власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 17:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лефков: Измените во Кривичен законик се облик на висока корупција, власта направи да не може да се гонат нивни криминали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/#respond Fri, 20 Oct 2023 17:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=891420

Ако се водите од логиката на Артан Груби и информациите кои тој ги лиферува, стручњакот за игри на среќа и тендери, да оставиме тој да ги толкува, но најодговорно кажувам кворумот не беше направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а власта треба да си ја преземе одговорноста за она што го направи, а не да лиферува такви лажни вести, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5 во  врска со измените од Кривичен законик.

- Ако имаме еден закон кој во Собрание стигна со европско знаменце и злоупотреба на европските процедури, експресно се најде на комисија за европски прашања, нашата одлука беше да ги кажеме нашите аргументи против овој закон и секако да гласаме против, рече тој.

Лефков потенцираше дека останува фактот дека самото донесување на овој Кривичен законик, начинот, постапката, целите и последиците претставуваат најнов облик на висока корупција.

- Тоа што се случува во државата и со донесувањето на Кривичниот законик е висока корупција, во која се вклучени и владата и претставници во законодавниот дом, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека тоа што власта не сака да се зборува дека со овие измени на КЗ нема да може да се гонат криминали направени од оваа власт.

- Во изминатиот период за време на владата на СДС и ДУИ практично со овие измени на Кривичниот законик бришење на став 5 од член 353 кој е однесува на јавни набавки, бришење на членот 394 кој се однесува  на злосторничко здружување и намалување на затворските казни до 3 години, се предизвикува кривичните дела направени од страна на оваа власт да застаруваат следната година кога ќе се промени власта, рече тој.

Лефков потсети дека не може да бидат гонети ниту преиспитувани набавките на Васко Ковачевски за РЕК Битола, спорните набавки на јаглен, не може бидат испитувани набавките на вакцини, одлуките на Онкологија кога бил ставен надвор од употреба КАТО системот.

- Тоа е еден скриен бенефит кој не се говори во јавноста. Со овие измени се оневозможува гонење и водење на кривични постапки и кога Заев беше премиер, изјави Лефков.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/feed/ 0
Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/#respond Sat, 07 Oct 2023 12:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=886356

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени... македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија. Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции. Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија. Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија. Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум. Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта под превезот поскапување на луксузни производи, поскапува нешто што просечните граѓани секој ден го купуваат, само за да го полни буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-pod-prevezot-poskapuvane-na-luksuzni-proizvodi-poskapuva-neshto-shto-prosechnite-gragani-sekoj-den-go-kupuvaat-samo-za-da-go-polni-budhetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-pod-prevezot-poskapuvane-na-luksuzni-proizvodi-poskapuva-neshto-shto-prosechnite-gragani-sekoj-den-go-kupuvaat-samo-za-da-go-polni-budhetot/#respond Sat, 07 Oct 2023 07:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=886272

Владата на ДУИ и СДС пак ги мами и ограбува граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Под превезот ДДВ за луксузни производи, поскапува и производи кои се дел од секојдневната потрошувачка кошница на просечните, па и на посиромашните граѓани. Целта е јасна, да се полни буџетот на сметка на џебот и стандардот на народот. Владата ја објави после долго криење листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5% и на неа се најдоа производи како замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли, храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видови бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Ова ли се луксузните производи за кои говореше владата кога го менуваше законот за ДДВ? Ако овие се луксузните производи, тогаш Владата им порачува на граѓаните да јадат леб и сол. Оваа листа на производи, која патем власта ја криеше дури се носеа измените на законот за ДДВ, значи дека се дотолчува и онака уништениот стандард на народот. Оваа листа власта мора веднаш да ја корегира и да ги тргне овие производи од листата на продукти за кои ќе се плаќа 10, наместо 5%. Оваа неспособна и алчна власт мора да си замине, бидејќи народот тоа премногу скапо го чини, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-pod-prevezot-poskapuvane-na-luksuzni-proizvodi-poskapuva-neshto-shto-prosechnite-gragani-sekoj-den-go-kupuvaat-samo-za-da-go-polni-budhetot/feed/ 0
Мицкоски: Притисокот за бугарскиот диктат за уставни измени е всушност бранење на руските позиции во бугарската политика – власта нè прави заложници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pritisokot-za-bugarskiot-diktat-za-ustavni-izmeni-e-vsushnost-branene-na-ruskite-pozitsii-vo-bugarskata-politika-vlasta-ne-pravi-zalozhnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pritisokot-za-bugarskiot-diktat-za-ustavni-izmeni-e-vsushnost-branene-na-ruskite-pozitsii-vo-bugarskata-politika-vlasta-ne-pravi-zalozhnitsi/#respond Thu, 28 Sep 2023 20:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=883020

