влез во земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 15:20:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влез во земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полска размислува да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/#respond Sun, 14 Aug 2022 15:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=718389

Полска разгледува планови да го следи примерот на Естонија и Летонија и да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи, јави ДПА. - Полска работи на концептшто ќе овозможи на Русите да не им се издаваат визи, изјави денеска полскиот заменик-министер за надворешни работи Пјотр Вавчик. Заменик министерот истакна дека неговата земја ја поддржува идејата за воведување на повеќе санкции од страна на Европската унија кон Русија поради војната во Украина, вклучително и воведувањето забрана за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ. - Меѓутоа, влијателни земји од Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција и Холандија, се против тоа, нагласи тој. Германија и Европската комисија се против воведување забрана за издавање визи за Русите на европско ниво, јави ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/feed/ 0
Колони од возила: На Табановце за влез во земјава се чека до еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/koloni-od-vozila-na-tabanovce-za-vlez-vo-zemjava-se-cheka-do-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/koloni-od-vozila-na-tabanovce-za-vlez-vo-zemjava-se-cheka-do-eden-chas/#respond Wed, 27 Jul 2022 17:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=710972

Од 40 до 60 минути се чека попладнево за влез во земјава на граничниот премин Табановце, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/koloni-od-vozila-na-tabanovce-za-vlez-vo-zemjava-se-cheka-do-eden-chas/feed/ 0
ОД УТРЕ МАКЕДОНЦИТЕ БЕЗ СЕРТИФИКАТ ВО БУГАРИЈА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-makedoncite-bez-sertifikat-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-makedoncite-bez-sertifikat-vo-bugarija/#respond Tue, 12 Apr 2022 16:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=662021

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат. Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска. Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ Ковид сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-makedoncite-bez-sertifikat-vo-bugarija/feed/ 0
ИМАЈТЕ ГО ОВА НА УМ АКО ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА: Се менуваат правилата за внатрешноста во земјата, за влез остануваат исти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imajte-go-ova-na-um-ako-patuvate-vo-grcija-se-menuvaat-pravilata-za-vnatreshnosta-vo-zemjata-za-vlez-ostanuvaat-isti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imajte-go-ova-na-um-ako-patuvate-vo-grcija-se-menuvaat-pravilata-za-vnatreshnosta-vo-zemjata-za-vlez-ostanuvaat-isti/#respond Sun, 03 Apr 2022 10:39:12 +0000 https://kurir.mk/?p=657685

Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно задолжителниот европски сертификати за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, се продолжени за уште една седмица, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 11 април 2022 година. Промени има во однос на времетраењето на одлука и овој пат е една, а не две седмици, како што беше случај досега, како и во одредбите за изолација во случај на позитивен резултат при тестирањето на влезните точки во земјата, одредби кои не се вклучени во новата одлука. Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување во Грција. Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија. Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања. Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање. Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот. Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам. Во овој дел, изоставени се одредбите што веќе неколку месеци беа вклучени во министерските одлуки и се однесуваа на изолацијата и карантинот за во случај на позитивен резултат при тестирањето на граница За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Промени во времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција Во друга министерска одлука, поврзана со мерките во внатрешноста на Грција, од утре се менува и продолжува времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 и се усогласуваат со европските правила. Па така наместо седум, како што беше случај досега европскиот сертификат за вакцинација ќе биде валиден девет месеци, а времетраењето на сертификатот за прележан Ковид-19 се зголемува на шест од три месеци како што беше досега. Овие промени, се однесуваат и на туристите, со оглед на тоа дека правилата во Грција, освен за Грците важат и за странците кои ја посетуваат земјата, а досега сертификатите имаа различно времетраење кога се однесуваше на внатрешноста за влез во затворените објекти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imajte-go-ova-na-um-ako-patuvate-vo-grcija-se-menuvaat-pravilata-za-vnatreshnosta-vo-zemjata-za-vlez-ostanuvaat-isti/feed/ 0
По 2-годишна забрана туристите можат да патуваат на Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-2-godishna-zabrana-turistite-mozat-da-patuvaat-na-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-2-godishna-zabrana-turistite-mozat-da-patuvaat-na-filipinite/#respond Thu, 10 Feb 2022 09:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=629504

