водно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 12:38:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png водно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕ ПАНИЧЕТЕ ДОКОЛКУ ВИДИТЕ ЗМИЈА НА ВОДНО – еве како да препознаете дали е отровна или не, во Македонија луѓето најчесто ја прават оваа грешка! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/#respond Mon, 26 Jun 2023 12:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=849731

Почитувани, поради објавата за поголемо присуство на змии во околината на Скопје ви го испраќаме соопштение со цел да ги информираме граѓаните дека голем дел од змиите кои ги среќаваат на Водно или покрај реки и вода не се отровни и не се опасни по здравјето на луѓето. Истовремено сакаме да потсетиме за корисната улога на овие животни во природното контролирање на глодарите кои се дел од нивната главна исхрана, објавуваат преку свое соопштение на МЕД кое го пренесуваме во целост во продолжение: Во Македонија постојат 16 вида змии од кои само 3 вида се отровни. Единствено поскокот може да се сретне во урбани средини а шарката и степската лутица се присутни само на надморкса височина поголема од 1500 m и тоа само на некои планини во земјава. Многу смокови се шарени, па често погрешно се нарекувани шарки. Единствената отровница која е широко распространета кај нас е поскокот, кој пак лесно се препознава по рогот на врвот од главата, шарите во форма на баклави на грбот (обоени во најразлична варијација на црно, сиво, црвено, кафено, портокалово, жолто - погледнете кратко видео тука) и големината – поскоците ретко достигнуваат должина поголема од 70cm, но најчесто се среќаваат единки од околу 50cm. Доколку змијата е подолга од 1m, таа е безопасен смок. Во Македонија има дури 11 различни вида на смок, една боа (малечка здепаста змија која главно живее под земја и може да се сретне само во крајните југоисточни делови од државата) и една црвовидна змија која е целосно безопасна и секој лаик на прв поглед би помислил дека е црв. Според Драган Арсовски, биолог од МЕД доколку се постапи на правилен начин дури и при каснување од змија отровница луѓето би поминале без компликации: „Доколку се случи каснување од поскок, ако човекот нема други здравствени проблеми и се јави за медицинска помош истиот ден тој би поминал без никакви компликации по здравјето.“, изјави Арсовски Фотографии, точно распространување низ Македонија, како и повеќе за биологијата, екологијата и степенот на засегнатост на змиите во нашата држава може да најдете на првата национална црвена листа на Македонија на следната веб страница: http://redlist.moepp.gov.mk/pregled-na-vidovi/ (влекачите се наоѓаат на дното од листата). Инаку напролет ладнокрвните влекачи излегуваат од долгиот зимски сон (хибернација) и се најактивни бидејќи тогаш е нивниот период на размножување, односно се во потрага по партнер. Затоа, овој период се и најчести средбите со овие животни. Еден од најраширените митови за змиите е дека се најактивни кога е најтопло. Змиите како и најголемиот број влекачи не можат да ја контролираат сопствената температура, па тоа го прават преку сончање или барање на засолниште. Кога е многу ладно тие може да замрзнат, па затоа се засолнуваат и хибернираат, додека пак кога е претопло тие се во опасност од прегревање и смрт, заради што исто така бараат засолниште и во екстремно топли периоди може целосно да ја намалат својата активност и да влезат во т.н. летна хибернација, односно естивација. Налето, змиите најчесто може да ги видиме само непосредно по изгрејсонце (помеѓу 05 и 07 часот), а некои безопасни видови се исто така активни на зајдисонце или дури и навечер. Змиите најчесто веднаш бегаат при средба со човек. Тие немаат изострено сетило за вид, па понекогаш може да се случи да бегаат во правецот на самиот човек, и ова може да биде збунето со напад. Отровниците, како што е поскокот најчесто се укочуваат при средба со човек. Во овој случај, слободно земете долг стап и отстранете ги од просторот.  Во Европа не постојат змии кои активно напаѓаат за одбрана на својата територија или гнездо – каснувања се случуваат исклучиво кога ненамерно ќе се приближиме (на пр. при згазнување со боса нога или земјоделски активности близу земјата или на ниски гранки каде знаат да се камуфлираат добро). Како и поголемиот дел од биодиверзитетот, така и змиите не се снаоѓаат добро во урбани средини и лесно завршуваат под тркалата на колите. Така, средбите со змии се среќаваат во делови од градот кои се блиску до природа (на пр. подножјето на Водно или приградски места) каде нема голем метеж, но човечката активност може да привлече поголем број на глодари кои се нивен оброк. „Всушност, може да се каже дека не се змиите оние кои доаѓаат во нашите градови, туку со градежната експанзија, ние навлегуваме во нивните природни живеалишта, како што е Водно. Во централните делови од градовите понекогаш може да се сретнат „водни змии“, особено покрај реки и бари. Другите змии доколку залутаат во овие делови од градот, ретко преживуваат доволно долго. „Водните змии“ се всушност смокови кои се исхрануваат со риби и водоземци и затоа не е неочекувано да се сретнат по кејот во Скопје, особено покрај градскиот парк, и се целосно безопасни, додава Арсовски. Змиите играат клучна улога во нашите екосистеми, првенствено како контрола на популациите на глодари (како што се глувците) и се екстремно корисни. Голем број змии се хранат со други змии, односно ги контролираат нивните популации. Ова е точно и за поскокот, кој често се исхранува со младите од други змии. Така убивање на змиите всушност често би значело и зголемување на популација на друг вид на змија.Нема никаков научно докажан ефект од продуктите кои се рекламираат и продаваат како средства против змии и истите може само да предизвикаат загадување на околината, така што не ги препорачуваме. Во Македонија не постои сервис за отстранување на змии, главно бидејќи едноставно не постојат видови кои се многу опасни. Инаку МЕД, ги  проучува природните популации од овие животни. Препорачуваме да го чувате вашиот двор уреден, како не би создале места кои змиите би ги користеле како засолниште, а кога се движите во природа да имате стапче и соодветни планинарски обувки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/feed/ 0
Спречена нелегална сеча на дрвја на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sprechena-nelegalna-secha-na-drvja-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sprechena-nelegalna-secha-na-drvja-na-vodno/#respond Thu, 11 May 2023 13:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=833089

