воен рок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 16:01:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воен рок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската Дума ја крена старосната граница за задолжително служење воен рок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-ja-krena-starosnata-granitsa-za-zadolzhitelno-sluzhene-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-ja-krena-starosnata-granitsa-za-zadolzhitelno-sluzhene-voen-rok/#respond Tue, 25 Jul 2023 16:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=859949

Рускиот парламент денеска изгласа зголемување на старосната граница за задолжителна воена служба од 27 на 30 години, откако вооружениот конфликт во Украина навлезе во својот 18-ти месец. Пред да стапи во сила, текстот сè уште треба да биде одобрен од Советот на Федерацијата, Горниот дом на Парламентот и да го потпише претседателот Владимир Путин, што во дадениов случај ќе биде формалност. „Од 1 јануари 2024 година граѓаните на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба“ се навеудва во одредбите од законот усвоен во второ и трето читање во руската Дума, Долниот дом на рускиот Парламент, што е најважната фаза за законодавниот процес во земјата. Оваа мерка овозможува значително зголемување на бројот на активни руски војници без прибегнување кон нова мобилизација на потенцијалните резервисти. Москва веќе мобилизираше речиси 300.000 војници во септември 2022 година за нејзината офанзива во Украина. Според законот, на регрутите, исто така, им е забрането да ја напуштат руската територија од моментот кога бирото за воена обврска ќе им испрати налог за воен рок. Со друг закон, донесен исто така денеска, се зголемуваат казните до 30.000 рубљи (околу 300 евра) за непријавување во армијата без веродостојна причина по добивањето покана за воен рок. Рускиот парламент во април веќе усвои закон што ја олеснува мобилизацијата на Русите со зголемување на начинот на испраќање повици. Законот, исто така, го отежнува животот на оние кои одбиваат да одговорат, спречувајќи ги да работат како претприемачи, да добијат заеми или да поседуваат сопствен стан или возила. Многу Руси, кои требаше да ја отслужат својата задолжителна едногодишна воена служба, досега избегнуваа да бидат повикани со тоа што не се на нивната официјална адреса или со поткупување регрутери или лекари. Со месеци Кремљ негира дека сака да почне нов бран на мобилизација за офанзива во Украина. Претходниот бран поттикна десетици илјади Руси да заминат во странство.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-ja-krena-starosnata-granitsa-za-zadolzhitelno-sluzhene-voen-rok/feed/ 0
Задолжителниот воен рок се враќа во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzhitelniot-voen-rok-se-vraka-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzhitelniot-voen-rok-se-vraka-vo-evropa/#respond Mon, 12 Jun 2023 06:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=844727

