влатко неделковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Apr 2020 11:14:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влатко неделковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неделковски: Димески и другите од власта да знаат дека согласно Член 73-б од Законот за спорт секој кој ќе сруши или пренамени спортски објект ќе се казни со затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-dimeski-i-drugite-od-vlasta-da-znaat-deka-soglasno-chlen-73-b-od-zakonot-za-sport-sekoj-koj-kje-srushi-ili-prenameni-sportski-objekt-kje-se-kazni-so-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-dimeski-i-drugite-od-vlasta-da-znaat-deka-soglasno-chlen-73-b-od-zakonot-za-sport-sekoj-koj-kje-srushi-ili-prenameni-sportski-objekt-kje-se-kazni-so-zatvor/#respond Thu, 16 Apr 2020 11:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=333102

Помина цела недела откако Државна комисија за спречување на корупцијата објави дека започнува постапка за испитување на судирот на интереси со советникот за спорт на премиерот, во врска со договорот за закуп на СРЦ Кале кој Даниел Димевски го склучил со Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт на Република Македонија на 30 години, реагира Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Во овие седум дена не видивме никакава реакција ниту од владата, ниту од Даниел Димевски, во врска со наводите кои ДКСК ги пласираше во јавноста. Да биде иронијата уште поголема, Димевски јавно во медиумите призна, дека склучил договор со ЈПСОС и дека во тоа не гледа никаков проблем и прекршување на законските одредби и етичкиот кодекс кој владата сама го прифатила. Јасно е дека Даниел Димевски не чувствува одговорност за судирот на интереси кој е очигледен и нема намера да понесе лична одговорност. Токму затоа денеска ја повикуваме владата веднаш да ги разреши ВД директорот на ЈПСОС Шпенди Хајредин поради несовесно управување со имотот на државата и да покрене кривична постапка за злоупотреба на службена положба и Даниел Димевски советник за спорт на премиертот, да почне постапка за поништување на договорот и да не го чека крајот на постапката од ДКСК, а со тоа да покаже на дело, дека се бори со корупцијата во своите редови и дека таа борба не е само декларативна, истакна тој. -Доколку тоа не се случи јавноста со право ќе се сомнева дека Даниел Димевски и в.д. директорот на ЈП „Шпенди Хајредин“ не се сами во овој “дил” и дека зад нив стојат други „заинтересирани страни” за оваа атрактивна спортска содржина, а во нивните очи голема градежна парцела. За крај уште еднаш ги потсетувам сите вклучени во овој криминален договор на Член 73-б од законот за спорт, кој недвосмислено го кажува следното: „Тој што спротивно на закон ќе сруши, пренамени за друга дејност освен за дејноста спорт или отуѓи на трети лица објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, општините или Градот Скопје ќе се казни со затвор од една до три години“, порача Влатко Неделковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-dimeski-i-drugite-od-vlasta-da-znaat-deka-soglasno-chlen-73-b-od-zakonot-za-sport-sekoj-koj-kje-srushi-ili-prenameni-sportski-objekt-kje-se-kazni-so-zatvor/feed/ 0
Неделковски: Желбата да се прикаже објектот на СРЦ Кале како руиниран е јасен показател дека сакаат да го пренаменат земјиштето за градба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-zelbata-da-se-prikaze-objektot-na-src-kale-kako-ruiniran-e-jasen-pokazatel-deka-sakaat-da-go-prenamenat-zemjishteto-za-gradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-zelbata-da-se-prikaze-objektot-na-src-kale-kako-ruiniran-e-jasen-pokazatel-deka-sakaat-da-go-prenamenat-zemjishteto-za-gradba/#respond Wed, 15 Apr 2020 11:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=332609

