власи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 May 2022 14:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png власи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска со честитка по повод денот на Власите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-so-chestitka-po-povod-denot-na-vlasite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-so-chestitka-po-povod-denot-na-vlasite/#respond Mon, 23 May 2022 14:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=680555

Влашката заедница е значаен дел од нашето општество и дел од градењето единство, меѓучовечко разбирање и хармонија. Почитувајќи го етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на Власите, ние го почитуваме достоинството на нашите сограѓани. Денеска ги славиме различностите и доколку заеднички делуваме и се почитуваме, може да постигнеме поголем напредок за сите. Почитувани претставници на влашката заедница во Македонија, драги пријатели, Ви го честитам денешниот празник. Ti multsã anj Dzua internatsionalã a Armãnjlor, пишува во својата честитка градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-so-chestitka-po-povod-denot-na-vlasite/feed/ 0
Партија на Власите: Пописот им нанесува штета на националните интереси на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partija-na-vlasite-popisot-im-nanesuva-shteta-na-nacionalnite-interesi-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partija-na-vlasite-popisot-im-nanesuva-shteta-na-nacionalnite-interesi-na-drzavata/#respond Thu, 31 Mar 2022 18:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=656555

Партијата на Власите од Република Македонија и националното координативно тело на Власите не ги признава резултатите од пописот на населението во РМ од 2021 година, се наведува во партиското соопштение.. Поради непрофесионалниот пристап на институциите на најважната статистичка операција, околу сензитивно прашање како пописот којшто најдиректно влијае на државните политики на Републиката . По консултација со попишувачите на терен, констатирани се бројни нерегуларности во делот на етничките а поготово во делот на верската лична определба, во графата наместо Православни Христијани, се пишувало само Христијани. Тоа јасно се согледува според бројката 250.000 Христијани.Прекини со денови нефункционирање на апликацијата за попишување во земјата и во странство, проблеми со преводот и недостатоците во софтверот, недоволна информираност на населението за пописот, притисоците и манипулациите на терен и фактот дека многу граѓани не се избројани односно попишани. Со непопишување на 21,5%, односно стотина илјади македонски граѓани од дијаспората и од држвата констатираме дека прикажаните бројки не можат да се наречат државен попис. Понатаму, сакаме да изразиме револт заради не инволвирање и немање јавен повик за недоволен број на попишувачи Власи, како и можност за корекција на веќе внесените и снимени податоци од страна на истите. Поради немање на доволен број на попишувачи, покрај должностите за еден реон, истите биле задолжени и за втор реон, којшто не го завршиле ниту половина од предвиденото, односно останале домаќинствата не посетени. Дополнително, ДЗС ги известува попишувачите дека ќе го искоординира целиот процес со наоѓање на граѓаните преку институциите што во практична реализација се покажува како погрешно и поразително. Нагласуваме дека ќе ги искористиме сите демократски права и приговори којшто следуваат со закон во врска со пописот. Повредени се следниве Уставни одредби: „Член 8 ставовите 2 (слободно изразување на националната припадност), 3 (владеењето на правото) и 11 (соодветна и правична застапеност на граѓаните), член 9 ставовите 1 (Граѓаните на Македонија се еднакви во слободите и правата) и 2 (Граѓаните пред Устав и законите се еднакви), член 48 ставовите 1 (Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници…) и 2 (Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници), член 50 став 3 (граѓаните имаат право да бидат запознаени со човековите права и слободи), член 52 став 2 (секој е должен да ги почитува уставот и законот). Од Законот за попис 2021 повредени се следниве законски одредби: Член 16 (Државниот завод за статистика се грижи за законитоста во подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот во согласност со одредбите од овој закон и врши надзор над работата на лицата – учесници во Пописот), член 30 став 6 (При изборот на попишувачите ПАРТИЈА НА ВЛАСИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ул. „Првомајска” бб, Општина Кисела Вода, Барака 2, соба 5. тел: +3892 2771 347; и реонските инструктори ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во пописниот реон) и член 34 ставовите 1 (Апликацијата со која ќе се врши попишувањето ќе биде изготвена на 7 (седум) јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.) и 2 (Попишувањето се врши на јазикот што го избира лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците.) Оттука, партијата оценува дека пописот е неуспешен, нецелосен и им нанесува штета на националните интереси на државата. Партија на Власите од Македонија- ПВМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partija-na-vlasite-popisot-im-nanesuva-shteta-na-nacionalnite-interesi-na-drzavata/feed/ 0
Мицкоски: Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ovoj-znachaen-den-za-vlashkata-zaednica-pretstavuva-afirmacija-na-nivnata-kultura-i-tradicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ovoj-znachaen-den-za-vlashkata-zaednica-pretstavuva-afirmacija-na-nivnata-kultura-i-tradicija/#respond Sat, 23 May 2020 08:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=349293

