ВМО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 May 2020 06:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ВМО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пандемијата влијае и врз метеоролошките набљудувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-vlijae-i-vrz-meteoroloshkite-nabljuduvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-vlijae-i-vrz-meteoroloshkite-nabljuduvanja/#respond Fri, 08 May 2020 06:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=343316

Светската метеоролошка организација (ВМО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот влијае и врз метеоролошките набљудувања поради намалениот воздушен сообраќај. Сите метеоролошки услуги се потпираат на глобалниот систем за набљудување на ВМО. Вообичаено функционираат 30 метеоролошки сателити, 200 истражувачки сателити, 10.000 површински станици, автоматски или со персонал, 1.000 станици на надморска височина, 7.000 бродови и 7.000 цивилни авиони кои ги мерат клучните параметри за атмосферата, копнената и океанската површина. Значителното намалување на воздушниот сообраќај од почетокот на пандемијата влијаеше на овие системи за надзор. Мерењата кои ги правеа авионите се намалија за 75 до 80 проценти од почетокот на пандемијата, а во некои региони, како што се тропските предели, за 90 проценти. Набљудувањата на површината се потпираат главно на автоматски станици. Сепак, тие се малку во земјите во развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-vlijae-i-vrz-meteoroloshkite-nabljuduvanja/feed/ 0
ВМО: До крајот на овој век нѐ очекуваат многу високи темератури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-do-krajot-na-ovoj-vek-n-ochekuvaat-mnogu-visoki-temeraturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-do-krajot-na-ovoj-vek-n-ochekuvaat-mnogu-visoki-temeraturi/#respond Fri, 30 Nov 2018 09:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=134067

До крајот на 21. век се очекува просечните темератури на светско ниво да пораснат за три до пет степени Целзиусови, што ги надминува досегашните проценки од два степена, предупреди Светската метеоролошка организација при Обединетите нации (ВМО). – Концентрацијата на гасови со ефект на стаклена градина повторно е на највисоко ниво, а доколку тоа продолжи вака, може да дојде до покачување на температурите за три до пет степени Целзиусови до крајот на овој век… Ако ги исцрпиме сите познати извори на фосилни горива, температурата значително ќе се зголеми, нагласи генералниот секретар на ВМО, Петери Талас. Повеќе држави во светот во 2015 година, на Париската климатска конференција се обврзаа на ограничување на порастот на температурите до два, а по можност и до 1,5 степени Целзиусови, за што е неопходно радикално помало користење фосилни горива, сметаат експертите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-do-krajot-na-ovoj-vek-n-ochekuvaat-mnogu-visoki-temeraturi/feed/ 0
ВМО: 2018 четврта најтопла година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-2018-chetvrta-najtopla-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-2018-chetvrta-najtopla-godina/#respond Thu, 29 Nov 2018 10:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=133551

Тековнава 2018 е четвртата најтопла година од почетокот на мерењата на температурите кон средината на 19-от век, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО). Агенцијата на ОН посочува дека во последниве четири години се измерени четирите највисоки просечни годишни температури, додавајќи дека 20-те најтопли години во изминативе век и половина се регистирани во изминативе 22 години. ВМО предвидува дека во следните три месеци постои веројатност од 75 до 80 проценти за појава на метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“. Овој феномен се јавува на секои неколку години и се манифестира со промени во температурите на површината на Тихиот Океан, што резултира со сушни периоди во тропските региони и со намалување на способноста на шумите да го апсорбираат јаглерод диоксидот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-2018-chetvrta-najtopla-godina/feed/ 0