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост на Водно. На локацијата не се затекнати сторители, а дел од дрвата на парцелата биле веќе исечени, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски. Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен разговор со нив, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата. Сопствениците на парцелата исто така се задолжени од инспекторите да ја донесат целосната документација на увид во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. Од страна на Општина Центар на локацијата повикани се сите надлежни институции, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумската полиција и пријавен е во полиција и веќе на терен се инспектори од МВР, со цел да се дознае кој и зошто ја извршил сечата на дрва, а сопствениците со целосната документација се повикани на разговор во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sprechena-nelegalna-secha-na-drvja-na-vodno/feed/ 0
БАРАЛЕ ПОМОШ: Мали деца и возрасни не можеле да се симнат од врвот на Водно поради силен ветер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-pomosh-mali-detsa-i-vozrasni-ne-mozhele-da-se-simnat-od-vrvot-na-vodno-poradi-silen-veter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-pomosh-mali-detsa-i-vozrasni-ne-mozhele-da-se-simnat-od-vrvot-na-vodno-poradi-silen-veter/#respond Sat, 04 Feb 2023 17:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=796176

Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со Жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако Жичницата била повторно ставена во употреба. -На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичарата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на Жичарата не им е дозволено да се симнат со лифтот, наведуваа од ЦУК. Лицата побарале помош за симнување, посочувајќи дека биле известени од страна на вработените во Жичарата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде се наоѓале луѓето. За настанатата состојба ЦУК го известило одговорното лице од Град Скопје и ЈСП Скопје. По извршените контакти со одговорното лице, Жичарницата била ставена во функција и луѓето безбедно се симнале надолу до Средно Водно. Од страна на Град Скопје е известен и Црвениот Крст чии претставници се наоѓале на лице место и им помагале на луѓето безбедно да се симнат надолу. Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани, соопштија од ЦУК. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-pomosh-mali-detsa-i-vozrasni-ne-mozhele-da-se-simnat-od-vrvot-na-vodno-poradi-silen-veter/feed/ 0
Скопје не се гледа од Водно, километарска редица за возење со жичницата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-ne-se-gleda-od-vodno-kilometarska-kolona-za-vozenje-so-zichnicata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-ne-se-gleda-od-vodno-kilometarska-kolona-za-vozenje-so-zichnicata-foto/#respond Tue, 03 Jan 2023 16:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=783571

Македонија и денеска се гуши во ПМ 10 честички. Мерните станици во Скопје покажуваат зголемено присуство на штетните честички во воздухот и до десет пати над дозволената граница. Граѓаните кои сакаа да видат сонце и да подишат почист воздух побегнаа на Водно, а за возење со скопската жичница имаше километарска редица и во доцните попладневни часови. Скопје веќе неколку дена по ред е под густа магла која е карактеристична за градот поради местоположбата. Но, овој пат таа е во комбинација со аерозагадувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-ne-se-gleda-od-vodno-kilometarska-kolona-za-vozenje-so-zichnicata-foto/feed/ 0
Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/#respond Wed, 14 Sep 2022 16:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=732851

