влатко стефановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 12:13:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влатко стефановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Влатко Стефановски по 40 години повторно во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlatko-stefanovski-po-40-godini-povtorno-vo-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlatko-stefanovski-po-40-godini-povtorno-vo-mkc/#respond Thu, 17 Mar 2022 12:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=648852

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински Културен Центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости.

Концертот е закажан на 8 април, со почеток во 20 часот во сала 25 мај.

Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со групата Леб и Сол а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа.

-Среќен сум што ќе бидам дел од прославата на значаен јубилеј и што повторно ќе одржам концерт во МКЦ. Музицирањето пред домашната публика е секогаш предизвик, но кога по 40 години се враќате на местото каде што ви биле почетоците, тогаш навистина возбудата е големаизјави Влатко Стефановски во пресрет на овој концерт.

Влатко Стефановски Трио го сочинуваат и Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, трио кое последниве години е доста активно и настапува речиси низ целиот свет. Спојот на искуството и младоста во ова трио се чини дека беше пресудно за одлична синергија и за огромен успех на сите настапи.

Инаку, неодамна „Кроација рекордс“ направи пресек на соло-кариерата на Влатко Стефановски и ја склопи во албум со најголемите хитови. Од „Каубојци и индијанци“ од истоимениот албум од 1994 до „Фанки џанки“ и „Огледало“ од неговото последно студиско издание „Тафталиџе шафл“, компилацијата содржи 17 песни.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlatko-stefanovski-po-40-godini-povtorno-vo-mkc/feed/ 0
Мојот ангел чувар нѐ напушти денес: Влатко Стефановски со емотивна порака по смртта на Ѓуричиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mojot-angel-chuvar-n-napushti-denes-vlatko-stefanovski-so-emotivna-poraka-po-smrtta-na-gjurichikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mojot-angel-chuvar-n-napushti-denes-vlatko-stefanovski-so-emotivna-poraka-po-smrtta-na-gjurichikj/#respond Mon, 15 Mar 2021 21:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=482932

Влатко Стефановски со емотивна порака се прости од неговиот пријател Драгољуб Ѓуричиќ. „Со голема тага во моето срце го споделувам овој пост. Мојот колега, брат, голем пријател и ангел чувар нѐ напушти денес“, напиша тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mojot-angel-chuvar-n-napushti-denes-vlatko-stefanovski-so-emotivna-poraka-po-smrtta-na-gjurichikj/feed/ 0
Новиот албум на Влатко Стефановски е најпродаван албум во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-vlatko-stefanovski-e-najprodavan-album-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-vlatko-stefanovski-e-najprodavan-album-vo-hrvatska/#respond Wed, 16 Dec 2020 11:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=443971

Новиот албум на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, во издание на Croatia Records, се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска. На новиот албум Влатко е придружуван од подмладеното трио. Во новата ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани. Албумот е сниман во домашното студио на Влатко – „Езотерија“, додека миксот и мастерингот се работеше во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски. На албумот има и многубројни гости, кои уште повеќе ја оплеменија музиката и стиховите на Стефановски. Најбројни се клавијатуристите: Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов. Придружните вокали ги пееше Андријана Јаневска, додека познатиот кавалџија Теодосиј Спасов во една песна свири труба. Меѓу гостите на албумот е и актерот Никола Ристановски, кој во песната „Дијаспора“ има мал речитатив. Taftalidze Shuffle претставува извонредна колекција на вокални и инструментални теми на Влатко, низ кои бојата на неговата гитара е нешто што вечно останува во меморија на слушателот. Албумот содржи девет теми: Taftalidze Shuffle, Funky junkie, Игранка, Гаража, Global Warming – local freezing, Огледало, Немам песна за тебе, Раскрсница, Дијаспора. Освен на компакт-диск, Taftalidze Shuffle на Влатко Стефановски деновиве Croatia Records ќе го објави и на винил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-vlatko-stefanovski-e-najprodavan-album-vo-hrvatska/feed/ 0
„Taftalidze Shuffle“ – нов албум на Влатко Стефановски во издание на „Croatia Records“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taftalidze-shuffle-nov-album-na-vlatko-stefanovski-vo-izdanie-na-croatia-records/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taftalidze-shuffle-nov-album-na-vlatko-stefanovski-vo-izdanie-na-croatia-records/#respond Thu, 19 Nov 2020 13:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=431808