Зошто зборувам за бугарски диктат, затоа што нашиве се жртви на руските интереси на Балканот, затоа што македонскиот идентитет два пати во минатото е жртва на руските интереси на Балканот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус. Тој објасни за што станува збор. „Еднаш со Стан-стефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анексирана кон Бугарија. Вториот пат е кога Бугарија го напушта Бледскиот договор по налог на Сталин, и третиот, кога Ковачевски потпишува Анекс на Договорот за доброседство со Бугарија со Кирил Петков“, рече Мицкоски кој дополни и зошто го зборува тоа: „Зошто ова го зборувам, 1947 кога е потпишан Бледксиот договор и кога се договориле Тито и Горги Димитров потпишале договор во кој јасно е дефиниарно коај е обврската и кои се позициите на Бугарија во однос на македонската заедница која живее во тој период во Пиринска Македонија и го регулираат начинот на употреба на македонскиот јазик во училиштата и во 1947 во Благоевград е основан македонски народен театар. И кога збореа дека кога го потпишаа Договорот Заев-Борисов, први август 2017 година имаше за цел да го натсинхронизира 1 авхуст 1947 година кога Бугарија прифаќа македонски јазик, идентитет и дава права на Македонците во Пиринска Македонија, тогаш добиваме ние како народ културна автономија се образуваш на свој јзаик и имаш културни институции и тогаш“. Мицкоски укажа дека „тогаш не било дилема за никого кога Пиринска Македонија ќе се припои кон Македонија. Прашање е само начинот. За време на Информбирото, Сталин заедно со тогашното бугарско раководство одлучува Бугарија да го напушти тој договор и да ги укине правата за културна автономија“. Оттука укажа Мицкоски „ние бараме културна автономија нешто што сме имале Македонците во Бугарија го имале. -Ние имаме Европски суд за човекови права кој одлучува во корист на Македонци во Бугарија, а Бугарија не го применува и велат не можеме да ја убедиме Бугарија. А јас да прифатам нешто во што сум учествувал, авие не можете да ги натерате да почитуваат европска институција.“ Мицкоски заклучи „дадов историста ретроспектва и жалам што денес во 21 век има земји дел од ЕУ кои се повторно заложници на руските интереси на Балканот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pritisokot-za-bugarskiot-diktat-za-ustavni-izmeni-e-vsushnost-branene-na-ruskite-pozitsii-vo-bugarskata-politika-vlasta-ne-pravi-zalozhnitsi/feed/ 0
Николовски од ЕВРОТИНК: Власта покажува многу мала моќ во справувањето со корупција, за жал таа е посветена само на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-od-evrotink-vlasta-pokazhuva-mnogu-mala-mok-vo-spravuvaneto-so-koruptsija-za-zhal-taa-e-posvetena-samo-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-od-evrotink-vlasta-pokazhuva-mnogu-mala-mok-vo-spravuvaneto-so-koruptsija-za-zhal-taa-e-posvetena-samo-na-bugarija/#respond Tue, 29 Aug 2023 18:19:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872181

Бевме заложници на прашањето со Бугарија од 2020та година и целиот труд и внимание беше посветено на тоа и сеуште се посветува на тоа на уставните измени, ова го истакна Димитар Николовски, кој е син на пратеникот од партијата на пензионери Илија Николовски. За потсетување на јавноста Илија Николовски не гласаше за донесување на дневениот ред за уставните измени. "За жал реформите застанаа во државата и недоволно внимание се посветува поради „прекрасниот" изговор Бугарија да не работиме на таа тема и мислам дека треба овој период дури и да не се дојде до тие Уставни измени многу по засилено да се посветиме на реформите и да покажеме вистинска борба особено против корупцијата и многу мала моќ од власта да се справи со тоа„ рече Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-od-evrotink-vlasta-pokazhuva-mnogu-mala-mok-vo-spravuvaneto-so-koruptsija-za-zhal-taa-e-posvetena-samo-na-bugarija/feed/ 0
Пренџов: Целата македонска јавност и целиот свет виде дека власта нема луѓе за уставни измени, единствениот излез од овој ќорсокак се предвремени парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendhov-tselata-makedonska-javnost-i-tseliot-svet-vide-deka-vlasta-nema-luge-za-ustavni-izmeni-edinstveniot-izlez-od-ovoj-korsokak-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendhov-tselata-makedonska-javnost-i-tseliot-svet-vide-deka-vlasta-nema-luge-za-ustavni-izmeni-edinstveniot-izlez-od-ovoj-korsokak-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Mon, 21 Aug 2023 16:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=869278

