влијание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 06:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влијание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стејт департмент: Русија потрошила 300 милиони долари за тајно да влијае врз светската политика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-rusija-potroshila-300-milioni-dolari-za-tajno-da-vlijae-vrz-svetskata-politika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-rusija-potroshila-300-milioni-dolari-za-tajno-da-vlijae-vrz-svetskata-politika/#respond Wed, 14 Sep 2022 06:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=732485

Русија од 2014 година тајно потрошила повеќе од 300 милиони долари за да се обиде да влијае врз политичари и официјални лица во повеќе од дваесетина земји, се наведува во новообјавената телеграма на Стејт департментот. Депешата, што денеска е објавена, ја прикажува новата разузнавачка проценка за тајните глобални напори на Русија да ги поддржи политичарите и партиите кои Москва ги смета за корисни за неа. Таа не наведува конкретни руски цели, но вели дека САД даваат доверливи информации на одреден број земји. Ова е последен обид на администрацијата на претседателот Џо Бајден да декласифицира разузнавачки информации за руските воени и политички цели откако беа направени проценките, кои на крајот се покажаа точни, дека Русија ќе почне војна против Украина. Многу високи американски безбедносни функционери имаат долгогодишно искуство во спротивставувањето на Москва и служеле во владата кога рускиот претседател Владимир Путин почна обемни кампањи за да влијае врз претседателските избори во САД во 2016 и 2020 година. Американските медиуми пренесуваат дека висок владин функционер укажува на наводи за руското влијание на неодамнешните избори во Албанија, Босна и Црна Гора, источноевропски земји кои историски се под притисок од Москва. За разлика од објавените напори на странските земји да лобираат за иницијативи што им се допаѓаат, прикриеното влијание на Русија вклучува употреба на различни организации преку кои се влеваат пари во избрани политики или политичари, се наведува во дипломатската депеша. Тука се мисли на институти во Европа и државни компании во Централна Америка, Азија, Блискиот Исток и Северна Африка. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс ваквото тајно руско финансирање го нарече „напад врз суверенитетот“. -Тоа е обид да се намали способноста на луѓето ширум светот да избираат влади за кои веруваат дека најдобро ќе ги претставуваат, ќе ги застапуваат нивните интереси и нивните вредности, рече Прајс. Стејт департментот го презеде невообичаениот чекор со објавување на дипломатска телеграма испратена во понеделникот до многу американски амбасади и конзулати во странство, многу од нив во Европа, Африка и Јужна Азија, во која се наведени нејзините грижи. Според текстот, разузнавачките службеници веруваат дека Русија планирала да префрли уште најмалку неколку стотици милиони долари за финансирање на партиите и функционерите ширум светот кои ја симпатизираат. Во депешата, меѓутоа, не се наведува како стигнале до вкупната бројка од 300 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-rusija-potroshila-300-milioni-dolari-za-tajno-da-vlijae-vrz-svetskata-politika/feed/ 0
Влијае на КРВТА, НЕРВНИОТ СИСТЕМ, ИМУНИТЕТОТ: Еве како МОРСКАТА ВОДА влијае на нашето тело https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vlijae-na-krvta-nervniot-sistem-imunitetot-eve-kako-morskata-voda-vlijae-na-nasheto-telo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vlijae-na-krvta-nervniot-sistem-imunitetot-eve-kako-morskata-voda-vlijae-na-nasheto-telo/#respond Mon, 15 Aug 2022 10:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=718741

