоци поготово што се се правело последните две години зборуваме за периодот од 1 август 2021 до 2023 август каде што фондот за здравство веќе прави истрага каде што може да се види дека се се знаело, дека тие сите проблеми сега се на површина тие постоеле. Проблемот е што никој ништо не презел“ нагласи Мисајловски. Мисајловски посочи сето она што се случувало на Онкологија е поради пари и тендери, а за сето ова јавното обвинителство молчи. „Како е можно некоја компанија да има монопол. Тоа е прво и основно. Има компании што се монопол таму и се заедно со власта во сето ова. Иако постојано слушаме од власта дека се работи за некој период многу одамна. Сега се докажува со своите документи со своите институции дека меѓу себе тие како инспекциски надзор имаат се на хартија што е погрешно и што треба да се преземе. Најголемиот проблем зошто ја спомнав оваа веледрогерија и тие околу нив паразити бидејќи тие се во директен дослух со владата и затоа не е преземено ништо. Ова што се случувало е за пусти пари и јавни набавки. Ако направите една анализа, зошто се донесе кривичниот законик и зошто во овој случај можеби случајно во тој кривичен законик се тргна оној спорен член за јавни набавки. Дали има нешто можеби сомнително овде, дали тие јавни набавки се проблем, и најголемиот проблем е што замислете јавното обвинителство молчи“ посочи Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-molchi-i-nema-obvinitelen-akt-za-skandalot-na-onkologija-a-tamu-postoi-i-kompanija-koja-shto-ima-monopol-i-e-vo-direkten-dosluh-so-vlasta/feed/ 0
Мисајловски за случајот Онкологија: Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-za-sluchajot-onkologija-graganite-se-razocharani-i-ne-veruvaat-vo-chesnite-i-iskreni-doktori-bidejki-nema-razrshnitsa-na-ova-shto-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-za-sluchajot-onkologija-graganite-se-razocharani-i-ne-veruvaat-vo-chesnite-i-iskreni-doktori-bidejki-nema-razrshnitsa-na-ova-shto-se-sluchuva/#respond Thu, 02 Nov 2023 17:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=895900

Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски. -Јас сум работел во повеќе институции, ако имате во договор да набавитенекој лек што и да е, иако во договорот стои дека рокот на испораката е пет илидесет дена, вие лекот мора да го набавите за пет или десет дена. Одговорните лица во институција мора да го набават и да го примат. Ај што фалеле лекови,ај што тоа не се случило, ај што никој не пријави, туку тие фирми никогаш не биле ставени на црна листа, си има постапка како се прави тоа, а тоа се случува со тендерите одноно со јаните набавки, рече Мисајловски. Мисајловски меѓудругото додаде дека граѓаните се исплашени и разочарани, и дека не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува во Онкологија. -Повторно прашувам, дали има поврзаност КЗ, дали има поврзаност некој да се штити себеси и дали овде има „канцер мафија“, за жал како што кажа и претседателот денеска гледаме диво месо, гледаме разочарани граѓани, не вреуваат и да одат кој оние чесни и искрени доктори, кои навистина се трудатд да препишат најдобра терапија и слично, бидејќи нема разршница на ова што се случува, дециден е Мисајловски. Мисајловски во однос со скандалот на Онкологија истакна дека сето она што се случувало на Онкологија се знаело а обвинителството молчи и нема обвинителен акт и чудно е што таму постои компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта. -Навистина се чудам јас и целиот македонски народ како може толку долго време да нема случај да нема обвинителен акт ви текнува како за еден ден се правеа решенија притвори за нарачани прогони а сега имаме еден од најголемите случаеви во македонското здравство, случај кој ние го нарекуваме канцер мафија бидејќи навистина се тргувало со луѓе, со човечки судбини да нема истрага, некоја предистрага има. Но многу е сомнително што години наназад се знаело за сето ова. Еве денеска имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прес каде што кажа фрапантни податоци поготово што се се правело последните две години зборуваме за периодот од 1 август 2021 до 2023 август каде што фондот за здравство веќе прави истрага каде што може да се види дека се се знаело, дека тие сите проблеми сега се на површина тие постоеле. Проблемот е што никој ништо не презел, нагласи Мисајловски. Мисајловски посочи сето она што се случувало на Онкологија е поради пари и тендери, а за сето ова јавното обвинителство молчи. -Како е можно некоја компанија да има монопол. Тоа е прво и основно. Има компании што се монопол таму и се заедно со власта во сето ова. Иако постојано слушаме од власта дека се работи за некој период многу одамна. Сега се докажува со своите документи со своите институции дека меѓу себе тие како инспекциски надзор имаат се на хартија што е погрешно и што треба да се преземе. Најголемиот проблем зошто ја спомнав оваа веледрогерија и тие околу нив паразити бидејќи тие се во директен дослух со владата и затоа не е преземено ништо. Ова што се случувало е за пусти пари и јавни набавки. Ако направите една анализа, зошто се донесе кривичниот законик и зошто во овој случај можеби случајно во тој кривичен законик се тргна оној спорен член за јавни набавки. Дали има нешто можеби сомнително овде, дали тие јавни набавки се проблем, и најголемиот проблем е што замислете јавното обвинителство молчи, посочи Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-za-sluchajot-onkologija-graganite-se-razocharani-i-ne-veruvaat-vo-chesnite-i-iskreni-doktori-bidejki-nema-razrshnitsa-na-ova-shto-se-sluchuva/feed/ 0
Мисајловски беше дел од Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-beshe-del-od-programata-za-megunarodni-lideri-organizirana-od-amerikanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-beshe-del-od-programata-za-megunarodni-lideri-organizirana-od-amerikanskata-vlada/#respond Sat, 21 Oct 2023 14:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=891628