Ова зад нас се базените под  Кале, капитален спортски објект од големо значење за граѓаните на Скопје. Овие базени, задно со фитнес центарот, придружните објекти и паркингот се дел од договорот за закуп кој Даниел Димевски го склучил со Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт на 30 години, реагира Влатко Неделковски  од ВМРО-ДПМНЕ. -Желбата да се прикаже дека објектите се руинирани и неупотребливи само ја потврдува намерата на Димевски за пренамена на објектите за спорт во нешто друго. Впрочем целиот договор речиси во сите негови членови, зборува за противзаконски дејствија од типот на пренамена, промена на ДУП, трајна градба, ексклузивитет при изборот на коинвеститор, начин на поделба на изградена површина, предност при откуп на државно земјиште, плаќање со компензација, преземање на договорот од трета страна и можност од давање во подзакуп. Од месечината се гледа намерата на Димевски оваа атрактивна локација да ја претвори во градежна парцела со цел остварување на огромни профити на грбот на граѓаните и државата преку еден куп прекршувања на многу закони кои ја регулираат оваа проблематика, истакна тој. Тој потенцира неколку флагрантни прекршувања на законски одредби. -Прекршен е Законот за користење и располагање со стварите во државна и општинска сопственост член 37 став (1) и (2), затоа што јавната објава не е објавена преку бирото за јавни набавки, не е извршена електронско наддавање за истиот и дава право за подзакуп ... Прекршен е законот за спорт по член 61, 63 и 64. Прекршен е законот за извршување затоа што на Димевски во членот 6 од договорот му се овозможува  да плаќа со компензација со што ги оштетува доверителите кои имаат приоритет при извршувањето. Овозможено му е договорот да го преземе трета страна која не била дел од постапката за закуп и нема никакви должничко доверителски односи со Јавното претпријатие. Доказ дека спортската дејност со објектите не го интересира Даниел Димевски, е тоа дека фирмата ТУРД ОЛИМПИК кој има шифра на дејност 93.13 Објекти за фитнес, незаконски го предава правото за закуп на Агенцијата за промет со недвижен имот, градежништво, консалтинг, трговија и услуги МАКЕДОНСКА КУЌА со шифра на дејност 43.99 -Останати градежни работи, неспоменати на друго место. Инаку и двете фирми се во сопственост на Даниел Димевски односно неговата сопруга, посочи тој. Неделковски вели дека заради сето ова мора: -Државното правобранителство да покрене постапка за поништување на незаконскиот договор. - Владата да го разреши ВД директорот на ЈПСОС Шпенди Хајредин поради несовесно управување со имотот на државата и да покрене кривична постапка за злоупотреба на службена положба. - Даниел Димевски да поднесе оставка од функцијата советник на премиерот за спорт, доколку тоа не го направи, владата да го раскине договорот со него и да покрене соодветна постапка поради судир на интереси како вршител на јавна функција. -За крај ги потсетувам сите вклучени во овој криминален договор на Член 73-б од законот за спорт, кој недвосмислено го кажува следното: Тој што спротивно на закон ќе сруши, пренамени за друга дејност освен за дејноста спорт или отуѓи на трети лица објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, во сопственост на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје,  ќе се казни со затвор од една до три години, посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-zelbata-da-se-prikaze-objektot-na-src-kale-kako-ruiniran-e-jasen-pokazatel-deka-sakaat-da-go-prenamenat-zemjishteto-za-gradba/feed/ 0
Неделковски: Договорот на Даниел Димевски за закуп на СРЦ Кале и ексклузивните права во него за советникот на Заев (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-dogovorot-na-daniel-dimevski-za-zakup-na-src-kale-i-ekskluzivnite-prava-vo-nego-za-sovetnikot-na-zaev-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-dogovorot-na-daniel-dimevski-za-zakup-na-src-kale-i-ekskluzivnite-prava-vo-nego-za-sovetnikot-na-zaev-foto/#respond Mon, 13 Apr 2020 11:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=331404

Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со договорот на Даниел Димовски за закуп на СРЦ Кале. -ДОГОВОРОТ НА ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ ЗА ЗАКУП НА СРЦ КАЛЕ И ЕКСКЛУЗИВНИТЕ ПРАВА ВО НЕГО ЗА СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ - плаќање со компензација на штета на доверителите на ЈПСОС (член 6) - можност за пренамена на дејноста од спорт во нешто "друго" ( член 3) - можност за трајна градба по измената на ДУП-от и поделба 80% за него 20% за државата по истекот на договорот 2049 година ( член 7 ) - предност за купување при евентуална продажба на државното земјиште (член 7 ) 1. Ја повикувам антикорупциската комисија веднаш да го расветли овој случај, 2. Јавниот правобранител веднаш да започне постапка за раскинување на незаконскиот (склучен без електронско наддавање) договор штетен за РМ врз основа на прекршени одредби од законот за облигациони односи, законот за процена,законот за извршување, законот за спорт член 61,63 и 64 и законот за користење и употреба на добрата во државна сопственост и добрата во општинска сопственост член 37 став 1 и 2. 