„Целата македонска јавност и целиот свет можеше да види дека власта на СДС и ДУИ удри во ѕид. Се распрснаа сите лаги како меур од сапуница и се виде кој две години ја лажел и манипулирал целата македонска јавност, се виде дека немаат луѓе за уставни измени“, истакна пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Тој додаде дека единствениот излез на Република Македонија на овој ќорсокак се предвремени парламентарни избори. „Едноставно сите тие тврдења кои ги слушаме повеќе од една година дека имале европски пратеници, повеќе европски пратеници, па им фалеле уште два, па имале 80 и повеќе пратеници, едноставно целата македонска јавност виде дека лажат и дека не само што никогаш нема да го имаат ниту еден пратеник од опозицијата, ги немаат ни своите пратеници“, кажа Пренџов. Тој најодговорно тврди дека кога ќе дојде тој ден кога ќе се одважат да има гласање во Собранието ќе се види дека бројката е двоцифрена која што им фали на власта, а не дека ги имаат сите 80 пратеници и така и се случи бројката е двоцифрена. Пренџов додаде дека од она кое што го видел викендов и денес се слуша е дека колку повеќе се тие денови на власт толку и од тие 70 пратеници ќе им се намалуваат и нема да им се зголемуваат. „Сите лаги и манипулации излегоа на површина со оваа генерација на политичари играње нема и не минуваат никакви спинови лажење и делување на психолошката состојба. Ние сме цврсти и уверени, знаеме што правиме, знаеме која ни е целта и знаеме како да дојдеме до целта и сме пред доаѓање на целта“, истакна Пренџов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendhov-tselata-makedonska-javnost-i-tseliot-svet-vide-deka-vlasta-nema-luge-za-ustavni-izmeni-edinstveniot-izlez-od-ovoj-korsokak-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Седница во Собранието за уставните измени, власта и опозицијата со непроменети ставови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/#respond Fri, 18 Aug 2023 05:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=868202

