власти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 18:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png власти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Постигнат договор меѓу германските власти и семејствата на загинатите во нападот на ОИ1972 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-megju-germanskite-vlasti-i-semejstvata-na-zaginatite-vo-napadot-na-oi1972/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-megju-germanskite-vlasti-i-semejstvata-na-zaginatite-vo-napadot-na-oi1972/#respond Wed, 31 Aug 2022 18:57:48 +0000 https://kurir.mk/?p=726866

Германија и семејствата на жртвите кои настрадаа во терористичкиот напад за време на Олимписките игри 1972 во Минхен постигнаа договор за обештетување, 50 години од трагичниот настан, соопшти денеска Владата во Берлин. – Сојузната Влада го поздравува договорот со семејствата на жртвите, изјави попладнево портпаролот на владиниот кабинет Штефен Хебестрејт. Сојузната германска Влада, како и покраината Баварија и градот Минхен ќе им исплатат 28 милиони евра на семејствата на жртвите на нападот во кој смртно настрадаа 11 израелски спортисти. Договорот е постигнат на неколку денови пред одбележување на 50. годишнината од овој трагичен настан, единствен во историјата на Олимписките игри, кој заврши со крвопролевање по интервенција на германската специјална полиција. Прашањето за висината на обештетувањето за кое се водеа преговори неколку децении ги разлути семејствата на жртвите, кои предлозите на германските власти ги сметаа за преслаби и се заканија дека нема да учествуваат на комеморацијата закажана за в понеделник во Баварија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-megju-germanskite-vlasti-i-semejstvata-na-zaginatite-vo-napadot-na-oi1972/feed/ 0
Властите назначени од Русија во окупираниот дел од украинскиот регион Харков формираа Министерски совет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-naznacheni-od-rusija-vo-okupiraniot-del-od-ukrainskiot-region-harkov-formiraa-ministerski-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-naznacheni-od-rusija-vo-okupiraniot-del-od-ukrainskiot-region-harkov-formiraa-ministerski-sovet/#respond Sat, 20 Aug 2022 08:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=721353

Властите назначени од Русија, кои ја зазедоа украинската област Харков, формираа Министерски совет. Информацијата ја соопшти шефот на окупациската воено-цивилна администрација во североисточниот украински регион Виталиј Ганчев. Тој вчера објави дека потпишал указ за именување на Андреј Алексеенко за негов заменик и претседател на Министерскиот совет на регионот Харков. Претходно вчера, Алексеенко поднесе оставка од функцијата градоначалник на јужниот руски град Краснодар, кој се наоѓа на нешто повеќе од 200 километри од анектираниот од Русија украински полуостров Крим. Новоформираниот Министерски совет на „ослободените територии“ на регионот Харков првенствено ќе се занимава со економски и финансиски прашања, прецизира Ганчев. Русија контролира околу 30 отсто од североисточниот украински регион. Харков, вториот по големина град во Украина, беше гранатиран од руската војска, при што само во последните денови загинаа 15 луѓе, според локалните власти. Русија официјално не ги објави плановите за анексија на областа Харков Сепак, според Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, таа сака да го анектира овој граничен украински регион, или барем дел од него. Окупациските власти во областите Запорожје и Херсон во јужна Украина веќе ја објавија својата намера да организираат референдуми за приклучување кон Руската Федерација веќе следниот месец. Сè уште не е јасно дали овие избори ќе се одржат, и евентуално кога. Според ТАСС, Русија зазела 70 отсто од областа Запорожје и од март го контролира Херсон. Украина, пак, тврди дека ја вратила под контрола својата територија и подготвува контраофанзива за повторно да го заземе Херсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-naznacheni-od-rusija-vo-okupiraniot-del-od-ukrainskiot-region-harkov-formiraa-ministerski-sovet/feed/ 0
Унгарските власти ги повикаа граѓаните да веруваат во кинеската вакцина на Синофарм https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskite-vlasti-gi-povikaa-gragjanite-da-veruvaat-vo-kineskata-vakcina-na-sinofarm/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskite-vlasti-gi-povikaa-gragjanite-da-veruvaat-vo-kineskata-vakcina-na-sinofarm/#respond Wed, 24 Feb 2021 07:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=473042

Унгарските власти пред утрешниот старт на имунизација со кинеската вакцина против Ковид-19, Синофарм, ги повикаа граѓаните да веруваат во вакцините. Унгарскиот државен секретар Иштван Џорџи најави дека лекарите од општа пракса ќе имаат на располагање по 55 дози вакцина на Синофарм, која треба да ја примат највозрасните лица. Тој додаде дека кинеската вакцина неделава ќе ја примат 275.000 граѓани. – Сите вакцини достапни во Унгарија се безбедни и можат да пружат заштита против вирусната инфекција, посочи Џорџи. Унгарија ќе биде прва земја во Европска Унија во која граѓаните ќе се вакцинираат со Синовак. Анкетите покажуваат дека Унгарците имаат мала доверба во вакцината на Синовак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskite-vlasti-gi-povikaa-gragjanite-da-veruvaat-vo-kineskata-vakcina-na-sinofarm/feed/ 0
Вака властите обезбедуваат слобода за Сашо Мијалков (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-vlastite-obezbeduvaat-sloboda-za-sasho-mijalkov-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-vlastite-obezbeduvaat-sloboda-za-sasho-mijalkov-video/#respond Mon, 22 Feb 2021 08:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=472118