Филипините денеска ја укинаа речиси двегодишната забрана за странски патници поради падот на бројот на нови инфекции предизвикани од сојот омикрон на коронавирусот. Странските патници од 157 земји кои имаат безвизен аранжман со Филипините, а кои се целосно вакцинирани и се негативни на вирусот, ќе можат да влезат во земјата и повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин по пристигнувањето, објави агенцијата АП. извештаи. Филипинската влада, исто така, го укина системот за класификација на ризик со кој се забранува патување од најтешко погодените земји. - Ќе започнеме со следното поглавје на патот кон закрепнување - изјави филипинската министерка за туризам Берна Ромуло-Пујат. Таа додаде дека повторното отворање на границата ќе придонесе за враќање на работните места и создавање приходи во компаниите и заедниците поврзани со туризмот. Филипините воведоа еден од најдолгите карантини во светот и најстрогите карантински ограничувања за да ја „задуши“ пандемијата што ја предизвика најлошата економска рецесија во земјата од 1940-тите и ја турна невработеноста на рекордно ниво. Повеќе од милион Филипинци ги загубија своите работни места во туристички компании и одредени туристички дестинации само во првата година од пандемијата, според владините статистики. АП, исто така, наведува дека повеќе од 60 милиони од скоро 110 милиони Филипинци се целосно вакцинирани против коронавирусот, а 8,2 милиони добиле дополнителна доза. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-2-godishna-zabrana-turistite-mozat-da-patuvaat-na-filipinite/feed/ 0
БУГАРИЈА СО НАЈСТРОГА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ – Македонците ниту со вакцина, ниту со тест нема да можат да влезат во соседната земја, а еве од кога! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-so-najstroga-zabrana-za-vlez-makedoncite-nitu-so-vakcina-nitu-so-test-nema-da-mozat-da-vlezat-vo-sosednata-zemja-a-eve-od-koga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-so-najstroga-zabrana-za-vlez-makedoncite-nitu-so-vakcina-nitu-so-test-nema-da-mozat-da-vlezat-vo-sosednata-zemja-a-eve-od-koga/#respond Mon, 17 Jan 2022 14:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=620365

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19-ти јануари. Се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично). Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји. -До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, наведува МНР. Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин. -Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија, нагласува МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-so-najstroga-zabrana-za-vlez-makedoncite-nitu-so-vakcina-nitu-so-test-nema-da-mozat-da-vlezat-vo-sosednata-zemja-a-eve-od-koga/feed/ 0
Од денеска важат нови правила за влез во Словенија: Ова се условите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-vazat-novi-pravila-za-vlez-vo-slovenija-ova-se-uslovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-vazat-novi-pravila-za-vlez-vo-slovenija-ova-se-uslovite/#respond Mon, 10 Jan 2022 08:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=617423

Во Словенија денеска стапија на сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширење на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скрати времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но и се намали бројот на патници во јавниот превоз. Според новите правила, за да се избегне карантин при влез во Словенија, патниците кои се вакцинирани или се заразиле со вирусот ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или брз тест не постар од 24 часа, пишува Танјуг. . Исто така, карантинот утврден на граница може да биде прекинат со негативни ПЦР тестови најмалку пет дена по пристигнувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-vazat-novi-pravila-za-vlez-vo-slovenija-ova-se-uslovite/feed/ 0
Мерката за задолжителен негативен ПЦР тест за влез во Грција продолжена до 24 јанури https://arhiva.kurir.mk/svet/region/merkata-za-zadolzitelen-negativen-pcr-test-za-vlez-vo-grcija-prodolzena-do-24-januri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/merkata-za-zadolzitelen-negativen-pcr-test-za-vlez-vo-grcija-prodolzena-do-24-januri/#respond Sun, 09 Jan 2022 10:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=617160

