водород – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 14:59:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png водород – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија субвенционира проекти во странство поврзани со водородот во вредност од 550 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-subvencionira-proekti-vo-stranstvo-povrzani-so-vodorodot-vo-vrednost-od-550-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-subvencionira-proekti-vo-stranstvo-povrzani-so-vodorodot-vo-vrednost-od-550-milioni-evra/#respond Tue, 15 Nov 2022 14:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=761024

Германија најави дека со 550 милиони евра во странство ќе субвенционира проекти поврзани со користење на водород како извор на енергија. – Водородот е голема надеж и клучна технологија кога станува збор за замена на фосилните горива во индустријата со обновливи облици на енергија, изјави денеска германската министерка за развојна помош Свења Шулце на Конференцијата на ОН за заштита на климата (КОП27), која се одржува во египетското одморалиште Шарм ел- Шеик. Штефан Венцел од германското Министерство за економија прецизираше дека планираните 500 милиони евра субвенции треба да привлечат приватни инвеститори. – Се надеваме дека субвенциите би можеле да привлечат до пет милијарди евра инвестиции во овој обновлив извор на енергија, рече Венцел во обраќањето пред учесниците на конференцијата за климата. Шулце посочи дека многу земји во развој имаат елементи како што се ветерот или сончевата енергија кои се потребни за енергетско интензивно производство на водород и затоа треба да бидат поддржани. – Многу земји во развој имаат идеални услови за производство на водород, но во исто време постои опасност да бидат исклучени од процесот на формирање на енергетската иднина, заклучи германската министерка задолжена за помош на земјите во развој. Фондот за субвенционирање за стимулирање на производството на водород е поделен на 250 милиони кои треба да се искористат за поттикнување на производството и 300 милиони за стимулирање на потрошувачката на водород и изградба на потребната инфраструктура. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-subvencionira-proekti-vo-stranstvo-povrzani-so-vodorodot-vo-vrednost-od-550-milioni-evra/feed/ 0
Во Германија пуштени во употреба 14 патнички возови на водород https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-pushteni-vo-upotreba-14-patnichki-vozovi-na-vodorod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-pushteni-vo-upotreba-14-patnichki-vozovi-na-vodorod/#respond Thu, 25 Aug 2022 06:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=723598

Во германската покраина Долна Саксонија беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги. Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом. Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде, пренесе Бета. Гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, рече дека проектот вреден 93 милиони евра е „одличен пример“ за напорите на државата да ја направи својата економија зелена. Според компанијата Алстом, со користење на водород произведен од обновливи извори на енергија, возовите заштедуваат 1,6 милиони литри дизел гориво годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-pushteni-vo-upotreba-14-patnichki-vozovi-na-vodorod/feed/ 0
„Ербас“: Авионот на водород во употреба до 2035 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-avionot-na-vodorod-vo-upotreba-do-2035-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-avionot-na-vodorod-vo-upotreba-do-2035-godina/#respond Mon, 21 Sep 2020 08:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=406064

Развојот на авиони на водороден погон е „стратешки приоритет“ на мултинационалната европска компанија „Ербас“, која објави три концепти, од кои едниот ќе стане авион и ќе влезе во сообраќај во 2035 година, пренесуваат француските медиуми. Извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фаури, во интервју за „Паризиен“ изјави дека „развојот на авиони без јаглерод не бара некој поголем технолошки исчекор“. Шефот на европскиот производител на авиони потсети дека „Ербас“ веќе користи водороден погон за своите сателити и ракетата Аријана. Според него, изборот и „созревањето“ на технологијата ќе потрае пет години, а потоа се потребни две години за да се подготват добавувачите и фабриките. -Почетокот на програмата е закажан за приближно 2028 година. Нашата амбиција е да бидеме првиот производител што ќе лансира ваков авион во 2035 година, рече Фори. Овој распоред одговара на целта на „авионот без јаглерод“ поставен од француската Влада на почетокот на јуни, која планира до 2022 година да одвои 1,5 милијарда евра за да му помогне на секторот за авијација, кој беше тешко погоден од пандемијата. -„Ербас“ подготви три концепти, рече директорот Фори. Првиот е млазен авион со класична конфигурација до 200 места и опсег од повеќе од 3.500 километри. Вториот е авион со елиса, за околу 100 патници, за пократки патувања. Третиот концепт е најкомплициран, но и најпредизвикувачки за инженерите: тој е „летечко крило“ со приближно 200 седишта што „овозможува целосно поинаква конфигурација и за резервоарот со водород и за погонот“, рече директорот. -Покрај техничките достигнувања, исто така, и регулаторната рамка нужно мора да еволуира за да се овозможи употреба на водородот во комерцијалните авиони, рече Фори. Ќе биде неопходно и инфраструктурата на аеродромите да биде подготвена и „зелениот водород“ да биде присутен во поголеми количества, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-avionot-na-vodorod-vo-upotreba-do-2035-godina/feed/ 0