влакна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Aug 2023 19:45:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влакна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што говорат темните влакна на брадата за вашето здравје? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-govorat-temnite-vlakna-na-bradata-za-vasheto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-govorat-temnite-vlakna-na-bradata-za-vasheto-zdravje/#respond Tue, 01 Aug 2023 19:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=862446

Сите имаме светли влакна кои го покриваат лицето и вратот, и сосема е нормално да се појави некое потемно меѓу нив. Меѓутоа, ако забележите повеќе од вообичаеното количество темни влакна на брадата и вратот, тоа може да укаже на медицинска состојба што треба дополнително да ја испитате. Количината на влакна на лицето често зависи од вашата генетика, возраст и хормони. Тестостеронот е општо познат како машки полов хормон, но секој го има - жените едноставно имаат пониски нивоа. Овој хормон има врска со диктирањето на растот на влакната на телото. Може да забележите дека вклучително и влакната на лицето се менуваат во текот на вашиот живот поради голем број фактори, почнувајќи од пубертетот, потоа бременоста и менопаузата. Ова често се должи на промени во нивото на хормоните. Имајте на ум дека малку влакна на брадата, вратот, горната усна и лицето се сосема нормални и нема од што да се вознемирувате. Меѓутоа, ако имате темни влакна на лицето, вратот, градите и стомакот, како и на долниот дел на грбот, задникот или бутовите, или може да се сведе на нешто што се нарекува хирзутизам. Според упатствата на NHS, хирзутизмот е поврзан со андрогени хормони и може да се активира ако се зголемат нивоата на овие хормони или ако вашето тело стане почувствително на нив. Ненадејните промени во влакната на лицето може да значат дека вашето тело испраќа сигнал дека нешто се променило. Постојат голем број медицински состојби кои можат да предизвикаат промена на нивото на хормоните или хормонална нерамнотежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-govorat-temnite-vlakna-na-bradata-za-vasheto-zdravje/feed/ 0
Лесно и едноставно: Пет начини како да ги отстраните влакната на домашните миленици од мебелот и други површини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lesno-i-ednostavno-pet-nachini-kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-domashnite-milenitsi-od-mebelot-i-drugi-povrshini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lesno-i-ednostavno-pet-nachini-kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-domashnite-milenitsi-od-mebelot-i-drugi-povrshini/#respond Wed, 15 Feb 2023 08:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=800685

Сите сакаме домашни миленици, но ако имате проблем со нивното митарење, нема сомнеж дека понекогаш едноставно ја губите главата. Само што ќе исчистите, средите и исправосмукате, кога повторно ќе се појават магично нови влакна. Сепак, постојат неколку начини на кои можете сами да си го олесните отстранувањето на влакната: Домашен спреј Измешајте вода и неколку капки омекнувач во шишето. Испрскајте ја облеката или мебелот, за влакната помалку ќе се лепат за нив. Откако ќе го испрскате мебелот, можете да го поминете со влажна крпа. Самолеплива лента Купете широка самолеплива лента во продавницата, завиткајте ја околу раката, а потоа допрете ја на облеката за да ги соберете влакната. Гумени ракавици Навлажнете ги гумените ракавици (за чистење на куќата). Гумата има антистатички ефект. Поминувајќи преку облеката, влакната ќе се залепат за нив. Машина за сушење Ако имате машина за сушење, пред миење, ставете ги предметите во неа, заедно со неколку влажни микрофибер крпи. Изберете програма без греење, 10 минути. Влакната ќе се залепат за крпите. Местото каде што спие Најмногу влакна се наоѓаат таму каде што спијат домашните миленици, па затоа е важно тоа место редовно да се чисти, за да може помалку влакна да се шират низ останатиот дел од станот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lesno-i-ednostavno-pet-nachini-kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-domashnite-milenitsi-od-mebelot-i-drugi-povrshini/feed/ 0
Решение за голем женски проблем: Како да спречите враснување на влакна во кожата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/reshenie-za-golem-zenski-problem-kako-da-sprechite-vrasnuvanje-na-vlakna-vo-kozata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/reshenie-za-golem-zenski-problem-kako-da-sprechite-vrasnuvanje-na-vlakna-vo-kozata/#respond Fri, 18 Nov 2022 21:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=762278

По депилација или кој и да е друг начин на отстранување на несаканите влакненца, може да се случи враснување на новоизраснатите влакна и тоа да изгледа пред сè естетски лошо, но и да предизвика дополнителни проблеми со иритација и воспаленија. Најчесто им се случува на луѓето со поцврсти влакна или пак, на оние кои ги отстрануваат влакната погрешно. Дополнително, ситуацијата може да ја влоши и облеката која ја носите, особено ако е тесна, припиена до телото и изработена од синтетички материјали. Особено се лоши парчињата облека со ликра, која дерматолозите воопшто не ја препорачуваат. Ова се најпрактичните совети кои можете да ги применувате, а да спречите враснување на влакната: -Не бричете и не депилирајте во спротивна насока од растот. -По депилација, носете широка и памучна гардероба. -Хидрирајте го депилираното подрачје. -По депилацијата, обидете се депилираниот дел да го исплакнете со ладн вода. -Ако имате сериозно густи и дебели влакна, почнете да размислувате за ласерско отстранување, кое ќе ги изретчи, а со тоа и ќе го намали ризикот за враснување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/reshenie-za-golem-zenski-problem-kako-da-sprechite-vrasnuvanje-na-vlakna-vo-kozata/feed/ 0
Мултијадрени оптички влакна https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/multijadreni-optichki-vlakna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/multijadreni-optichki-vlakna/#respond Thu, 18 Aug 2022 07:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=720314

