воен брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 20:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воен брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американски воен брод собори проектили истрелани од Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-sobori-proektili-istrelani-od-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-sobori-proektili-istrelani-od-jemen/#respond Thu, 19 Oct 2023 20:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890971

Воен брод на американската морнарица собори три ракети кои биле истрелани од Јемен и се движеле кон север, јавија светските медиуми повикувајќи се на американските власти. Американски високи претставници информирале дека Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney), разурнувач на морнарицата, бил во Црвеното Море и ги пресретнал трите проектили. Се уште не е сигурно дали тие биле насочени кон Израел, додека извештаите во израелските медиуми сугерираа дека израелските одбранбени претставници веруваат дека биле. Еден од официјалните лица вели дека САД не веруваат дека ракетите биле насочени кон бродот. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-sobori-proektili-istrelani-od-jemen/feed/ 0
Американски воен брод навлегол во кинески територијални води https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-navlegol-vo-kineski-teritorijalni-vodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-navlegol-vo-kineski-teritorijalni-vodi/#respond Thu, 23 Mar 2023 07:24:55 +0000 https://kurir.mk/?p=815284

Кинеската армија соопшти дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води во Јужното Кинеско Море, во близина на спорните острови Парацелз. Во соопштението се наведува дека кинеската армија го следела и протерала американскиот воен брод „Милиус“, што илегално влегол во водите околу Парацелските Острови, со што го нарушил мирот и стабилноста на прометниот воден пат. - Нашите сили постојано ќе одржуваат високо ниво на подготвеност и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за одлучно да ги зачуваат националниот суверенитет и безбедност, како и мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море, се наведува во соопштенеито на Јужната команда на кинеската армија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-navlegol-vo-kineski-teritorijalni-vodi/feed/ 0
Тајландски воен брод потона, спасени 75 морнари, по 31 се трага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajlandski-voen-brod-potona-spaseni-75-mornari-po-31-se-traga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajlandski-voen-brod-potona-spaseni-75-mornari-po-31-se-traga/#respond Mon, 19 Dec 2022 06:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=777381

Бродови и хеликоптери трагаат по десетици морнари откако тајландски воен брод потона синоќа во Тајландскиот залив. Досега се спасени 75 морнари, а по 31 се уште се трага, соопшти воената морнарица. Силните ветрови ја поплавиле корветата ХТМС „Сухотаи“ и предизвикале прекин на електричната енергија. Кралската тајландска морнарица испрати три фрегати и два хеликоптера со мобилни пумпи за да се обиде да ја испумпува водата од бродот. Поради силните ветрови и прекинот на струјата, во бродот навлегла голема количина вода, поради што тој потонал. Несреќата се случила во момент кога бродот извршувал патролна мисија во морето на 32 километри од брегот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajlandski-voen-brod-potona-spaseni-75-mornari-po-31-se-traga/feed/ 0
Американски воен брод истрела предупредувачка ракета над ирански брод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-istrela-predupreduvachka-raketa-nad-iranski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-istrela-predupreduvachka-raketa-nad-iranski-brod/#respond Tue, 21 Jun 2022 14:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=693716

Воен брод на американската морнарица истрела предупредувачка ракета за да го пренасочи глисерот на Иранската револуционерна гарда, кој се движеше право кон него, соопштија денеска официјални лица по повод настаните во Ормускиот проток. Според соопштението на морнарицата, патролен брод од класата Циклон „USH Orphan“ и брз транспортен брод „Spearhead“ „USNS CHoctaw County“ се сретнале во понеделникот со три ирански бродови додека влегувале во Персискиот залив преку Ормускиот теснец. Морнарицата соопшти дека ова е втор таканаречен „небезбеден и непрофесионален“ инцидент со Иран во последните месеци. Вчерашниот инцидент со иранската револуционерна гарда и американската морнарица се случи во време кога и натаму се присутни тензиите поради застојот на преговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор со светските сили. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-istrela-predupreduvachka-raketa-nad-iranski-brod/feed/ 0
Кина поседува воен брод кој открива невидливи авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-poseduva-voen-brod-koj-otkriva-nevidlivi-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-poseduva-voen-brod-koj-otkriva-nevidlivi-avioni/#respond Thu, 04 Mar 2021 06:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=476935

