Влатко Шешов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Feb 2023 10:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Влатко Шешов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шешов: Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/#respond Sun, 19 Feb 2023 10:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=802246

Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов во интервју за МИА. - Ако ние кажуваме дека постои веројатност дека во наредните 100 години ќе се случи еден земјотрес, кој ќе надмине магнитуда, да кажеме од 6 степени, тоа значи дека нашите податоци покажуваат дека во тој временски период тие раседни структури произведуваат енергија која што во еден момент ќе се ослободи и ќе предизвика таков потрес. Тоа е веќе научно искажан факт, нагласува Шешов. Тој потенцира дека од тој аспект најбитно е да се има широка мрежа на инструменти коишто ги следат и оние микродвижења на земјината кора кои луѓето не ги чувствуваат, во поглед на сеизмичката енергија што се акумулира и да се знае дека во наредниот период во тоа подрачје можеме да очекуваме некој посилен потрес. - Треба да работиме на тоа како да обезбедиме да се почитуваат техничките прописи, да имаме современи сознанија како сеизмички изолации и слично. Земјотресите ќе си се случат, а ние треба да си ги припремиме нашите згради да бидат ОК и нашите домови да бидат добри за да бидеме сигурни, додава Шешов. Од тој аспект, Шешов додава дека во земјава во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а контролата на нивната примена што ја врши ИЗИИС и заедно со одговорноста која сè уште постои кај најголем број проектанти и градежници придонесува да имаме сигурни градби. Според него, доказ за безбедноста на објектите е самиот факт што при серијата земјотреси што се случија во Скопје во 2015 година никаде немаше значајни оштетувања, што претставуваше реална проверка за тоа какви се зградите во земјава. Шешов додава дека не постојат 100 отсто сигурни згради и во случај на земјотрес сите треба да знаеме дека ќе има оштетувања, но битно е да не дојде до колапс на градбите. Во однос на земјотресот што на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија и големите разурнувања и жртви, Шешов потенцира дека мора да се има предвид дека во овој случај станува збор за исклучително силен потрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, но дека веројатно има и некои недоследности при градбите што резултираа со толкав број на разурнувања, што би требало да се утврди со понатамошни анализи. - Ги немам сите аргументи и податоци. Меѓутоа мислам и во понатамошните анализи ќе се покаже дека има некои недоследности, јас би рекол системски. Проструија вести дека голем број од тие објекти биле без некоја посебна контрола на градење. Ако немате контрола, немате доволно информации да можете да ги оцените. Гледајќи само по голем број на слики коишто доаѓаат од подрачјата, постојат би рекол некои грешки можеби и во концептот на конструкциите - големи дебели плочи, мали вертикални елементи, столбови коишто се најповредливи за време на земјотрес, арматура онака народски кажано раздвоена, расцветана..., па дури и до квалитетот на материјалите, вели директоот на ИЗИИС, додавајќи дека сепак откако ќе се смири целата ситуација и ќе се направат анализи, ќе може да се види кои се главните фактори и причини за ваквите разурнувања.