Имав одлична можност да бидам дел од предавањата и размена на искуства во еден од најдобрите универзитети, University of Michigan, во Центарот за Европа и Евроазија, каде што разговаравме за сите актуелни теми од научен аспект, информираше на својот фејсбук профил Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. -Остваривме и многу интересни средби во Канцеларијата за имигрантски прашања и економска инклузија во градот Детроит, Царината и граничната заштита на САД, но и во Центарот за студии за мир и конфликти на Wayne State University и многу други институции и организации. Разговаравме за различни теми, но и добивме нови искуства и знаења, истакна тој. Мисајловски посочи дека стекнал нови искуства, но и пријателства. „Во рамки на Програмата за меѓународни лидери IVLP, организирана од американската влада, на покана на Амбасадата на САД во Македониja имав можност да поминам незаборавни три недели во повеќе држави и градови низ САД и можност да стекнам нови пријателства и искуства. Благодарен сум на поканата но и за ова ново искуство“ - посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-beshe-del-od-programata-za-megunarodni-lideri-organizirana-od-amerikanskata-vlada/feed/ 0
Мисајловски на средби со научни институции, медиумски работници и политичари во САД: Разговори за надворешната политика на САД и соработката со Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-na-sredbi-so-nauchni-institutsii-mediumski-rabotnitsi-i-politichari-vo-sad-razgovori-za-nadvoreshnata-politika-na-sad-i-sorabotkata-so-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-na-sredbi-so-nauchni-institutsii-mediumski-rabotnitsi-i-politichari-vo-sad-razgovori-za-nadvoreshnata-politika-na-sad-i-sorabotkata-so-evropa/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=889599

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја продолжува посетата на САД, во рамки на Програмата за меѓународни лидери IVLP, организирана од американската влада. -На покана на Амбасадата на САД во Македонија имав можност да имам различни средби во Tucson, Arizona, со повеќе научни институции, медиумски работници, политичари, но и со полициските сили на градот Tucson. Се сретнавме со професорот по политички науки Thomas J. Volgy од Универзитетот на Аризона и поранешен градоначалник на Tucson, каде што разговаравме за надворешната политика на САД и соработката со Европа, но и за предизвиците на внатрешен план со посебен фокус на соседите, објави Мисајловски. Посочи дека се сретнале и со полициските сили на Tucson каде што можеле да слушнат за сите предизвици на границата со Мексико, но и за имиграцијата, спречување на криминалот и начинот на соработка меѓу сите институции за подобра гранична контрола и безбедност во целиот регион. -Продолжуваме со одличната агенда каде што имаме можност да разговараме на повеќе различни теми, да стекнеме знаења за системот на организација на САД, но најважно да оствариме нови контакти и пријателства, истакнува Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-na-sredbi-so-nauchni-institutsii-mediumski-rabotnitsi-i-politichari-vo-sad-razgovori-za-nadvoreshnata-politika-na-sad-i-sorabotkata-so-evropa/feed/ 0
Мисајловски на средба со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона преку програмата за меѓународни лидери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-na-sredba-so-chlenovite-na-komitetot-za-megunarodna-trgovija-transport-i-infrastruktura-na-pretstavnichkiot-dom-na-arizona-preku-programata-za-megunarodni-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-na-sredba-so-chlenovite-na-komitetot-za-megunarodna-trgovija-transport-i-infrastruktura-na-pretstavnichkiot-dom-na-arizona-preku-programata-za-megunarodni-lideri/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:39:30 +0000 https://kurir.mk/?p=887935

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски овие денови е во работна посета на Америка каде продолжува да остварува низа состаноци и средби. Мисајловски денеска се сретна со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона, преку програмата за меѓународни лидери организирана од американската влада. По тој повод тој објави и свој статус на Фејсбук: „Имав одлична можност да се сретнам со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона. Разговаравме за целите на Комитетот за зголемување на меѓународното присуство и статус на Аризона, како и градење односи со меѓународните партнери, зајакнување на трговијата, странските инвестиции и зајакнување на граничната безбедност. Исто така имавме средба и со професорот Рет Ларсон од Државниот универзитет во Аризона. Професорот Ларсон го сподели своето истражување и експертиза за состојбата на водата во Аризона, како и за прекуграничните односи на Аризона со државите на реката Колорадо и Мексико но и за климатските промени како глобална тема. Професорот Ларсон, исто така, сподели информации за политиката за вода во Аризона и чекорите што државата треба да ги превземе за да продолжи да го зачува својот најскапоцен ресурс. Продолжуваме со состаноци од Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада, стои во неговиот пост на Фејсбук.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-na-sredba-so-chlenovite-na-komitetot-za-megunarodna-trgovija-transport-i-infrastruktura-na-pretstavnichkiot-dom-na-arizona-preku-programata-za-megunarodni-lideri/feed/ 0
Мисајловски во посета на еден од најдобрите универзитети во САД, одржани состаноци со еминентни професори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-poseta-na-eden-od-najdobrite-univerziteti-vo-sad-odrzhani-sostanotsi-so-eminentni-profesori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-poseta-na-eden-od-najdobrite-univerziteti-vo-sad-odrzhani-sostanotsi-so-eminentni-profesori/#respond Sat, 07 Oct 2023 17:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=886437