Одењето на море не е само прашање на одмор, туку има и многу други придобивки за нашето тело Секоја година, многу луѓе го чекаат летото со огромна желба да одат на море, бидејќи тоа е начин да се одморите, да заборавите на секојдневните проблеми, но всушност е и многу повеќе од тоа. Морската вода има многу придобивки за нашиот организам, благотворно делува на кожата, ја чисти крвта, го обновува нервниот систем. Погледнете што ни дава морето, а тоа не е само физички одмор. Има корисен ефект врз протокот на крв Кога се капете во море, јоните на солта влегуваат во крвта преку кожата, што го стимулира производството на крвни зрнца и го зголемува нивото на хемоглобинот, метален протеин одговорен за пренос на кислород до клетките на телото. Ги доведува ендокрините жлезди во рамнотежа Во морската вода има голем процент на сол, која содржи многу лековити макро и микро елементи. Јод, калциум, калиум, магнезиум, сулфур, како и минерали и катализатори кои го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат функционирањето на ендокриниот систем. Го зајакнува нервниот систем Познато е дека бромот го смирува телото, а магнезиумот го промовира исфрлањето на вишокот вода. Дејството на овие два елементи го намалува ризикот од добивање главоболка. Морската сол позитивно влијае на рецепторите во кожата и останува во слојот на епидермисот три до четири недели по влегувањето во морето. Ни ја зајакнува психата Морската вода содржи јод, кој е важен за правилно функционирање на тироидната жлезда и за синтеза на хормони кои го поттикнуваат интелектуалниот развој и ги зајакнуваат менталните способности. Децата кои немаат доволно од овој важен хормон во своето тело можат да заостанат во психофизичкиот развој. Штити од настинки и вируси Еден милилитар морска вода содржи илјада честички морска сол. Во текот на еден ден поминат на море, детето вдишува околу 10 милијарди од овие честички, кои имаат лековито дејство на дишните патишта, бронхиите и белите дробови. Морската сол го снабдува организмот со селен, хемиски елемент клучен за функционирањето на тироидната жлезда и за одржување на имунитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vlijae-na-krvta-nervniot-sistem-imunitetot-eve-kako-morskata-voda-vlijae-na-nasheto-telo/feed/ 0
Американски држави почнуваат истрага за Инстаграм и влијанието врз децата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-drzavi-pochnuvaat-istraga-za-instagram-i-vlijanieto-vrz-decata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-drzavi-pochnuvaat-istraga-za-instagram-i-vlijanieto-vrz-decata/#respond Fri, 19 Nov 2021 06:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=597179

Јавните обвинители во неколку американски држави нагласија дека почнале заедничка истрага за да утврдат дали Мета (поранешен Фејсбук), кој е сопственик на Инстаграм, намерно им дозволувал на децата и тинејџерите да ја користат неговата социјална мрежа, додека знаеле дека може да биде штетно за нивното физичко и ментално здравје. – Истрагата ќе испита дали Мета не ги почитувал законите за заштита на потрошувачите и ја ставил јавноста во опасност, објасни јавниот обвинител на Масачусетс, Мора Хили. – Фејсбук, сега наречен Мета, не успеа да ги заштити младите луѓе на своите платформи и наместо тоа избра да игнорира, во некои случаи, да ги зајакне практиките што претставуваат реална закана за физичкото и менталното здравје, со што ги искористува децата за да заработат пари, додаде таа. Истрагата има за цел да утврди дали имало незаконска пракса и да стави крај на злоупотребите. Ја водат претставници од државите Калифорнија, Флорида, Кентаки, Масачусетс, Небраска, Њу Џерси, Тенеси и Вермонт, Њујорк, Колорадо и Тексас. Јавните обвинители во 44 сојузни држави во САД веќе упатија писмо до Марк Закерберг во мај, барајќи од него да се откаже од проектот за создавање верзија на Инстаграм за деца под 13 години. Во септември, компанијата конечно попушти на многу критики, велејќи дека ја суспендира работата на новата верзија на Инстаграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-drzavi-pochnuvaat-istraga-za-instagram-i-vlijanieto-vrz-decata/feed/ 0
Панел: Пандемијата на Ковид-19 – „совршена бура“ за странски операции на влијание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-pandemijata-na-kovid-19-sovrshena-bura-za-stranski-operacii-na-vlijanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-pandemijata-na-kovid-19-sovrshena-bura-za-stranski-operacii-na-vlijanie/#respond Thu, 26 Nov 2020 07:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=434560