Со зголемување на потребата за безжична комуникација, услугите што ги вклучуваат IoТ (Internet Of Things), M2M (Machine to Machine), сензорски мрежи и поврзаните возила имаат потреба од уште поголем пропусeн опсег за да го прошират својот капацитет и да најдат поефикасни врски преку мрежи со оптички влакна и со голема брзина. Како резултат на тоа, претстојниот раст во преносот на податоци ќе го надмине максималниот пренос на еднојадрените оптички влакна. Поради неговата мала загуба и оптичкото засилување на преносoт, потребно е зголемување на оптичката инфраструктура за да се исполнат ограничувањата. Воведувањето дополнителни оптички влакна и кабли е значително поедноставно кога се размислува за алтернативна технологија. Различен пристап кон зголемување на капацитетот е со помош на повеќејадрени оптички влакна. Во суштина ова вклучува повеќе активни јадра во исто влакно, што значи дека надворешниот дијаметар останува ист, но пропусниот опсег значително се зголемува. Назад во 1990-тите, истражувачите од CNET смислија нов начин за производство на едно влакно кое содржи повеќе од едно активно јадро. Сепак, овој необичен производ не беше сфатен сериозно сѐ до сегашниот милениум кога истражувачите во Јапонија почнаа да ги моделираат способностите на таквото влакно. Најновите повеќејадрени влакна сега користат влакна со вкупен дијаметар од околу 200 микрони. Сепак, вкупната ефективна површина на влакното („јадрата“) е над 2% од волуменот на влакната во споредба со помалку од 0,5%. Тоа значи дека повеќејадреното влакно има суштински 100 пати поголема густина на пропусниот опсег од еднојадреното оптичко влакно со ист надворешен дијаметар. Оптичките влакна еволуираа постепено во текот на децениите, а единствената голема промена беше од мултимодни во мономодни оптички влакна. Ова бараше промена во ласерските извори (на 1310 и 1550 nm) и подобрувања во технологијата на конектори и во дизајнот на кабелот. Преместувањето кон повеќејадрени влакна ќе поттикне подеднакво голем раст на дополнителните производи од ин-линиски засилувачи и решетки до конектори и технологија за спојување со фузија. Ова е потенцијално многу поскап процес за разлика од производството на самите влакна и постигнувањето на оваа транзиција, ќе одреди, дали оваа нова технологија на оптички влакна ќе биде прифатена на глобално ниво. Со оглед на тековниот напредок, раните усвојувачи во телекомуникациите веројатно ќе ги распоредат овие системи во рок од 10 години, а можеби и во рок од 5 години како комерцијални предлози. Кога тоа ќе се случи, се очекува значителен поттик во индустриите за производство и инсталација на кабли со оптички влакна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/multijadreni-optichki-vlakna/feed/ 0
Дали со БРИЧЕЊЕ влакната растат побрзо? Експертите открија дали ова е ВИСТИНА или МИТ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-so-brichenje-vlaknata-rastat-pobrzo-ekspertite-otkrija-dali-ova-e-vistina-ili-mit/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-so-brichenje-vlaknata-rastat-pobrzo-ekspertite-otkrija-dali-ova-e-vistina-ili-mit/#respond Tue, 26 Jul 2022 05:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=710160

Еве ја вистината Во денешно време постојат многу начини за отстранување на влакната од телото, но многу жени сепак се одлучуваат за класичниот брич. Сите ја знаат теоријата дека по бричењето влакната стануваат темни и густи, брзо растат и стануваат побројни. Сепак, експертите ја кажаа вистината за ова. Тоа е мит! – Ако беше вистина, секој маж ќе си ја бричеше главата кога ќе почне да ќелави, за да му порасне косата – вели козметичарот Џои Таверниз. Дерматологот Мајкл Џејкобс потврдува дека ова е мит кој конечно треба да се разоткрие. – Кога се бричите, практично ги скратувате влакната, не влијаете на самиот корен. А колку се темни и силни зависи исклучиво од генетиката – дерматологот Мајкл Џејкобс потврдува дека ова е мит кој конечно треба да се разбие. Дека влакната по бричењето растат побрзо е делумно точно, кога ќе ги издепилирате со восок, го отстранувате цел корен, па потребно е повеќе време да израсне на површината. Бричењето, пак, ги отстранува влакната само до површината на кожата, па потребно е помалку време за повторно да станат видливи на кожата. Депилацијата ги изретчува влакната Оваа изјава што веројатно сте ја слушнале многу пати може да биде вистинита! – Со текот на времето, депилацијата го намалува волуменот на влакната, во споредба со бричењето, а и ефектите од депилацијата траат подолго – вели дерматологот Џејкобс, додека козметичарот не се согласува баш. – Депилацијата може да го намали растот на влакната кај луѓето кои долго време ги вадат влакната на овој начин, но не е лек. Единствен начин трајно да се намали растот на влакната е со ласер – вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-so-brichenje-vlaknata-rastat-pobrzo-ekspertite-otkrija-dali-ova-e-vistina-ili-mit/feed/ 0
Оваа убава девојка добиваше само комплименти, но кога ги покажа нозете сите ја “распнаа“ со навреди – погледнете зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-ubava-devojka-dobivashe-samo-komplimenti-no-koga-gi-pokaza-nozete-site-ja-raspnaa-so-navredi-poglednete-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-ubava-devojka-dobivashe-samo-komplimenti-no-koga-gi-pokaza-nozete-site-ja-raspnaa-so-navredi-poglednete-zoshto/#respond Fri, 05 Apr 2019 15:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=182808

