во центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Feb 2019 10:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png во центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ефтов: Клучно за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да поминат 400.000 гласа на претседателските избори што ќе значи победа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftov-kluchno-za-vmro-dpmne-i-mickoski-e-da-pominat-400-000-glasa-na-pretsedatelskite-izbori-shto-kje-znachi-pobeda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftov-kluchno-za-vmro-dpmne-i-mickoski-e-da-pominat-400-000-glasa-na-pretsedatelskite-izbori-shto-kje-znachi-pobeda/#respond Mon, 04 Feb 2019 10:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=159868

Васко Ефтов во својата емисија „Центар“ ги објави резултатите од сите досегашни претседателски избори во Република Македонија. Во 1994-та година Киро Глигоров освојува 52,44 проценти, а Љубиша Ѓеоргиевски 21, 06 проценти, односно Киро Глигоров освојува некаде 715 илјади гласови, а Љубиша Ѓеоргиевски 197 илјади гласови, пет години подоцна односно во 1999-та година ВМРО-ДПМНЕ односно Борис Трајковски во првиот круг освојува едвај 219 илјади гласови, а Тито Петковски некаде околу 343 илјади гласови, во 2004 година во првиот круг СДСМ односно Бранко Црвенковски освојува 385 илјади гласови, Сашко Кедев или ВМРО-ДПМНЕ 309 илјади гласови. Во првиот мандат Ѓорге Иванов во 2009 година освојува 345 илјади гласови, Љубомир Фрчковски 202 илјади гласови, а во вториот мандат прв пат по Киро Глигоров таа граница од 400 илјади гласови е пробиена, Ѓорге Иванов во првиот круг освојува 448 илјади гласови, Стево Пендаровски 326 илјади гласови. -За Христијан Мицкоски клучно е да се доближи или пробие бројката од 400 илјади освоени гласови во првиот круг кога гласаат Македонците кога нема заеднички консезуален кандидат, ако нема заеднички консезуален кандидат и ако Христијан Мицкоски се доближи во првиот круг до бројката или ја надмине тогаш целата политичка ситуација ја зема во свој раце и тогаш ќе биде многу тешко и речиси невозможно таа целата структура составена од Сашо Мијалков, Митко Јанчев, Никола Тодоров и луѓето кои се незадоволни од СДСМ и стимулирани од сегашното работење на ВМРО-ДПМНЕ тие тешко ќе може да побараат конгрес и тешко ќе се надеваат дека на тој конгрес би можеле да направат панорама три или нов пуч и смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Клучно за Мицкоски е да не падне под 350 илјади гласачи во првиот круг на претседателските избори и ако стигне до 400 илјади во првиот круг и ако победи во првиот круг има сериозни шанси и да победи во вториот круг тешко ќе може да се направи пуч во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука таа бројка од 400 илјади гласови кои единствено Киро Глигоров во 1994-та и Ѓорге Иванов во 2014 година ја имаат постигнато во првиот круг е клучна за Мицкоски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, вели Ефтов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftov-kluchno-za-vmro-dpmne-i-mickoski-e-da-pominat-400-000-glasa-na-pretsedatelskite-izbori-shto-kje-znachi-pobeda/feed/ 0
Маријана Петир: Кога му го земаш името на еден народ, тоа е духовен геноцид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marijana-petir-koga-mu-go-zemash-imeto-na-eden-narod-toa-e-duhoven-genocid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marijana-petir-koga-mu-go-zemash-imeto-na-eden-narod-toa-e-duhoven-genocid/#respond Mon, 09 Apr 2018 15:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=38245

Во ситуација кога на еден народ сакаш да му го одземеш неговиот идентитет, култура, вредности, дух, да го избришеш како да не постоел. Кога му го земаш името, тоа со сигурност може да се нарече духовен геноцид. И тоа е нешто е недопустливо, вели Маријана Петир, хрватски европратеник од редовите на ЕПП, во вчерашното интервју во емисијата во Центар, на Васко Ефтов, коментирајќи го проблемот кој Грција, го има со нашето име.

- Јас сметам дека името го претставува идентитетот. Тоа е заштитен знак. Името нешто кое останува зад нас и кога ние повеќе нема да бидеме тука. Поради тоа сметам дека со името ниту народот, ниту државата не смее да се коцка. Оние кои поставуваат такви отстапки од Македонија не се добронамерни, дадава таа.

Петир вели дека никаде во светот нема друг пример каде што соседна држава бара промена на името на државата на својот сосед. Според неа други држави ги менувале своите имиња, но затоа што тоа самите го сакале, а не зошто некој тоа им го поставувал како услов.

Според Петир се работи за класична уцена. Имено таа вели дека кога владата ги отвори преговорите околу името се покажало дека за Грција не била доволна географската одредница, туку целосно бришење на терминот Македонија од името на државата. Тоа според неа не е воопшто прифатливо, таа вели дека истото наликува на народната “ Се дава прст, земаат цела рака.“

Во текот на целото интервју Ефтов неколку пати повтори дека Петир има поцврсти ставови за Република Македонија од одредени македонски политичари.

Пристапот кој Грција го има со Македонија, не е прифатлив, не е добар и неможе на никој начин да се оправда, вели Петир. Според неа дополнително е апсурдно што овој проблем се појавува на крајот на 80-тите, а пред тоа не преставува проблем. Таа вели и дека Грција со проблемот со името практично ја дефокусира сопствената јавност од лошите економски политики.

Таа вели дека ЕУ треба да удри во маса и да ја запре оваа пародија.

- Јас ова неможам поинаку да го наречам, освен пародија, изживување, една бескрупулозна уценувачка политика. Покажувањето на сила и мускули бидејќи мислиш дека тоа го можеш без никакви причини и аргументи. Тоа по мене е апсолутно недопустливо, јас се надевам и сум оптимист дека правдата на крајот мора да победи. Само не треба да се прифатат никакви уцени и да не се поминат границите кои македонскиот народ ги има, заклучува Петир.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marijana-petir-koga-mu-go-zemash-imeto-na-eden-narod-toa-e-duhoven-genocid/feed/ 0