Во Собранието денеска треба да почне 123. пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата е закажана за 11 часот. Согласно Деловникот за работа на Собранието, дебатата трае најмногу десет работни дена и доколку е така треба да заврши на 31 август. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но, не повеќе од 30 минути вкупно. Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Власта и опозицијата остануваат на своите ставови. За СДСМ, уставните измени се императив за граѓаните и избор меѓу „европска Македонија“ или изолација на државата, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да не поддржи измени на Уставот во ваков формат под, како што велат, бугарски диктат и бараат предвремени избори. Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека двотретинското мнозинство е потребно за продолжување на европските интеграции на државата, а не за опстанок на Владата. Избори, според премиерот, во овој момент не се решение. -Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата и се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следната влада. Двотретинското мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Дата Мастерс“. Дебатата во Собранието, според Ковачевски, е добра можност граѓаните да се уверат дека се работи за процес за остварување на втората стратешка цел на државата, а тоа се евроинтеграциите. Што побрзо го направиме тој процес, вели Ковачевски, толку побргу ќе станеме членка на ЕУ. Повтори дека за прв пат ветото не доаѓа однадвор, туку може да дојде од внатре. Според него, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување и да бидат на ниво на задачата за да овозможат подобра иднина за граѓаните. - Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца, напиша синоќа Ковачевски на „Фејсбук“ по средбата со американската амбасадорка Анџела Агелер. И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати порача дека ако навистина сакаме да ја оствариме целта – до 2030 година полноправно членство во ЕУ, сега е време тоа да се покаже на дело. Според Маричиќ, сега не е време за популизам. Блокадите од опозицијата на државата, вели тој, ѝ носат изолација, неизвесност и отвораат простор за влијанија на трети страни. - Бегањето од носење државнички одлуки и неучествување во најважниот национален процес само го отежнува и забавува прогресот на државата и нè оддалечува од европската перспектива. Доколку не стане проактивна опозицијата и не даде поддршка за уставните надополнувања исходот е јасен, тука застануваме и повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ. А тоа не носи добро никому и не треба да биде ова цел на никој, поради било кои причини а најмалку политички, истакна Маричиќ. Земјата, како што посочи, сега е во фаза кога членството во ЕУ е на дофат и тоа до крајот на декадата, шанса која не се пропушта. -Сега треба да е целта на сите да останеме на европскиот пат и да ја впишеме Северна Македонија во новиот пакет за проширување во којшто ќе бидат Украина, Молдавија, Грузија и држави од Западен Балкан. Затоа уставните измени мора да се случат до крајот на ноември, да останеме во процесот и да обезбедиме континуитет на преговорите со ЕУ. Колку подолго сме надвор од процесот, толку полошо за економијата, за целокупната клима во државата и толку повеќе млади ќе ја напуштаат државата. Тоа понатаму ќе ја слабее довербата во институциите и ќе биде закана за стабилноста и просперитетот на државата, а тоа сум сигурен дека никој не го посакува и затоа верувам дека ќе успееме да ги завршиме заеднички обврските кои ги имаме на патот до членството во ЕУ, вели Маричиќ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати отворено писмо до пратениците во кое порача дека од нивната одлука ќе зависи дали земјата ќе ги продолжи преговорите со ЕУ или ќе ги запре на подолг рок без гаранција за успех. - Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе, истакна Османи. Уверува дека идентитетските и историските прашања не се дел од преговорите. -Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати, наведува шефот на дипломатијата, нагласи Османи. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторија уставни измени нема да има. Најавија дека ќе учествуваат на пленарната седница, а пред нејзиното одржување, како што вчера изјави лидерот на партијата Хирстијан Мицкоски, ќе одржат координација. - Уште при усвојувањето на дневниот ред, мнозинството, односно Владата на СДСМ и ДУИ ќе види дека нема двотретинско мнозинство за да го бутка овој процес. Очекувам дека нема да има дополнителна политичка гимнастика и единствена легитимна тема ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски. Според Мицкоски, дури и да бидат Бугарите дел од Преамбулата и да добиеме гаранции за идентитет, сепак, Протоколот и Билатералниот договор се опасност за дополнителни пречки во иднина, односно дополнително вето, дополнителен идентитетски и историски интервенционизам. Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити вчера, пак, на заедничка прес-конференција побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот и заедно со тоа да се стават и амандманите за, како што рекоа, измена на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите за политичка корупција. Доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, според лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција и ќе повикаат да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА на почетокот на месецов изјави дека по завршување на претресот, гласањето за потребата за уставни измени може да биде одложено, а ако нема услови, воопшто и да не се случи. -Седницата на 18-ти август ќе се отвори и ќе се усвои дневниот ред како што е постапката, затоа е потребно присуството од 61 пратеник, а за гласање минимум една третина од вкупниот број. Тоа е општ принцип и секако се отвора дискусија, дебата, се повикува според процедурата да се отвори дебата. Што ќе биде, како ќе биде, не можам да кажам сега оти не можам да предвидам. Но, обврска ми е да имам испланирано десет работни дена да може да работи Собранието доколку има пријавено за збор за толку, значи максимумот за да трае дебатата е десет дена. Десеттиот ден завршува дебатата без оглед дали останале уште говорници или не, појасни Џафери. Тој рече и дека доколку нема двотретинско мнозинство, гласањето може да биде одложено, но и дека тоа може и да не се случи, со што постапката за уставни измени завршува. На 25 јули се одржа седница на собраниската Комисија за уставни прашања на која беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/feed/ 0
Опозицијата со непроменет став: Измени на Устав под бугарски диктат и ваков формат нема да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozitsijata-so-nepromenet-stav-izmeni-na-ustav-pod-bugarski-diktat-i-vakov-format-nema-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozitsijata-so-nepromenet-stav-izmeni-na-ustav-pod-bugarski-diktat-i-vakov-format-nema-da-ima/#respond Thu, 17 Aug 2023 05:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=867688