24-годишната Ана Калатајуд Перез-Манглано, минатиот ноември одлучила да престане да ги бричи нозете бидејќи немала волја за тоа. Неодамна, таа на социјалните мрежи објавила видео од своите влакнести нозе и наишла на многу полоши коментари отколку што очекувала. -Изгледа дека уште го чекаме тој ден кога луѓето ќе можат да прават што сакаат, секако без да им наштетуваат на другите, а тоа да не предизвика грозни реакции од општеството, или во овој случај, коментари на интернет. Младата жена која не се сложува со општествените норми поврзани со отстранувањето на влакна, го открила мислењето на луѓето на потежок начин. Откако објавила снимка од своите влакнести нозе, студентката по ликовна уметност од Валенсија останала запрепастена од количината на сексистички и неумесни коментари кои ги добила. Ана тврди дека добила десетина пораки во кои луѓето ѝ пишувале работи од типот на “Очигледно долго не си имала секс” или “Доколку мојата девојка изгледа вака, би прекинал со неа”. “Бев мрзелива и не сакав да се бричам, немам никакви комплекси и не ме интересира што имаат луѓето да кажат. Не се срамам од влакнестите нозе, сите жени ги имаат, а сами бираме дали ќе се бричиме или не. Тоа нема никаква врска со феминизмот или обидот за истакнување”, објаснила Ана. Студентката рекла дека била изненадена од тоа колку луѓе реагирале на нејзиното видео со коментари во стил дека тоа е причината зошто нема момче, а колку е чувствителна ваквата тема, зборува и фактот дека видеото е споделено повеќе од 9000 пати. Многу корисници на социјалните мрежи ја нарекле одвратна и грда, додека еден коментатор ѝ напишал дека “треба само да каже доколку не сака секс”. “Најлошиот коментар кој го добив беше од човек кој ми напиша дека боледувам од депресија и дека имам ниска самодоверба бидејќи сум престанала да се бричам. Не можам да поверувам дека таа личност ме дијагностицираше преку интернет, тоа е неверојатно”, вели Ана и додала дека истото би можело да се помисли и за него бидејќи има брада. “Морам да кажам дека имаше и многу луѓе кои ми напишаа “фала” и кои ме поддржаа и тоа е споменот кој ќе го сочувам од сето ова”, заклучила девојката. Видеото погледнете го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-ubava-devojka-dobivashe-samo-komplimenti-no-koga-gi-pokaza-nozete-site-ja-raspnaa-so-navredi-poglednete-zoshto/feed/ 0
Нема да им верувате на сопствените очи: Три години ги нема депилирано нозете, а нејзиното момче ја поддржува во тоа да биде природна (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nema-da-im-veruvate-na-sopstvenite-ochi-tri-godini-gi-nema-depilirano-nozete-a-nejzinoto-momche-ja-poddrzuva-vo-toa-da-bide-prirodna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nema-da-im-veruvate-na-sopstvenite-ochi-tri-godini-gi-nema-depilirano-nozete-a-nejzinoto-momche-ja-poddrzuva-vo-toa-da-bide-prirodna-foto/#respond Fri, 20 Jul 2018 13:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=79171

Ејми Ана Кара пред повеќе од три години решила да престане да ги депилира своите нозе, но овој нејзин потег наместо слава ја чинело многу повеќе од тоа. Малку се жените кој не би го осудиле овој нејзин потег, а Ејми одлучила да го негува својот природен изглед по секоја цена. Сепак да се биде влакнеста девојка во денешно време не е ниту малку лесно, а за тоа сведочат илјадниците коментари и навреди на социјалните мрежи.
-Често среќавам луѓе кои ми довикуваат, депилирај си ги нозете или Боже колку си грозна, вели таа.
Таа вели дека понекогаш не облeкува кратко за да не мора да ги слуша тие коментари и додава дека нејзиното момче ја поддржува во оваа одлука, но тоа не е секогаш доволно за да ги заборави негативните коментари.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nema-da-im-veruvate-na-sopstvenite-ochi-tri-godini-gi-nema-depilirano-nozete-a-nejzinoto-momche-ja-poddrzuva-vo-toa-da-bide-prirodna-foto/feed/ 0