Влатко Кузманоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Nov 2020 11:20:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Влатко Кузманоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кузмановски: За образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovski-za-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovski-za-obrazovanieto/#respond Mon, 23 Nov 2020 11:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=433151

Колумна на Влатко Кузманоски, наставник во одделенска настава: Период - прво тримесечје. Тема - образование. Националната платформа (падна при првиот обид) веќе и не се споменува, а потрошени се милиони за неа. Сите или голем дел работат на Microsoft Teams кој го имаше и пред КОВИД-19, значи и без милионите можеше да има онлајн настава!? Поради таа платформа наставата не започна од септември, нели? Еден од адутите за „мир во куќата" беше оценување со физичко присуство. Оценување со физичко присуство забрането. Зголемен бил бројот на болни, во ред, дошол втор бран, и тоа во ред. Се прашувам, што ли правеле одговорните знаејќи дека следува втор бран со којшто нè плашат секој ден ко Баба Рога, а тие се без никаков конкретен план? Изненадени се од вирусот кој го очекувале или само се роднини со овие од патишта што се изненадени од снег во јануари? Одговарањето онлајн, пред камера, е можно само ако имаат камери или ако не им се расипани или ако не се расипат во моментот на одговарањето или ако не падне интернетот или ако имаат пари за камера (родителите), ако не се на нива, во продавница, на кафе, на гости или... Им даде некој камери или 70% имаат? (70 > 0, нели?) Сè сведовте на бројки, на извештаи, на бирократија. Сè сведовте на умилкување и на чекање „лајк" од европските фондови. Заборавивте дека хартијата не дише, не зборува, не плачи, не се радува. Заборавате дека „хартијата" треба да нè лечи во иднина, да ни дава образование, да го води судството, да го движи општеството. Крпите образование ли? Па чорапи да крпевте ќе имавте повеќе чувство, план, естетика, одговорност. Аха, одговорност, што е тоа? На душа ќе ги носите овие генерации. До душа вашите деца (ќе) студираат на странски факултети така што... сè е во ред!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovski-za-obrazovanieto/feed/ 0
Колумна на Влатко Кузманоски: Неколку зборови за образованието и нуждата од е-дневник во вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vlatko-kuzmanoski-nekolku-zborovi-za-obrazovanieto-i-nuzdata-od-e-dnevnik-vo-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vlatko-kuzmanoski-nekolku-zborovi-za-obrazovanieto-i-nuzdata-od-e-dnevnik-vo-vonredna-sostojba/#respond Fri, 10 Apr 2020 10:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=330125

  Дали е потребно, по којзнае кој пат, да ја објаснуваме улогата и потребата на наставникот во општеството? Дали и во оваа новонастаната, за сите тешка, ситуација треба да водиме сметка за тривијалните, маргиналните работи или треба, конечно, да се занимаваме со суштината, со есенцијата? Па до кога? До кога ние просветните работници, ќе се занимаваме со администрација, е-дневници и слични „доказни и законски” несуштински во овој момент акти? До кога треба да докажуваме дали работиме или не? Уште ли треба да го чекаме тој „перфектен, незаменлив, сјаен” e-дневник нормално да проработи, да не мора да седиме до 2-3 по полноќ кога има „помалку гужва”? Згора на тоа, што треба да внесеме, часови и наставни содржини кои заради COVID-19 не се реализирани? Ние ќе се лажeме, родителите ќе ги лажеме, учениците…кој? Или мора да се изврши притисок со вашите дописи за да бидете/бидеме чисти пред Законот? Дали тој закон, акт или што и да е, навистина се грижи за образованието на учениците? Дали навистина се води сметка за ученици, но и образовниот кадар кој нема пристап до интернет и компјутери? Зарем не е време, во оваа (без сето ова погоре наведено) тешка ситуација да им дадете простор на наставниците да се грижат за оние со кои беа секојдневно до пред еден месец? До сега кој се грижеше за учениците? Е-дневникот, наставното ливче, дневната подготовка, доказот, поените од интегралната инспекција...? - Не! За учениците се грижеа професорите, наставниците. Оставете ги да си ја работат својата работа, оставете им ја слободата, креативноста, оставете да го извадат најдоброто од и за своите ученици. Учениците и наставниците и родителите се во иста екипа, оставете ги заедно да се борат против заедничкиот непријател, има време за е-дневник. P.S. А, ако веќе инсистирате на тоа, овозможете беспрекорни услови, за да ги внесeме „реализираните“ часови.     Влатко Кузманоски, одделенски наставник]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vlatko-kuzmanoski-nekolku-zborovi-za-obrazovanieto-i-nuzdata-od-e-dnevnik-vo-vonredna-sostojba/feed/ 0