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во посета на САД, а денеска беше во  еден од најдобрите универзитети, Duke University . -Имавме состаноци со еминентни професори на различни теми, посебно во делот на нивните нови истражувања во науката. Исто така, согласно нашата агенда, остваривме состаноци со Commission of Indian Affairs и North Carolina Office of the Governor, каде што разговаравме за сите програми и проекти што ги имаат како институции, но и новите стратегии што ги подготвуваат на подолг рок во справувањето на идните предизвици, објави Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-poseta-na-eden-od-najdobrite-univerziteti-vo-sad-odrzhani-sostanotsi-so-eminentni-profesori/feed/ 0
Мисајловски во Пентагон: Состаноци со високи претставници и разговори за предизвиците во областа на одбраната и надворешната политика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-pentagon-sostanotsi-so-visoki-pretstavnitsi-i-razgovori-za-predizvitsite-vo-oblasta-na-odbranata-i-nadvoreshnata-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-pentagon-sostanotsi-so-visoki-pretstavnitsi-i-razgovori-za-predizvitsite-vo-oblasta-na-odbranata-i-nadvoreshnata-politika/#respond Wed, 04 Oct 2023 17:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=885226

Владо Мисајловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на САД, каде што учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада. Денеска тој присуствувал во Пентагон, каде што остварил повеќе состаноци со високи претставници од различни области. -Разговаравме за предизвиците во областа на одбраната и надворешната политика, но исто така имавме можност да поставуваме прашања и истовремено да ги истакнеме нашите ставови по одредени теми. Продолжуваме со одличната агенда и во следниот период каде што ќе имаме многу состаноци од Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада, пишува Мисајловски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-pentagon-sostanotsi-so-visoki-pretstavnitsi-i-razgovori-za-predizvitsite-vo-oblasta-na-odbranata-i-nadvoreshnata-politika/feed/ 0
Мисајловски: Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-deneska-ostvarivme-poveke-sredbi-so-visoki-pretstavnitsi-na-stejt-departmentot-kako-i-razlichni-organizatsii-od-politichkiot-i-opshtestveniot-zhivot-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-deneska-ostvarivme-poveke-sredbi-so-visoki-pretstavnitsi-na-stejt-departmentot-kako-i-razlichni-organizatsii-od-politichkiot-i-opshtestveniot-zhivot-vo-vashington/#respond Tue, 03 Oct 2023 18:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884766

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон од каде објави статус на Фејсбук во кој пишува дека остварил повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот. „Поздрав од Washington, D.C. 🇲🇰🇺🇸 На покана на Амбасадата на САД во Македонија, имам можност да престојувам во повеќенеделна посета на САД, каде што учествувам на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада. Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави. Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-deneska-ostvarivme-poveke-sredbi-so-visoki-pretstavnitsi-na-stejt-departmentot-kako-i-razlichni-organizatsii-od-politichkiot-i-opshtestveniot-zhivot-vo-vashington/feed/ 0
Лашкоска и Мисајловски на работен состанок на тема „Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторно планирање и регионален развој“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lashkoska-i-misajlovski-na-raboten-sostanok-na-tema-povrzanosta-na-natsionalnata-razvojna-strategija-so-prostorno-planirane-i-regionalen-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lashkoska-i-misajlovski-na-raboten-sostanok-na-tema-povrzanosta-na-natsionalnata-razvojna-strategija-so-prostorno-planirane-i-regionalen-razvoj/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=882798

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска преку статус на Фејсбук пишува дека денеска се одржало работен состанок на тема „Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторно планирање и регионален развој“. -Работен состанок на тема: Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторно планирање и регионален развој. Денес, заедно со претседателот на комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски ,како и колегите членови на комисиите за локална самоуправа и комисијата за транспорт, врски и екологија имавме работен состанок со гости од Владата на Шкотска, Британска амбасада, УНДП, МАНУ, ОН, експерти од НРС на кој разменивме искуства во врска со прашања за регионалниот развој и просторно планирање. Се надевам дека дискусиите од овој состанок ќе дадат значаен придонес во изработката и реализацијата на Националната развојна стратегија на Р. Македонија, стои во нејзиниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lashkoska-i-misajlovski-na-raboten-sostanok-na-tema-povrzanosta-na-natsionalnata-razvojna-strategija-so-prostorno-planirane-i-regionalen-razvoj/feed/ 0