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до Власите во Македонија. Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на влашката етничка заедница да им го честитам празникот 23-ти мај - Националниот ден на Власите. Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција. Нивниот придонес за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, но и во изградбата на нашата заедничка држава Македонија е значајно голем. Денес власите исто како и другите заедници поминуваат низ заедничките предизвици, економска неизвесност, здравствена криза, несигурност и ерозија на моралните вредности наметнати од неодговорното лидерство на државата. Положбата на заедниците не се подобрува со убави зборови, туку со работа, стратегија и конкретен план. Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Власите и за сите граѓани на Република Македонија. Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ovoj-znachaen-den-za-vlashkata-zaednica-pretstavuva-afirmacija-na-nivnata-kultura-i-tradicija/feed/ 0
Честит Национален ден на Власите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-nacionalen-den-na-vlasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-nacionalen-den-na-vlasite/#respond Sat, 23 May 2020 07:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=349264

Власите во земјава денеска го одбележуваат својот национален празник 23 Мај, кој со Законот за празници од 2007 година е и државен празник и неработен ден за припадниците од влашката заедница. Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет. На 23 мај 1905 година, со посебен документ (Ираде)  на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии, така како што налагале законите на Отоманската империја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-nacionalen-den-na-vlasite/feed/ 0
Мицкоски: Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasite-vo-makedonija-se-neraskinliv-del-od-makedonskata-nacija-i-makedonskata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasite-vo-makedonija-se-neraskinliv-del-od-makedonskata-nacija-i-makedonskata-istorija/#respond Thu, 23 May 2019 11:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=201161

Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја кои низ вековите наназад придонесувале за нашата Татковина, за нејзината изградба и просперитет,  што несомнено е влог и за нејзината иднина. Влашката етничка заедница во Македонија и целата нивна култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое било и ќе биде втемелено на меѓусебното разбирање и взаемна почит како вековни принципи по кои живееме на овие простори. Ова го пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својата честитка по повод Националниот празник на Власите. Неговата честитка ја пренесуваме во целост: Придонесот на Власите во Македонија е вреднуван и должен за почит. Тоа е основата на нашата заедничка борба за подобра иднина на сите наши деца да продолжи во борба за напредна и европска Македонија како правна држава со подеднакви можности за сите нејзини граѓани, но пред се перспективна и економски развиена. Власите денес, исто како и сите наши сограѓани ја споделуваат тешката судбина на мачното секојдневие исполнето со неизвесност, несигурност и нарушен стандард. Денес живееме во поделено општество каде разликите во стандардот, поларизацијата, конфликтноста и неправдите стануваат кочница за напредокот. Имаме ерозија на вредносниот систем, а власта нема чувство за основните потреби на поединецот. Криминалот и корупцијата ја одземаат перспективата и го разјадуваат општеството. Ова мора да се смени, а тоа зависи од сите нас. Нашиот сон може да биде вистина само со посветеност, работа и заедништво, бидејќи тоа е единствената гаранција за подобро утре на сите во Македонија, вклучително и за Власите. Нека е честит и вековит 23 мај, Националниот празник на Власите.  Нека е вечна Македонија!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasite-vo-makedonija-se-neraskinliv-del-od-makedonskata-nacija-i-makedonskata-istorija/feed/ 0
Интервју со Мите Костов од партија на Власите: Граѓаните ќе го искажат своето незадоволство на следните претседателски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-mite-kostov-od-partija-na-vlasite-gragjanite-kje-go-iskazat-svoeto-nezadovolstvo-na-slednite-pretsedatelski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-mite-kostov-od-partija-na-vlasite-gragjanite-kje-go-iskazat-svoeto-nezadovolstvo-na-slednite-pretsedatelski-izbori/#respond Sun, 24 Mar 2019 11:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=178284

