воен данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 May 2021 09:44:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воен данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Покрај тоа што сака да го воведе прогресивниот данок, Владата ја разгледува можноста и за воведување кризен данок?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/#respond Fri, 28 May 2021 09:43:55 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515984

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави можност за воведување прогресивен данок, но, како што вели, за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати, намалување на персонален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок. - Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување. Јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните – велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, вели Битиќи. Од опозицијата, пак, обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на граѓаните. - Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти, вели, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски. - Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата. На овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. По актуелизирање на идејата за прогресивен данок од страна на академикот Таки Фити, од пред неколку дена, многу реакции стигнаа на адреса на сивата економија, односно дека не не е легитимно да се зборува за зголемување на даноци кога даночната евазија се приближува до 40 проценти. Според главниот советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, Зоран Јовановски, со поголем данок практично повеќе ќе се оптоварат тие кои плаќаат данок. - Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се среди па потоа да се размислува за нови или повисоки даноци, реагираше Јовановски. Прогресивното оданочување е одложено за 2023, но не се исклучува можноста да биде воведен и порано. На 1 јануари 2019 Владата објави дека државата го напушта рамниот данок и дека почнува даночна политика на прогресивно однаочување. Според Законот за данок на личен доход се предвидуваше задржување на стапката на оданочување од 10 отсто за приходите остварени до 90 илјади денари на месечно ниво, a 18 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. При оданочување на доходот од капитал (закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа) требаше да се применува даночна стапка од 15, место од 10 проценти. Но, на 1 ноември 2019 година, скоро поставената министерка за финансии Нина Ангеловска објави дека прогесивниот данок се става во мирување. Таа дојде на местото на министерот Драган Тевдовски кој го воведе прогресивното оданочување, кое практично не заживеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Нов удар за осиромашување на граѓаните – Владата заговара воведување Воен данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nov-udar-za-osiromashuvanje-na-gragjanite-vladata-zagovara-voveduvanje-voen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nov-udar-za-osiromashuvanje-na-gragjanite-vladata-zagovara-voveduvanje-voen-danok/#respond Fri, 28 May 2021 07:36:16 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515898

Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата. На овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Дека има ваква иницијатива, потврди и вицепремиерот Битиќи кој рече дека не е исклучена ваквата можност, како и дека и претходно сме имале кризен данок во 2001 година, таканаречен Воен данок, поради високиот дефицит во буџетот. Претходно Владата преку научна конференција на Министерството за финансии и МАНУ, пушти пробен балон во јавноста за зголемување на даноците. Академикот Фити, татко на советничката на премиерот Нина Фити и член на ЦО на СДСМ, советуваше Владата да ги зголеми даноците и тоа прогресија на персоналниот данок, на данокот на имот и воведување на нов еколошки данок. Наскоро Македонија од земја со најниски давачки, ќе стане земја со највисоки давачки во регионот, што ќе се одрази на конкурентноста на економијата. Истовремено, остануваме земја со највисока стапка на сива економија од над 37% - бидејќи има бели мечки за кои законите не важат, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ појаснува дека во меѓувреме, Македонија од крајот на 2019 досега, односно за година и пол го зголемила јавниот долг за неверојатни 1,63 милијарди евра. - Секоја година Владата почна да издава еврообврзници од по 700 милиони евра, за кои плаќаме десетици милиони евра годишно само по основ на камата. Министерот за финансии најави дека ќе го проширува буџетскиот дефицит, односно дека првично планираниот минус во државната каса од 570 милиони евра, ќе стане уште поголем. Најверојатно ќе издададат и нова еврообврзница за да се покрие ова проширување на минусот. Во меѓувреме, Владата на Заев пазари нови лимузини за своите министри и функционери, компјутери, се луксузира додека стопанството и граѓаните се на колена, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nov-udar-za-osiromashuvanje-na-gragjanite-vladata-zagovara-voveduvanje-voen-danok/feed/ 0