3. Владата веднаш да го разреши Шпенди Хајредин директорот на ЈПСОС, заради незаконско работење и злоупотреба на службената должност, а МВР да започне кривична постапка. 4. Владата веднаш да го раскине договорот со Даниел Димевски, како надворешен соработник за спорт на премиерот, а МВР да започне кривична постапка. СПОРТСКАТА МАФИЈА НАДВОР ОД СПОРТОТ, стои во неговиот пост на Фејсбук. https://www.facebook.com/vlatko.nedelkovski.1/posts/3633338240069959  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-dogovorot-na-daniel-dimevski-za-zakup-na-src-kale-i-ekskluzivnite-prava-vo-nego-za-sovetnikot-na-zaev-foto/feed/ 0
Неделковски: Влегов преку „Табановце“, никој од нашата здравствена контрола не ме прегледа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-vlegov-preku-tabanovce-nikoj-od-nashata-zdravstvena-kontrola-ne-me-pregleda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-vlegov-preku-tabanovce-nikoj-od-nashata-zdravstvena-kontrola-ne-me-pregleda/#respond Mon, 16 Mar 2020 08:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=317075

Претседателот на партиската комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Неделковски вчера вечерта објави дека влегол во Македонија од Србија преку граничниот премин „Табановце“ и никој од медицинските тимови или пак надлежни од Министерството за здравство не го прегледал од македонската страна на границата. -Во 21 часот влегов во државава на Табановце. Србите едвај ме пуштија поради вонредната состојба. Од нашите служби за здравствена контрола на граница ни трага ни глас. Никој не ме праша ни од каде доаѓам, ниту дали имам здравствени проблеми. Со еден збор, никаква контрола на до денес единствениот отворен премин кон Србија, искоментира Неделковски. Инаку, Србија вчера прогласи вонредна состојба и од полноќ сите гранични премини се затворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-vlegov-preku-tabanovce-nikoj-od-nashata-zdravstvena-kontrola-ne-me-pregleda/feed/ 0
Неделковски: Фијаско со спортските ваучери, наместо грижа за спортот- партиски подмирувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-fijasko-so-sportskite-vaucheri-namesto-griza-za-sportot-partiski-podmiruvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-fijasko-so-sportskite-vaucheri-namesto-griza-za-sportot-partiski-podmiruvanja/#respond Thu, 13 Feb 2020 13:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=303464

Власта непосредно пред избори неправедно ги корумпира спортските клубови преку мерката спортски ваучер. Даниел Димевски советникот за спорт на Зоран Заев предизборно дели ваучери во висина од 10 милиони евра, со една и единствена цел – предизборен поткуп. Со минатогодишниот ваучер реализацијата е 60 проценти, односно 6 милиони евра. 4 милиони евра на спортските клубови и федерации пропаднаа заради нефункционалноста на мерката спортски ваучер, истакна Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Резултатите од мерката се покажаа катастрофални, па во декември побрзаа предизборно на своите блиски клубови и федерации да им ги реализираат ваучерите преку големите државни компании како ЕЛЕМ, РЕК Битола и други за речиси 2 мил евра или 33% од вкупната сума. Спортската јавност постојано укажува на злоупотреби на ваучерите од власта, за нелогични распределби, без критериуми, па и вон закон. На крај во изборни цели формираа политичка ком исија на чело со Даниел Димовски, како главниот носител и промотор, пред се заради негови лични интереси, рече Неделковски и додаде: „Натпреварувачката сезона се уште не е завршена. Врз која основа и на кои резултати на клубовите и федерациите се прави рангирање за тоа кој ќе земе повеќе а кој помалку? Во олимписка година кога единствен начин да се појавиме на Олимпијадата во Токио е преку индивидуалните спортисти, срамно е токму тие да добијат симболични суми за финансирање на своите програми. На единствениот спортист со остварена А норма доделени му се само 11 илјади евра, од вкупните 10 милиони евра. Женскиот спорт финансиски е фрлен на маргините со само 5% од вкупната сума. За тоа ли се залагаат жените во СДСМ?