Одлуката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19, воведена на 19 декември 2021 година, продолжена е за уште две седмици, до 24 јануари 2022 година. Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар. Нема промени во однос на невакцинираните патници, кои освен тестот направен претходно, задолжително ќе бидат тестирани и при влезот во Грција, мерка што веќе извесен период се применува, а важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Северна Македонија. Воведувањето задолжителниот тест за влез во Грција, за сите, од грчката Влада го најавија кон средината на минатиот месец, како привремена и вонредна мерка за време на празниците, да се спречи ширењето на Омикрон, сојот кој сепак, веќе е доминантен во земјата. Првично, мерката беше до 10 јануари 2022 година, но со новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила во утре во шест часот наутро, конкретното правило ќе важи до 24 јануари 2022 година, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување кај јужниот сосед. Согласно одлуката „сите патници во Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата, без разлика на вакцинацијата или прележана болест, мора да бидат тестирани негативно“ со ПЦР во последните 72 часа пред нивното пристигнување во земјата или „алтернативно да се тестираат негативно со употреба на брз антиген тест во рок од 24 часа пред нивното пристигнување во Грција“. Тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. Посебна одредба, веќе неколку месеци постои за невакцинираните и за оние кои не прележале Ковид-19, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција и предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција. На влезот, не се тестираат вакцинираните кои имаат сертификат за вакцинација и оние кои прележале Ковид-19 и имаат потврда што важи 30 дена по првиот позитивен резултат и до 90 дена подоцна, кои секако мора да имаат претходно направен ПЦР или рапид тест. Во однос на потврдите за прележана болест и промените воведени минатиот месец, согласно одлуката, оние кои се издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година важат до 31 јануари 2022 година, а останатите се со траење до 90 дена по првиот позитивен резултат. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), што треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањата, за вакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19 се по случаен избор, а за останатите се задолжителни. Со оглед на тоа дека времето на изолација во Грција е намалено од десет на пет дена, промени има и во случај на позитивен резултат при тестирањето и предвиден е петдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат маска со висока заштита или КН95 или двојна маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или поминале шест месеци од примената втора доза или немаат прележано Ковид-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во петдневна изолација по последниот контакт со позитивното лице и на последниот ден ден да направат ПЦР или рапид тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани и со трета доза или не поминале шест месеци од втората или прележале Ковид-19 во последните 90 дена, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат на петтиот ден од контактот. За прекршување на законските мерки и обврски од конкретната одлука, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи, дозволен е влез на 1.500 лица седмично. Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/merkata-za-zadolzitelen-negativen-pcr-test-za-vlez-vo-grcija-prodolzena-do-24-januri/feed/ 0
Важна вест за сите Македонци кои сакаат да патуваат во Германија, Грција или Австрија: Земјите воведоа нови мерки за нашите граѓани, еве кои се тие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-site-makedonci-koi-sakaat-da-patuvaat-vo-germanija-grcija-ili-avstrija-zemjite-vovedoa-novi-merki-za-nashite-gragjani-eve-koi-se-tie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-site-makedonci-koi-sakaat-da-patuvaat-vo-germanija-grcija-ili-avstrija-zemjite-vovedoa-novi-merki-za-nashite-gragjani-eve-koi-se-tie/#respond Tue, 21 Dec 2021 12:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=611198

Република Северна Македонија не се смета повеќе за Ковид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација. Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа). Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-site-makedonci-koi-sakaat-da-patuvaat-vo-germanija-grcija-ili-avstrija-zemjite-vovedoa-novi-merki-za-nashite-gragjani-eve-koi-se-tie/feed/ 0
Во Грција казнети 615 лица за неносење маска и осум туристи за непополнет формулар за влез во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-kazneti-615-lica-za-nenosenje-maska-i-osum-turisti-za-nepopolnet-formular-za-vlez-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-kazneti-615-lica-za-nenosenje-maska-i-osum-turisti-za-nepopolnet-formular-za-vlez-vo-zemjata/#respond Mon, 03 Aug 2020 13:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=385548

Во текот на викендот во Грција биле изречени 615 казни во висина од 150 евра поради неносење маска или непочитување на потребното растојание, а осум туристи биле казнети со 500 евра бидејќи го немале потребниот и задолжителен формулар PLF ( Passenger Locator Form ) за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од грчката полиција, контролите за спроведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се интензивни, а веќе се изречени над 650 казни. Поконкретно, вчера биле казнети 304 лица, а во саботата 311 за неносење маска или непочитување на мерките и треба да платат 150 евра, а исто толкава е казната и за прекршување на правилата за работа на приватни бизниси (некористење маска од персоналот, поголем број лица од дозвлениот, растојание меѓу масите и слично) за што биле изречени 27 казни и уапсени две лица. Вкупно осум туристи кои за време на викедот пристигнале во Грција, ќе треба да платат казна од 500 евра бидејќи не го пополниле задолжителниот формулар за влез во земјата. -Контролите ќе продолжат со несмален интензитет со цел заштита на јавното здравје, соопштуваат од грчката полиција. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-kazneti-615-lica-za-nenosenje-maska-i-osum-turisti-za-nepopolnet-formular-za-vlez-vo-zemjata/feed/ 0