Новиот албум на гитаристот Влатко Стефановски „Taftalidze Shuffle“, со кој ја продолжува соработката со дискографска куќа „Croatia Records“, ќе биде објавен утре, 20 -ти ноември. На новиот албум Влатко Стефановски е придружуван од подмладеното Трио. Во нова ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани. Како што соопшти „Croatia Records Македонија“, и овој албум, како и сите соло-проекти на Стефановски, Влатко му го има посветено на својот град, нашето единствено Скопје, населбата Тафталиџе, која е неговото маало… Затоа песните се интимни и лични, а повторно толку блиски секому, заради сензибилитетот кој го носи музиката на Влатко Стефановски. Албумот „Taftalidze Shuffle“ е создаван во периодот од јануари до октомври 2020-та, а текстовите се пишувани од април до јуни оваа година. – Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика. И многу сум задоволен од резултатот, изјави Влатко Стефановски, зборувајќи за својот креативен процес. Албумот е сниман во домашното студио на Влатко – „Езотерија“, додека миксот и мастерингот се работени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски. На албумот има и многубројни гости. Најбројни се клавијатуристите: Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов. Придружните вокали се на Андријана Јаневска, додека познатиот кавалџија Теодосиј Спасов во една песна свири труба. Меѓу гостите на албумот е и актерот Никола Ристановски, кој во песната „Дијаспора“ има мал речитатив. Дизајнот на обвивката е дело на уметникот Ладислав Цветовски. „Taftalidze Shuffle“ претставува извонредна колекција на вокални и инструментални теми на Влатко, низ кои бојата на неговата гитара е нешто што вечно останува во меморија на слушателот. Албумот содржи девет теми: Taftalidze Shuffle, Funky junkie, Игранка, Гаража, Global Warming – local freezing, Огледало, Немам песна за тебе, Раскрсница, Дијаспора. Освен на компакт-диск, „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски кон крајот на декември „Croatia Records“ ќе го објави и на винил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taftalidze-shuffle-nov-album-na-vlatko-stefanovski-vo-izdanie-na-croatia-records/feed/ 0
Почнува 39. Скопски џез фестивал https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-39-skopski-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-39-skopski-dzez-festival/#respond Wed, 14 Oct 2020 05:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=416037

Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов вечер ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржува до 17 октомври годинава. Познати изведувачи од земјава и од Европа ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет во рамки на фестивалот. Од земјава ќе учествуваат специјалниот фестивалски проект на Тони Китановски и неговиот „мал биг-бенд“, триото на Сашо Поповски со концертна промоција на новиот албум, како и сосема новата формација на Светлост + Одрон Ритуал Оркестра. Од Шпанија доаѓаат водечкиот фламенко гитарист Чикуело и не помалку реномираниот пијанист Марко Мезкида, од Австрија култните Радиан, од Хрватска пијанистот Матија Дедиќ, кој ќе одржи соло рецитал со музиката на неговиот славен татко, а фестивалот ќе го затворат легендарните француски браќа Стефан и Лајонел Белмондо со својот квинтет. Со цел одржување на традиционалните врски на фестивалот со американските и норвешките џез музичари, кои овојпат не можат да патуваат вон своите земји, потврден е онлајн стриминг на три ексклузивни концерти што ќе се случат во Њујорк и Осло, специјално за Скопскиот џез фестивал: триото на Вилијам Паркер, со Ава Мендоза и Џералд Кливер, дуетот Крис Дејвис / Ингрид Лауброк и големиот ансамбл на Тригве Сеим. Бесплатен онлајн стриминг ќе биде обезбеден за следење на сите концерти на фестивалот што ќе овозможи негова достапност во целиот свет. Фестивалот ќе се реализира во согласност со протоколот за одржување на концерти во затворен простор, што значи дека во салата на Националната опера и балет ќе бидат дозволени само 220 седишта. Притоа, обезбеден е, првпат, директен телевизиски пренос на сите концерти на националниот сервис на Македонската телевизија што, пак, ќе го направи фестивалот достапен на целата публика во земјата. Сите детали за програмата на фестивалот и изведувачите се наоѓаат на веб-страницата www.skopjejazzfest.com.mk. Влезните билети за фестивалот ќе се продаваат само онлајн, преку продажната мрежа на mktickets.mk/, а билетарницата на НОБ ќе биде отворена исклучиво за време на фестивалските вечери, и тоа само во случај доколку останале непродадени билети за конкретната вечер. Програмата на фестивалот годинава опфаќа и промоција на две нови ЦД-изданија на SJF Records: петтата албумска објава на Сашо Поповски Трио и првенецот на групата Next To Silence. Во рамки на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-39-skopski-dzez-festival/feed/ 0
Изложба од концерти и албуми на Влатко Стефановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-od-koncerti-i-albumi-na-vlatko-stefanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-od-koncerti-i-albumi-na-vlatko-stefanovski/#respond Mon, 02 Sep 2019 07:25:27 +0000 https://kurir.mk/?p=235931

Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена  изложба „Патешествие“ на промотивни постери и плакати од концерти и изданија на Влатко Стефановски, која е вовед во петтиот фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој ќе се  одржува во Кинотеката од утре до 7 септември. Материјалот што ќе биде претставен на изложбата е од личната колекција и архива на нашиот познат гитарист и го прикажува неговото патешествие преку бројните солистички концерти и проекти – од почетоците со „Леб и сол” до денес. Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус низ годините. Стефановски изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија. – Се разбира, колекцијата е далеку поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња,  изјави Стефановски. Од утре до 7 септември ќе се одржува 5. Скопје синема сити на кој во Кинотеката ќе бидат прикажани десет музички документарци. Фестивалот го организира здружението Номад-арт од Скопје, а во фокусот се филмови во кои  „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент. Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на  „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-od-koncerti-i-albumi-na-vlatko-stefanovski/feed/ 0
„Скопје синема сити“ од 3 до 7 септември, почнува со изложба од концерти на Влатко Стефановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopje-sinema-siti-od-3-do-7-septemvri-pochnuva-so-izlozba-od-koncerti-na-vlatko-stefanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopje-sinema-siti-od-3-do-7-septemvri-pochnuva-so-izlozba-od-koncerti-na-vlatko-stefanovski/#respond Thu, 29 Aug 2019 07:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=234561

Со изложбата „Патешествие“ на концертни и промотивни постери и плакати на Влатко Стефановски, в понеделник  (2 септември)  од 20 часот во Музеј на град Скопје ќе почне петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 до 7 септември. Изложбата „Патешествие“ која му претходи на фестивалот претставува приказ на кариерата на Влатко Стефановски, прикажана преку бројни концертни плакати од најразлични периоди од неговата кариера. Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус со годините. Познатиот гитарист изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија. – Се разбира, колекцијата е далекоу поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња,  изјави Стефановски. Во фокусот на годинашниот фестивал „Скопје синема сити“ се документарни филмови каде „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент. Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на  „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Секоја вечер од филмскиот фестивал е поделен на жанрови. Третата вечер е блуз вечер и е посветена на двајца великани на блузот, Роберт Џонсон и Ерик Клептон. Меѓу овие два филма свој настап ќе има блуз дуото „In the Mood”. Четвртата вечер е посветена на поекспериментални правци во музиката. Во соработка со „Гете институтот“ ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за група култни бендови од Германија популарни во 19‘70-тите години: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер – „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез-гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк. Петтата вечер е посветена на фолк музиката, овојпат од Португалија, со „Мадредеуш“ и трагичната фигура Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на класичните рок-бендови У2 и Квин  односно се посветени на некои од нивните најголеми достигнувања: албумот „Joshua Tree” на У2 и „Приказната за Боемската рапсодија“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopje-sinema-siti-od-3-do-7-septemvri-pochnuva-so-izlozba-od-koncerti-na-vlatko-stefanovski/feed/ 0
Интимен концерт на Влатко Стефановски Трио https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/intimen-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/intimen-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/#respond Thu, 16 May 2019 21:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=198892