“. Некои федерации, подвлекува Неделковски, целосно се изоставени од ваучерскиот систем, на пример фудбалската и пливачката федерација. -Премногу е воочливо дека одредени клубови миленичиња на власта, водени од партиски функционери, добиваат многу повисоки суми од оние со подобри резултати. Даниел Димовски во македонскиот спорт преку поделбата на ваучерите е претворен во Капо ди Тути Капи. Тој е советник на премиерот за спорт, претседател на комисијата за распределба на ваучерите, неофицијален директор на АМС со заспаниот Каевски, член во Управниот одбор на МОК. На крај, најголемиот скандал е доделувањето на ваучер на МОК во висина од 9 мил денари. А, Даниел Димевски е член на УО на МОК и Сашо Поповски Генерален секретар на МОК и двајцата членови на политичката комисија на СДСМ за поделба на ваучерот. Замислете сами на себе, независно и експертски си доделуваат 150.000 евра, истакнува тој и додава: „Единствена грижа на Даниел Димевски и СДСМ е да се задоволат партиските другари поставени во федерациите и нивните клубови. Спортот мора да се врати на спортистите. Наша цел се нашите деца и нивниот напредок, а не ситните и лични интересни на дел од естаблишментот во спортот. Со победата на изборите во април и со победата и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе заврши времето на мешетарите во спортот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-fijasko-so-sportskite-vaucheri-namesto-griza-za-sportot-partiski-podmiruvanja/feed/ 0
Неделковски: Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-nema-den-bez-nov-skandal-vo-agencijata-za-mladi-i-sport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-nema-den-bez-nov-skandal-vo-agencijata-za-mladi-i-sport/#respond Tue, 28 Jan 2020 13:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=295798

Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски и нововработените негови другарчињата не познаваат ниту еден законски пропис, особено при реализацијата на капитални инвестици, па три години не видовме ама баш ништо. Со тоа, претседателот на СДММ седнува на пиедесталот на неспособни кадри на СДСМ кои својата функција ќе ја напуштат без ниту еден реализиран проект, вели Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Кога го презеде кормилото на Агенцијата за млади и спорт во Јуни /2017, Каевски затекнал доспеани времени ситуции за претходно започнати проекти. И покрај тоа што во Буџетот за 2017 година биле предвидени средства за нивно плаќање, Директорот и неговите наредбодаватели одлучуваат да не ги платат во тековната година, туку истото го прават во текот на 2018-та година. Дали ова укажува дека само купувале време за да се пазарат и да ги рекетираат оние на кои Агенцијата им должи за веќе изградени објекти? Приказната за базенот во Охрид  стана историска. Па како и не би станала кога на власт го имаме СДСМ и најнеспособниот директор во историјата на Агенцијата-Каевски. Се изнагледавме тепачки на градилиштетото кај Билјанини извори, но не видовме ниту еден потег на Каевски со кој ќе ја подобри динамиката на изградба и ќе го стави во употреба базенот до крај на 2019-та, како што  впрочем и одговорил на пратеничко прашање во Собранието. Каевски сега мора да одговори дали потпишал Анекс за продолжување на рокот за изградба на базенот, наместо раскинување на договорот за изведба и наплата на пенали? Дали рокот за изградба е третпат продолжен и колку тоа ја чини државата? Крај на незаконието во агенцијата е последниот тендер за изградба на затворени пливачки базени. Каевски првично вети изградба на 29 базени кои ќе чинеле по 50.000 евра еден. Каевски, кој што семејно е во градежниот сектор би требало да знае колку чини еден таков проект, истакна Неделковски. Тој посочува до сега три пати е објавен оглас за градба на базени. -Тендерите во  март за 14 базени и октомври за 6 базени пропаднаа, а на последниот од 01.11.2019 година, најниската понуда била за неколку десетици проценти повисока од проценетата вредност наведена во тендерската документација. Понудата се коси со одредбите од законот за јавни набавки и законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Останува отворено прашање  како Каевски и СДСМ ќе реагираат на мислењето кое треба да го издаде управната контрола од Бирото за јавни набавки, која постапува по службена должност за секоја постапка за набавка на над 2.000.000 евра, согласно член 172 став (3) од ЗЈН? Јасно е