воена база – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 12:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воена база – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Напад врз американската база Ал Танф во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-amerikanskata-baza-al-tanf-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-amerikanskata-baza-al-tanf-vo-sirija/#respond Fri, 20 Jan 2023 12:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=789711

Три беспилотни летала денеска ја нападнаа американската воена база во регионот Ал Танф во Сирија, но нема повредени американски војници, додека двајца Сиријци се ранети, се наведува во соопштението на армијата. Централната команда на САД соопшти дека биле соборени два дрона, а третото беспилотно летало го погодило комплексот, при што биле повредени двајца припадници на Слободната сириска армија (ССА). Американската воена база Ал Танф е формирана во 2016 година на местото каде што се вкрстува сириската граница со Јордан и Ирак, а административно припаѓа на Хомс, најголемата провинција во Сирија. Пред 2016 година, областа околу базата беше под контрола на терористичката организација „Исламска држава“, која силите на меѓународната коалиција предводена од Вашингтон ја протераа од ова подрачје. Оттогаш, САД го користат како база за обука на сириските опозициски милиции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-amerikanskata-baza-al-tanf-vo-sirija/feed/ 0
Сателитските снимки покажуваат големо оштетување на руската воена база на Крим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/satelitskite-snimki-pokazuvaat-golemo-oshtetuvanje-na-ruskata-voena-baza-na-krim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/satelitskite-snimki-pokazuvaat-golemo-oshtetuvanje-na-ruskata-voena-baza-na-krim/#respond Thu, 11 Aug 2022 07:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=716892

Сателитските снимки американската „Планет лабс“ покажуваат големо оштетување на авиобазата на Крим и неколку уништени руски воени авиони по експлозиите што се случија пред два дена, јави Би-би-си. На 9 август во руската воена база во Новофедоривка, лоцирана во западниот дел од анектираниот украински полуостров Крим се случија неколку експлозии, при што загина едно лице. Украина не презеде одговорност, но новите докази сугерираат можност дека станува збор дека базата е нападната. Снимките покажуваат големи области на изгорена земја по пожарите што избувнаа по експлозиите. Главните писти на базата најверојатно не се оштетени, но најмалку осум авиони се уништени. Но, сè уште не е јасно како е оштетена базата и со какво оружје. Русија тврди дека експлозиите биле предизвикани од муниција што експлодирала во магацините, а Украина, која не ја презеде одговорноста, сугерира дека невнимателните руски војници можеби ги предизвикале експлозиите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/satelitskite-snimki-pokazuvaat-golemo-oshtetuvanje-na-ruskata-voena-baza-na-krim/feed/ 0
Русија ќе гради воена база во Србија ?! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rusija-kje-gradi-voena-baza-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rusija-kje-gradi-voena-baza-vo-srbija/#respond Tue, 09 Aug 2022 08:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=715961

Русија размислува да изгради руска воена база која ќе извршува различни извидувачки задачи и ќе ја следи животната средина во Србија, смета рускиот воен експерт и историчар Борис Јулин, пренесува lenta.ru, нашироко читан руски портал во сопственост на „Сбербанк“ од 2020 година. Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Белград, Александар Боцан-Карченко, пишува порталот, зборувал за тоа наведувајќи дека „создавањето руски воени бази во Србија е суверена работа на таа земја“ Освен тоа, додава тој, ова е прашање што ја засега самата Русија. „Што се однесува до заедничкиот хуманитарен центар, тој постои и функционира за одговор на кризи во случај на хуманитарна катастрофа“, го цитира Лента.ру Боцан Харченко. Воениот експерт Јулин наведува дека не е многу јасно какви придобивки ќе има создавањето на воена база во Србија. „Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зоните на можни непријателства. Но, во Србија, територијално, ќе биде целосно отсечена од Русија и опкружена од сите страни со земји од ЕУ, а делумно и од земјите на НАТО. Не е јасно како е можно да се концентрираат силите и да се обезбеди база во овој случај“, истакнува Јулин. Единствената можна цел на нејзино создавање, за овој руски воен експерт е „извидувачка мисија и надзор на околината“, поточно собирање разузнавачки податоци. Тој исто така додава дека „Европската унија би можела да почне да ја перципира Србија како веројатен извор на закана во случај на конфликт“, што би имало не многу пријатни последици за Белград. Претходно српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, потсетува рускиот портал, објавил дека Србија е независна земја и не сака да се меша во конфликтите меѓу Русија и Западот и дека особено не сака да стане „пешадија на НАТО пактот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rusija-kje-gradi-voena-baza-vo-srbija/feed/ 0
Украинската воена база во близина на Киев уништена од руски ракети, соопшти украинскиот Генералштаб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-voena-baza-vo-blizina-na-kiev-unishtena-od-ruski-raketi-soopshti-ukrainskiot-generalshtab/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-voena-baza-vo-blizina-na-kiev-unishtena-od-ruski-raketi-soopshti-ukrainskiot-generalshtab/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=711413