Присуствувајте на концерт во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист Влатко Стефановски. Заедно со неговиот бенд „Влатко Стефановски Трио“, ќе ви приредат вечер вредна за паметење. Концертот ќе се одржи на 8. Јуни (Сабота) со почеток во 21:00 часот во прекрасниот и луксузен „Комплекс Старо Буре - Кучково“. Бидете дел од незаборавен настан и слушнете ги најмоќните негови песни отсвирени само за вас! Влезниците можете да ги купите на веб страницата на „Купи карти за сѐ“ по цена од 700 денари и ВИП влезници по цена од 900 денари. Побрзајте местата се ограничени!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/intimen-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/feed/ 0
Синот „растура“ на тапани, а еве како изгледа неговата ќерка Ана и која е нејзината силна страна (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-rastura-na-tapani-a-eve-kako-izgleda-negovata-kjerka-ana-i-koja-e-nejzinata-silna-strana-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-rastura-na-tapani-a-eve-kako-izgleda-negovata-kjerka-ana-i-koja-e-nejzinata-silna-strana-foto/#respond Sun, 28 Apr 2019 17:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=338911

Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски е горд татко на две прекрасни деца, синот Јан и ќерката Ана кои се неговата најголема љубов и гордост во животот. Уметничкиот ген не ги одминал неговите наследници, кои денес веќе добро знаат кој е нивниот животен пат и професионална определба. Помалиот Јан, неодамна импресионираше на настапот на „Златна бубамара“ заедно со татка си, и уште еднаш покажа дека музиката и уметноста течат низ неговите вени . За разлика од Влатко, Јан е страствен вљубеник во ударните инструменти, а пак за Ана, музиката не е професионална определба, туку книжевноста и литературата. „Ќерка ми Ана самата доби стипендија, магистрираше во Италија и наскоро треба да докторира на Универзитетот во Падова на тема италијанска книжевност“- открива Стефановски за ќерката. Инаку, на дел од неговите настапи, Влатко не ретко патува заедно со Јан и со Ана. Влатко Стфановски е активен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, каде често знае да сподели некоја заедничка фотографија со наследниците, токму од нивните заеднички патувања низ светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-rastura-na-tapani-a-eve-kako-izgleda-negovata-kjerka-ana-i-koja-e-nejzinata-silna-strana-foto/feed/ 0
Со „Молитва за Магдалена“ Влатко Стефановски се збогува со Оливер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-molitva-za-magdalena-vlatko-stefanovski-se-zboguva-so-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-molitva-za-magdalena-vlatko-stefanovski-se-zboguva-so-oliver/#respond Thu, 02 Aug 2018 07:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=83733

Свирејќи дел од познатата „Молитва за Магдалена“, Влатко Стефановски му оддаде почит на Оливер Драгојевиќ, на концертот во Античкиот театар во Охрид. -Не сакам да бидам патетичен и затоа ќе отсвирам дел од оваа нумера која инаку ја свирам. Збогум Оливер Драгојевиќ, рече Влатко. Ова беше само еден од магичните моменти на вечерта со гитарскиот виртуоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-molitva-za-magdalena-vlatko-stefanovski-se-zboguva-so-oliver/feed/ 0