Шешов потенцира дека според досегашните сознанија нема поврзаност меѓу земјотресот во Турција и Сирија со серијата потреси што во изминативе две недели се случија во балканскиот регион, како во Романија и Албанија, бидејќи анадолискотото подрачје нема директна корелација со централниот Балкан. - Бидејќи прво сме на голема оддалеченост, а второ тој расед е на контактот помеѓу одредени плочи коишто не не засегаат многу нас. Меѓутоа, дали овие последните имаат (поврзаност), сметам дека директна немаат, можеби да имаат некоја, ама пак досега немаме такви сознанија, додава Шешов. Во пресрет на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, како што најави Шешов во интервјуто, ИЗИИС планира да ја одбележи со серија активности, кои почнаа со одржување на работилница посветена на сеизмичката изолација, орагнизирана во соработка со Јапонската асоцијација за сеизмичка изолација (ЈССИ) и со поддршка на Амбасадата на Јапонија. - За време на работилницата беа присутни повеќе од 50 партиципанти, беше и јапонскиот амбасадор на отворањето и навистина бевме сведоци на размена на искуства, би рекол, и предавања и презентација не само за тоа што значи сеизмичката изолација, меѓутоа уште позначајно што-како сето тоа се имплементира. На оваа работилница интересно е што имавме и ние што да кажеме. Имавме две предавања од наши експерти од Институтот да ги споделиме искуствата со нив, меѓутоа многу е значајно овој начин на заштита на објектите е можеби највисок начин на заштита и еден од најуспешните, впрочем, начини како можете еден објект да го заштитите од евентуални оштетувања за време на силни земјотреси. Меѓутоа, ние имаме знаење. Институтот има акумулирано знаење во истражувачки цели, во тестови, во анализи, меѓутоа, мораме да бидеме искрени оваа сеизмичка изолација оди чекор во чекор со технолошкиот развој на земјата. Потребни се покрај истражувања, примена, технички прописи, индустрија, која сето тоа ќе го поддржи и секако одржување, вели Шешов. Директорот на ИСИИС потсетува дека еден од најзначајните објекти не само во Скопје, туку и во светот, граден според методот на сеизмичка изолација е скопското Основно училиште „Песталоци“. - Добро е што нас не има во каталогот на сеизмички изолирани згради во светски рамки, меѓутоа за тоа треба малку повеќе да се вклучи и технологија и индустрија и да има интерес кај градежните компании, додава Шешов. Во следниве месеци до јули, како што најави Шешов, ИЗИИС ќе спроведе голем број на активности насочени кон подигнување на јавната свест, одржување предавања, тренинзи и обуки што значи земјотресот, како да се однесуваат граќаните при потреси, како да се заштитат во своите домови и како да постапуваат после земјотрес. Дополнително, Институтот ќе направи брз скрининг на неколку објекти брз скрининг за процена на сеизмичката сигурност и ќе организира отворени денови каде што граѓаните ќе можат да ги посетат лабораториите на ИЗИИС. - ИЗИИС му должи на градот Скопје, бидејќи после скопскиот земјотрес се формира Институтот и ние навистина чувствуваме една посебна одговорност кон градот Скопје и кон тој земјотрес. Впрочем, и ова одбележување на 60-годишнината го сфативме доста сериозно и веќе се почнати и конкретни активности. Имаме и мото, имаме и соодветно лого – „ИЗЗИС за Скопје“, како ИЗИИС може да му се одолжи на градот Скопје, вели Шешов. Во продолжение следува интегралното видео интервју на директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов за МИА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/feed/ 0
Шешов: Објектите градени со дозвола се сеизмички сигурни – слаба алка се дивоградбите и доградбите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-objektite-gradeni-so-dozvola-se-seizmichki-sigurni-slaba-alka-se-divogradbite-i-dogradbite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-objektite-gradeni-so-dozvola-se-seizmichki-sigurni-slaba-alka-se-divogradbite-i-dogradbite/#respond Sat, 18 Feb 2023 09:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=802038

Од 90-тите години на минатиот век во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а од 2013 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) доби дополнително мандат од Владата да врши контрола за нивната примена, како при проектот, така и при изведбата, што заедно со одговорноста која сè уште постои кај најголем број проектанти и градежници, придонесува да имаме сигурни градби, вели директорот на ИЗИИС, Влатко Шешов, во интервју за МИА во однос на стравувањата кај граѓаните за сигурноста на објектите и почитувањето на сеизмичките стандарди при нивната изградба. - Во едно вакво време во коешто живееме, каде што кај населението е изгубена секаква доверба во институциите, и градежништвото нормално ја дели таа судбина. Една од работите на коишто се должи таквото мнение кај јавноста, пред сè, можеби е во непланското градење, во недобро изработените детални урбанистички планови, каде што никнуваат објекти едни до други, онаму каде што можеби не ги очекуваме, и сега населението кога гледа такви објекти, мисли дека тие се небезбедни, вели Шешов. Тој нагласува дека дури и населението да не верува дека објектите се безбедни, самиот факт што при серијата земјотреси што се случија во Скопје во 2015 година нигде немаше значајни оштетувања, покажа дека новите згради се безбедни. - Тоа беше реална проверка какви ни се зградите. Бевме на терен на многу објекти како инспектори од ИЗИИС, имаше само неконструктивни оштетувања - на контактот меѓу греди, преградни ѕидови, паѓање негде на малтер..., што апсолутно е во согласност со техничките прописи, нагласува Шешов, додавајќи дека не постојат 100 отсто сигурни згради и во случај на земјотрес сите треба да знаеме дека ќе има оштетувања, но никако не треба да дојде до колапс на градбите. Шешов потенцира дека Институтот е вклучен во надзорот уште од изработката на техничката документација и фазата на статистика, бидејќи сите проекти што се изработуваат во државата согласно Законот за градење мора да поминат контрола.