дека или тендерот ќе биде поништен по трет пат и Каевски уште еднаш ќе ја покаже својата неспособност, или ќе добиеме екстремно скапи базени кои ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Дека сето ова е вистина потврдува и фактот, дека нивото на реализација на капиталните инвестиции во спортот за 2019 со се кратењето во ребалансот е околу 53%. Во минатите 3 години кумулативно пропаднаа околу 4 милиони евра, средства кои неспособната гарнитура во агенцијата требаше да ги вложи во спортската инфраструктура, како што се и базенот и во Струга, Домот на спортови, предвидените сали за боречки вештини. За сето горенаведено, бараме да се поведе истрага и органите на прогонот да отворат постапки за овој и сите претходно обајвени скандали поврзани со злопотреба на службената положба на Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. СДСМ и Заев се виновни за поразите измамите и криминалот за што на 12-ти април следи одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе, вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-nema-den-bez-nov-skandal-vo-agencijata-za-mladi-i-sport/feed/ 0
Неделковски: Функционери на СДСМ преку притисоци го преземаат раководството на МОК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-funkcioneri-na-sdsm-preku-pritisoci-go-prezemaat-rakovodstvoto-na-mok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-funkcioneri-na-sdsm-preku-pritisoci-go-prezemaat-rakovodstvoto-na-mok/#respond Tue, 24 Dec 2019 16:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=281758

Во Македонскиот Олимписки Комитет власта врши сериозни притисоци за поставување на функционери на СДСМ на раководните функции во комитетот како би ги користеле средствата за остварување на лични интереси, вели Влатко Неделковски претседател на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алфа телевизија. Неделковски посочи дека имало изјава од еден од потпретседателите на МОК дека е договорено Васил Тупурковски да остане на местото претседател до крајот на олимписките игри во Токио едноставно дава до знаење дека веќе се договорени кој да биде новиот претседател, и ако не е тоа политички договор како би можеле да знаат кога веќе 29 спортски федерации не ги ни дале своите делегати на тоа некое идно собрание во текот на 2020 година. -Неофицијално се дознава дека тешки преговори се воделе до 4 часот по полноќ за тоа како да се распределат местата во МОК, таму е неспорно дека голем дел луѓе, со чест на исклучоците се поранешни видни или идни функционери на СДСМ или коалициони партнери, потенцираше Неделковски. Тој истакна дека повелбата на ИОК е јасна и вели дека владини функционери не смеат да бидат дел од националните олимписки комитети освен ако националниот комитет самиот не го побара тоа, но веќе два месеци се најавува дека со голем политички притисок во МОК и однапред политички договори и му остана уште на Даниел Димевски официјално да го заземе местото претседател на МОК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkovski-funkcioneri-na-sdsm-preku-pritisoci-go-prezemaat-rakovodstvoto-na-mok/feed/ 0
Поради неодговорно работење на Каевски, првиот дел од 6 милиони евра доделен од АМС на федерациите и спортските клубови е невалиден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neodgovorno-rabotenje-na-kaevski-prviot-del-od-6-milioni-evra-dodelen-od-ams-na-federaciite-i-sportskite-klubovi-e-nevaliden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neodgovorno-rabotenje-na-kaevski-prviot-del-od-6-milioni-evra-dodelen-od-ams-na-federaciite-i-sportskite-klubovi-e-nevaliden/#respond Thu, 12 Dec 2019 13:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=276605

Помина 30 месеци од владеењето на Дарко Каевски во АМС, посочува Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Сакаме да ја информираме јавноста за начинот на работа на АМС и нејзиниот директор иако во јавноста има дилема кој е навистина директор на АМС. Дали е тоа навистина Дарко Каевски или можеби е вечниот Томислав Андоновски или пак сепак директор е Даниел Димевски советник за спорт на премиерот Зоран Заев, или пак тројцата истовремено. Како и да е, сепак останува фактот дека АМС функционира како расштиман оркестар, институција распната помеѓу личните визии, интереси и внатрешните судири на посочената тројка како и политичките пазарења на партиите на власт и поделбата на