влез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Feb 2023 08:23:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Минимален број на патници на Граничениот премин „Делчево/Станке Лисичково“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimalen-broj-na-patnitsi-na-granicheniot-premin-delchevo-stanke-lisichkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimalen-broj-na-patnitsi-na-granicheniot-premin-delchevo-stanke-lisichkovo/#respond Sat, 04 Feb 2023 08:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=796015

Преку преминот „Делчево/Станке Лисичково“ на границата кон Бугарија од синоќа во 19 часот до утрово до 7 часот во земјава влегле само двајца граѓани. Како што соопшти Регионалниот центар за гранични работи – Исток, на овој граничен премин не се забележани поголеми групи граѓани од Бугарија кои би присуствувале на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, потенцирајќи дека од 6 до 8 часот утрово ниту еден бугарски државјанин не ја поминал границата. Во моментот како што информира дописникот на МИА, само две возила со бугарски регистарски таблички во кои се наоѓаат државјани на Бугарија чекаат за влез во земјава. – Тргнати сме за Делчево, имам закажано на заболекар, не ме интересира тоа за Гоце Делчев, тргнат сум по работа, вели еден од анкетираните. – Ние сме Бугари, ама преку ден сме во Македонија, скоро 20 години поминавме тука, си земаме јадење. На граница слободно минуваме без проблем, а тоа другото е политичка работа, ние сме тргнати да завршиме работа, вели друг граѓанин на Бугарија. Во Делчево за денеска во 10 часот е најавено положување цвеќе пред споменикот на патронот Гоце Делчев, каде од претходно од Општина Делчево најавија дека не се најавени гости од други држави.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimalen-broj-na-patnitsi-na-granicheniot-premin-delchevo-stanke-lisichkovo/feed/ 0
Граѓаните од западен Балкан во Албанија ќе може да влегуваат со лична карта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/graganite-od-zapaden-balkan-vo-albanija-ke-mozhe-da-vleguvaat-so-lichna-karta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/graganite-od-zapaden-balkan-vo-albanija-ke-mozhe-da-vleguvaat-so-lichna-karta/#respond Wed, 01 Feb 2023 15:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=794782

Албанската влада на денешната седница донесе одлука со која на граѓаните од земјите на западен Балкан за влез во земјата нема да им биде потребна патна исправа, туку тоа може да го направат со валидни лични карти, јави државната агенција АТА. Како што изјави министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи одлуката влегува во сила веднаш и оти целта е создавање олеснителни можности за движење во регионот на Западен Балкан. -Донесената одлука има врска со слободното движење на граѓаните во Западен Балкан само со лична карта. Станува збор за договор кој беше потпишан во Берлин во ноември минатата година и сега тоа го одобрува албанската влада. Што значи дека со стапување во сила на оваа одлука сите граѓани од Западен Балкан можат слободно да дојдат и да се движат во Албанија само со лична карта, рече тој. Оценува дека „ова е во духот на две многу важни иницијативи за зајакнување на регионот и Западен Балкан, Берлинскиот процес и „Отворен Балкан“, еден од трите столба, како што рековме, слободното движење на луѓе, капитал и стоки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/graganite-od-zapaden-balkan-vo-albanija-ke-mozhe-da-vleguvaat-so-lichna-karta/feed/ 0
Русија забрани влез за цивили во окупираниот украински регион Херсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-vlez-za-civili-vo-okupiraniot-ukrainski-region-herson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-vlez-za-civili-vo-okupiraniot-ukrainski-region-herson/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=747604

Лидерот на окупираната украинска област Херсон, назначен од Русија, денеска изјави дека властите им забрануваат на цивили да влезат во регионот во следните седум дена, поради ескалацијата на притисокот од украинската контраофанзива. Зборувајќи на државната телевизија, гувернерот Владимир Салдо, назначен од Русија, посочи дека регионот има ресурси да се држи до градот Херсон и оти овој потег е потребен за „да се чуваат цивилите безбедни“. Руските сили на југот на Украина, денеска соопштија дека почнале со евакуација на цивили од Херсон поради напредувањето на украинските војници. „Организираното префрлање на жителите на другиот брег на реките Дњепар почна во Херсон“, соопшти управата на градот Олешки, источно од Херсон, на Телеграм. Руските сили кои го контролираат регионот Херсон планираат да евакуираат повеќе од 50.000 луѓе поради украинската контраофанзива, а Русија најави дека ќе обезбеди „безбедна евакуација“. „Планирана е евакуација на меѓу 50.000 и 60.000 луѓе на левиот брег на реката Дњепар“ во близина на Херсон, наведе претходно денеска Владимир Салдо, шеф на локалната проруска администрација. Евакуацијата, што треба да се одвива со темпо од 10.000 луѓе дневно, треба да трае шест дена, појасни тој. Руски медиуми јавија дека евакуираните луѓе би можеле да заминат во Русија. Рускиот генерал Сергеј Суровикин, кој ги предводи руските сили во Украина, синоќа за телевизијата „Росија 24“ изјави дека руската армија пред сè ќе обезбеди безбедна евакуација на населението од Херсон. Тој додаде дека градот, што Русија го окупираше од пролетта и го анектираше во септември, е цел на украински напади врз инфраструктурата, што може да го загрози населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-vlez-za-civili-vo-okupiraniot-ukrainski-region-herson/feed/ 0
Јаневски: На Кокино се наплаќа влез под круша, без фискална, институциите да преземат мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-na-kokino-se-naplakja-vlez-pod-krusha-bez-fiskalna-instituciite-da-prezemat-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-na-kokino-se-naplakja-vlez-pod-krusha-bez-fiskalna-instituciite-da-prezemat-merki/#respond Mon, 29 Aug 2022 08:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=725375

