влда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 18:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИО на СДСМ одржува седница, меѓу темите можното проширување на владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-sdsm-odrzhuva-sednitsa-megu-temite-mozhnoto-proshiruvane-na-vladinata-koalitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-sdsm-odrzhuva-sednitsa-megu-temite-mozhnoto-proshiruvane-na-vladinata-koalitsija/#respond Tue, 31 Jan 2023 18:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=794387

Извршниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница, на која меѓу темите е можното проширување на владината коалиција. На седницата на ИО, како што потврдија од партијата, ќе стане збор и за актуелни состојби и мерки. Како дел од активностите за евентуално зголемување на владејачкото мнозинство, во Владата денеска се одржа средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на која, како што изјави Таравари, биле синхронизирани 90 проценти од програмските определби, но за кадровските решенија воопшто не разговарале. Таравари рече дека влегувањето на АА во владиниот кабинет не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Од Владата, пак, преку соопштение информираа дека работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму. Ковачевски и Таравари, како што соопштија, разговарале за повеќе актуелни теми врзани со стратешките определби на државата. -Разговарани беа придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ со крајна цел полноправно членство во ЕУ како и стратешкото партнерство кое Северна Македонија го има формализирано со Соединетите Американски Држави. Во фокус на разговорите помеѓу премиерот Ковачевски и Таравари беа и неприкосновената борба против корупција во контекст на реформските процеси кои се случуваат во државата, како и процесот на скринингот кој досега успешно се одвива, но и процесот на носење одлуки и реформи кои ќе придонесат до што поскора интеграција на земјата во ЕУ, се посочува во соопштението од средбата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-sdsm-odrzhuva-sednitsa-megu-temite-mozhnoto-proshiruvane-na-vladinata-koalitsija/feed/ 0
Мисајловски: Владата и Заев да одговорат дали тајната смена на членот на историската комисија не е притисок врз одлучувањето и увертира во ново попуштање на сметка на интересите на Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vladata-i-zaev-da-odgovorat-dali-tajnata-smena-na-chlenot-na-istoriskata-komisija-ne-e-pritisok-vrz-odluchuvanjeto-i-uvertira-vo-novo-popushtanje-na-smetka-na-interesite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vladata-i-zaev-da-odgovorat-dali-tajnata-smena-na-chlenot-na-istoriskata-komisija-ne-e-pritisok-vrz-odluchuvanjeto-i-uvertira-vo-novo-popushtanje-na-smetka-na-interesite-na-makedonija/#respond Wed, 20 Jan 2021 11:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=457503

Зоран Заев далеку од очите на македонската јавност, смени член на историската комисија со Бугарија, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Воедно, министер од владата на Бојко Борисов јавно соопшти дека во игра бил анекс на постојниот договор од 12 точки. До ден денешен, нема информации за демант на македонската влада и МНР за оваа негова изјава, што нам ни дава за право да заклучиме дека Заев преговара за анекс на договор во кој многу веројатно дека се вклучени елементи од нашиот идентитет, историја и јазик. Премиерот Зоран Заев должи одговори зошто е сменет членот на историската Комисија? И дали со тоа се прави директен притисок и врз останатите за прифаќање на историските невистини? Дали Заев сака од Комисијата наместо историски орган, да направи политички орган кој ќе одлучува по негова логика и онака како што тој ќе се испазари? Дали поради тоа што не може да ја убеди бугарската страна сега менува членови на Комисијата кои даваат отпор на историските невистини и менувањето на идентитет за кој Заев преговара? Дали ова е казна затоа што ја бранеле вистината? Владата и Заев да одговорат дали тајната смена на членот на историската комисија, не е притисок врз одлучувањето и увертира во ново попуштање на сметка на интересите на Македонија. Зошто се крие смената на членот на Комисијата. Историјата е јасна. Науката е јасна. Чепкање во македонскиот идентитет, јазик и историја не смее да има. Апелираме и до членовите на Комисијата да не се претвораат во маша на Заев. За тоа што ќе ги натера да се потпишат, тој дебело ќе се испазари. Историските комисии треба да преговараат необременети од политички притисоци, а идентитетските обележја не смеат да бидат на маса на преговори, порача Мисајловски од денешната прес-конференција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vladata-i-zaev-da-odgovorat-dali-tajnata-smena-na-chlenot-na-istoriskata-komisija-ne-e-pritisok-vrz-odluchuvanjeto-i-uvertira-vo-novo-popushtanje-na-smetka-na-interesite-na-makedonija/feed/ 0