влодимир зеленски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 06:38:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влодимир зеленски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски во посета на САД: Украина ќе добие ракети Патриот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-poseta-na-sad-ukraina-kje-dobie-raketi-patriot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-poseta-na-sad-ukraina-kje-dobie-raketi-patriot/#respond Thu, 22 Dec 2022 06:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=778879

САД ќе ѝ дадат на Украина дополнителна воена помош од 1,85 милијарди долари, потврди Вашингтон за време на историската посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД. Помошта ќе го вклучи „првиот трансфер на системот за противвоздушна одбрана Патриот“, соопшти американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека системот е „способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од оние што беа претходно обезбедени“ системи за противвоздушна одбрана. Руските напади од воздух во последните месеци беа насочени кон цивилната инфраструктура на Украина, како што се електрани, што доведе до масовни прекини на струја и недостиг на греење во делови од земјата. Зеленски пристигна во Вашингтон вчера претпладне на своето прво патување во странство по руската инвазија врз неговата земја во февруари. За време на посетата, украинскиот претседател разговараше со американскиот претседател Џо Бајден пред лично да се обрати пред американскиот Конгрес. Украинскиот лидер во својот говор пред американските пратеници повика на повеќе тешко оружје од САД за да и помогне на неговата земја да се одбрани од руските напади. – Ве уверувам дека украинските војници можат сами да управуваат со американски тенкови и авиони, рече Зеленски на заедничката седница на Конгресот. – Вашите пари не се во добротворни цели, тоа е инвестиција во глобалната безбедност и демократија со кои се справуваме на најодговорен начин, додаде тој. Во своето обраќање, украинскиот претседател исто така предупреди дека е „само прашање на време“ кога Русија ќе ги нападне другите сојузници на САД „ако не ја запреме сега“. – Светот е премногу меѓусебно поврзан и меѓусебно зависен за да дозволи некој да стои настрана, а во исто време да се чувствува безбедно, кога таквата битка ќе продолжи, рече тој, додавајќи дека следната година ќе биде „пресвртната точка … кога украинската храброст и американската решителност мора да ја гарантираат иднината на нашата заедничка слобода“. Претходно, Бајден вети дополнителна поддршка за Украина во нејзината борба против Русија. – Ќе продолжиме да ја зајакнуваме способноста на Украина да се брани, особено противвоздушната одбрана, и затоа ќе ѝ обезбедиме на Украина ракетна батерија Патриот, рече Бајден за време на заедничката прес-конференција со Зеленски. Украинскиот претседател им се заблагодари на САД „од се срце“ за поддршката. Тој рече дека Украина е во добра ситуација на бојното поле „поради поддршката од САД“. САД се најголемиот финансиски и воен поддржувач на Украина. Кремљ претходно вчера го предупреди Вашингтон дека „проширувањето“ на опсегот на оружје што му се дава на Киев „сигурно води до ескалација на конфликтот и не е добро за Украина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-poseta-na-sad-ukraina-kje-dobie-raketi-patriot/feed/ 0
Зеленски денеска се очекува во посета на Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-se-ochekuva-vo-poseta-na-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-se-ochekuva-vo-poseta-na-vashington/#respond Wed, 21 Dec 2022 06:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=778369

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува во Вашингтон на неговото прво меѓународно патување од почетокот на војната на 24 февруари, објавија светските агенции, додавајќи дека тој би можел да се обрати во Конгресот и да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави писмена изјава во која ги „охрабрува“ пратениците да бидат „физички присутни“ во среда навечер на седницата „специјално посветена на демократијата“. Оваа посета, доколку биде потврдена, доаѓа во време кога американските парламентарци се подготвуваат да гласаат за нов голем пакет помош за Украина. Американскиот претседател, од своја страна, треба да даде зелено светло за испраќање ракети „Патриот“, особено софистициран систем за противвоздушна одбрана, во Украина. Како што наведуваат агенциите, украинскиот претседател се очекува да ги посети Белата куќа и американскиот Капитол во среда, иако безбедносните проблеми би можеле да ги променат тие планови. „Панчбоул њуз“ прв ја објави можната посета на Зеленски на Вашингтон, цитирајќи девет извори запознаени со патувањето. Во објавата се наведува дека се очекува Зеленски да се сретне со раководството на Конгресот и со шефовите на комитетите за национална безбедност од Републиканската и Демократската партија и дека може да се обрати на заедничка седница на Конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-se-ochekuva-vo-poseta-na-vashington/feed/ 0
Зеленски: Оваа недела може да биде тешка, терористите планираат нови напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ovaa-nedela-moze-da-bide-teshka-teroristite-planiraat-novi-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ovaa-nedela-moze-da-bide-teshka-teroristite-planiraat-novi-napadi/#respond Mon, 28 Nov 2022 07:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=767367

