владо тасевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 09:44:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владо тасевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Родители на учениците од четврто и петто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ реагираат за настава само попладне https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/roditeli-na-uchenicite-od-chetvrto-i-petto-oddelenie-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/roditeli-na-uchenicite-od-chetvrto-i-petto-oddelenie-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/#respond Thu, 01 Sep 2022 09:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=727134

Родителите на учениците кои во ова учебна година ќе бидат четврто и петто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје реагираат на нерамноправниот третман на нивните деца од страна на училишната управа поради тоа што како што наведуваат во учебната 2022/2023 година само нивните две генерации ќе одат на настава само во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот). -Организирање на наставата единствено во втора смена за деца на осум и девет годишна возраст, не е во интерес на учениците и ќе придонесе кон нарушување на дневниот ритам на учење кај детето, прихофизичкиот развој, нарушување на ритамот на одвивање на слободните активности на детето и конечно е спротивно на начелото за еднаквост на сите ученици во училиштето.Тргнувајќи од одредбите на Статутот на ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје, поточно членот 58 став 1 точка 2, се предвидува одвивањето на одделенската класична настава да е во прва и втора смена, и тоа прва смена со почеток од 8 часот наутро и втора смена со почеток од 13 часот попладне. Планот наставата за учениците од 4то и 5то одделение во текот на целата учебна 2022/2023 година да се одвива единствено во втора смена, сметаме дека не е во линија со Законот за основното образование, каде се пропишува дека основното образование се развива врз начелото на најдобар интерес и целосен развој на ученикот, објаснуваат родителите. Тие пососчуваат дека директорот, како орган на раководење на училиштето кој што ја подготвува годишната програма за работа е законски одговорен за остварување на правата на учениците кое се нарушени во овој случај. -Токму поради горенаведеното, барање за решавање на овој проблем со предлог решенија е поднесено до управата на училиштето и до општината уште во мај 2022 година и повторно во август 2022 година, но со оглед на тоа што не наидовме на никакво разбирање и не се направи обид за изнаоѓање на решение, приморани сме да го обзнаниме на јавноста нашиот проблем, во обид за негово решавање.Ние како родители БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ ЗА БИЛО КОЈА ГЕНЕРАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ.Сметаме дека училиштетот е тоа кое треба да пронајде начин да ги задоволи своите зголемени капацитативни потреби бидејќи овој проблем се провлекува со години, а училишната управа нема ни план за справување со овој проблем. Напротив, стихијно се делува од година во година, велат родители на ученици од 4то и 5то одделение во ООУ „Владо Тасевски“. Тие велат дека очекуваат итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, бидејќи во спротивно како што велат ќе бидат приморани нивниот револт од дрискриминаторскиот пристап да го истакнат во поинаква форма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/roditeli-na-uchenicite-od-chetvrto-i-petto-oddelenie-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/feed/ 0
Општина Карпош: Детето од „Владо Тасевски“ има шуга поради недоволна семејна грижа за личната хигиена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-karposh-deteto-od-vlado-tasevski-ima-shuga-poradi-nedovolna-semejna-griza-za-lichnata-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-karposh-deteto-od-vlado-tasevski-ima-shuga-poradi-nedovolna-semejna-griza-za-lichnata-higiena/#respond Fri, 16 Nov 2018 10:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=128497

По информациите дека во скопското основно училиште во населба Козле, повторно се појавува шуга, КУРИР побара одговор од општина Карпош. Од таму сметаат дека нема простор за паника, бидејќи станува збор за едно дете, а како причина за шугата наведуваат  недоволна семејна грижа за личната хигиена. Одговорот кој го добивме од општина Карпош, Ви го пренесуваме во целост: „Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга. Инфективното заболување е присутно кај едно лице - ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава. Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција. Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена. Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот. Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-karposh-deteto-od-vlado-tasevski-ima-shuga-poradi-nedovolna-semejna-griza-za-lichnata-higiena/feed/ 0
По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-informaciite-deka-ima-shuga-se-oglasi-direktorkata-na-uchilishteto-vlado-tasevski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-informaciite-deka-ima-shuga-se-oglasi-direktorkata-na-uchilishteto-vlado-tasevski/#respond Fri, 16 Nov 2018 10:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=128472

Во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, општина Карпош, повторно се појави шуга. Родителите вознемирени откако втор пат годинава, поради негрижа на училиштето, се јавува опасност од оваа зараза, ја контактираа редакцијата на КУРИР. По овој скандал, се огласи и директорката на училиштето, Елка Даскалова. Известувањето е објавено на интернет страницата на основното училиште. КУРИР побара одговори од општина Карпош и Министерството за образование и наука, но се уште чекаме информации од таму. Од Институтот за јавно здравје, не одговараат на нашите повици.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-informaciite-deka-ima-shuga-se-oglasi-direktorkata-na-uchilishteto-vlado-tasevski/feed/ 0
Родителите во паника: Повторно се појави шуга во основно училиште во општина Карпош https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/roditelite-vo-panika-povtorno-se-pojavi-shuga-vo-osnovno-uchilishte-vo-opshtina-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/roditelite-vo-panika-povtorno-se-pojavi-shuga-vo-osnovno-uchilishte-vo-opshtina-karposh/#respond Fri, 16 Nov 2018 09:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=128452