Пендаровски еднаш ги изгуби изборите. Познати ни се неговите изјави. Силјановска доколку победи ќе промовира нова политичка култура на обединување. Ова се ставовите на Мите Костов од Партија на Власите, искажани во интервју за КУРИР. 1. Многу случувања во низа имаше во Македонија, сега сме пред избори како гледате на ситуација во земјава? -Анализирајќи ги дневно политичките состојби може да кажеме дека се доста сложени. Недостасува политички дијалог помеѓу власта и опозијата, има поделеност околу националните и државните интереси, имаме поделено опшстество. Имаме недостаток на реформите во опстествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот зжвот во земјата. Активностите околу сузбивање на корупцијата и криминалот како да се заборавени. Секојдневно слушаме за корупциски скандали, за непотизам. Оваа власт како да заборави што зборуваше и што ветуваше. Сведоци сме на несоодветна политика за распределување на средствата од министерството за култура, имаше огромни реакции и од припадниците на етничките заедници. Власите беа заборавени. Тука се и големите остапки што ги направи оваа влада околу промена на името, и ко не следи членството во НАТО што поскоро, како и датум за преговори со ЕУ револтот кај граѓаните ќе биде огромен и тоа кај сите без исклучок, вели тој. 2.Претстои официјален старт на кампањата за претседателските избори, каква кампања очекувате? -Граѓаните ќе го искажат своето незадоволство на следните председателски, но и се надеваме наскоро и парламентарни избори. Во пресрет на председателските избори Партија на Власите од Македонија е подготвена да даде силен придонс за фер и демократски избори. Очекуваме и двете поголеми коалиции со своите натпартиски кандидати да дадат силен поттик во своите програми и да го убедат македонскиот граѓанин да излезе и да гласа. Секако дека власта ќе ја има главната одговорност за спроведените избори како пред домашната, така и пред меѓународната јавност. Власта мора да сфати дека нејзина одговорност е начинот на кој се спроведуваат изборите, а тие мора да бидат според сите стандарди на меѓународната заедница. Овие избори ќе бидат добар тест за да добиеме позитивни поени за влез во европското семејство доколку сите политички партии се заложат и промовираат позитивни идеи, анализира Костов. 3. Какви се вашите видувања, како би било во Македонија ако победи Силјановска, а што ако победи Пендаровски? -Очекувањата околу изборот на претседател и татко на нацијата се огромни. Пендаровски еднаш ги изгуби изборите. Познати ни се неговите изјави. Силјановска е позната по својата стручност компетентност во правната наука. Сметам дека Силјановска ќе успее да ги привлечи неопределените и понежниот пол бидејќи за прв пат во македонската понова историја имаме кандидат за претседател жена. Доколку победи Силјанивска, а сигурен сум ќе победи според рејтинзите, таа ќе промовира и нова политичка култура на обединување. Сигурно дека ќе воспостави нови модели на комуницирање со лидерите на политичките партии и здруженија на граѓани. Ќе промовира и ќе гради нов имиџ и комуникација со светските лидери. Победата ќе значи нов почеток на соодветна политичка култура која и доликува на земјава, оценува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-mite-kostov-od-partija-na-vlasite-gragjanite-kje-go-iskazat-svoeto-nezadovolstvo-na-slednite-pretsedatelski-izbori/feed/ 0