вмро-бнд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 13:09:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вмро-бнд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-Бугарско национално движење го спречи положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bugarsko-nacionalno-dvizenje-go-sprechi-polozuvanjeto-cvekje-pred-spomenikot-na-goce-delchev-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bugarsko-nacionalno-dvizenje-go-sprechi-polozuvanjeto-cvekje-pred-spomenikot-na-goce-delchev-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 30 Oct 2022 13:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=752678

По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа. Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“. Претседателот на Патриотскиот институт на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов за „Фокус“ изјави дека бил спречен од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД да положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев. Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев“, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bugarsko-nacionalno-dvizenje-go-sprechi-polozuvanjeto-cvekje-pred-spomenikot-na-goce-delchev-vo-blagoevgrad/feed/ 0
ВМРО-БНД бара од Радев да спречи национално предавство во случајот со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bnd-bara-od-radev-da-sprechi-nacionalno-predavstvo-vo-sluchajot-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bnd-bara-od-radev-da-sprechi-nacionalno-predavstvo-vo-sluchajot-so-makedonija/#respond Wed, 15 Jun 2022 14:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=691298

Извршниот комитет на бугарската партија ВМРО-БНД упати јавен повик до претседателот Румен Радев, откако, како што велат, „денеска стана јасно дека Кирил Петков до Министерскиот совет доставил предлог-одлука за изнаоѓање начин и укинување на историски правичното вето за членство на РС Македонија во ЕУ“. „Секој предлог направен од француското претседателство, земја-членка или ЕК за одобрување почеток на преговорите за членство меѓу Северна Македонија и Албанија, даден за време на состанокот на Комитетот на постојаните претставници, кој отстапува од рамковната позиција на Бугарија од 2019 година да биде испратено веднаш до Комисијата за надворешна политика на Народното собрание“, стои во предлог одлуката на Петков. -Во актуелната политичка ситуација и јавните знаци дека се водат непринципиелни разговори за „купување пратеници“, ова е јасен знак дека ветото се симнува преку низа собраниски трикови. За нас тоа е неприфатливо. Ова е национално предавство. Поддржувањето на историската вистина е прашање за националната безбедност на Бугарија, се вели во писмото на раководството на бугарското ВМРО до претседателот Румен Радев. -Војводите исто така инсистираат Радев да ги искористи своите овластувања според чл. 98 точка 2 од Уставот и да се обрати до народот и до Народното собрание за да се спречи планираното предавство од страна на Министерскиот совет. Господине Радев, Уставот на Република Бугарија вели дека вие како шеф на државата го претставувате единството на нацијата. Вие сте претседател на сите Бугари, вклучително и на нашите малтретирани и прегазени браќа во Македонија, стои во заклучокот на бугарската партија ВМРО-БНД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bnd-bara-od-radev-da-sprechi-nacionalno-predavstvo-vo-sluchajot-so-makedonija/feed/ 0
Партијата на Каракачанов со нова провокација: Предизборниот спот со територијални претензии кон Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-so-nova-provokacija-predizborniot-spot-so-teritorijalni-pretenzii-kon-makedonija-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-so-nova-provokacija-predizborniot-spot-so-teritorijalni-pretenzii-kon-makedonija-video/#respond Thu, 08 Jul 2021 16:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=534063

ВМРО-БНД продоложува со провокациите кон терторијалниот интегритет на Македонија. Финалниот предизборен спот на партијата на Красимир Каракачанов содржи кадри од Охрид кои би можеле да бидат протолкувани дека поранешниот министер за одбрана на Бугарија ја брани бугарштината дури до Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-so-nova-provokacija-predizborniot-spot-so-teritorijalni-pretenzii-kon-makedonija-video/feed/ 0
Партијата на Каракачанов бара бугарските медиуми да не преведуваат од македонски на бугарски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-bara-bugarskite-mediumi-da-ne-preveduvaat-od-makedonski-na-bugarski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-bara-bugarskite-mediumi-da-ne-preveduvaat-od-makedonski-na-bugarski-jazik/#respond Mon, 07 Dec 2020 08:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=439802

ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана од Советот за електронски медиуми на Бугарија бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик. Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, се вели во писмото на ВМРО-БНД до Советот за електронски медиуми, прененсува “24 часа“. „Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на Северна Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот ‘македонски’ јазик“, се вели во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-bara-bugarskite-mediumi-da-ne-preveduvaat-od-makedonski-na-bugarski-jazik/feed/ 0