На еден ден пред седницата во Собранието на кое единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Северна Македонија, власта и опозицијата остануваат на своите непроменети ставови. СДСМ очекува сите пратеници во Собранието, вклучително и опозициските, да покажат одговорност, да се приклучат на проевропскиот блок, и да дадат поддршка за уставните измени. ВМРО-ДМНЕ, пак, останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат нема да поддржат. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вчера од Гостивар порача дека избори, апсолутно не се излез ниту решение, единственото решение е да се пристапи кон уставни измени и тие да бидат поддржани од сите парламентарни партии. - Не, апсолутно не се излез изборите. Изборите не се решение. Единствено решение коешто е добро за вас, за нас, за сите граѓани, за цела наша држава, за цел наш регион е да пристапиме кон уставните измени. Да ги поддржиме консензуално и СДСМ, и ДУИ, и Алијанса, и ВМРО-ДПМНЕ и сите други политички партии кои се дел од нашето Собрание, рече Груби во Гостивар, во изјава за медиуми на „Саемот за вработување“ во организација на конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој ги гради Коридорите 8 и 10д. Тој посочи дека уставните се технички и не задираат воопшто во македонскиот идентитет, македонскиот јазик и дека од уставните измени, како што нагласи, нема да види никој ништо лошо. - Гледате од текстот којшто беше усвоен од Владата и предложен во Собранието немаше апсолутно ниту една единствена критика ниту од академската, ниту од политичката јавност во нашата земја. Значи, целиот отпор во моментов е од дневно-политички мотиви за да се предизвикаат предвремени избори и да се преземе власта, а не да се најде решение. Граѓаните немаат време за политичко-партиски калкулации, потенцира Груби. Груби напомена дека в петок ќе се отвори дебатата за уставните измени и кажа дека работат и со ВМРО-ДПМНЕ и со поединци во ВМРО-ДПМНЕ за да, како што посочи, и „тие станат дел од градењето на иднината за нашите граѓани“. Во пресрет на почнувањето на собраниската седница за уставните измени закажана за овој петок, министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил повикува „да не дозволиме да се дефокусираме и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации“. -Не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани, собраниската седница за уставни измени. Затоа, ве повикувам да не дозволиме да се дефокусираме сега, кога сме во финале, и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации. Моментот е сега!, напиша Османи. Тој во објавата потенцира дека „со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите“. СДСМ очекува сите пратеници во Собранието, вклучително и опозициските, да покажат одговорност, да се приклучат на проевропскиот блок, и да дадат поддршка за уставните измени, изјави вчера пратеничката Фаница Николоска. - Во петок на осумнесети е закажана седницата со единствена точка на дневен ред а тоа е предлог за пристапување кон измени на Уставот, предлог доставен од страна на Владата. Очекувам сите 120 пратеници да се стават на висината на задачата, да ја сфатат одговорноста којашто сите ја имаме пред граѓаните. Ова на Мицкоски му е последната можност да се приклучи кон проевропскиот блок. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да покажат чуство на одговорност пред граѓаните затоа што наша обврска како политичари е да им обезбедиме сигурна иднина на граѓаните. Како што нашите предци овозможиле услови да живееме во слободна,самостојна и суверена држава, така и опозицијата да се приклучи и заеднички да создадеме просперитетна Македонија во која идните генерации ќе ја планираат иднината дома, рече Николоска одгооврајчи на новинарско прашање на прес-конференција во седиштето на СДСМ. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на пленарната собраниска седница в петок посветена на уставните измени ќе ги повтори аргументите кои ги имаме, како што направивме на Комисијата за уставни прашања, и останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме, најави вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски. Како што рече Мицески, уште на гласањето на дневниот ред ќе се види дали власта има мнозинство за донесување на уставните измени или не и ќе се согледа дали една година манипулираат со бројката за цензусот и за оние кои даваат поддршка на уставните измени. -Пратеничката група останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме. Нашиот став е кажан и на Комисијата за уставни измени каде аргументирано кажавме дека власта турка процес кој не е поддржан од граѓаните. Истото ќе го повториме и на пленарната седница, рече Мицевски на прес-конференција по редовната координација на Коалицијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пред претстојната собраниската седница. Оцени дека пленарната седница ќе биде добра можност целокупната јавност да се увери дека власта, како што рече, лаже една цела година, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени. -Тоа се случува секогаш кога народот ќе се потцени и кога личните интереси ќе ги стават пред тие на државата, рече Мицевски и додаде дека власта цела година купуваше време и сега станува жртва на сопствените лаги. Прашан дали ќе дебатираат на седницата, Мицевски рече дека аргументирано ќе објаснат исто како и на Комисијата за уставни прашања и додаде дека до него како координатор досега нема никакви притисоци, но има поддршка од граѓаните кои од него бараат да истраат во намерите. Изрази надеж дека точката на дневен ред ќе биде ставена на гласање за целокупната јавност да види дека нема доволно мнозинство за усвојување на уставните измени. Потпретседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е потпретседател на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021), вчера порача дека Република Северна Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската Унија. Повод за нејзиниот коментар, како што пренесува БГНЕС, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија. што е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што Скопје треба да го спроведе пред да започнат пристапните преговори со ЕУ. Захариева ги повика, како што вели, „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“. -Измена на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати, потенцира поранешната шефица на бугарската дипломатија. Собранието в петок и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на државата. Токму вметнувањето на Бугарите во Уставот е потребно за земјава да ги продолжи европските интеграции и да се одржи втората меѓувладина седница и да продолжат пристапните преговори со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozitsijata-so-nepromenet-stav-izmeni-na-ustav-pod-bugarski-diktat-i-vakov-format-nema-da-ima/feed/ 0
„48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата на терен“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/48-chasa-po-katastrofalnite-poplavi-vo-delchevo-nema-ni-traga-ni-glas-od-vladata-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/48-chasa-po-katastrofalnite-poplavi-vo-delchevo-nema-ni-traga-ni-glas-od-vladata-na-teren/#respond Sat, 10 Jun 2023 08:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=844292

