вмро-дпмне ок виница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Oct 2020 10:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вмро-дпмне ок виница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: Како фризерницата која била петта на ранг листата го добила проектот од Националната агенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-kako-frizernicata-koja-bila-petta-na-rang-listata-go-dobila-proektot-od-nacionalnata-agencija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-kako-frizernicata-koja-bila-petta-na-rang-listata-go-dobila-proektot-od-nacionalnata-agencija/#respond Wed, 21 Oct 2020 10:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=418928

Крајно сомнителен е начинот на доделување на грантови во Националната агенција од страна на Лидија Димова. Повеќе од десет дена бараме објавување од страна на агенцијата на ранг листите на проектите од ЕРАЗМУС + програмата, но директорката Лидија Димова ги криеше, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. -Денеска можеме да видиме низ медиумите дека еден од проектите доделен на фризерницата ВЕЗ Трејд бил доделен на сомнителен начин, не бил во првите три рангирани, со што претходните биле одбиени, а проектот на фризерницата подоцна бил прифатен од страна на евалуционата комисија. Што е тука сомнително? Првите два рангирани проекти се одбиени, а следен кој бил одобрен е третиот проект на братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, проектот познат во јавноста за избери сирење, во вредност од над 125.000 евра за кој говоревме во нашите прес конференции претходно, вели Арсовски. Одобрен е и проектот на фризерницата ВЕЗ Трејд, на пријателот на Лидија Димова, кој што може да се видат заедно во кафеана на фотографии, кои има можеби најмалку бодови доделени од страната на евалуаторите, но сепак од комисијата бил одобрен иако според одредени членови во Законот пропишани имало судир на интереси од страна на ВЕЗ Трејд со вработена во Националната агенција. Најверојатно ова не го препознале во агенцијата или не сакале да го препознаат. Од друга страна проект кој има 80 бодови, односно два бода повеќе од проектот на фризерницата, не е одобрен и е одбиен под образложение дека има судир на интереси, за што истата организација тврди дека не е точно и веќе има поднесено правни тужби до Управен суд и правна претставка до Брисел, посочи тој. Ова беше причината за која јавно баравме да бидат објавени рангирањата на проектите, а Лидија Димова свесно ги криеше бидејќи најверојатно имало сомнителни чекори во доделувањето. Лицемерно е доколку Лидија Димова биде само променета од позицијата, туку треба да биде извршена и истрага и нормално на крај доколку се утврдат неправилности за кои што веќе се гледа дека постојат, да одговара и кривично. Ова е еден од стотиците скандали и криминални сомнежи во функционирањето на Владата на СДСМ, а Вилма Русковска и Љубомир Јовевски сепак спијат и не сакаат да ги видат, дециден е Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-kako-frizernicata-koja-bila-petta-na-rang-listata-go-dobila-proektot-od-nacionalnata-agencija/feed/ 0
СДСМ Виница ја покачува цената на водата и предизборно распишува оглас за 17 нови вработувања https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sdsm-vinica-ja-pokachuva-cenata-na-vodata-i-predizborno-raspishuva-oglas-za-17-novi-vrabotuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sdsm-vinica-ja-pokachuva-cenata-na-vodata-i-predizborno-raspishuva-oglas-za-17-novi-vrabotuvanja/#respond Tue, 28 Jan 2020 15:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=295884

Во врска со прекумерното вработување во општинската администрација во периодот пред одржувањето на Предвремените парламентарни избори на 12 април, во Виница на прес конференција реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина. -Советникот во општинскиот совет во општина Виница Дарко Јангелов исто така го прозва директорот на Јавното претпријатие “Солидарност” од Виница кој распишал огласи за дури 17 нови вработувања. Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Дарко Јангелов од Советот на Општина Виница: Паралелно со новиот бран на непотизам во општина Виница, директорот на ЈП Солидарност Александар Трајков распиша оглас за 17 нови вработувања. Откако го дуплираа бројот на вработени преку агенцијата за привремени вработувања и договор на дело, чијшто ангажман само за првите 3 квартала за 2019-та година го чинат ЈП над 5 милиони денари или 2 милиони денари повеќе во споредба со првите 9 месеци од 2018-та година, сега дополнителен терет на ЈП кое и така работи со загуба, ќе преставуваат и овие 17 нови партиски вработувања. Ова е причината поради која наместо да ја намалат цената на водата за пиење за 30% како што ветија на граѓаните на општина Виница пред избори, истата како мината така и оваа да ја зголемат и да достигне цена од речиси 25 денари за метар кубен, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница  прашуваат кој ја зборува вистината дали пред 3 години тогаш првиот опозиционер Александар Трајков кој на седниците на совет обвинуваше за превработеност во ЈП Солидарност или сега директорот Александар Трајков кој предизборно распиша оглас за неверојатни 17 нови вработувања. -Дали е во право директорот Александар Трајков кој само пред 3 месеци на седница на совет објаснуваше како претпријатитето е превработено со инкасатори или директорот Александар Трајков кој сега распиша оглас и за тројца нови инкасатори. На кого можат да му веруваат граѓаните дали на опозиционерот Александар Трајков кој ја делеше програмата за живот пред локалните избори, во која како капитално ветување стоеше намалување на цената на водата и другите комунални давачки за 30% или сега на директорот Александар Трајков кој од оваа година ќе потпишува фактури со нова поскапа цена на водата. Ова е вистинско лице на СДСМ едно ветуваат пред избори друго практикуваат кога ќе дојдат на власт. Лагите на СДСМ завршуваат на 12-ти април, доаѓа времето на вредности, принципи, промени, правда… Доаѓа времето на Обнова на Македонија, потенцираат од партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sdsm-vinica-ja-pokachuva-cenata-na-vodata-i-predizborno-raspishuva-oglas-za-17-novi-vrabotuvanja/feed/ 0