федерациите на подобни и неподобни. Јавноста мора да знае дека поради неодговорното работење на директорот на АМС, првиот дел на ваучерот од 6 милиони евра доделен од нивна страна на федерациите и спортските клубови е невалиден и може да предизвика сериозни правни последици. Имено, измените на законот за спорт излегуваат во службен весник на 20-ти мај оваа година. Во нив стои дека Федерациите треба во рок од 30 дена да достават список на клубови и спортисти кои ги исполнуваат критериумите за добивање на ваучер. Исто така стои и дека АМС е должна да донесе правилник за критериумите за добивање на ваучер во рок од 15 дена од стапување на законот во сила.  АМС тоа го прави и го носи правилникот на 28 мај, а истиот стапува во сила на 13 јуни во Службен Весник што е исто така во ред и според законот. Она што не е во ред и е огромен проблем е тоа што АМС ги доделила ваучерите на Националните спортски федерации на 29 мај, а на клубовите на 5-ти јуни кога критериумите се уште не се објавени во Службен Весник и не се стапени на сила, вели тој. Неделковски оценува дека со тоа првата транша на ваучерите е ништовна и неважечка. -Кој ќе одговара за ова? Знае ли Дарко Каевски што направил и во каква ситуација ги донесе федерациите и клубовите? Што доколку во некоја судска постапка федерациите и клубовите треба да ги вратат добиените средства? За ваква неодговорност се поднесува оставка. За изигрување на законот се сноси и кривична одговорност. На почетокот на овој месец се доделија и дополнителните 4 милиони евра под огромен притисок на јавноста и спортските субјекти кои беа оставени речиси цела година без основ за финансирање поради неработењето на Агенцијата и на одговорните за спорт во Македонија овој пат од страна на комисија во чиј состав е и Даниел Димевски. И додека новоформираната комисија за спорт на СДСМ предводена од Наумче Мојсоски прави анализи за потребите на спортот во Македонија и се залага за: политиката подалеку од спортот, а Дарко Кaевски се шета по Америка, Даниел Димевски неофицијално ги обедини сите можни функции во спортот, останува уште да го заземе претседателското место во МОК. И по распределбата на дополнителниот ваучер одредени федерации не добија ниту денар. Во 2019 год ФФМ нема добиено ниту денар, исто како и пливачката федерација и уште неколку други помали федерации, Иџе и други заслужни спортисти, истакнува тој. Прашува: По кој критериум се изоставени овие федерации и спортисти? -Но тоа не го спречува директорот на АМС да  продолжи со самоволието, во делот на поделбата на средствата од буџетот. АМС веќе подолго време не може или не сака да стави ред во пливањето. Спорт кој е од особено значење за државата и огромен број на млади спортисти. Заради тоа ниту еден пливач нема добиено стипендија од проектот МЛАДИ СПОРТСКИ НАДЕЖИ.Од документите што ќе ги презентирам се гледа дека всушност и нема 2 федерации, туку има само една пливачка федерација онаа на Александар Филипчев. ЦРМ е јасен во своето тврдење за тоа.Ова е и причината зошто ниедна федерација нема добиено ниту денар   од АМС. Но според сајтот openfinance.gov.mk во периодот 4-ти декември минатата година до 4-ти декември оваа година, ГПС има добиено 6.148.000 денари или 100.000 евра. Ја прашуваме АМС по кој основ исплатила средства на Градски сојуз кога надлежноста за тоа според законот за спорт ја има локалната самоуправа согласно член 22-а од законот и зошто стимулира дополнително разединување на субјектите во спортот. Кој го довел во заблуда советот на АМС дека се исплаќаат средства на федерација при распределбата и чија ќе биде кривичната одговорност. Според истиот сајт АМС во 2018 му исплатила 4.000.000 на МОК за медитеранските игри во Тарагона, иако нема решение за вршење на дејност спорт, па според тоа и нема право на користење на истите. За тоа сведочи и преписката помеѓу АМС и МОК. Прашуваме дали МОК го испочитувал рокот од 90 дена да се прилагоди на законот и ако не, дали ги вратил средствата на АМС онака како што се обврзал. Ако средствата не се вратени, прашуваме, кој ќе ја сноси одговорноста во овој случај? Потсетуваме дека одговорноста за овие дејствија е кривична според член 353 од КЗК, порачува Неделковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neodgovorno-rabotenje-na-kaevski-prviot-del-od-6-milioni-evra-dodelen-od-ams-na-federaciite-i-sportskite-klubovi-e-nevaliden/feed/ 0