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа на својот Фејсбук посочи дека Милениумскиот крст на Водно треба да се исклучи. Ваквото барање доаѓа по одлуката во Париз да се исклучи Ајфеловата кула. „Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја, особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи во текот на оваа зима. Наместо нашите владетели да ни кажуваат како да се користи струјата дома, јас јавно предлагам да почнат да се штедат и да престанат со непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, пишува Хоџа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/feed/ 0
Жичарницата и автобусите до Водно продолжуваат со работа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zicharnicata-i-avtobusite-do-vodno-prodolzuvaat-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zicharnicata-i-avtobusite-do-vodno-prodolzuvaat-so-rabota/#respond Thu, 14 Jul 2022 08:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=704906

Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа oд утре -Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП Скопје. До Средно Водно сообраќаат три линии: - 25 (Транспортен центар - Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник - 25А (Автомакедонија - Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник - 25Б (Дом на печат - Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zicharnicata-i-avtobusite-do-vodno-prodolzuvaat-so-rabota/feed/ 0
Од утре делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-park-shumata-vodno-i-vo-parkot-na-prirodata-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-park-shumata-vodno-i-vo-parkot-na-prirodata-gazi-baba/#respond Thu, 23 Jun 2022 17:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=694816

Во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ од утре се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот, информираат од Град Скопје. Воведувањето на делумната забрана за движење е според одлуката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите. Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и да придонесат за зачувување на зеленилото од евентуални пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-park-shumata-vodno-i-vo-parkot-na-prirodata-gazi-baba/feed/ 0
Започна големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд 2022“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-akcija-za-chistenje-na-vodno-generalka-vikend-2022/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-akcija-za-chistenje-na-vodno-generalka-vikend-2022/#respond Fri, 06 May 2022 09:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=672812

Денеска започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која денеска и претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење. Градот Скопје, заедно со јавните градски комунални претпријатија со поддршка на Општина Кисела вода и Општина Гази Баба, со над 200 волонтери кои се дел од акцијата за чистење на планината Водно, во која се собира отпадот од врвот, пешачките патеки и падините на планината. Чистењето на Водно се врши од 09:00 часот до 14:00 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце. За сите учесници во акцијата „Генералка викенд“ се обезбедени кеси за отпад, ракавици и налепници, а волонтерите ќе бидат поделени во неколку групи за да опфатат што е можно поголем број локации на планината. Една група ќе се кажува кон врвот на Водно и ќе ја чисти пензионерската патека до Средно Водно, друга група ќе го чисти асфалтниот пат, трета група потегот од Средно Водно до полициската станица - пешачката шумска патека, а четврта група на Средно Водно ќе ги чистат паркинзите, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата. Групи на волонтери ќе чистат и на потегот кон Матка (еден километар), видиковецот, потегот кон Горно Соње и околу крстот. Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва. Градот Скопје секогаш ќе подржува иницијативи за вакви еколошки акции за почисто и поубав град за сите скопјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-akcija-za-chistenje-na-vodno-generalka-vikend-2022/feed/ 0
ФОТО: Успешна асистенција на скопските пожарникари, спасиле планинарка на Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/#respond Thu, 21 Apr 2022 09:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=666424

Скопските пожарникари рано утринава добиле повик за асистенција на Брзата помош поради планинарка на која и била потребна помош. Како што дознаваме на жената и се слошило на една од планинарските патеки, но поради непроодност на теренот медицинските екипи не можеле да дојдат до неа, па помош била побарана од противпожарната бригада. Пожарникарите ја лоцирале жената, по што безбедно ја пренеле до местото каде и била пружена лекарска помош. -Утринава добивме повик за асистенција од Брзата помош. Во близина на средно Водно беше потребно да се извлече жена и пренесе до локација каде можеше да и биде пружена помош, по што беше преземена од екипата на Брза помош, вели за Курир, Ѕвонко Томевски командир на скопската противпожарна бригада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/feed/ 0
ФОТО: Снег на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-sneg-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-sneg-na-vodno/#respond Mon, 18 Apr 2022 06:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=664561

По минатонеделното сончево и топло време, изминатиов викенд дожд и снег. Како што најавија метеоролозите на повисоките места врнежите се претворија со снег. Покрај на повисоките планини, снег се забележува и на врвот на Водно. И за денеска на планините и повисоките места се најавуваат нови снежни врнежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-sneg-na-vodno/feed/ 0