За време на последните вежби во Жолтото Море, кинеската воена морнарица покажа воен брод од нова генерација, опремен, меѓу другото, со радар што може да открие стелт-авиони. Станува збор за напреден разурнувач од типот 052D, кој учествуваше во вежби во Жолтото Море заедно со уште седум нови воени бродови, јави кинеското национално радио. Досега се изградени три такви воени бродови со продолжен хелиодром и нов радар во должина од еден метар, кој наводно е способен да открие невидливи авиони „стелт“. Бродот е опремен со 64 ракетни лансери кои можат да користат разни противбродски, противавионски и противподморнички ракети. Во извештајот на Глобал тајмс се вели дека радарската технологија со долг дострел не е нова, но дека покрај тој радар, кинеските разорувачи имаат и други електронски системи, како што е радарскиот систем АЕСА и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-poseduva-voen-brod-koj-otkriva-nevidlivi-avioni/feed/ 0
Потопен воен брод туристичка атракција во Дерми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potopen-voen-brod-turistichka-atrakcija-vo-dermi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potopen-voen-brod-turistichka-atrakcija-vo-dermi/#respond Mon, 10 Aug 2020 12:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=388838

Во Дерми, едно од најлуксузните албански одморалишта лоцирано на брегот на Јонско Море, туристите добија подводна атракција. Имено, властите потопија стар воен брод во заливот кај Дерми, на 200 метри од брегот, кој ќе служи како подводна туристичка атракција Станува збор за воениот брод, кинеско производство, кој бил дел од албанската морнарица од 1974 година. Бродот „Кинеска гулабица“ триесет години бил вон употреба, закотвен во воената база Пашалиман. Дерми е мало село во Албанија, дел од областа Химара, населена главно со припадници на грчкото малцинство. На ова место планината се спушта во Јонското Море и изгледа неверојатно. Плажите се со бели камчиња а водата е тиркизно сина и се смета за едно од најлуксузните летувалишта во Албанија. Албанскиот министер за турзам Бенди Кљоси најави дека во напорите да се збогатат формите на туристичката понуда ќе бидат потопени уште шест стари бродови, кои се вон функција, за што веќе се определени исто толку места долж албанското крајбрежје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potopen-voen-brod-turistichka-atrakcija-vo-dermi/feed/ 0
Изгаснат пожарот на воениот брод во Сан Диего https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgasnat-pozarot-na-voeniot-brod-vo-san-diego/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgasnat-pozarot-na-voeniot-brod-vo-san-diego/#respond Fri, 17 Jul 2020 08:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=377502

По четири дена, конечно изгаснат е пожарот на американскиот воен брод „Боном Ричард“ во Сан Диего, што всушност е еден од најлошите инциденти во последните години, соопшти денеска морнарицата. Менаџерот на бродот, адмиралот Филип Собек рече дека последните 24 часа на бродот биле „неверојатни“ и истакна дека во некои делови температурата поради пожарот била до 1.200 степени Фаренхајт. Поради пожарот, бродот е надвиснат на едната страна, а под тежината на водата фрлена на него, сепак, Собек вели дека е стабилен и одржлив, но дека ќе биде потребно време да се процени штетата. Како што пренесуваат странските агенции, иако пламенот беше изгаснат, топлината остана, а морнарите мораа да извршат увид во секој дел од просторот на бродот за да не се појави пожарот повторно на некои места. Бродот е во пристаништето веќе две години, каде се извршуваше негова реконструкција вредна 250 милиони долари, кога избувна пожарот. Истрагата треба да утврди како настанал пожарот. Како што се наведува, околу 160 морнари беа безбедно евакуирани од бродот, а повредени се повеќе од 60 морнари и цивили кои работеле на него. Тие претрпеле мали изгореници и вдишале чад. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgasnat-pozarot-na-voeniot-brod-vo-san-diego/feed/ 0
Американската морнарица тврди дека запленила делови од иранска ракета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-mornarica-tvrdi-deka-zaplenila-delovi-od-iranska-raketa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-mornarica-tvrdi-deka-zaplenila-delovi-od-iranska-raketa/#respond Thu, 05 Dec 2019 06:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=273500

