внатрешна контрола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Jun 2022 12:08:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png внатрешна контрола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Внатрешната контрола во МВР работи на случајот на полицајците од Блаце кои земаа поткуп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnatreshnata-kontrola-vo-mvr-raboti-na-sluchajot-na-policajcite-od-blace-koi-zemaa-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnatreshnata-kontrola-vo-mvr-raboti-na-sluchajot-na-policajcite-od-blace-koi-zemaa-potkup/#respond Tue, 07 Jun 2022 12:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=687778

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали се суспендирани од работа полициските службеници од ГП „Блаце“, за кои се поднесени кривични пријави за поткуп, информира дека на тој случај работи внатрешната контрола и кога ќе се затвори целиот случај, ќе се донесат одлуки во делот на водењето на дисциплинската постапка. – За полициски службеници кои направија кривично дело во однос на поткупот се поднесени соодветни кривични пријави. За сите полициски службеници, работи внатрешната контрола во однос на уништувањето на средствата за работа. За тоа постојат правилници, постојат упатства како и на кој начин ќе се користи опремата и секако дека покрај дисциплинската ќе има и материјална одговорност во овој дел. Ние известуваме и надлежно обвинителство кое што работи, а тоа е Одделението во ЈО за организиран криминал. Доколку се утврди дека има елементи на сторено кривично дело ќе одговараат и кривично тие полициски службеници коишто го сториле тоа кривично дело. Меѓутоа, мора да се знае точно да се утврди и оние коишто направиле и материјална штета на МВР да си ја покријат таа материјална штета, истакна министерот Спасовски по работната посета на СВР Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnatreshnata-kontrola-vo-mvr-raboti-na-sluchajot-na-policajcite-od-blace-koi-zemaa-potkup/feed/ 0
МВР: Внатрешна контрола работи на расчистување случај со земање мито на „Блаце“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-vnatreshna-kontrola-raboti-na-raschistuvanje-sluchaj-so-zemanje-mito-na-blace/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-vnatreshna-kontrola-raboti-na-raschistuvanje-sluchaj-so-zemanje-mito-na-blace/#respond Wed, 13 Apr 2022 07:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=662237

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола веќе работи на расчистување случај со земање мито на „Блаце“. Реакцијата на МВР следува откако албанската телевизија Клан во емисијата „Стоп“ објави видео снимка на која јасно се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам зема мито од 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. -Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, кусо соопштуваат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-vnatreshna-kontrola-raboti-na-raschistuvanje-sluchaj-so-zemanje-mito-na-blace/feed/ 0
Јовче Ременски над законите: Молчи МВР, молк од Внатрешна контрола, но и од професорката Ременски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovche-remenski-nad-zakonite-molchi-mvr-molk-od-vnatreshna-kontrola-no-i-od-profesorkata-remenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovche-remenski-nad-zakonite-molchi-mvr-molk-od-vnatreshna-kontrola-no-i-od-profesorkata-remenski/#respond Thu, 29 Aug 2019 09:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=234574

Една недела по скандалозните апсења најавени на Фејсбук, Јовче Ременски се уште е на функцијата шеф на управата во МВР задолжена за борба со тероризам. И додека Внатрешната контрола во МВР молчи, а министерот Оливер Спасовски не коментира, Ременски ги крши законите и правилниците за работа во Министерството. Во Законот за кривична постапка јасно е наведено дека сите дејствија во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, а нивното оддaвање е тешко прекршување на законот. Кривичниот закон пак предвидува затворска казна за одавање на службена тајна. Законите се јасни и прецизни.   Во Законот за внатрешни работи се наведени и потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски. Како дел од потешките прекршоци се наведуваат оддавање на класифицирана информација, постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството и злоупотреба на пречекорување на даденото овластување. Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи, е наведено дека областените службени лица СЕ ДОЛЖНИ да постапуваат во согласно со правата, должностите и овластувањата утврдени со Уставот, законите и другите прописи донесени врз основа на закон. Во Колективниот договор наведено е и дека треба да го чуваат својот и угледот на МВР, како и да чуваат државната, службената и воената тајна и соодветно да се грижат за чувањето на материјалите кои содржат тајни податоци. Законските норми и прописи, како и правилниците за работи укажуваат дека Ременски сторил потешки прекршувања на работниот ред и дисциплина, а истиот постапил и спротивно на правилата за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи. Додека Спасовки и Министерството молчат за однесувањето на Ременски и низата негови прекршувања, неговата сопруга професорката Ременски ги критикува новинарите кои објавуваат информации од јавен интерес. Спротивно на ова, таа со низа статуси на Фејсбук се труди да го оправда сопругот, пружајќи му поддршка и охрабрување во злоупотребата на позицијата која ја има во МВР и кршењето на законските прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovche-remenski-nad-zakonite-molchi-mvr-molk-od-vnatreshna-kontrola-no-i-od-profesorkata-remenski/feed/ 0