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти оваа недела би можела да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади. – Терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал … Следната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија, вклучително и консултации со нашите партнери, рече тој. Зеленски ги повика Украинците да ги почитуваат безбедносните мерки за време на сирените за воздушни напади и да им помагаат на луѓето околу нив секогаш кога е можно. Тој додаде дека во повеќето региони ќе се спроведуваат само редовни исклучувања на струја. – Ситуацијата е под контрола, нагласи тој. Зеленски додаде и дека ситуацијата на фронтот сè уште е многу тешка, особено во регионот на Доњецк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ovaa-nedela-moze-da-bide-teshka-teroristite-planiraat-novi-napadi/feed/ 0
Зеленски побара од Советот за безбедност на ОН да ја казни Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pobara-od-sovetot-za-bezbednost-na-on-da-ja-kazni-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pobara-od-sovetot-za-bezbednost-na-on-da-ja-kazni-rusija/#respond Thu, 24 Nov 2022 06:32:51 +0000 https://kurir.mk/?p=765654

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска го повика Советот за безбедност на ОН да преземе акција против Русија поради нападите врз цивилната инфраструктура, што повторно ги оставија украинските градови без струја и вода во услови на зголемен студ. Русија ги гаѓа градовите ширум Украина со канонада од ракети, убивајќи притоа десетици лица и принудувајќи ги властите да ги затворат нуклеарните централи и да го прекинат снабдување со електрична енергија и вода на многу места. -Само денеска, во еден ден, бевме погодени од 70 ракети. Тоа е руската формула за терор. И нашата енергетска инфраструктура, болници, училишта, транспорт, населби, сè е нивна цел, рече Зеленски во видео-обраќањето до Советот за безбедност на Обединетите нации. Украина очекува од светот многу остра реакција за овие воздушни напади, додаде тој. Советот за безбедност веројатно нема да преземе ништо, бидејќи Русија е негова членка со право на вето. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, се пожали дека видео обраќањето на Зеленски не е во согласност со правилата на Советот и ги отфрли „непромислените закани и ултиматуми“ од Украина и нејзините западни сојузници. Небензија тврди дека штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети насочени кон руски ракети и го повика Западот да престане да го вооружува Киев со противвоздушни системи. Киев, во текот на вчерашниот ден, беше една од главните цели на руските напади. -Денеска имавме погодени три повеќекатници. За жал, во нападите загинаа десет лица, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Целиот Киевски регион, во кој живеат три милиони лица, е останат без струја и вода, изјави гувернерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pobara-od-sovetot-za-bezbednost-na-on-da-ja-kazni-rusija/feed/ 0
Зеленски: Договорот за извоз на жито мора да биде продолжен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dogovorot-za-izvoz-na-zito-mora-da-bide-prodolzen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dogovorot-za-izvoz-na-zito-mora-da-bide-prodolzen/#respond Tue, 08 Nov 2022 17:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=757596