Воен брод на американската морнарица запленил делови од ракета за која се верува дека е поврзана со Иран во Оманскиот залив, изјавија американски официјални претставници во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Техеран да ги ограничи своите регионални активности. Официјални лица, кои не сакаа да бидат именувани, изјавија дека воениот брод „Форест Шерман“ запленил мал брод минатата недела каде крајбрежните чувари пронашле делови од ракетата. Екипажот на малиот брод бил пренесен кај јеменската крајбрежна стража, а делови од ракетата сега се во сопственост на САД, додаваат официјалните лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-mornarica-tvrdi-deka-zaplenila-delovi-od-iranska-raketa/feed/ 0
Воен брод на САД вплови во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voen-brod-na-sad-vplovi-vo-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voen-brod-na-sad-vplovi-vo-crnoto-more/#respond Mon, 07 Jan 2019 07:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=149275

Десантниот брод на воената морнарица на САД, „Форт Мекхенри“ започна транзит преку Теснецот Дарданели и плови кон Црното Море, соопшти на Твитер прес-службата на шестата воено-морска флота на САД. -Транзитот на „Форт Мекхенри“ во Црното Море ја потврдува нашата колективна одлучност за обезбедување сигурност во Црното Море и  зацврстување на нашите тесни врски со сојузниците од НАТО и партнерите во регионот, се вели во ссопштението. Воениот брод е опремен со док за пет транспортни чамци, неговата огнена моќ се состои од возушна артилерија и ракетно оружје, и на него служат 500 морнари. „Си-Ен-Ен“ претходно јави дека САД планираат да испратат свој воен брод на Црното Море како одговор на задржувањето на три украински бродови и нивните морнари од руски сили во Керченскиот теснец, инцидент кој се случи лани во ноември. Морнарите се сеуште во притвор. Поради овој инцидент украинскиот претседател Петро Порошенко неколкупати ја повика воената алијанса да реагира и да донесе свои бродови во Црното и Азовското Море. Повеќемина  американски сенатори во декември поднесоа резолуција која повикува на на реализација на мултинационална операција „Слободна пловидба“ во Црното Море. САД исто така планираат помош од 10 милиони долари за воената морнарица на Украина. Во пристаништето на Одеса при крајот на декември пристигна британскиот разузнавачки брод „Еко“. Министерот за одбрана на Велика Британија Кевин Вилијамсон претходно кажа дека со овој потег Лондон сака да изрази поддршка за Украина и да пренесе порака дека „Црното Море не е руско туку меѓународно“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voen-brod-na-sad-vplovi-vo-crnoto-more/feed/ 0
Хрватска испраќа воен брод во водите на Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-isprakja-voen-brod-vo-vodite-na-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-isprakja-voen-brod-vo-vodite-na-mediteranot/#respond Mon, 03 Sep 2018 06:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=95476

Хрватска во водите на Медитеранот ќе го испрати денеска првиот контигент свои војници што ќе бидат дел од НАТО операција за поддршка на мирот  „Sea Guardian“. Брод на Хрватската воена моранарица РТОП-41 Вуковар, на кој има 50 членови на екипаж од Сплит ќе се упати во водите на Средоземното Море. Тоа е првпат брод на Хрватската воена морнарица да учествува во операција што ја води НАТО. Таа ќе трае од 5 до 21 септември. Воениот брод ќе извршува неборбени задачи и ќе обезбедува поддршка за НАТО во стратешко комуницирање, наведува хрватското Министерство за одбрана. Во описот на активности е и идентификација на бродови со цел спречување можни опасности (тероризам, илегални активности на море, загрозување слобода и безбедност на пловидба). На Самитот на НАТО одржан во Варшава во 2016 година НАТО формално најави трансформација на поморската антитерористичка операција Active Endeavour  во Медитеранот во нова поморска безбедносна операција под име Sea Guardian. Хрватскиот брод претходно учествувал во меѓународни воени вежби во Италија, Словенија, Грција и во Албанија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-isprakja-voen-brod-vo-vodite-na-mediteranot/feed/ 0