- Ние ги контролираме проектите дали се во согласност со техничките прописи и даваме мислење за проектираниот степен. Потоа со тоа мислење и останатата техничка документација инвеститорот оди во општина или во Министерството за транспорт и добива одобрение за градење. Потоа, на ниво во фаза на изведба за поголеми објекти од 300 квадрати двапати во текот на изведбата на објектот наши тимови излегуваат на увид и правиме, да кажеме, контрола дали објектот што се изведува е во согласност со тоа што го дал во општина, истакнува Шешов. Тој потенцира дека се проверува дали е задоволен квалитетот, се врши контрола на квалитетот на бетон и челик и на направената арматура, по што изведувачот, односно инвеститорот добива мислење кое ќе му овозможи да добие употребна дозвола и објектот да си се завери во Катастар. Шешов потенцира дека овие стандарди важат за објекти што се градат според план, но една од слабите алки во овој синџир кога станува збор за сигурноста се дивоградбите, доградбите и уривањето на внатрешни ѕидови во становите. - Тоа се некои од, да кажам, клучните сегменти каде што мораме и требаме повеќе да работиме за да можеме да зборуваме за една генерална слика на сигурни згради. За овие нелегални градби, да ги кажам – дивоградби, повторно ќе се оградам - може се добри, може не се добри, меѓутоа не постои доказ за нивната сигурност. Информациите се многу оскудни, значи само со геодетски елаборат, со изјава од сопственикот и со сметки од комунално и од струја, се легализираат и се ставаат во фондот на објекти, вели Шешов.
Според него, дополнителен проблем е што за голем број од постојните објекти на кои се прават надградби, секогаш не постои техничка документација, со што, како што вели, „на една непознаница се става уште еден поголем ризик“. - Генерално политиката на Институтот е овие надградби и доградби да се намалат или да ги нема воопшто, особено во вакви трусни подрачја тоа е голема слабост, додава Шешов. Токму затоа, според Шешов, Институтот континуирано прави напори за подобрување на јавната свест кај населението и за негово едуцирање, посочувајќи дека кога ќе има земјотрес не треба да се излегува низ врата и да се оди по скали, а и многу малку од граѓаните што живеат во згради знаат каде им е точката на евакуација. Тој потенцира дека првиот чекор е да се намали сеизмичкиот ризик и секој граѓанин да знае што треба да прави во случај на катастрофа. - Не на мобилен, прво што ќе падне, ќе падне мрежата на мобилна телефонија. Не ќе може да дознаете каде е вашето дете. Значи, на тие работи треба да работиме континуирано, така што е потребно подигање на јавната свест, додава директорот на ИЗИИС. Шешов потенцира дека иако Институтот во соработка со Центарот за управување со кризи и со Дирекцијата за заштита и спасување спроведува активности на тој план, сепак треба и понатаму да се работи ако сакаме да имаме подобри резултати од овие што ги имаме досега.
- Јас во неколку наврати изјавив дека стравот е добро да го има, бидејќи тој нè држи будни, тој секогаш ќе нè тера да бидеме што подобри, потенцира Шешов.(МИА) Целосното видеоинтервју со директорот на ИЗИИС, Шешов, во кое тој говори и за соработката на Институтот со експерти од странство, за методот на сеизмичка изолација, последниот земјотрес во Турција и Сирија, за одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес во 1963 година...., МИА ќе го објави утре. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-objektite-gradeni-so-dozvola-se-seizmichki-sigurni-slaba-alka-se-divogradbite-i-dogradbite/feed/ 0