вмро-дпмне велес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Apr 2019 11:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вмро-дпмне велес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравковски: Заеднички да ја замениме неправдата со правда и да ја избереме професорката Силјановска Давкова https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-zaednichki-da-ja-zamenime-nepravdata-so-pravda-i-da-ja-izbereme-profesorkata-siljanovska-davkova/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-zaednichki-da-ja-zamenime-nepravdata-so-pravda-i-da-ja-izbereme-profesorkata-siljanovska-davkova/#respond Fri, 19 Apr 2019 11:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=188616

Стоиме пред сериозен предизвик, Македонија каква што ја сакаме, знаеме и почитуваме ни исчезнува пред нашите очи.  Пред да го направите изборот на 21-ви април за неколку денови, запрашајте се дали е ова земјата во која сакате да живеат вашите деца.  Дали од луѓето на власт се уште можете да очекувате нешто подобро и дали мислите дека ќе ги исполнат нивните ветувања, порачува Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ Велес. -Дали смееме да ја препуштиме апсолутната власт во рацете на овие луѓе кои за две години успеаја да го урнат сонот на гемиџиите, илинденците и партизаните. Како никогаш порано се откажаа од своите сограѓани за да си ја приватизираат и распродадат државата. Треба сите да се запрашаме каде сакаме и каде ја гледаме Република Македонија. Од една страна имаме кандидат во ликот на Пендаровски кој постојано се повикува на Европската Унија иако веќе очигледно станува дека пристапувањето кон преговорите е се подалеку и покрај  авионските селфи фотографии, бидејќи не е доволно само да си ја свиткаме кичмата и да си ја распродадеме историјата. Позади него стои партија која е стерилна во однос на реформите и сервилна во однос на соседите, вели тој. Здравковски порачува дека ВМРО-ДПМНЕ  како народна партија нуди кандидат кој пред се е истакнат борец и критичар  на сите негативни случувања во Република Македонија во изминатите дваесетина години во ликот на проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова. -Тоа е жената која е горда Македонка и жена која ќе се залага за правда, правдина, реформи, жена која ќе ја направи Македонија земја на достоинствени граѓани. Прашањето кое ќе си го поставиме сите заедно е дали ќе бидеме пасивни сведоци на разнебитувањето на единствената наша татковина или ќе застанеме одлучно исправени и заеднички ќе одлучиме за нејзината иднина. Ве повикуваме сите во недела на 21-ви април заеднички да ја замениме неправдата со правда, заеднички да ја избереме нашата идна претседателка на никогаш Северна, Република Македонија. Да го заокружиме бројот 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, затоа што овој пат татковината не повикува, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ Велес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-zaednichki-da-ja-zamenime-nepravdata-so-pravda-i-da-ja-izbereme-profesorkata-siljanovska-davkova/feed/ 0
Здравковски до Коцевски: Сте ветувале двојазичност и сега нема причина за глумење и лутење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-do-kocevski-ste-vetuvale-dvojazichnost-i-sega-nema-prichina-za-glumenje-i-lutenje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-do-kocevski-ste-vetuvale-dvojazichnost-i-sega-nema-prichina-za-glumenje-i-lutenje/#respond Thu, 31 Jan 2019 18:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=158820

Овие денови сме сведоци на една трагикомична ситуација која доби едно огромно медиумско внимание од граѓани, а посебно од граѓаните кои што се по националност Македонци. Имено сведоци сме на средбата на градоначалникот Коцевски и министерот за образование и наука, Арбен Адеми  на која господинот Коцевски реагираше како да е затекнат од некоја за него непозната ситуација, обвинува Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес. -Ова очигледно е еден од филмските настапи на градоначалникот во кој глуми загриженост за граѓаните и функционирањето на општината. Глумец на функција градоначалник. Господине Коцевски вие како една од клучните политички фигури во градот бевте свесен што носи изгласувањето на Законот за употреба на јазиците, за кој гласаше и вашиот соработник господинот Панче Иванов. Дури и кога организиравте парадоксални самоуништувачки забави во младински, затскривајќи се зад евроинтеграциите бевте свесен која е цената што треба да ја плати народот за остварување на вашите хирови. Според нашите информации двојазичноста сте ја ветувале на вашите посети во Бузалково, Сливник иако ние како ВМРО-ДПМНЕ укажувавме дека со овој ваш план само ќе се уназади комуникацијата и односите помеѓу Македонците, Албанците во општина Велес кои што живеат и соработуваат одлично. Унапредување на односи, Коцевски се прави со инвестиции, со отворање на нови работни места, со градење на инфраструктура, а не со непромислени потези кои дополнително ќе иницираат нови проблеми кај така политизираното  општество, истакна тој. Здравковски му порачува на Коцевски дека сега нема причина за глумење и лутење, кога веќе ветувал нешто. -Сте ветувале господине Коцевски и сега нема причина за глумење и лутење посебно не од некој совесен и пресметлив човек како што сте вие. Вистината е друга господине Коцевски. Народот ви го сврте грбот. Тонете во жив песок со вашите погубни политики што впрочем се виде и на референдумот на кој имавте поддршка од само 27% од гласачите од Велес. Или во бројки изразено намалување за цели 3.500 гласови за една година. Па сега се грепчите за да докачите некоја сламка за спас за враќање на угледот и достоинството кое што за волја на вистината го имавте и ви беа на завидно ниво пред година и половина. Господине Коцевски, сепак ВМРО-ДПМНЕ како општествено одговорна партија и ние како дел од неа и во насока на вашето штедење и секако почитување на законите, доколку имате потреба ќе ви помогнеме колку што можеме, а можеме да ви понудиме македонско-албански речник кој ќе ви послужи во понатамошната комуникација. Можете учејќи да ги избегнете најавените казни од 5.000 евра за неговорење на официјалниот јазик на нашата држава, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkovski-do-kocevski-ste-vetuvale-dvojazichnost-i-sega-nema-prichina-za-glumenje-i-lutenje/feed/ 0