водостои на реки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 10:04:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png водостои на реки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемени водостоите на реките и на езерата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-vodostoite-na-rekite-i-na-ezerata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-vodostoite-na-rekite-i-na-ezerata/#respond Tue, 24 Jan 2023 10:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=791049

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчера, исто како и на трите природни езера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо зголемување на нивото, речиси двојно во однос на вчера, имаат реките Треска на мерното место кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила и Сатеска кај Ботун. Минимално намалување на водостојот во однос на вчерашниот е забележано само кај реките Брегалница на мерното место кај Штип и Струмица кај Ново Село. За по еден сантиметар е зголемено и нивото на Дојранското и на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека водостојот на Охридското Езеро е зголемен за два сантиметра.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-vodostoite-na-rekite-i-na-ezerata/feed/ 0
Водостоите на реките пониски од просекот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-poniski-od-prosekot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-poniski-od-prosekot/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:08:50 +0000 https://kurir.mk/?p=648119

Водостоите на реките во земјава се пониски од просечните за овој период од годинава, а кај дел од нив се бележи дополнително намалување на нивото во споредба со вчерашното. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на трите природни езера во земјава се исти како вчера. При тоа нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за март и тоа за седум сантиметри кај Охридското и за 1,69 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа Преспанското Езеро е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за март. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-poniski-od-prosekot/feed/ 0
Пониски водостоите на реките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poniski-vodostoite-na-rekite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poniski-vodostoite-na-rekite/#respond Mon, 31 May 2021 09:00:05 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517136

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за мај и главно бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, и Струмица кај Сушево, каде нивото е повисоко од просечното. Повисок водостој од просечниот и тоа за 2,74 метри има и Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните. Кај Охридското Езеро водостојот е понизок за 15 сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, а кај Преспанското за 1,64 метри, но сепак за 13 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poniski-vodostoite-na-rekite/feed/ 0
УХМР: Внимателно движење покрај реките и клисурите, можно покачување на водостоите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-vnimatelno-dvizenje-pokraj-rekite-i-klisurite-mozno-pokachuvanje-na-vodostoite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-vnimatelno-dvizenje-pokraj-rekite-i-klisurite-mozno-pokachuvanje-na-vodostoite/#respond Fri, 25 Jan 2019 15:08:23 +0000 https://kurir.mk/?p=156580

Врнежите од снег и дожд кои се со поголем интензитет во југоисточниот дел од Македонија ќе предизвикаат покачување на водостоите кај помалите реки и истекувања кај суводолиците, предупредува УХМР. Поради тоа, апелира, неопходно е внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, како и низ клисурите и на местата каде се можни одрони и свлечишта. Според хидролошките станици, и засега има одредени покачувања на водостоите на реките, но тие се со вредности околу просекот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-vnimatelno-dvizenje-pokraj-rekite-i-klisurite-mozno-pokachuvanje-na-vodostoite/feed/ 0
Реките со повисоки водостои, над дозволениот максимум Охридско и Дојранско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekite-so-povisoki-vodostoi-nad-dozvoleniot-maksimum-ohridsko-i-dojransko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekite-so-povisoki-vodostoi-nad-dozvoleniot-maksimum-ohridsko-i-dojransko-ezero/#respond Mon, 11 Jun 2018 08:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=64433

Над просечното ниво за јуни се водостоите на поголем дел од реките во Македонија, а кај езерата над дозволениот максимум се Охридското Езеро со 11 саниметри и Дојранското Езеро со девет сантиметри. Денешните хидролошки мерења покажуваат дека под просекот за јуни се водостоите на Црна Река со 37 саниметри, Крива Река каде двојно е пониско нивото и Сатеска Река со 10 сантиметри пониско ниво од просекот. На исто ниво како јунскиот просек е водостојот на Брегалница. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekite-so-povisoki-vodostoi-nad-dozvoleniot-maksimum-ohridsko-i-dojransko-ezero/feed/ 0
Се намалуваат водостоите на реките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namaluvaat-vodostoite-na-rekite-4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namaluvaat-vodostoite-na-rekite-4/#respond Thu, 17 May 2018 08:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=55097

Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки од просекот за мај, но бележат намалување во однос на вчера, покажуваат последните мерења направен од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се Вардар на мерното место кај Велес каде има благо зголемување на нивото во однос на вчера, како и кај Брегалница на мерното место во Штип и Црн Дрим кај Ложани. Нивоата, пак на сите природни езера се повисоки од повеќегодишниот просек за овој месец, но се исти како вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namaluvaat-vodostoite-na-rekite-4/feed/ 0
Водостоите на реките околу просекот, најниско нивото на Црна Река https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-okolu-prosekot-najnisko-nivoto-na-crna-reka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-okolu-prosekot-najnisko-nivoto-na-crna-reka/#respond Mon, 23 Apr 2018 08:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=44716