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде, како што нагласува, влезницата се наплаќа буквално под круша, на парагон, без да се издава фискална сметка. Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки. -Во Кокино се наплаќа влез буквално под круша, на парагон блок. Фискална белешка нема.Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни инфорамции, истакнува Јаневски за МИА. Според него, на ваков начин не треба да се тертираат нашите атракции. -Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-na-kokino-se-naplakja-vlez-pod-krusha-bez-fiskalna-instituciite-da-prezemat-merki/feed/ 0
ГУЖВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Еве по колку се чека за влез и излез од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guzvi-na-granichnite-premini-eve-po-kolku-se-cheka-za-vlez-i-izlez-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guzvi-na-granichnite-premini-eve-po-kolku-se-cheka-za-vlez-i-izlez-od-makedonija/#respond Sun, 31 Jul 2022 17:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=712281

На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guzvi-na-granichnite-premini-eve-po-kolku-se-cheka-za-vlez-i-izlez-od-makedonija/feed/ 0
Литванија го забрани влезот на рускиот патријарх Кирил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-go-zabrani-vlezot-na-ruskiot-patrijarh-kiril/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-go-zabrani-vlezot-na-ruskiot-patrijarh-kiril/#respond Wed, 27 Jul 2022 11:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=710790

Литванија му забрани на патријархот Московски и на цела Русија Кирил да влезе во земјата поради, како што тврди, „поддршка за руската специјална воена операција во Украина“, пишува денеска литванскиот портал Делфи, повикувајќи се на литванското Министерство за надворешни работи. -Патријархот на Москва и на цела Русија Кирил доби забрана за влез во Литванија поради неговата поддршка за руската специјална воена операција, се вели во соопштението на Министерството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-go-zabrani-vlezot-na-ruskiot-patrijarh-kiril/feed/ 0
Што пишува во забраната на хрватското министерство доставена до Србија по повод посетата на Вучиќ на Јасеновац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shto-pishuva-vo-zabranata-na-hrvatskoto-ministerstvo-dostavena-do-srbija-po-povod-posetata-na-vuchikj-na-jasenovac/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shto-pishuva-vo-zabranata-na-hrvatskoto-ministerstvo-dostavena-do-srbija-po-povod-posetata-na-vuchikj-na-jasenovac/#respond Sun, 17 Jul 2022 10:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=706502

Како што објавуваат српските медиуми, на 15 јули Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испратило нота со која ја информира Амбасадата на Србија за причините за забраната за пристигнување на претседателот Александар Вучиќ. Белешката до која имал пристап Данас.рс ја пренесуваме во целост: „Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска изразува почит до Амбасадата на Република Србија во Република Хрватска и по повод информациите од неофицијални извори за можна посета на претседателот на Републиката Србија г. Александар Вучиќ во Република Хрватска, областа Јасеновац и Пакрац, на 17 јули 2022 година, има чест да го истакне следново: Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска потсетува дека при планирање на каква било посета на странски претставници, времето, природата и програмата на посетата треба да бидат предмет на официјална комуникација и договор од двете страни. Неприфатливо е тоа што хрватската страна официјално не е информирана за намерата за евентуална посета на Република Хрватска“. Од хрватското МНР посочуваат и дека посетата на висок претставник на странска држава на Меморијалниот простор Јасеновац не може да биде од приватен карактер. Во моментот кога ќе се создадат услови за ваква посета, за што во оваа прилика официјално не се информирани властите на Република Хрватска, тоа ќе биде договорено по вообичаените дипломатски канали. - Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска ја користи оваа прилика да ја повтори својата лична почит кон Амбасадата на Република Србија во Република Хрватска - било наведено во писмото. Како што веќе на големо се пишува, хрватските власти не му дозволија на Вучиќ да влезе во земјата, а премиерката Ана Брнабиќ одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, ја оцени како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска. - Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење на слободата на движење. Да не анализираме колку тоа кажува за непочитувањето на српските жртви - изјави Брнабиќ во гостувањето на ТВ Пинк. Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, најави дека од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и објаснат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим. Како што е најавено, Вучиќ за ова ќе зборува утре по консултациите во врска со новата влада, а министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ најави итна прес-конференција. Како што пишува Јутарњи лист, повикувајќи се на извори од хрватската влада, Вучиќ без официјална најава од хрватските власти и без координација со амбасадата сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска и околу 11 часот да пристигне во Јасеновац, а потоа околу 14 часот и во Пакрац. Од хрватската влада неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, дека сакал се да направи надвор од процедурите и правилата на дипломатските односи и дека „со своите ТВ екипи“ сакал да ја премине хрватската граница и таму „да прави што сака“. Меѓутоа, според Јутарњи лист, властите во Загреб јасно му рекле „не“ и му порачале дека идејата за „српски свет“ во Хрватска нема да помине.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shto-pishuva-vo-zabranata-na-hrvatskoto-ministerstvo-dostavena-do-srbija-po-povod-posetata-na-vuchikj-na-jasenovac/feed/ 0
Финска денеска ќе ја соопшти одлуката за влез во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-deneska-kje-ja-soopshti-odlukata-za-vlez-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-deneska-kje-ja-soopshti-odlukata-za-vlez-vo-nato/#respond Thu, 12 May 2022 06:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=675451

