воен удар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 19:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воен удар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Најмалку 2.940 луѓе се убиени во Мјанмар по воениот удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-najmalku-2-940-luge-se-ubieni-vo-mjanmar-po-voeniot-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-najmalku-2-940-luge-se-ubieni-vo-mjanmar-po-voeniot-udar/#respond Fri, 03 Mar 2023 19:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=807859

Од воениот удар во Мјанмар во февруари 2021 година, досега се убиени најмалку 2.940 луѓе, изјави Равина Шамдасани, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации. Во Канцеларијата на ОН во Женева се одржа неделна прес-конференција на која се разговараше за ситуацијата во Мјанмар. Шамдасани рече дека е објавен последниот извештај за Мјанмар и посочи дека војската на Мјанмар употребила насилство, вклучително и убивање дисиденти, произволни апсења, тортура и насилни исчезнувања, предизвикувајќи трајна криза за човековите права. Извештајот документира серија прекршувања на човековите права и нагло зголемување на насилството, особено во северозападните и југоисточните региони на Мјанмар од 1 февруари 2021 година до 31 јануари 2023 година. - Во извештајот се цитираат сигурни извори кои потврдуваат дека најмалку 2.940 луѓе се убиени и 17.572 уапсени од страна на војската и нејзините ограноци по пучот, рече Шамдасани. Според ОН, најмалку 70.000 луѓе го напуштиле Мјанмар од почетокот на воениот удар на 1 февруари 2021 година, а повеќе од еден милион сè уште се внатрешно раселени. Неколку високи политички функционери се во затвор, меѓу кои и Аунг Сан Су Ќи. Во исто време, повеќе од еден милион Рохинџа муслимани од Мјанмар најдоа засолниште во Бангладеш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-najmalku-2-940-luge-se-ubieni-vo-mjanmar-po-voeniot-udar/feed/ 0
По воениот удар во Картум избија насилни протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-kartum-izbija-nasilni-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-kartum-izbija-nasilni-protesti/#respond Mon, 25 Oct 2021 12:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=585131

Десет илјади луѓе денеска протестираат на улиците на главниот град на Судан, Картум поради воениот удар, а според очевидци и локалните медиуми имало и судири и престрелки, а има и повредени луѓе. Во градот нема интернет, а аеродормот е затвоен, Армијата денеска приведе министри и премиерот Абдал Хамдок, кој е одведен на непозната локација откако одби да го поддржи воениот удар. Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на владејачкиот Суверен совет, тело формирано по соборувањето на режимот на претседателот Омар ал Башир во 2019 година за да ја надгледува поделбата на власта меѓу цивилите и војската, прогласи вонредна состојба и го распушти Советот и Владата. Директорот на канцеларијата на Хамдок, Адам Хереик изјави дека армијата извршила воен удар и покрај постигнатиот договор помеѓу Хамдок и Бурхан. Претходно, специјалниот претставник на САД за Рогот на Африка, Џефри Фелтман, изјави дека Вашингтон е „длабоко вознемирен од извештаите за воено преземање“ во Судан. – Тоа би било спротивно на Уставот и демократските аспирации на суданскиот народ и е крајно неприфатливо. Како што постојано повторуваме, секоја промена на преодната влада со сила ја става во опасност американската помош, истакна Фелтман.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-kartum-izbija-nasilni-protesti/feed/ 0
По воениот удар во Гвинеја лидерите на западна Африка воведоа санкции против хунтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-gvineja-liderite-na-zapadna-afrika-vovedoa-sankcii-protiv-huntata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-gvineja-liderite-na-zapadna-afrika-vovedoa-sankcii-protiv-huntata/#respond Fri, 17 Sep 2021 06:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=564683

Главниот западноафрикански регионален блок вчера воведе санкции против хунтата во Гвинеја и побара во рок од шест месеци повторно воспоставување на легална власт. По вонредниот самит на Економската заедница на државите од Западна Африка (ЕКОВАС) во Акра, Жан-Клод Каси Бру изјави дека ќе се замрзнат средствата и ќе се воведе забрана за патување за членовите на хунтата и нивните роднини. -Изборите треба да се одржат за шест месеци, рече Бру на брифинг, повикувајќи на итно ослободување на претседателот Алфа Конде, кој минатата недела беше соборен со воениот удар. Регионалните лидери кои присуствуваа на самитот ги поздравија острите мерки. Ова е трет државен удар во Западна и Централна Африка од април, а политичките турбуленции ги зголемија стравувањата од можноста сиромашниот, но богат со ресурси регион да биде управуван од војската. Водачите на државниот удар во Гвинеја не кажаа колку долго ќе трае преодната влада, ниту кој ќе ја предводи. Хунтата, предводена од Мамади Думбуја, поранешен член на француската легија за странци, оваа недела одржува консултации со јавни личности, групи и бизнис лидери во земјата за да изработи рамка за транзиција. Во рамките на четиридневните консултации, хунтата вчера се состана со главното деловно лоби на Гвинеја и членовите на одборот на рударските компании кои тргуваат со боксит, злато, железна руда и дијаманти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-gvineja-liderite-na-zapadna-afrika-vovedoa-sankcii-protiv-huntata/feed/ 0
Од воениот преврат во Мјанмар се убиени 581 лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-voeniot-prevrat-vo-mjanmar-se-ubieni-581-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-voeniot-prevrat-vo-mjanmar-se-ubieni-581-lice/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=493521