Во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, општина Карпош, повторно се појави шуга. Родителите вознемирени откако втор пат годинава, поради негрижа на училиштето, се јавува опасност од оваа зараза, ја контактираа редакцијата на КУРИР. -Утрово на децата им било соопштено дека треба да го напуштат училиштето и да си одат дома. Причината која им била наведена е дека во училиштето ќе се врши дезинфекција. Децата не прашале која е причината, туку си заминале, но кога им соопштиле на родителите, дел од нви стапиле во контакт со училиштето и ја дознале причината. Шуга, два пати во 2018-та година. Поради неразјаснети причини, класните раководители од неколку одделенија ги вратиле децата на настава, но подоцна и нив ги испратиле дома, дознава КУРИР. Неофицијално, шуга е откриена и потврдена кај едно дете од второ одделение, а постои сомневање дека се заразени и други деца. Во март годинава, две деца од истото основно училиште имаа шуга. Дури откако се направи медиумска галама, реагираа општина Карпош и МОН.

По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“

Обновено:  По информациите дека во скопското основно училиште во населба Козле, повторно се појавува шуга, КУРИР побара одговор од општина Карпош. Од таму сметаат дека нема простор за паника, бидејќи станува збор за едно дете, а како причина за шугата наведуваат  недоволна семејна грижа за личната хигиена. Одговорот кој го добивме од општина Карпош, Ви го пренесуваме во целост: „Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга. Инфективното заболување е присутно кај едно лице – ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава. Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција. Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена. Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот. Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година“.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/roditelite-vo-panika-povtorno-se-pojavi-shuga-vo-osnovno-uchilishte-vo-opshtina-karposh/feed/ 0
Централната и локалната власт не можат да се договорат, родителите изреволтирани: Имало или немало шуга во скопското училиште? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/centralnata-i-lokalnata-vlast-ne-mozat-da-se-dogovorat-roditelite-izrevoltirani-imalo-ili-nemalo-shuga-vo-skopskoto-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/centralnata-i-lokalnata-vlast-ne-mozat-da-se-dogovorat-roditelite-izrevoltirani-imalo-ili-nemalo-shuga-vo-skopskoto-uchilishte/#respond Thu, 29 Mar 2018 10:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=34140

