воен преврат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Jun 2020 20:20:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воен преврат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доживотен затвор за 121 лице поради обидот за воен преврат во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivoten-zatvor-za-121-lice-poradi-obidot-za-voen-prevrat-vo-turcija-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivoten-zatvor-za-121-lice-poradi-obidot-za-voen-prevrat-vo-turcija-2/#respond Fri, 26 Jun 2020 20:20:20 +0000 https://kurir.mk/?p=363816

Суд во Анкара осуди на доживотен затвор 121 лице за наводна вмешаност во обидот за воен преврат во 2016 година, јави Анадолија. Судот осуди на строг доживотен затвор 86 лица поради „обид за кршење на Уставот“ и уште 35 луѓе на доживотен затвор. Строг доживотен затвор предвидува потешки услови во затворот. Турција го обвинува Фетулах Ѓулен за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година и досега затвори илјадници луѓе за наводни врски со него. Од декември минатата година досега, 1.934 лица се осудени на доживотен затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivoten-zatvor-za-121-lice-poradi-obidot-za-voen-prevrat-vo-turcija-2/feed/ 0
Шпекулации за воен преврат во Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpekulacii-za-voen-prevrat-vo-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpekulacii-za-voen-prevrat-vo-sudan/#respond Thu, 11 Apr 2019 07:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=185033

Вооружените сили на Судан соопштија дека наскоро ќе издадат важно соопштение во врска со случувањата во Картум и шпекулациите во јавноста дека е извршен воен преврат во кој е уапсен претседателот на земјата Омар ел Башир. -Вооружените сили наскоро ќе издадат важно соопштение, објави државната телевизија. Веста следува по повеќемесечни протести во земјата. Пред Министерството за одбрана и на главните патишта и мостови распоредени се безбедносни сили и војници, а телевизијата Ал Арабија објави дека претседателот поднел оставка и оти се уапсени неколку министри, но засега нема официјална информација. Пред Министерството за одбрана веќе се собрани повеќе граѓани кои извикуваат „Падна, победивме“. Башир на власт дојде во 1989 година после преврат, а четири години подоцна САД него и неговата Влада ги ставија на список на спонзори на терористи и воведоа санкции. Башир е обвинет и пред Меѓународниот суд во Хаг поради наводи дека извршил геноцид во Дарфур за време на бунтот во покраината во 2003 година. Последната криза во земјата се случи минатиот викенд кога граѓаните почнаа протест пред Министерството за одбрана каде се наоѓа и резиденцијата на Башир, а во судирите кои избувнаа пред два дена меѓу демонстрантите и армијата, убиени се 11 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpekulacii-za-voen-prevrat-vo-sudan/feed/ 0