Најмалку 581 лице е убиено во насилствата и воениот удар на 1 февруари во Мјанмар, покажуваат најновите податоци на организација за заштита на човекови права. Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), со седиште во Тајланд, соопшти дека во изминатите 24 часа биле убиени 11 лица. Според организацијата, бројот на загинати се искачи на 581, а приведени се вкупно 2.750 лица. Во исто време, издадена е потерница за 463 лица кои беа против пучот. Армијата на Мјанмар изврши претрес во црквите во Качин во потрага по демонстранти. Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси членовите на Владата, меѓу кои и лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи. Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-voeniot-prevrat-vo-mjanmar-se-ubieni-581-lice/feed/ 0
Воениот удар во Мјанмар доби осуда од Белата куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voeniot-udar-vo-mjanmar-dobi-osuda-od-belata-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voeniot-udar-vo-mjanmar-dobi-osuda-od-belata-kukja/#respond Mon, 01 Feb 2021 21:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=462867

Воениот удар во Мјанамр, апсењето на Анг Сан Су Чи, и други официјални лица, како и воведувањето национална вонредна состојба се директен напад врз транзицијата на земјата во демократија и владеење на правото, соопшти денеска Белата куќа -Во една демократија, силата никогаш не треба да надвладее над вољата на народот или да се бришат резултати од кредибилни избори. Повеќе од една деценија народот на Мјанмар истрајно работеше да реализира избори, граѓанска влада и мирен трансфер на власта. Тој прогрес треба да биде почитуван, порача претседатеот Џо Бајден. Од Белата куќа наведуваат дека меѓународната заедница треба едногласно да ја притисне армијата на Мјанмар веднаш да отстапи, да ги ослободи активистите и официјалните лица, да ги укине сите телекомуникациски рестрикции и да се воздржи од употреба на сила против цивили. -САД ќе работат со партнерите во регионот и пошироко, за поддршка да се обнови демократијата и владеењето на правото, а одговорните за уривање на демократската транзиција да бидат ставени пред лицето на правдата. Се укажува дека „САД ги укинаа санкциите против Бурма во текот на изминатата деценија бидејќи имаше прогрес во демократијата. Во случај тој прогес да запре, Вашингтон повторно ќе разгледа опции за воведување на санкции“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voeniot-udar-vo-mjanmar-dobi-osuda-od-belata-kukja/feed/ 0
Побунетите војници во Мали ветија стабилизација на состојбата во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobunetite-vojnici-vo-mali-vetija-stabilizacija-na-sostojbata-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobunetite-vojnici-vo-mali-vetija-stabilizacija-na-sostojbata-vo-zemjata/#respond Wed, 19 Aug 2020 12:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=392614

Побунетите војници кои во воениот удар во Мали ги соборија претседателот и владата на оваа африканска земја, денеска ветија дека повторно ќе ја вратат стабилноста во земјата и ќе го надгледуваат преодниот период до изборите, за кои рекоа дека ќе се одржат во „разумен временски рок“. Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, синоќа поднесе оставка и го распушти парламентот, откако беше уапсен од вооружените војници, но и натаму е нејасно кој го предводи бунтот, пренесуваат британските медиуми. Портпаролот на бунтовниците, кои себе си се нарекуваат „Национален комитет за народен спас“, изјави дека тие сакаат да спречат Мали да потоне подлабоко во хаос. Земјите партнери на Мали во регионот и од целиот свет вчера експресно го осудија воениот удар, стравувајќи дека соборувањето на Кеита ќе доведе до натамошна дестабилизација на оваа поранешна француска колонија и на регионот Сахел во Африка. Пред воениот удар, Мали се соочуваше со криза предизвикана од бунт на џихадистите и од масовни протести. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobunetite-vojnici-vo-mali-vetija-stabilizacija-na-sostojbata-vo-zemjata/feed/ 0
Уапсен грчки пратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-grchki-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-grchki-pratenik/#respond Mon, 18 Jun 2018 08:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=66991

Во стан во северниот дел на Атина рано утрово е уапсен пратеникот Константинос Барбарусис, по кој полицијата трагаше од петокот, откако успеа да им побегне на полициајците со службениот автомобил движејќи се со брзина од 180 километри на час. Како што јави дописничката на МИА од Атина, и покрај тоа што во изминатите денови потрагата на полицијата беше насочена кон градот од каде што потекнува, Барбарусис беше уапсен од секторот за борба со тероризам во грчкиот главен град, веројатно во стан на негова пријателка. Грчкото обвинителството, по поднесената тужба од министерот за одбрана Панос Каменос и алтернативниот министер за одбрана, Фотис Кувелис, покрена обвинение против Барбарусис за велепредавство, врз основа на кое и беше уапсен. Пратеникот, кој повеќе не е член на Златна Зора, во петокот говорејќи од парламентот ја повика војската да ги уапси грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерот Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, по што неговата партија беше исклучина од расправата. И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите (во Грција се уште трае процесот против Златна зора), кусо подоцна тој беше исклучен од партијата. Барбарусис, освен што се гони кривично за велепредавство по изјавата од собраниската говорница, се товари и за обид да им побегне на властите, на опасен начин и со ризик да предизвика сообраќајна несреќа. Како што во саботата објави МИА, пратеникот, за да не биде уапсен, на автопат во Грција, не застанал на полицискиот знак и со брзина од околу 180 километри на час, им избегал на полицајците кои што го бркале. Грчките медиуми коментираа дека во петокот вечерта се одвивала филмска брканица во лоши временски услови. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-grchki-pratenik/feed/ 0