влатко огненовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Mar 2019 12:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влатко огненовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/#respond Wed, 13 Mar 2019 12:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=174269

Требаше да биде банкар… По теркот  на неговите родители… Да ја продолжи семејната традиција, ама… Наместо зад шалтерот или крај сефот, заврши крај шпоретот во кујната! А таму, како што е банкарот на Лила  најпознатиот и најпопуларен банкар, така и Шеф Влатко Огненовски стана најпознатиот готвач  во Македонија, а можби и пошироко… Волшебник во кујната, чии раце намирниците и зачините ги претвораат во вистинска гастрономска уметност, чиј изглед, мирис и вкус ги опиваат сетилата, мамејќи ги и очите и душата. Секој што ја пробал неговата магија од кујната пренесена на трпезата, знае дека вкусил дел од светската кулинарска традиција, преточена во еден сегмент од неговиот гастрономски мозаик на знаења, искуства и кулинарски вештини. Сепак, времето тече, годините минуваат, а Шеф Огненовски опиен од кулинарските мириси во неговиот свет, несебично животот ќе и го посвети на својата љубов и пасија претворени во професија… Но, љубовта кон она што професионално те преокупира и исполнува не е доволна, ако е празна душата… Пропатувал низ многу земји по светот, среќавал многу различни традиции, националности, религии, различни луѓе, различни кујни, убавини и убавици… Арно ама, ниту една до сега, до неговата 45 година не успеала да му влезе под кожа, да направи да му зоврие крвта во вените, а срцето да му заигра до таа мерка, за да може да каже дека ете, таа е ТАА – вистинската! Изборот на неговиот живот, неговиот омилен љубовен специјалитет! Се до неодамна… До пред еден месец кога на едно од многуте патувања при престојот во Киев, Украина не ја запознал неа… Зачинот на неговит живот, зашто, како што и самиот вели, љубовта тоа и е… Особено кога истата ќе се роди на прв поглед! Русокосата украинска убавица Олга Кошченко, која ќе му ги побрка „љубовните лончиња“, потикне сетилата, активира хемијата… Тогаш се’ друго станува неважно… Освен таа, љубовта на неговиот живот, неговата „дјевушка блондинка“ без која секоја ноќ е проклето долга како Волга… неговата Олга! Зашто како што самиот еднаш ќе изјави: „Без љубов си никој и ништо“! Во кујната, ама и во животот! Убавата Украинка за миг ќе го маѓепса, па Шеф Влатко по дружбата со неа и доаѓањето дома, има само една мисла во главата: Како да ја види повторно? И одлуката е донесена… Рецептот за животна среќа е пронајден! Олга мора да биде негова, да стане македонска снаа! Свршенички прстен и повратен билет за првиот лет во правец Скопје – Киев – Скопје… Зашто кога душата е гладна, а срцето празно, кујната не е доволна, а уште помалку комплетна. Доволен е само еден бакнеж, неговото парашање ДАЛИ… и нејзиното… ДА! И шармантната Украинка од април е новата македонска „шефица“… Или поточно, најдрагоцениот и најскап зачин во кујната на неговиот живот. Најубавиот и најслаткиот специјалитет во животното мени на Шеф Влатко Огненовски! Дјакују! Нека им е среќно и вечно!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/feed/ 0
„Pastel – Wine and Dine“ и шеф Огненовски со нов концепт https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pastel-wine-and-dine-i-shef-ognenovski-so-nov-koncept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pastel-wine-and-dine-i-shef-ognenovski-so-nov-koncept/#respond Wed, 10 Oct 2018 17:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=113495

„Pastel - Wine and Dine“ е нов современ и модерен ресторан во центарот на Скопје, веднаш спроти театар Комедија, на булеварот Св. Климент Охридски, кој ви нуди и промовира современ пристап во подготовката на храна. За целокупното доживување во ресторанот се грижи шеф Огненовски, кој што своето искуство и образование го има стекнато со 8 годишна работа заедно со шеф Лоренцини Дучо (Duccio Lorenzini) и Лука Черетани (Luca Cerretani) од Тоскана. Влатко заедно со Елена Сотирова, дипломиран готвач со посебен фокус на т.н. крио кујна, каде што јадењата се подготвуваат на температура од -200⁰C и Игор Стојановски, готвач за пецива и слатки, со голема дисциплина и совршени техники се грижат секој оброк да биде подготвен со многу љубов. Во овој ресторан преовладува фузија на искуство од традиционални и стари рецепти од Франција и Италија споени со нови и модерни техники на готвење. Според квалитетот на храната и специфичните вкусови, во „Pastel - Wine and Dine“ во моментов може да доживеете кулинарско искуство како во еден модерен бутик ресторан во најсовремените светски гастрономски метрополи. Понудата на „Pastel - Wine and Dine“ започнува со вкусни домашни печива и неколку видови на леб за појадок и продолжува со добро одбрано мени за ручек и вечера и секако голем избор на десерти кои се базирани на француската кујна во нејзина изворна форма, како што е користењето на белгиско чоколадо, австриски путер и вистински ванила стапчиња. Во „Pastel - Wine and Dine“ ќе најдете и неколку вида на превкусните и уникатни салати во кои преовладуваат традиционални вкусови осовремени со новите трендови. Главната карактеристика е врвната понуда на главни јадења базирани на традиционалната италијанска и француската кујна со примеси на американскиот бистро стил на готвење. Гастрономијата на овој ресторан е надополнета и со одличен избор на вина, при што е водено посебна внимание истите да се надополнуваат и комбинираат со јадењата кои што се дел од менито. Главниот пристап во готвењето на шеф Огненовски е базиран на т.н. примитивна кујна каде е дозволено користење само на основни продукти кои можат да се најдат во природата. Поради тоа јадењата подготвени на овој начин се исклучително здрави, со богати вкусови, но и тешки за подготвување. Од сега, кој сака да ужива во вкусна храна, убава атмосфера и вкусни десерти нека го посети ресторанот „Pastel - Wine and Dine“. Следете ги на: Facebook: facebook.com/pastelmk Instagram: instagram.com/pastel.mk Web: pastel.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pastel-wine-and-dine-i-shef-ognenovski-so-nov-koncept/feed/ 0