48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата, помош дадоа само градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Владата остана нем посматрач на катастрофалните поплави во Делчево и ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од истите. Единствен кој излезе во пресрет на делчевчани, се околните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш помогнаа со противпожарни возила и екипи од ТППЕ, и друг вид на опрема, а веднаш потоа единствени кои изгласаа и ветија парична помош се исто така градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ширум државата. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи и дека подеднакво и е значаен секој дел од државата, без разлика дали локалната власт е од ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија. Таквиот пристап ќе продолжи и од страна на владата што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ. Народот ќе има партнер во ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.топ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/48-chasa-po-katastrofalnite-poplavi-vo-delchevo-nema-ni-traga-ni-glas-od-vladata-na-teren/feed/ 0
Сириската опозиција повика на продолжување на разговорите со власта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-opozitsija-povika-na-prodolzhuvane-na-razgovorite-so-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-opozitsija-povika-na-prodolzhuvane-na-razgovorite-so-vlasta/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=842064

Сириската опозиција денеска повика на продолжување на преговорите со властите на претседателот Башар ал Асад под покровителство на ОН, откако официјален Дамаск се врати под арапска заштита по долгогодишната изолација. „Меѓународниот и регионалниот контекст и ситуацијата во Сирија се погодни за продолжување на директните преговори во специфична програма и распоред“, се наведува во соопштението на Високиот комитет за преговори, во кој се собрани главните претставници на сириската опозиција. Преговорите за решавање на сириската криза се во застој по усвојувањето на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН во 2015 година, која, меѓу другото, предвидува нов устав и избори. По дводневната средба во Женева, опозицијата повика да ги поддржи напорите на ОН за преземање на неопходните мерки за „сеопфатно политичко решение, во согласност со резолуцијата на ОН“. Арапската лига во мај го врати сирискиот режим во своите редови, што беше соборен во 2011 година со народното востание за време на Арапската пролет, а подоцна и со граѓанската војна. Во конфликтот, во кој беа вклучени регионални и меѓународни актери, загинаа околу половина милион луѓе. Сириската опозиција изгуби голем дел од своето влијание и поддршка што ја уживаше во земјите во регионот. Ријад, кој ги поддржуваше сириските бунтовнички групи на почетокот на конфликтот, повторно ги воспостави врските со Дамаск. Турција, која ги поддржува бунтовниците кои контролираат делови од северна Сирија, исто така покажа знаци на зближување со Асад. Опозицијата оцени дека враќањето на режимот во Арапската лига го вклучува и „ризикот“ сирискиот режим да одбие какво било политичко решение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-opozitsija-povika-na-prodolzhuvane-na-razgovorite-so-vlasta/feed/ 0