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска и рече на американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд дека договорот за извоз на жито од Црното Море мора да биде продолжен. Тој нагласи дека Украина е подготвена да продолжи да биде гарант за безбедноста на снабдувањето со храна во светот. Договорот стана контроверзен кога Кремљ на почетокот на ноември објави дека нема да се обврзе за продолжување на договорот за транспорт на стоки од Украина во остатокот од светот по неговото истекување на 19 ноември. На крајот на октомври, по напад врз бродови на руската Црноморска флота во Севастопол, Русија го прекина учеството во транспортот на жито, но повторно го активираше по преговори со Турција и писмени гаранции од Украина. Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dogovorot-za-izvoz-na-zito-mora-da-bide-prodolzen/feed/ 0
Зеленски: Киев не го нареди нападот на мостот на Крим, колку што знам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-kiev-ne-go-naredi-napadot-na-mostot-na-krim-kolku-shto-znam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-kiev-ne-go-naredi-napadot-na-mostot-na-krim-kolku-shto-znam/#respond Thu, 20 Oct 2022 16:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=748573

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев, колку што тој е запознаен, не го наредил терористичкиот напад на мостот на Крим. – Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам, рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа CTV. Утрото на 8 октомври одекна експлозија на Кримскиот мост, односно експлодира камион по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот. Како последица на тоа делумно се урнаа два коловози, но носачите не беа оштетени. Во инцидентот загинаа четири лица, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот стојат украински специјални служби. Директорот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, инцидентот на Кримскиот мост го нарече терористички напад, нагласувајќи дека зад него стојат украинските разузнавачки агенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-kiev-ne-go-naredi-napadot-na-mostot-na-krim-kolku-shto-znam/feed/ 0
Зеленски: Светот денеска го виде вистинското лице на терористичката држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-svetot-deneska-go-vide-vistinskoto-lice-na-teroristichkata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-svetot-deneska-go-vide-vistinskoto-lice-na-teroristichkata-drzava/#respond Mon, 10 Oct 2022 13:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=743617

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави неколку фотографии од Киев, кој е само еден од градовите нападнати од руски ракети и беспилотни летала утринава. Украинската полиција соопшти дека во големиот руски ракетен напад низ Украина „загинале најмалку 10 цивили, а околу 60 се повредени“. „Светот уште еднаш го виде вистинското лице на терористичка држава која го убива нашиот народ. Не само на бојното поле, туку и во мирните градови. Русија е земја која го крие своето крваво и криминално јадро и целта на зборовите за мир. Ова докажува дека ослободувањето на целата наша земја е единствената основа за мир и безбедност“, напиша Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-svetot-deneska-go-vide-vistinskoto-lice-na-teroristichkata-drzava/feed/ 0
КАРАМБОЛ ВО УКРАИНА – непознат автомобил удрил во возилото на Зеленски, а потоа возилата од неговата колона се забиле во него https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karambol-vo-ukraina-nepoznat-avtomobil-udril-vo-voziloto-na-zelenski-a-potoa-vozilata-od-negovata-kolona-se-zabile-vo-nego/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karambol-vo-ukraina-nepoznat-avtomobil-udril-vo-voziloto-na-zelenski-a-potoa-vozilata-od-negovata-kolona-se-zabile-vo-nego/#respond Thu, 15 Sep 2022 05:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=733001

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано изутринава, јави ДПА. Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила. Тој додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал повреди при несреќата. Медицински лица го пренеле возачот на другото возило во болница. Полицијата го истражува инцидентот. Зеленски вчера го посети повторно ослободениот град Изум во источниот дел на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karambol-vo-ukraina-nepoznat-avtomobil-udril-vo-voziloto-na-zelenski-a-potoa-vozilata-od-negovata-kolona-se-zabile-vo-nego/feed/ 0
„Република“: Промени на врвот во Киев поради обид за државен удар против Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republika-promeni-na-vrvot-vo-kiev-poradi-obid-za-drzaven-udar-protiv-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republika-promeni-na-vrvot-vo-kiev-poradi-obid-za-drzaven-udar-protiv-zelenski/#respond Tue, 19 Jul 2022 16:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=707510

