воен комитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Jan 2020 06:47:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воен комитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓурчиновски на сесија на Воениот комитет на НАТО во Брисел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-na-sesija-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-na-sesija-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-brisel/#respond Tue, 14 Jan 2020 06:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=289236

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на 182-то заседание на Воениот комитет на Алијансата, во формат на началници на генералштабови. Ова ќе биде второ учество на началникот на Генералштабот на сите сесии на заседанието на Воениот комитет, во својство на поканета и скорешна полноправна членка на Алијансата. Претходните учества беа на сесиите што се однесуваат на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. За време на посетата генералот Ѓурчиновски ќе оствари повеќе средби со началниците на генералштабови на земјите членки на НАТО, на кои ќе се разговара за теми од заемен интерес, меѓу кои и за актуелниот развој на настаните на Блискиот Исток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-na-sesija-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-brisel/feed/ 0
Претставници на Воениот комитет на НАТО во посета на касарната „Илинден“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-poseta-na-kasarnata-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-poseta-na-kasarnata-ilinden/#respond Wed, 07 Nov 2018 06:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=124476

Претставници на Воениот комитет на НАТО денеска ќе ја посетат касарната „Илинден“ во Скопје и ќе се запознаат со капацитетите и подготвеноста на дел од декларираните единици на АРМ. Пред високите воени посетители низ работни точки ќе бидат прикажани показни вежби од страна на припадниците на декларираните единици од полкот за специјални операции, средната пешадиска баталјонска група, хеликоптерскиот детачмент, четата на воена полиција, инженерискиот вод и полската болница со улога 2, а ќе се запознаат и со дел од капацитетите на овие декларирани единици на АРМ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-poseta-na-kasarnata-ilinden/feed/ 0