Ширење дезинформации со геополитички мотиви поврзани со Ковид-19 од страна на странски државни чинители во македонскиот информативен простор, развивањето соодветни политики за намалување на нивното влијание и јакнење на отпорноста кај новинарите, медиумите, граѓанските организации и останатите релевантни чинители беше тема на панел дискусијата во организција на граѓанската асоцијација Естима насловена „Пандемијата на Ковид-19 – „Совршена бура“ за странски операции за влијание“. На настанот, како што соопштија од организацијата, што се одвиваше според правилата на Четам хаус воведни излагања имаа Ендру Мофат, политички и економски советник во Амбасадата на САД во Скопје, Зоран Попов, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Пламен Тончев, раководител на одделот за Азија во Институтот за меѓународни економски односи од Атина и Бардил Јашари, извршен директор на фондацијата Метаморфозис од Скопје и експерт за медиуми и комуникации. Останати учесници во настанот беа претставници на новинарски здруженија и граѓански организации, пратеници, меѓународни секретари на политички партии, претставници на академската заедница итн. На панел дискусијата стана збор за глобалните и европските трендови во однос на странските операции за влијание, нивното прелевање во Северна Македонија, потенцијалната цена која ја плаќаме и мерките за подигнување на нивото на медиумска писменост како клучна алка во синџирот за јакнење на отпорноста кон штетни странски влијанија. Во воведниот дел беше промовирано и истражувањето „Странски операции за влијание: Анализа на Ковид-19 во Северна Македонија“ што претставува пионерски обид да се анализираат странските наративи во традиционалните и социјалните медиуми, во текот на пандемијата во Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-pandemijata-na-kovid-19-sovrshena-bura-za-stranski-operacii-na-vlijanie/feed/ 0
АЕК ќе презентира податоци за квалитетот на мобилните мрежи и влијанието на 5Г https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-kje-prezentira-podatoci-za-kvalitetot-na-mobilnite-mrezi-i-vlijanieto-na-5g/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-kje-prezentira-podatoci-za-kvalitetot-na-mobilnite-mrezi-i-vlijanieto-na-5g/#respond Mon, 02 Dec 2019 06:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=271938

Квалитетот на јавните мобилни мрежи на национално ниво и влијанието на новите технологии врз здравјето на луѓето, ќе бидат теми на денешниот втор јавен сотанок за 2019 годна на Агенцијата за електронски комуникации. Ќе бидат презентирани резултатите од мерењата на перформансите на мобилните оператори кои се направени со софистицирана опрема и методологија што се користи во Европа. Мерењата се однесуваат на кавалитетот на услугиите: говор, пристап до интернет, мрежно покривање и др. На состанокот на АЕК ќе стане збор и за дилемите во јавноста дали воведувањето нови технологии претставува напредок или закана за човештворо поради зголеменото ниво на нејонизирачко зрачење, особено на 5Г технологијата во мобилните комуникациски услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-kje-prezentira-podatoci-za-kvalitetot-na-mobilnite-mrezi-i-vlijanieto-na-5g/feed/ 0
Како мирисот влијае на квалитетот на сексуалниот живот https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-mirisot-vlijae-na-kvalitetot-na-seksualniot-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-mirisot-vlijae-na-kvalitetot-na-seksualniot-zivot/#respond Tue, 27 Aug 2019 17:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=44357

Мажите се визуелни, а жените се аудитивни – ова го знаат сите што читаат магазини со совети како да станете подобар, поуспешен и позадоволен во спалната соба. Исто така, со допирот полесно се возбудуваме, но дали знаете дека и мирисот игра важна улога за добар секс? Шведските стручњаци со истражувањето покажаа дека мажите што се родени без осет за мирис имаат помал број сексуални партнерки. Кога се во прашање дамите, осетот за мирис не им влијае на бројот на нивните врски, но жените што страдаат од аносмија (недостаток на осет за мирис) во голема мера се несигурни во своите врски. Истражувачите од Универзитетот во Гетебург не се сигурни зошто споменатите проблеми во врската се поврзани со мирисот, но претпоставуваат дека лицата што немаат осет за мирис се понесигурни бидејќи „пропуштиле многу емотивни сигнали во својот живот“. „Многу социјални сигнали се пренесуваат со олфакторниот канал, а овие лица тоа веројатно ги заобиколило“, објаснува психологот Илона Крој, која ја предводела оваа студија. Резултатот од тоа е мажите ја губат вербата во себе и не се толку подготвени да ги освојуваат женските срца. Кога се работи за жените, друштвената напнатост може да премине во несигурна врска. Студиите покажаа дека луѓето несвесно ги пренесуваат емоциите преку мирисот. Така едно холандско истражување покажа дека стравот е заразен, а стручњаците тврдат дека луѓето можат да разликуваат мирис на нервозно потење и мирис после вежбање, што може многу да влијае на нашиот избор на партнер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-mirisot-vlijae-na-kvalitetot-na-seksualniot-zivot/feed/ 0
Научно докажани начини како да влијаете на луѓето без да кажете збор: Сакате луѓето да ви веруваат? Носете сино! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchno-dokazani-nachini-kako-da-vlijaete-na-lugjeto-bez-da-kazete-zbor-sakate-lugjeto-da-vi-veruvaat-nosete-sino/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchno-dokazani-nachini-kako-da-vlijaete-na-lugjeto-bez-da-kazete-zbor-sakate-lugjeto-da-vi-veruvaat-nosete-sino/#respond Wed, 19 Dec 2018 10:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=142254