По завршувањето на Студената војна, повеќето европски земји ја укинаа обврската за служење воен рок. За ова сега повторно се разговара во некои земји, и тоа не само откако Русија започна агресорска војна против Украина. Со крајот на Студената војна, владите во Европа почнаа да придаваат помало значење на воената одбрана. Во последните дваесет години, огромно мнозинство држави ја укина задолжителната воена служба, односно обврската за воена обука. Германија, на пример, ја суспендираше задолжителната воена служба во 2011 година. Воениот рок може да се активира само доколку Бундестагот утврди дека има тензии или дека е неопходна одбрана. Исто или слично е и во многу други европски земји. Од денешните 29 европски земји на НАТО, вклучително и Турција, само шест ја задржаа воената обврска од 1993 година до денес. Велика Британија, САД и Канада имаат професионални армии педесет или повеќе години. Кој повторно го воведува воениот рок? Во контекст на руската агресија врз Украина, задолжителната воена служба повторно стана тема. Многу земји не само што ги зголемија буџетите за одбрана, туку размислуваат и за повторно воведување воен рок. Досега само неколку земји направија големи чекори во оваа насока. Украина и Литванија Набргу по анексијата на Крим, Украина (2014) и Литванија (2015) повторно го воведоа воениот рок за мажи на возраст од 18 до 26, односно до 25 години, соодветно. По големиот руски напад врз Украина минатата година, украинската влада донесе закон со кој се дозволува сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години да бидат регрутирани во војска. Летонија Оваа балтичка земја е една од трите држави членки на НАТО што граничат со Русија. Другите две се Естонија и новата членка Финска, која никогаш не го укина воениот рок. Сега и Летонија сака повторно да го воведе. Од 2024 година, сите мажи на возраст меѓу 18 и 27 години ќе мора да поминат единаесет месеци воена обука. Од 2028 година, секоја година треба да се регрутираат 7.500 Летонци - толку професионални војници имала земјата во 2022 година, покажуваат податоците на НАТО. Романија Во 2015 година, обидите за повторно воведување на задолжителна воена служба не успеаја во Романија. За ова повторно се разговара од пролетта оваа година. Премиерот и пензиониран генерал Николае Јонел Чиука ја поддржува иницијативата. Посебно барање на Министерството за одбрана е, во случај на општа мобилизација, сите млади Романци кои живеат во странство да се пријават за воен рок во рок од 15 дена. Холандија На холандските вооружени сили им недостасуваат околу 9.000 регрути. Затоа владата размислува за проширување на армијата преку задолжителен воен рок, како што тоа го прави Шведска од 2018 година. Шведска Најголемата скандинавска земја би можела да стане следната членка на НАТО. Шведска го укина воениот рок во 2010 година, но повторно го воведе во 2018 година бидејќи немаше доволно доброволци. Оттогаш сите 18-годишници мораат да се пријават за воен рок. Меѓутоа, како и во Норвешка, само мал дел од нив служат воен рок. Норвешка и Данска Во татковината на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од 2016 година не само сите мажи, туку и сите жени постари од 18 години мораат да поминат регрутација. Меѓутоа, само околу 9.000 од 60.000 кои секоја година се подложени на воен медицински преглед се повикани на 19-месечна воена служба. Поради строгиот процес на селекција, официјални извори велат дека воената служба во Норвешка има сличен престиж како и другите високообразовни дипломи. Во Данска, воениот рок е теоретски задолжителен, но има доволно доброволци за да ги задоволат потребите. Франција Франција дебатира за еден вид „лајт воен рок“. Претседателот Емануел Макрон во 2019 година ја воведе Универзалната национална служба, во која младите волонтираат еден месец за доброто на земјата. Владата сега размислува да го направи тоа задолжително за сите Французи и Французинки на возраст меѓу 15 и 17 години. За тоа младите би поминале две недели во воени објекти. Германија Германскиот канцелар Олаф Шолц го отфрли предлогот на неговиот министер за одбрана Борис Писториус за воведување задолжителен воен рок. Сепак, повиците за дебата за тоа доаѓаат од целиот политички спектар во Германија. Неодамна, комесарката на германскиот парламент за Бундесверот, Ева Хејгел – социјалдемократ како Шолц и Писториус – предложи да се разговара за задолжителна „година на служба“ во армијата или во цивилните институции. Се предвидува претставниците на армијата да зборуваат за нивната работа во училиштата. Дојче веле - Бон ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzhitelniot-voen-rok-se-vraka-vo-evropa/feed/ 0
Тајван го продолжува задолжителниот воен рок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-go-prodolzuva-zadolzitelniot-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-go-prodolzuva-zadolzitelniot-voen-rok/#respond Tue, 27 Dec 2022 09:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=781067

Тајван го продолжува времетраењето на задолжителна воена служба од четири месеци на една година, изјави денеска тајванската претседателка Цаи Инг-вен. Според неа, одлуката е диктирана од зголемените закани од Кина. „Сегашниот рок од четири месеци воен рок не е доволен“ имајќи предвид дека ситуацијата постојано се менува, истакна таа. Нејзиниот Кабинет претходно соопшти дека претседателката ќе свика состанок посветен на безбедносните прашања. Тајван постепено се движи кон трансформирање на својата регрутна војска во професионална, но начинот на кој се развиваат односите на самоуправниот остров со Кина и упадот на руските сили во Украина, предизвикаа дебата за тоа како да се зајакне одбраната на Тајван. Кина го смета Тајван за своја територија, а Тајпеј ги отфрла претензиите на Пекинг.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-go-prodolzuva-zadolzitelniot-voen-rok/feed/ 0
Во Србија се враќа воениот рок https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-vrakja-voeniot-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-vrakja-voeniot-rok/#respond Mon, 05 Dec 2022 13:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=771180

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок и најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци, јави дописникот на МИА од Белград. -Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана. Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели. – Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да, порача српскиот министер за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-vrakja-voeniot-rok/feed/ 0
Министерството за одбрана на Србија објави оглас за доброволно служење воен рок https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerstvoto-za-odbrana-na-srbija-objavi-oglas-za-dobrovolno-sluzenje-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerstvoto-za-odbrana-na-srbija-objavi-oglas-za-dobrovolno-sluzenje-voen-rok/#respond Mon, 14 Nov 2022 19:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=760568

Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Србија на возраст од 19 до 30 години кои сакаат да ја облечат униформата на Војската на Србија да се пријават за доброволно отслужување на шестмесечен воен рок со оружје. Повикот за аплицирање е отворен во текот на целата година, а пријавувањето за декемврискиот воен рок трае до крајот на ноември, јави дописникот на МИА од Белград. Пријавата за доброволно служење воен рок и воено стручно оспособување за резервни офицери може да се поднесе во сите подружници на Поштата Србија, на порталот за е-Управа, како и во центрите на Министерството за одбрана – поранешните воени отсеци. Младите мажи и жени кои ќе одлучат доброволно да го отслужат воениот рок во Војската на Србија, покрај можноста за стекнување нови вештини, ќе се запознаат со современото вооружување и воена опрема, ќе добиваат и месечна плата во износ од околу 38.000 динари (324 евра), ќе им биде обезбеден надомест на патни трошоци, здравствено осигурување, сместување, храна, како и воена облека и обувки. Исто така, по завршувањето на воениот рок, на заинтересираните млади и девојки им се дава можност веднаш по забрзана постапка да стапат во служба во професионална воена служба во Војската на Србија. И министерот за одбрана Милош Вучевиќ ги повика момчињата и девојките на возраст од 19 до 30 години да се пријават. -Момчињата и девојките кои сакаат да служат воен рок во строј, покрај нови знаења и вештини, ќе добијат и патни трошоци, здравствена заштита, сместување, храна, воена облека и обувки, а ќе добиваат и месечна плата од околу 38.000 динари По отслужувањето на воениот рок тие можат веднаш да стапат во професионална воена служба, објави Вучевиќ на Инстаграм.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerstvoto-za-odbrana-na-srbija-objavi-oglas-za-dobrovolno-sluzenje-voen-rok/feed/ 0
Министерство за одбрана: Немаме планови за враќање на задолжително служење на воен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-nemame-planovi-za-vrakjanje-na-zadolzitelno-sluzenje-na-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-nemame-planovi-za-vrakjanje-na-zadolzitelno-sluzenje-na-voen-rok/#respond Fri, 30 Sep 2022 14:06:41 +0000 https://kurir.mk/?p=739637

Армијата на Република Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, информираа денеска од Министерството за одбрана. Одлуката за професионална војска, наведуваат од МО, ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата. -Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, се вели во соопштението од МО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-nemame-planovi-za-vrakjanje-na-zadolzitelno-sluzenje-na-voen-rok/feed/ 0
Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-drzavniot-vrv-ne-razgleduval-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-nitu-takva-moznost-e-otvorena-za-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-drzavniot-vrv-ne-razgleduval-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-nitu-takva-moznost-e-otvorena-za-vo-idnina/#respond Fri, 30 Sep 2022 10:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=739492

Република Северна Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски. Тој во одговорот на прашањето на МИА, да го изнесе неговиот став во врска со вчерашната изјава на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој предложи враќање на задолжително служење на воениот рок, одговори дека државниот врв не ја разгледувал можноста за враќање на задолжително служење во Армијата, ниту во изминатиот период, ниту пак таква можност е отворена за во иднина. – Укинувањето на обврската за задолжително служење на воен рок од 2006 година и целосната професионализација на Армијата е одлука што е донесена како дел од процесот на трансформација на Армијата, согласно анализите и проценките на ресурси и потреби на земјата, во целосна координација и консултации со НАТО, истакна шефот на државата и врховен командант на Вооружените сили. Началникот на ГШ, генерал-потполковник Ѓурчиновски вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ порача дека земјата би добила многу со враќање на служењето на војска. Тој смета дека служењето воен рок од три месеци би ги подготвило младите идни кадри. – Би добиле оспособување на кадрите за какви било можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. Би ги подготвило за сите овие пред малку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад, постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, рече вчера Ѓурчиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-drzavniot-vrv-ne-razgleduval-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-nitu-takva-moznost-e-otvorena-za-vo-idnina/feed/ 0
Ѓурчиновски: Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-ima-potreba-od-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-ima-potreba-od-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-makedonija/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=739309

Началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски во дебатниот магазин „Клил плус“ на ТВ21 истакна дека неговиот став е дека има потреба од враќање на задолжителниот воен рок. Смета дека служењето на 3 месеци војска би ги подготвило младите идни кадри. -Можам да го кажам стручниот аспект на состојбите и визијата за наредната декада за развојот на вооужените сили. Но, ќе оставам простор и можност на јавноста, екпертите, дури и на политичките партии во периодот кој претстои малку подетално да се зафатат со дискусија на оваа тема. Дали има потреба за воведување на воен рок? Категорично ќе кажам да, знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Од професионален аспект, навистина има потреба. За машката популација се дефинира како задожителна обврска, тоа не значи дека ние би требале да започнеме со реализација идната година, хипотетички да започнеме со 2025 година. Доброволно за женската популација, но со соодветни бенефиции за можно вработување до безбедносните сили, дали во Армијата или полицијата, вели Ѓурчиновски. Вели би добиле оспособување на кадрите за било какви можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. -Би ги подготвило за сите овие предмалку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, вели Ѓурчиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-ima-potreba-od-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-makedonija/feed/ 0
Таа е секс бомба, а кога служела војска ќе умрела – свршеницата на ѕвездата на Реал Мадрид раскажа за пеколот кој го поминала (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-seks-bomba-a-koga-sluzela-vojska-kje-umrela-svrshenicata-na-dzvezdata-na-real-madrid-raskaza-za-pekolot-koj-go-pominala-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-seks-bomba-a-koga-sluzela-vojska-kje-umrela-svrshenicata-na-dzvezdata-na-real-madrid-raskaza-za-pekolot-koj-go-pominala-foto/#respond Wed, 14 Sep 2022 09:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=732556