Обид за државен удар против украинскиот претседател Володимир Зеленски е вистинската позадина на „чистката“ што Зеленски ненадејно ја изврши во врвот и структурите на безбедносниот апарат и обвинителството под обвинението дека се откривани државни и воени тајни на руската страна, пишува денеска италијанскиот весник Република (La Repubblica). Во прашање бил и „план на безбедносниот апарат координиран со Москва за радикална промена на власта во Киев и смена на Зеленски од врвот на државата“, додава римскиот весник, пренесува Бета. Многу медиуми во Европската унија (ЕУ) внимателно ја следеа веста дека Зеленски го разреши шефот на украинската служба за безбедност, неговиот долгогодишен пријател Иван Баканов, како и државната обвинителка Ирина Венедиктова. Францускиот весник „Монд“ исто така пишува дека украинскиот претседател „почнал лов по соработници и предавници“ кои биле обвинети дека во најмала рака не знаеле за соработката и велепредавството на нивните подредени во корист на рускиот окупатор“, што сега „ја зајакна позицијата на ’сивата еминенција‘ во Киев Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател“. Шпанскиот дневен весник Паис (Ел Паис) од Киев јавува дека „над главата на сменетиот шеф на безбедноста Баканов виси Дамоклов меч од почетокот на руската офанзива, а Зеленски целосно ја изгубил довербата во него кога украинскиот град Херсон падна во руски раце, а украинските сили не беа во можност да ја проценат и да се спротивстават на рускиот продор“. Зеленски, додава мадридскиот весник, претходно смени некои клучни генерали на командни позиции и врвот на воената разузнавачка служба. За општиот заплет во Украина да биде уште покомплициран, зборува и, според Паис, вистинскиот политички земјотрес предизвикан во Киев од страна на американската сенаторка Викторија Спарц, која во писмо до претседателот Џозеф Бајден побара да се истражат можните импликации на моќниот шеф на Кабинетот и најдоверливиот човек на Зеленски, Андриј Јермак, поради неговата наводна поврзаност со Москва. Во писмото до Бајден, американската конгресменка тврди дека Јермак протекол информации во Белорусија, што било отфрлено од украинското Министерство за надворешни работи и од владејачката Демократска партија. На 9 јули Зеленски ги отповика и ги смени украинските амбасадори во Германија, Унгарија, Чешка, Норвешка и Индија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republika-promeni-na-vrvot-vo-kiev-poradi-obid-za-drzaven-udar-protiv-zelenski/feed/ 0
Главната обвинителка на Украина одржа говор откако Зеленски ја разреши https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavnata-obvinitelka-na-ukraina-odrza-govor-otkako-zelenski-ja-razreshi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavnata-obvinitelka-na-ukraina-odrza-govor-otkako-zelenski-ja-razreshi/#respond Tue, 19 Jul 2022 15:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=707501

Во украинскиот Парламент денеска за последен пат се обрати главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова, која неодамна беше разрешена од украинскиот претседател. – Дали претседателот имаше право да донесе таква одлука? Да, претседателот има право на тоа. Верувам дека војникот во рововите не треба да ги доведува во прашање одлуките на своите претпоставени. Мораме да бидеме пообединети од кога било, изјави Венедиктова во парламентот, кој денеска го потврди нејзиното разрешување. – Уште еднаш ве потсетувам. Нашите луѓе ги убиваат, како војниците така и цивилите, исто како и децата. Имаме шанса за идните генерации. Наша заедничка задача е да не ја потрошиме таа шанса. Победата мора да дојде што е можно поскоро, рече разрешената обвинителка. Сега веќе поранешната главна обвинителка нагласи дека е „горда“ на работата што ја направи и го повика нејзиниот наследник да ги следи нејзините стапки, особено во истрагата и гонењето на воените злосторства извршени од Русија за време на инвазијата врз Украина. – Треба внимателно се гледаат и следат сите оние никаквеци кои силуваа, убиваа деца, пукаа во цивилни згради и да се изведат пред лицето на правдата. Имаме мобилни тимови на терен, тие вклучуваат голем број експерти од различни области, имаме докажана методологија. Важно е да продолжиме во таа насока, истакна Венедиктова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavnata-obvinitelka-na-ukraina-odrza-govor-otkako-zelenski-ja-razreshi/feed/ 0