властимир алексовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Dec 2021 08:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png властимир алексовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четворица кандидати за лидер на СДСМ, пријавите на верификација во Централната изборна комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-kandidati-za-lider-na-sdsm-prijavite-na-verifikacija-vo-centralnata-izborna-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-kandidati-za-lider-na-sdsm-prijavite-na-verifikacija-vo-centralnata-izborna-komisija/#respond Sat, 04 Dec 2021 08:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=603863

Централната изборна комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги верификува кандидатурите кои ги исполнуваат критериумите за избор на претседател на партијата, откако вчера во 16 часот заврши рокот за пријавување. Доставени се четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони. Последен вчера се кандидираше Деспотовски, кој до Централната изборна комисија ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето. – Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континиутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, се вели во програмата на Деспотовски. Кандидатура до изборната комисија завчера поднесе Алексовски, а претходно во средбата кандидатурите ги доставија и Ременски и Ковачевски. Ковачевски ја достави кандидатурата со програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук-профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува. – Да ја направиме СДСМ ефикасна, организирана и посветена на решавање на проблемите. Заедно, одговорно и посветено. Граѓаните бараат работа, решенија и многу одговорност. Треба да извлечеме поуки и да направиме сериозни промени за да ја вратиме довербата, да го обединиме членството и брзо да се вратиме на победничка патека. За ова да го постигнеме мора да поставиме стручни и посветени луѓе на сите позиции кои ќе донесат вистинска промена и ќе работат одговорно. Верувам дека само вака ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, но и дека ние како држава можеме и умееме сами. Мој приоритет ќе биде домашната политика, ефикасно работење и реализација како и подобрување на економскиот стандард на граѓаните, наведе Ковачевски. Ременски ја достави својата кандидатура симболично за време на 16-дневниот активизам против насилство на жените, при што ги охрабри жените да не се откажуваат од соништата. – Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на функција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандидатура, изјави Ременски. Образложувајќи ја кандидатурата таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки. Изборот за нов претседател на партијата се одржува по оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на вториот круг од локалните избори, преземајќи одговорност за како што изјави тој лошите резултати од изборите. Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-kandidati-za-lider-na-sdsm-prijavite-na-verifikacija-vo-centralnata-izborna-komisija/feed/ 0
Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска во 16 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-tri-kandidaturi-za-pretsedatel-na-sdsm-rokot-istekuva-deneska-vo-16-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-tri-kandidaturi-za-pretsedatel-na-sdsm-rokot-istekuva-deneska-vo-16-chasot/#respond Fri, 03 Dec 2021 06:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=603343

Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски засега се тројцата официјални кандидати за претседател на СДСМ. Рокот за поднесување кандидатури истекува попладнево во 16 часот. Дотогаш се очекува Јован Деспотовски да соопшти дали ќе биде четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ. -Сериозно размислувам за тоа. Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема. Одлуката ќе ја соопштам утре, бидејќи сакам денеска да го искористам денот да се исконсултирам дополнително со моите најблиски и со моето семејство зашто и нив ги вовлекувам исто така во целата приказна, рече вчера Деспотовски. Според него, добро е што има повеќе кандидатури зашто тоа, според него, го покажува демократскиот капацитет на партијата, но покажува и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците. – Мене само ме радува што има поголем број кандидати за лидерското место во партијата, но не мислам дека дискусијата треба да се води за тоа кој, туку за тоа каков човек треба да биде и како да им се излезе во пресрет на луѓето, а не на партијата, потенцира Деспотовски. Ковачевски и Ременски кандидатурите за претседател на СДСМ ги поднесоа во средата, а Алексовски вчера. Ковачевски ја достави и програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува“. -Да ја направиме СДСДМ ефикасна, организирана и посветена на решавање на проблемите. Заедно, одговорно и посветено. -Граѓаните бараат работа, решенија и многу одговорност. Tреба да извлечеме поуки и да направиме сериозни промени за да ја вратиме довербата, да го обединиме членството и брзо да се вратиме на победничка патека. За ова да го постигнеме мора да поставиме стручни и посветени луѓе на сите позиции кои ќе донесат вистинска промена и ќе работат одговорно. Верувам дека само вака ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, но и дека ние како држава можеме и умееме сами. Мој приоритет ќе биде домашната политика, ефикасно работење и реализација како и подобрување на економскиот стандард на граѓаните, наведе Ковачевски. Ременски, пак, очекува натпревар на умови и идеи. -Драго ми е што оваа прва кандидатура внесе силна и решителна женска енергија во деновите на женскиот активизам кога сите ние се бориме против секаков вид на насилство, говор на омраза и дискриминација на жените воопшто, па и во политиката. Ќе покажам дека СДСМ може да победува со женска енергија и дека политиката не е само машка работа. Таа е повеќе од уметност на менаџирање со ставови и храбри идеи во кои жените се вистински мајстори и пионери. Очекувам натпревар на умови и идеи со цел која мора да ги надмине нашите партиски граници и ќе значи тежнеење кон доброто на државата и на граѓаните – единство и слобода помеѓу сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка, верска и било каква друга припадност, напиша Ременски на својот фејсбук профил, образложувајќи ја кандидатурата. Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово, а како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно Правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала. Согласно Статутот, СДСМ го избира претседателот на партијата на непосредни, вонредни внатрепартиски избори. Со Одлука на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година (недела). Постапката за кандидирање почна на 27 ноември 2021 и ќе трае седум дена. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-tri-kandidaturi-za-pretsedatel-na-sdsm-rokot-istekuva-deneska-vo-16-chasot/feed/ 0
Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlastimir-aleksovski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlastimir-aleksovski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-sdsm/#respond Thu, 02 Dec 2021 17:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=603182

Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски, информираат од партијата СДСМ преку писмено соопштение. Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури“, додаваат во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlastimir-aleksovski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-sdsm/feed/ 0