внатрешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 16:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png внатрешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британската министерка за внатрешни работи поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-podnese-ostavka-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-podnese-ostavka-2/#respond Wed, 19 Oct 2022 16:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=747900

Британската министерка за внатрешни работи Суела Брејвермен по шест недели на функцијата, денеска поднесе оставка. Таа имаше една од највисоките позиции во британската Влада, со одговорности меѓу кои и надзор на границите на Велика Британија, полиција и борба против тероризам. Суела Брејвермен можеби поднесе оставка поради безбедносно прашање, наведува Би-Би-Си. Сепак, нејзиното писмо со оставка звучи како напад врз премиерката Лиз Трас и нејзината влада, коментира британскиот медиум. Таа пишува дека работата на владата се потпира на тоа дека луѓето ќе ја прифатат одговорноста за своите грешки и оти продолжувањето понатаму „како сите да не гледаат дека сме ги направиле“ и да се надеваме дека работите „магично“ ќе се исправат не е сериозна политика. Како некој кој штотуку поднел оставка откако признал грешка, повеќе се чита како повик до Лиз Трас да го стори истото по серијата пресврти по нејзиниот мини-буџет, пишува Би-Би-Си. Брејвермен, исто така, јасно кажува дека е загрижена за „насоката“ на владата и дали таа го почитува манифестот врз чија основа е избрана. Нов министер за внатрешни работи ќе биде Грант Шапс кој беше главен поддржувач на Риши Сунак за време на трката за лидер на Ториевците. Тој беше отпуштен од функцијата секретар за транспорт од страна на Лиз Трас кога таа стана премиерка и беше заменет од Ен-Мари Тревелјан, информира Би-Би-Си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-podnese-ostavka-2/feed/ 0
Унгарскиот министер за внатрешни работи поставен за шеф на Генералниот директорат на националните болници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-postaven-za-shef-na-generalniot-direktorat-na-nacionalnite-bolnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-postaven-za-shef-na-generalniot-direktorat-na-nacionalnite-bolnici/#respond Thu, 26 Nov 2020 07:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=434551

Унгарската влада вчера донесе уредба со која министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер го нанзачи на чело на новоформираниот Генерален директорат на националните болници. Во согласност со уредбата Пинтер ќе биде одговорен за управување и надзор со работата на ова оперативно тело за координирање на одговорот на епидемијата на коронавирусот и ќе предлага организациски и оперативни правила за работа што мора да бидат одобрени од премиерот Виктор Орбан, јави МТИ. Унгарскиот премиер, исто така, со уредбата го назначи Золтан Јане за извршен директор на Генералниот директорат на националните болници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-postaven-za-shef-na-generalniot-direktorat-na-nacionalnite-bolnici/feed/ 0
Лиу: Велика Британија се меша во внатрешните работи на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liu-velika-britanija-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liu-velika-britanija-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti-na-kina/#respond Mon, 06 Jul 2020 13:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=369965

Кинескиот амбасадор Лиу Џиаоминг во Лондон денеска ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност. – Владата на Велика Британија продолжува да дава неодговрни забелешки поврзани со внатрешните прашања на Хонг Конг, истакна Лиу на видео прес-конференцијата. Тој додаде дека Велика Британија изнела неоправдани обвиненија за Законот за национална безбедност. Лиу наведе дека понудата на Велика Британија да им даде државјанство на жителите на Хонг Конг е „чекор што претставува тешко мешање во внатрешните прашања на Кина“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liu-velika-britanija-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti-na-kina/feed/ 0
Разрешен рускиот заменик-министерот за внатрешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razreshen-ruskiot-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razreshen-ruskiot-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-raboti/#respond Fri, 10 Apr 2020 09:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=330106

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши заменик- министерот за внатрешни работи Александр Романов, кој истовремено е и раководител на одделот за истраги. Путин го потпиша указот за разрешување непосредно откако вработени во тоа Министерство беа уапсени за корупција. Случајот против неговите двајца заменици е покренат во врска со информациите добиени од Истражната единица на Министерството за внатрешни работи на 1 април. Замениците Александар Краковки и Александар Бирјуков беа уапсени на 3 април. Според истражителите, тие го довеле во заблуда Романов и помогнале да се ослободи бизнисменот Алберт Кудојан, кој е под истрага за измама од 10 милиони долари. Кудојан е во домашен притвор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razreshen-ruskiot-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-raboti/feed/ 0