Во последното издание на поткастот „Утро со Златев“ на Лидер ФМ 107,4, главниот уредник на радиото Љупчо Златев говореше околу бегството на Сашо Мијалков и настаните кои доведоа до ова бегство. Во краткиот поткаст беа откриени повеќе детали околу настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-vlastite-obezbeduvaat-sloboda-za-sasho-mijalkov-video/feed/ 0
ШТО КРИЈАТ ВЛАСТИТЕ: Идната недела доаѓаат медицински тимови од Шведска и Словенија, најавена помош и од Германија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-krijat-vlastite-idnata-nedela-doagjaat-medicinski-timovi-od-shvedska-i-slovenija-najavena-pomosh-i-od-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-krijat-vlastite-idnata-nedela-doagjaat-medicinski-timovi-od-shvedska-i-slovenija-najavena-pomosh-i-od-germanija/#respond Wed, 29 Jul 2020 12:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=383202

Во првата недела од август преку Механизмот за цивилна заштита, а по барање на Министерството за здравство, во државава ќе пристигне медицински тим од Шведска, во чиј состав ќе бидат десет медицински сестри и еден лекар, а во најава е и пристигнување на медицински тим од Словенија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат на товар на Министерството за здравство. За ова директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски ги информирал членовите на Главниот координативен кризен штаб за спречување на внесување и ширење на вирусот ковид -19, кој на 24 јули го одржа 103. состанок, а чиј записник вчера го усвои Владата во рамки на 78.седница. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, информирал дека од Берлин е најавена соодветна помош (медицински персонал, лекови, заштитна опрема, респиратори итн.) за сите држави од регионот. Записникот од 103.состанок на Главниот координативен кризен штаб се однесува на обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на ковид-19. Јавноста по ова прашува што кријат властите во врска со коронавирусот, особено со тоа што доаѓаат медицински тимови на помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-krijat-vlastite-idnata-nedela-doagjaat-medicinski-timovi-od-shvedska-i-slovenija-najavena-pomosh-i-od-germanija/feed/ 0
Француските власти ја поништија дозволата за лекување Ковид-19 со хидроксихлороин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskite-vlasti-ja-ponishtija-dozvolata-za-lekuvanje-kovid-19-so-hidroksihloroin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskite-vlasti-ja-ponishtija-dozvolata-za-lekuvanje-kovid-19-so-hidroksihloroin/#respond Wed, 27 May 2020 10:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=350686

Француската Влада ја поништи уредбата со која им се дозволува на лекарите во болниците да користат хидроксихлороин за третман на пациенти кои имаат тешки форми на Ковид-19. Одлуката е донесена откако Светската здравствена организација во понеделникот објави дека привремено ќе паузира со широко анализирање на анти-маларичниот лек од безбедносни причини. Британското медицинско списание „Лансет“ објави дека пациентите кои примале хидроксихлорохин имаат зголемена стапка на смртност, неправилни отчукувања на срцето и голем број други разочарувачки резултати на лекот за терапија против Ковид-19. Тој лек особено го истакнуваше американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци како потенцијален лек во терапијата против коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskite-vlasti-ja-ponishtija-dozvolata-za-lekuvanje-kovid-19-so-hidroksihloroin/feed/ 0
Властите во Њујорк бараат граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките за физичка дистанца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-njujork-baraat-gragjanite-da-prijavuvaat-nepochituvanje-na-merkite-za-fizichka-distanca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-njujork-baraat-gragjanite-da-prijavuvaat-nepochituvanje-na-merkite-za-fizichka-distanca/#respond Sun, 19 Apr 2020 07:49:43 +0000 https://kurir.mk/?p=334242

Градските власти во Њујорк им препорачаа на жителите да предупредат за нарушување на барањата за одржување физичка дистанца, соопшти преку Твитер градоначалникот Бил де Блазио. Тој ги повика своите сограѓани да ги фотографираат и пријават сите оние кои не ги почитуваат мерките за задолжително физичко дистанцирање. – Кога ќе видите гужва, кога ќе видите дека луѓето не ги почитуваат мерките, кога ќе видите преполн супермаркет, можете тоа веднаш да го пријавите за да побараме помош и да го решиме проблемот, соопшти Де Блазио. По пат на новиот сервис њујорчаните можат да испратат фотографија, со текст и локација, по што ќе реагира полицијата. – Знаеме дека има луѓе кои треба да бидат известени за нашите упатства, наведе Де Блазио. Тој ветува дека полициски службеници ќе бидат испратени на местото на настанот „веднаш“. Претходно, администрацијата во Њујорк воведе казни за непочитување на мерката за физичка оддалеченост од 250 до 500 долари. Воведена е и обврска за носење заштитни маски или материјал за покривање на лицето за време на престој на отворено за да се спречи ширењето на Ковид-19. Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, синоќа објави дека во последните 24 часа 540 лица починале од новиот коронавирус, што е најниска дневна стапка за повеќе од две недели. Вкупниот број хоспитализирани се намали на 16.967 во однос на 17.316 ден порано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-njujork-baraat-gragjanite-da-prijavuvaat-nepochituvanje-na-merkite-za-fizichka-distanca/feed/ 0