Руски крстаречки ракети погодија воена база во близина на главниот град Киев и делумно ја уништија, соопшти денеска украинскиот Генералштаб. – Околу 5:00 часот по локално време, непријателот изврши напад со истрелување на шест крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената единица Лиутиј во регионот на Киев, изјави Олексиј Громов, висок функционер на Генералштабот. Главната зграда е уништена, а уште две се оштетени, рече тој, додавајќи дека украинската воздушна одбрана погодила еден од шесте проектили. – Ракетите беа истрелани од Крим, полуостров анектиран од Москва во 2014 година, додаде Громов. Вторите бомбардирања во четвртокот ги извршија Русите во регионот Чернихив во северна Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а беа истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Громов. Друго бомбардирање Русите денеска изведоа и во регионот Чернихив во северна Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а беа истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Громов. Тој посочи дека украинската војска притоа претрпела загуби. Има „жртви“ меѓу украинската армија, рече тој. Според него, руските сили продолжуваат да напредуваат кон Сиверск и Бахмут во Донбас, индустриски регион кој Москва сака целосно да го освои. Ситуацијата таму е „тешка, но целосно под контрола“, рече тој. Во окупираната област Херсон на југ, каде што украинските сили спроведуваат контраофанзива, во последните две недели успеаја да вратат под нивна контрола три села окупирани од Русите. Други украински официјални лица денеска известија за руски бомбардирања во неколку региони. – Денешното утро е бурно. Повторно руските ракети сеат терор, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм. Киев „нема да се предаде или да потклекне, рече тој. Најмалку едно лице загина, а две други се ранети во напад на областа Дњепропетровск, објави гувернерот на таа покраина Валентин Резниченко. Гувернерот на регионот Миколаев на југ пријавил „големо ракетирање“ во кое е уништено училиште и при што е рането најмалку едно лице. Градоначалникот на Харков, друг град на североистокот, пријави два ракетни напади С-300 кои предизвикаа пожари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-voena-baza-vo-blizina-na-kiev-unishtena-od-ruski-raketi-soopshti-ukrainskiot-generalshtab/feed/ 0
Џихадистите ја нападнаа најголемата воена база во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzihadistite-ja-napadnaa-najgolemata-voena-baza-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzihadistite-ja-napadnaa-najgolemata-voena-baza-vo-mali/#respond Fri, 22 Jul 2022 16:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=709072

Џихадистите денеска ја нападнаа воена база Кати во Мали, лоцирана во близина на Бомако. Бунтовниците првпат по повеќе од 10 години бунт ја нападнаа најголемата воена база во Мали. Според армијата на Мали, во близина на базата експлодирале две возила, а двајца напаѓачи се елиминирани. Во Мали вчера се случија серија координирани напади на џихадистите. Во еден од нив била нападната полициска база северно од Бамако, а биле убиени двајца припадници на војската на Мали. Лидерот на воената хунта, која е на власт во Мали, полковникот Асими Гоита, често престојува во базата Ката, од каде што почна државниот удар во 2020 година, по што армијата ја презеде власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzihadistite-ja-napadnaa-najgolemata-voena-baza-vo-mali/feed/ 0
Русите пукале кон воз за евакуација при бомбардирањето на воената база кај Лавов, има и загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-pukale-kon-voz-za-evakuacija-pri-bombardiranjeto-na-voenata-baza-kaj-lavov-ima-i-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-pukale-kon-voz-za-evakuacija-pri-bombardiranjeto-na-voenata-baza-kaj-lavov-ima-i-zaginati/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=646218

Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов. Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков вчера предупреди дека западните конвои со оружје и воена опрема за Украина Русија ги третира како „легитимни цели за напад“. Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од Лавов загинале девет лица, а ранети се 57 луѓе. Украинскиот парламент на својот канал Телеграм објави дека гранатирањето го оштетило возот за евакуација во регионот на Доњецк. - Во ноќта меѓу 12 и 13 март беше погоден воз за евакуација во близина на станицата Брусин во регионот на Доњецк. Возот бил на пат кон градот Лиман за да ги евакуира жителите на регионите Доњецк и Луганск. Еден од кондуктерите на овој воз загина, а друг е повреден, соопшти украинскиот парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-pukale-kon-voz-za-evakuacija-pri-bombardiranjeto-na-voenata-baza-kaj-lavov-ima-i-zaginati/feed/ 0
Косово им понуди на САД да формираат постојана воена база на негова територија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-im-ponudi-na-sad-da-formiraat-postojana-voena-baza-na-negova-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-im-ponudi-na-sad-da-formiraat-postojana-voena-baza-na-negova-teritorija/#respond Fri, 15 Oct 2021 12:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=579608

Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај, во име на неговата Влада, им понуди на САД да формираат постојана воена база на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти косовското МО, Мехај, кој престојува во официјална посета на САД, понудата му ја изнел на потсекретарот на американскиот Департман за одбрана, Колин Кал, за време на нивната средба во Пентагон. Косовскиот министер на средбата со високиот претставник на американската одбрана изјавил дека формирањето на таква база „ќе придонесе многу за мирот и регионалната стабилност на Балканот“. Потсекретарот Кал, се вели во соопштението, уште еднаш ја потврди поддршката на САД за евроатлантската интеграција на Косово, „нагласувајќи дека визијата на американскиот претседател Џо Бајден за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува дел од неговата приоритетна агенда“. Тој, исто така, високо го вреднувал и партнерството во првата мировна мисија на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Кувајт, како и учеството на ФСК во воената вежба на американските и сојузничките сили „Дифендер – Јуроп ‘21“. – Потсекретарот Кал нагласи дека поддршката за подигање на капацитетите на ФСК ќе биде постојана, а исто така, позитивно ги оцени подготовките за наредните мировни мисии, со што се зголемува уште повеќе улогата на Република Косово како фактор на мирот и на планот на глобалната безбедност, се вели во соопштението. Косово, во соработка со американската војска, во март годинава испрати во Кувајт еден контигент на Безбедносните сили, што претставува прва нивна мисија надвор од земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-im-ponudi-na-sad-da-formiraat-postojana-voena-baza-na-negova-teritorija/feed/ 0
Инцидент со огнено оружје во воена база во Охајо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incident-so-ogneno-oruzje-vo-voena-baza-vo-ohajo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incident-so-ogneno-oruzje-vo-voena-baza-vo-ohajo/#respond Fri, 10 Sep 2021 06:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=561815

Воено воздухопловната база „Врајт Патерсон“, во близина на градот Дејтон во американската држава Охајо, беше затворена во текот на ноќта поради известување за инцидент во кој дошло до неовластена употреба на огнено оружје во објектот. Според достапните информации од американската армија, обезбедувањето извршило претрес во зградата, а екипите на брза помош, исто така, реагирале на извештаите од Националниот воздухопловно-вселенски разузнавачки центар. – Сите наши воени и цивилни лица се обучени за брза проценка на ситуацијата и преземање соодветни мерки, се наведува во кратката изјава на воздухопловната база објавена на Твитер, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат соопштени кога ќе станат достапни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incident-so-ogneno-oruzje-vo-voena-baza-vo-ohajo/feed/ 0
Најмалку четворица војници загинаа во серија експлозии во воена база во Казахстан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvorica-vojnici-zaginaa-vo-serija-eksplozii-vo-voena-baza-vo-kazahstan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvorica-vojnici-zaginaa-vo-serija-eksplozii-vo-voena-baza-vo-kazahstan/#respond Fri, 27 Aug 2021 07:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=555474

Четворица војници загинаа во серија експлозии предизвикани од пожар во воена база на југот на Казахстан, а повеќе од 60 лица се ранети, соопштија денеска властите на оваа централноазиска земја. Британските медиуми јавуваат дека се уште не се знае која е причината за пожарот што вчера се појави воената база во провинцијата Замбил. -Во базата се чувааат инженерски експлозиви, изјави на прес -конференција казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Јермекбаев. Војниците загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот што беше предизвикан од серија од десет експлозии, изјави министерот, додавајќи дека складираниот експлозив потекнува од објект во градот Арис, каде што во 2019 година беше забележан сличен настан, а и тогаш  загинаа четири лица. Властите евакуираа стотици лица од блиската област и го затворија главниот пат што ја поврзува провинцијата со Алмати, најголемиот град во Казахстан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvorica-vojnici-zaginaa-vo-serija-eksplozii-vo-voena-baza-vo-kazahstan/feed/ 0
ХАОС ВО БАГДАД: Три ракети погодија воена база во Ирак! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-bagdad-tri-raketi-pogodija-voena-baza-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-bagdad-tri-raketi-pogodija-voena-baza-vo-irak/#respond Mon, 03 May 2021 19:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=505025

Најмалку три ракети ја погодиле воената воздушна база Балад северно од Багдад, каде се наоѓаат дел од американските војници, потврдија денеска ирачките безбедносни власти. Засега нема информации за можна материјална штета или жртви, пренесува Ројтерс. Други три ракети паднаа во близина на оваа база во напад во неделата, а најмалку уште две ракети паднаа вчера во кругот на меѓународниот аеродром во Багдад. Според ирачките безбедносни служби, никој досега не презеде одговорност за лансирањето ракета во овие два инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-bagdad-tri-raketi-pogodija-voena-baza-vo-irak/feed/ 0