Во некои земји воениот рок е задолжителен и за мажи и за жени. Девојката на Тибо Куртоа, Мишел Герзиг даде интервју за израелскиот весник Мента во кое проговори за тешкотиите кои ги имала по завршувањето на воениот рок и за врската што ја има со голманот на Реал Мадрид нешто повеќе од една година.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mishel Gerzig (@mishelgerzig)

Оваа 25-годишна манекенка завршила воена обука во морнарицата како командант на спасувачки брод, а кога завршила, и покрај многуте сомнежи за останување во војска, се вратила на манекенството за кое се подготвувала уште од 13. годишна возраст. „Кога имав 20 години, на деловен лет, доживеав тежок напад на анксиозност. Не знаев што се случува со мене. Дишев тешко, целото тело ми беше вкочането, пулсот ми беше брз, а очите беа црни. Мислев дека ќе умрам, ако имам срцев удар“ – потврдила таа.
 
Сепак, трауматичното искуство „повторено во моменти кога најмалку го очекувала“, ѝ помогнало да стане експерт за самоконтрола преку механизми како дишењето.
 
„Дишењето ме смирува и ми ги намалува нападите. Ми се корисни и охрабрувачките зборови додека стојам пред огледалото“, додала таа. Герзиг често зборува за нејзините напади на анксиозност на социјалните мрежи за да се обиде да им помогне на своите следбеници.
 
„Во периоди на стрес притисокот се враќа, но денес знам да го препознаам кога ќе дојде, да се грижам за себе, да се пуштам и да го правам она што ми одговара“, признала таа. Во јуни минатата година манекенката и Куртоа на своите профили на Инстаграм објавија дека се венчаат. „Да, со тебе доживотно“, напишаа покрај фотографиите од запросувањето на бродот.
 
Се надевам дека ќе уживаме во подготовката на нашиот брак. Свадбата е еден ден, но подготовките се шират во текот на цела година“, изјави Герзиг, која проговори и за односот со децата на голманот.
 
„Тие се многу добри и брзо ме прифатија. Ние сме семејство и ми се допаѓа што ме гледаат како нивен пријател“, објасни таа, пред да ја изрази својата желба да има деца со Тибо во иднина. „Се надевам дека ќе основам семејство на нашата следната година“, заклучи таа. Белгиецот од претходната врска со Марта Домингез ги има ќерката Адријана и синот Николас. Тие раскинаа во 2017 година, еден месец пред да се роди Николас.
 
https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-seks-bomba-a-koga-sluzela-vojska-kje-umrela-svrshenicata-na-dzvezdata-na-real-madrid-raskaza-za-pekolot-koj-go-pominala-foto/feed/ 0
Латвија повторно го воведува задолжителниот воен рок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-povtorno-go-voveduva-zadolzitelniot-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-povtorno-go-voveduva-zadolzitelniot-voen-rok/#respond Wed, 06 Jul 2022 06:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=700721

Министерот за одбрана на Латвија, Артис Пабрикс најави повторно воведување на задолжителниот воен рок, по војната меѓу Русија и Украина. -Сегашниот воен систем на Латвија ги достигна своите граници. Истовремено немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување, изјавил Пабрикс пред новинарите. Служењето на воениот рок би требало да биде вратено во 2023 година и ќе се однесува само на мажите. Латвија се откажа од задолжителниот воен рок по влезот во НАТО. Од 2007 година војската на оваа држава ја сочунуваат професионални војници и доброволци во Националнаа гарда кои служат во пешадија за време на викенд и тоа хонорарно. Земјата која има помалку од два милиони жители и која се граничи со Белорусија и Русија има 7.500 војници во активна служба и припадници на Националната гарда со поддршка од 1.500 војници на НАТО.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-povtorno-go-voveduva-zadolzitelniot-voen-rok/feed/ 0