Се очекува денеска Финска да ја соопшти одлуката дали ќе бара членство во НАТО, а Шведска најверојатно ќе го направи истото наскоро, пишуваат британски медиуми. Според дипломати и официјални лица, Финска денеска ќе се изјасни за намерите да му се придружи на НАТО сојузот, јави Гардијан. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон вчера вети дека земјата ќе ги брани Шведска и Финска, доколку дојде до руска закана. Во Стокхолм и Хелсинки, Џонсон потпиша безбедносни договори. Норвешка, Данска, Летонија, Естонија, Литванија се веќе во НАТО. Влезот на Финска и Шведска, најверојатно, ќе ја налути Москва. Земјата тврди оти зголемувањето на Алијансата претставува директна закана за безбедноста на Русија, наведува Гардијан. На прашањето дали влегувањето на Финска во НАТО, ќе биде провокација за Русија, финскиот претседател Саули Нинисто одговори дека за тоа треба да се обвинува Владимир Путин. – Мојот одговор би бил – вие го предизвикавте ова. Погледнете се во огледало, беше неговиот одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-deneska-kje-ja-soopshti-odlukata-za-vlez-vo-nato/feed/ 0
Укинати мерките за влез во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-merkite-za-vlez-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-merkite-za-vlez-vo-zemjava/#respond Wed, 20 Apr 2022 05:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=665675

Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата. Одлуката вчера на седница ја донесе Владата која ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб. Како што информираа од владината прес-служба, Владата донела и одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди. Претходно, беа укинати и мерките за задолжително носење маски во основните и средните училишта и во затворени простории, освен во болници, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Не се бараат ниту сертификати за влез во шопинг центри. Олабавувањето на рестриктивните мерки следува по стабилната епидемиолошка состојба во земјава. Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје кои ги соопшти Министерството за здравство, при направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19, од кои 20 се реинфекции, има 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку „Мој Термин“ е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април. Од почетокот на епидемијата регистирани се 308.752 КОВИД-дијагностицирани лица, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801 од кои најголем број 444 се во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-merkite-za-vlez-vo-zemjava/feed/ 0
Правилата за патување кај нашиот јужен сосед остануваат непроменети: Што се ќе ви треба за влез во Грција? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pravilata-za-patuvanje-kaj-nashiot-juzen-sosed-ostanuvaat-nepromeneti-shto-se-kje-vi-treba-za-vlez-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pravilata-za-patuvanje-kaj-nashiot-juzen-sosed-ostanuvaat-nepromeneti-shto-se-kje-vi-treba-za-vlez-vo-grcija/#respond Sun, 20 Mar 2022 14:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=650216

Актуелните правила за патување во Грција, односно задолжителниот документ за Ковид-19, но без ПЛФ- формуларот што е укинат од 15 март, мерки кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште две седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 4 април 2022 година. Пополнувањето на ПЛФ формуларот (Passenger Locator Form) што 20 месеци беше задолжително за патување кај јужниот сосед, како што веќе има објавено МИА, од 15 март е укинато. Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување во Грција. Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген-зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Северна Македонија. Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања. Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање. Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР-метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена од истиот. Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам. Во случај на позитивен резултат при тестирањето на граница предвиден е петдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на позитивните на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат маска со висока заштита или КН95 или двојна маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или поминале девет месеци од примената втора доза или немаат прележано Ковид-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во петдневна изолација по последниот контакт со позитивното лице и на последниот ден да направат ПЦР или рапид тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани и со трета доза или не поминале девет месеци од втората или прележале Ковид-19 во последните 90 дена, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат на петтиот ден од контактот. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот. Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Во внатрешноста на Грција, сертификатите имаат помало времетраење, па така, иако за влез во земјата европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза и шест месеци по првиот позитивен тест, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот е за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан Ковид-19. За оние кои примиле бустер доза нема никакви ограничувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pravilata-za-patuvanje-kaj-nashiot-juzen-sosed-ostanuvaat-nepromeneti-shto-se-kje-vi-treba-za-vlez-vo-grcija/feed/ 0