воена академија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 12:01:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воена академија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Воената академија ги промовираше новите потпоручници и новите питомци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-gi-promovirashe-novite-potporuchnici-i-novite-pitomci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-gi-promovirashe-novite-potporuchnici-i-novite-pitomci/#respond Fri, 21 Oct 2022 12:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=749012

Продолжите со вашиот ентузијазам, со вашата енергија и посветеност во извршување на задачите кои Ве очекуваат, затоа што од денеска и вие сте лицето на Армијата, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на 22-та класа потпоручници кои денеска беа промовирани во Воената академија „Михајло Апостолски“. – Од денеска секој од вас и се приклучува на Армијата. Внесувате нова енергија, прогресивни размислувања, но никогаш не заборавајте на влогот на поранешните и сегашни искусни припадници на Армијата. Кон нив гледајте со голема почит, затоа што тие се заслужни за ова што имаме денес. Почитувајте го минатото, славете ја историјата, но создавајте ваши дела по кои ќе бидете препознаени и запаметени, рече Петровска. Обраќајќи им се на новите офицери, Петровска им порача влегувањето во Армијата да не го гледаат само како работен ангажман, туку и како света должност и обврска да се гради и брани татковината. – Современите безбедносни предизвици бараат и современи доктрини и технологии. Затоа, превземам обврска како министерка да обезбедам услови за ваша континуирана едукација и стручно усовршување. Секогаш ќе бидам на страната на она што е најдобро за вас, вие сте иднината на Македонија, нагласи Петровска. За најдобри офицери во генерација беа прогласени Кристијан Илиевски, Николина Пејовиќ и Сара Илиевска. На денешната свеченост беше промовирана и 26-та класа на питомци на Воената академија која брои 39 припадници. Деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски на новите питомци им порача да продолжат по патот којшто го избрале и да израснат во посветени и пожртвувани лидери кои ќе знаат да се справат и со најтешките ситуации. – Исправени сте пред еден од најголемите предизвици на својот живот преку кој од млади, безгрижни луѓе ќе се трансформирате во одговорни, посветени и себепожртвувани лидери кои ќе можат да се справат и во најтешките ситуации. Да станете лидери кои мотивираат, напорно работат и претставуваат пример за своите следбеници. Знам дека има измешани чувства помеѓу вас. Има такви кои знаат дека се на правото место, а има и такви кои можеби се уште размислуваат дали донеле правилна одлука и дали ќе можат да одговорат на предизвиците. За оние вторите, немојте да се откажувате. Ве уверувам дека вредите повеќе од тоа да се откажете заради некоја препрека на која ќе наидете, рече Богданоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-gi-promovirashe-novite-potporuchnici-i-novite-pitomci/feed/ 0
Промовирани нови 26 потпоручници на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirani-novi-26-potporuchnici-na-voenata-akademija-general-mihailo-apostolski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirani-novi-26-potporuchnici-na-voenata-akademija-general-mihailo-apostolski/#respond Fri, 19 Oct 2018 11:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=117154

Успехот на Армијата на Република Македонија од своето 27- годишното постоење на нашата држава за која се жртвуваа илјадници припадници на нашата војска треба да се круниса со успехот наречен Македонија 30. членка на НАТО. Ова денеска го истакна министерката за одбрана на Радмила Шекеринска на промоцијата на 18. класа потпоручници и на положувањето заклетва на новите питомци од 22.класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Свечена заклетва дадоа 33 питомци од кои 25 од Македонија, четворица од Босна и Херцеговина, тројца од Црна Гора и еден од Косово. Истовремено во чин потпоручник беа промовирани 26 питомци од Македонија, двајца од Црна Гора и еден од Косово. -Во име на новите почетоци, членството во НАТО ќе значи шанса Македонија да гради сигурна и просперитетна иднина. Членството во Алијансата за овие нови офицери и питомци ќе значи шанса да работат, да напредуваат и да се дообразуваат како дел на најмоќната воено-политичка Алијаса во светот. Како што им должиме на нашите претци така им должима и на овие млади генерации да направиме се, да ја постигнеме оваа стратешка цел на нашата татковина, истакна Шекеринска. Придобивките на нашето членство во НАТО, според министерката, први ќе ги почуствуваат токму припадниците на АРМ. Токму поради тоа, додаде таа, оваа година е зголемен Буџетот за одбраната за 15 проценти. Таа потсети дека се зголемени и платите за 10 отсто за сите припадници на АРМ како и дека е обезбедена исплата на сите права од колективните договори, за јубилејните награди и за дневниците за дежурства. Министерката Шекеринска рече дека е посебно е горда што седум од новите потпоручници се девојки како и тоа дека денеска заклетва дадоа 10 припаднички на понежниот пол. Најдобриот питомец од 18. класа со просек 9,91 Бојан Никлош рече дека е горд што тој и неговите другари успеале да ја добијата првата ѕвезда за која четири години во Академијата учеле како да функционираат и да си го најдат своето место во колективот и како да ги надополниваат недостатоците на другите. Тој на питомците на 22. класа им порача и ги охрабри да бидат горди на, како што рече, суштинската разлика од своите цивилни колеги и да се стремат да научат што повеќе во академските клупи. Награда за својот успех на Академијата добија и новите потпоручници Дамјан Јаневски кој завршил со просек 9,76 и Неда Волчева со успех 9,70. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirani-novi-26-potporuchnici-na-voenata-akademija-general-mihailo-apostolski/feed/ 0
Амбасадорот Бејли ќе предава на Воената академија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-bejli-kje-predava-na-voenata-akademija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-bejli-kje-predava-na-voenata-akademija/#respond Fri, 20 Apr 2018 06:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=43418

Предавање на тема „Национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи“ ќе одржи денеска американскиот амбасадор Џес Бејли на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. На предавањето ќе присуствува заменик министерот за одбрана, Беким Максути, заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, професори од Воената академија, како и питомци од четвртата година и студенти од третиот циклус на студии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-bejli-kje-predava-na-voenata-akademija/feed/ 0
Воената академија објави конкурс за пилоти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-objavi-konkurs-za-piloti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-objavi-konkurs-za-piloti/#respond Wed, 07 Feb 2018 11:13:44 +0000 http://kurir.mk/?p=19156

Конкурс за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација објави денеска Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Од Академијата ги повикуваат младите граѓани на Република Македонија кои имаат завршено високо образование, не се постари од 28 години и сакаат да бидат идните воени пилоти во Армијата на Република Македонија, да ги достават своите апликации со потребните документи од денеска, најдоцна до 9 март. При приемот предвид се зема успехот на кандидатите од завршеното високо образование и проверките за физичка подготвеност. Натамошната селекција, како што појаснуваат од Академијата, се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во Југоисточна Европа. Конкурсот може да се најде во дневните весници во Република Македонија, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk и Воената академија, www.ma.edu.mk. Овој конкурс отвора уникатна можност за секој млад граѓанин на Македонија да ги тестира своите можности, капацитети и знаење и да биде воен пилот во Армијата на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-objavi-konkurs-za-piloti/feed/ 0