Сите би сакале да го знаат вистинскиот начин како да им пристапат на луѓето или пак како успешно да забележат одредени нешта кои не се забележливи на прв поглед. Сакате да знаете дали луѓето се заинтересирани? Гледајте во нивните зеници. Зениците се еден дел од телото над кој немаме никаква контрола. Екхард Хес  во 1975 г. докажал дека нашите зеници се шират кога гледаме во личност на која сме ѝ интересни. Се прашувате дали ѝ се допаѓате на некоја личност? Гледајте во нивните стапала. Најголем дел од луѓето внимаваат на нивните изрази на лицето, но тие не обрнуваат внимание на нивните стопала. Затоа, ако нивните стопала се насочени директно во вас, тоа е сигурен знак дека им се допаѓате. Сакате луѓето да ви веруваат? Носете сино. Сината боја означува доверба, конзервативност, безбедност и сигурност, но и е боја на чистотата. Од друга страна пак, црвената е боја која ја одзема моќта, испраќа негативна енергија и означува опасност. Кога луѓето најмногу лажат? Делот од денот има големо влијание на тоа. Според многу истражувања, луѓето лажат или изневеруваат најмногу кога се уморни. Исто така, докажано е дека луѓето кои обожаваат да стануваат рано, лажат најмногу во текот на ноќта, а ноќните птици пак во текот на утрото. Сакате да делувате важно? Раширете се. Моќните луѓе заземаат многу место. Тие ги рашируваат нивните раце и нозе, правејќи широки гестови и генерално ја исполнуваат собата. На тој начин, тие делуваат сестрано и непосредно, но и изгледаат важно и моќно за останатите луѓе во просторијата. Што најмногу ги возбудува мажите? Мирис на лаванда и пита од тиква. Според многу истражувања, покажано е дека мирисот на лаванда и пита од тиква ги возбудува мажите за неверојатни 40%. Втор на листата е мирисот на крофни. Сакате да убедите некого? Климајте со главата. Доколку сакате одредена личност да ја натерате да каже „да“, климајте со главата. Докажано е дека тоа е заразно и предизвикува добро чувство кај вашиот слушател. Сакате да делувате искусно во сексот? Ставете тетоважа. Истражувањето објавено во Дневникот на индивидуални разлики во САД покажало дека луѓето со тетоважи се сметаат за повеќе подготвени за авантура и со самото тоа поискусни во многу области, а особено во сексот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchno-dokazani-nachini-kako-da-vlijaete-na-lugjeto-bez-da-kazete-zbor-sakate-lugjeto-da-vi-veruvaat-nosete-sino/feed/ 0
САД отфрлаат вмешаност во гласањето за уставни промени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-otfrlaat-vmeshanost-vo-glasanjeto-za-ustavni-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-otfrlaat-vmeshanost-vo-glasanjeto-za-ustavni-promeni/#respond Wed, 24 Oct 2018 08:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=118748

Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата. – Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и лажни. САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да ги започне уставните промени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа со Грција. САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за промоција на стабилност, безбедност и просперитет во целиот регион, изјавил портпарол на Стејт департментот на брифинг во Вашингтон на прашање на грчки новинар, пренесува АНА-МПА. Стејт департментот им сугерира на оние кои сакаат да истражуваат како македонските пратеници ја донеле нивната одлука, тоа да го сторат во консултација со самите пратеници наместо со користење на руско деинформирање и пропаганда. И Македонското МНР вчера категорично ги отфрли како целосно неосновани и невистинити наводите и квалификациите изнесени во коментарот на секторот за информирање на МНР на Руската Федерација во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собрението на РМ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-otfrlaat-vmeshanost-vo-glasanjeto-za-ustavni-promeni/feed/ 0