Шуга во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопско Козле. Оваа информација ја споделија родители чии деца учат таму. Дознале во разговор меѓу себе и од наставници кои скришум информирале за состојбата. Случајот е регистриран минатиот четврток, а штури информации добиле дури вчера, односно шестиот ден од пријавата. Обврска да се информира за оваа загрижувачка ситуација има директно директорката на училиштето, но таа молчела. Додека не доби новинарско прашање, молчеше и Министерството за образование и наука. Општина Карпош, пак, како одговорна за училиштата на нејзина територија, со соопштение излезе дури откако алармираа медиумите. Родители вчера бурно реагираа на социјалните мрежи. Велат дека случаи на деца со шуга имало, а дека за тоа ниту биле лично известени, ниту имало вонредна родителска средба. Немало ниту обично соопштение во училиштето. Нивниот револт е сосема оправдан бидејќи грижата за нивните деца за нив е најважна. По алармот од страна на родителите, КУРИР веднаш побара одговор од Министерството за образование и наука од каде ни потврдија дека кај дечиња од тоа училиште е појавена шуга. Портпаролот Владимир Делов прво не беше воопшто запознаен со ситуацијата, па по првиот разговор ни рече дека ќе се распраша и ќе ни се јави. Така и беше. Во вториот разговор со него, тој потври дека две дечиња од ова училиште имале шуга. -Станува збор за две дечиња кои се од исто семејство. По пријавување на случајот, веднаш екипа на Центарот за јавно здравје излезе на терен и направи проверка кај децата од тие одделенија. Констатирано е дека освен кај овие две деца, други случаи нема. Во училиштето е направена целосна дезинфекција, изјави вчера за КУРИР портпаролот на МОН. Иако веднаш беше за осуда фактот што МОН молчеше пред да биде запрашано, најважно ни беше да ги информираме родителите дека во моментов состојбата е мирна. Како што ни кажаа, екипи на Центарот за јавно здравје веќе биле на терен, извршена е проверка кај дечињата и е донесена одлука за целосна дезинфекција која е направена. За сето ова се потребни неколку дена. Денови во кои надлежните молчат, а децата се во еден вид на опасност. Со реакција подоцна излезе општина Карпош. Веднаш, во првата реченица на нивното соопштение стои: Општина Карпош ја следи состојбата во основното училиште „Владо Тасевски“, во врска со случајот на појава на шуга кај двајца ученици. -Станува збор за дечиња кои доаѓаат од исто семејство, брат и сестра, при што едното било заразено од шуга, а другото дете поради превентивни причини не посетува настава. Веднаш по пријавата на овој случај, Центарот за јавно здравје по службена должност излезе на терен и направи прегледи кај учениците од двете одделенија. По извршените медицински прегледи, констатирано е дека кај другите ученици нема појава на шуга. Исто така, преземени се мерки на дезинфекција и дезинсекција, за целосна заштита на учениците и спречување на ширење на заразата во просториите на училиштето. Како резултат на појавата на шуга, известени се и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои преземаа мерки за интервентни прегледи на останатите ученици. Во овие моменти, состојбата е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај други ученици, се наведува во соопштението на општината. КУРИР го пренесе и ова соопштение во целост. Општината информира за сите спроведени мерки по дојавата дека е појавена шуга кај деца од ова училиште.Дека состојбата е загрижувачка покажува и фактот што општината превзела дополнителни мерки за заштита и претпазливост како што е известување на матичните лекари. -Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и Одделението за образование, останува во постојана координација со раководството на училиштето, со родителите, Министерството за образование и наука и здравствените установи, со цел да овозможи заштита на учениците во ООУ „Владо Тасевски” и нормално следење на наставниот процес, се наведува во соопштението од општината. И после сево ова, до медиумските редакции пристигнува уште едно, ново, соопштение на МОН. Прво за овој случај бидејќи изјавата која вчера ја пренесовме, ја побаравме сами. На соопштението наслов си ставиле сами и истиот гласи: Нема шуга во Владо Тасевски – училиштето е безбедно“. Информациите пренесени за овој загрижувачки случај, темелени врз изјави и соопштенија, за МОН биле шпекулации и дезинформации. -Министерството за образование и наука ги демантира шпекулациите и дезинформациите кои се појавија во дел од медиумите во врска со појавата на заразната болест во основното училиште „Владо Тасевски“ во општина Карпош. Ја уверуваме јавноста дека во училиштето нема појава на заразна болест, а родителите можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Станува збор за случај пријавен минатиот четврток од страна на родителот на детето, за изолиран случај што се јавува во одредено семејство, кој е совесно пријавен од страна на родителот. По добивањето на пријавата, директорката на училиштето веднаш презема итни превентивни мерки, и од страна на Центарот за јавно здравје направен е систематски преглед кај учениците од овие паралелки, по што било утврдено дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето, туку дека станува збор за изолиран случај што не се јавува во училиштето. Дополнително, по завршувањето на наставата од страна на Центарот за јавно здравје, повторно превентивно, направена е целосна дезинфекција и дезинсекција на училишниот објект, се наведува во соопштението на МОН. Имало или немало шуга во училиштето? МОН и општина Карпош со сосема спротивни тврдења. Прашањето „Зошто не можат да се договорат“ паѓа во втор план бидејќи единствено важно во моментов е дечињата да бидат здрави, а нивните родители итно да бидат известувани за секој случај од овој вид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/centralnata-i-lokalnata-vlast-ne-mozat-da-se-dogovorat-roditelite-izrevoltirani-imalo-ili-nemalo-shuga-vo-skopskoto-uchilishte/feed/ 0
Шуга во скопско основно училиште, МОН со детали го потврдува случајот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shuga-vo-skopsko-osnovno-uchilishte-mon-so-detali-go-potvrduva-sluchajot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shuga-vo-skopsko-osnovno-uchilishte-mon-so-detali-go-potvrduva-sluchajot/#respond Wed, 28 Mar 2018 13:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=33929

Родителите на децата од основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле се во паника по информацијата дека во училиштето има шуга. Тие на социјалните мрежи коментираат дека неколку дечиња биле заразени, а реагираат на тоа дека нив како родители, за оваа состојба никој не ги известил. Кај родителите се јави оправдан страв за своите деца од можноста шугата да предизвика епидемија и да се рашири кај повеќе деца. Еве дел од коментарите на родителите: -Шуга во училиштето „Владо Тасевски“. Јас како мајка, дознавам од друга мајка, дека моето дете е во опасност. Зарем не е должна управата нас да не извести? -Бев да си го земам детето од училиштето „Владо Тасевски“ и во школскиот двор родителите зборуваа дека неколку деца биле заразени од шуга. Треба да бараме одговорност од директорката веднаш. -Ајде што одлучиле да не ни кажат лично, ама можеле на еден лист да испринтаат, да знаеме дека има шуга во учичиштето? Или тоа го кријат од нас? Дали е ова нормално? Ако тие не водат трошка грижа за нашите деца, тогаш ние водиме. И мораме да бидеме известени. Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето. КУРИР стапи во контакт со Министерството за образование и наука од каде ни потврдија дека кај дечиња од тоа училиште е појавена шуга. -Станува збор за две дечиња кои се од исто семејство. По пријавување на случајот, веднаш екипа на Центарот за јавно здравје излезе на терен и направи проверка кај децата од тие одделенија. Констатирано е дека освен кај овие две деца, други случаи нема. Во училиштето е направена целосна дезинфекција, изјави за КУРИР портпаролот на МОН, Владимир Делов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shuga-vo-skopsko-osnovno-uchilishte-mon-so-detali-go-potvrduva-sluchajot/feed/ 0