Нема поголеми поместувања на водостоите на реките во однос на изминатите денови, покажуваат денешните хидролошки мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи. Најниско во однос на априлскиот просек или за 74 сантиметри помало е нивото на Црна Река кај Новаци. За 13 сантиметри е понизок водостојот на Крива Река во однос на април, за 11 сантиметри на Брегалница кај Берово и за девет сантиметри на реката Треска. Над просекот за април се нивоата на реките Вардар, Пчиња, Црн Дрим и Сатеска. Од УХМР информираат дека нивото на Охридското Езеро е 20 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а нивото на Дојранското Езеро е на договорениот максимален водостој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-okolu-prosekot-najnisko-nivoto-na-crna-reka/feed/ 0
Водостоите на реките и природните езера над просекот за март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-i-prirodnite-ezera-nad-prosekot-za-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-i-prirodnite-ezera-nad-prosekot-za-mart/#respond Mon, 26 Mar 2018 09:01:29 +0000 https://kurir.mk/?p=33080

Водостоите на сите реки во Македонија се над просекот за март со исклучок на Крива Река на мерното место кај Крива Паланка каде нивото е незачително помало од просекот за овој месец. Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на реките воглавно опаѓаат во однос на вчера. Осетно зголемување на нивото во споредба со вчера има Црн Дрим кај Ложани, а помало зголемување бележат Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катланово и Сушево кај Струмица. Водостоите, пак, на сите природни езера во земјава се над повеќегодишниот просек за март и имаат пораст од два сантиметра во однос на вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-i-prirodnite-ezera-nad-prosekot-za-mart/feed/ 0
Опасност од излевања: УХМР очекува високи водостои на реките и во следните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasnost-od-izlevanja-uhmr-ochekuva-visoki-vodostoi-na-rekite-i-vo-slednite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasnost-od-izlevanja-uhmr-ochekuva-visoki-vodostoi-na-rekite-i-vo-slednite-denovi/#respond Mon, 05 Mar 2018 14:40:01 +0000 http://kurir.mk/?p=27620

Последните информации од хидролошките станици покажуваат дека се уште има блага тенденција на зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Радуша.

- Со овој појавен водостој на хидролошката станица Јегуновце, според наши сознанија и пресметки возводно има појава на излевања. Поради овие излевања се очекува стагнација на водостојот поради разлевање на водите по земјоделските површини, па се очекува пропагацијата на водниот бран по текот низводно да забави, велат од Секторот за хидрологија при УХМР.

Зголемување на водостојот има и на реката Пчиња кај Катлановска Бања и на реката Вардар кај Велес и се очекува овој тренд да продолжи во текот на денот.

Намалени водостои има на реката Црна и Треска и тоа кај Новаци нивото е намалено од 274 на 268 сантиметри, а кај Македонски Брод од 215 на 202 сантиметри. Намалувања на водостојот има на реката Црна кај Доленци, Боротинско Блато кај Боротино и други водотеци, но водостоите се сеуште високи.

Најавените нови врнежи во следните 24 часа се очекува во одредени сливни подрачја да предизвикаат дополнителен притисок врз водотеците и суводолиците.

- Очекуваме и понатака високи водостои и поради опасноста од локални излевања предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во горните текови и сливни подрачја на реките Вардар, Треска, Црна со нивните притоки, реката Радика со притоките и Пчиња долен тек, информираат од УХМР.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasnost-od-izlevanja-uhmr-ochekuva-visoki-vodostoi-na-rekite-i-vo-slednite-denovi/feed/ 0
Можно е излевање: Врнежите го зголемија нивото на реките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozno-e-izlevanje-vrnezite-go-zgolemija-nivoto-na-rekite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozno-e-izlevanje-vrnezite-go-zgolemija-nivoto-na-rekite/#respond Sat, 03 Mar 2018 10:36:07 +0000 http://kurir.mk/?p=26880

Во текот на изминатото деноноќие во западниот дел од Македонија имаше пообилни врнежи од дожд, а на повисоките места и планините паѓаше снег. До крајот на денов не се очекуваат нови поголеми врнежи од дожд, но поради топлото време и високите температури на воздухот, снегот ќе продолжи да се топи поради што е можно заезерување на реките во рамничарскиот дел, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). - Врнежите заедно со растопениот снег предизвикаа зголемување на водостоите на реките во западниот дел на земјата, а особено е зголемено нивото на Вардар во Полошко, како и на Треска, Радика, Сатеска, Црн Дрим и Црна Река, велат од УХМР и додаваат дека и во текот на денов се очекува да бидат високи водостоите на овие реки. Според податоците од метеоролошките станици, најмногу дожд во изминатите 24 часа падна во Маврово 36 милиметри, по што следат Пожаране со 31, Крушево 14, Тетово 13 и Охрид со девет милиметри. Поради топењето на снегот, посочуваат од УХМР, влажноста во земјата ќе биде доста голема и се очекува и понатаму да останат високи водостоите на реките, особено во западниот дел на земјата, а на поедини рамничарски места можна е појава на заезерувања. - Во наредниот период се очекува и зголемување на нивото на подземните води. Можни се локални излевања на реките во сливот на Треска кај месноста Пласница, во горниот дел од сливот на Вардар во Полошката Котлина, како и во сливовите на Радика, Сатеска, Црн Дрим и Црна Река, потенцираат од УХМР. Поради големата влажност на почвата и натамошното топење на снегот од УХМР предупредуваат за внимателно следење на состојбата и претпазливо движење покрај реките и суводолиците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozno-e-izlevanje-vrnezite-go-zgolemija-nivoto-na-rekite/feed/ 0