воена парада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Oct 2022 12:40:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воена парада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Воена парада во Солун со учество на германските тенкови Мардер и француските воени авони Рафал https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voena-parada-vo-solun-so-uchestvo-na-germanskite-tenkovi-marder-i-francuskite-voeni-avoni-rafal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voena-parada-vo-solun-so-uchestvo-na-germanskite-tenkovi-marder-i-francuskite-voeni-avoni-rafal/#respond Fri, 28 Oct 2022 12:40:50 +0000 https://kurir.mk/?p=751817

Во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, на министерот за одбрана, претставници на локалната власт и на партиите, на американскиот амбасадор, како и илјадници граѓани, во Солун се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, парада која по пауза од две години се одржа без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. На воената парада првпат учествуваа и француските воени авиони Рафал, како и оклопните возила Мардер кои неодамна пристигнаа во Грција, а земјата ги доби од Германија, во замена, откако старите тенкови од типот БМП-1ги испрати во Украина. Паралелно со парадирањето на припадниците на армијата, на небото во Солун, освен четирите од вкупно 24 Рафал кои Грција ги купи од Франција, прелетаа и воени хеликоптери, како и воени Ф-16, Ф-4, но и легендарниот авион Спитфајр. Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник. Денешната воена парада беше прва по 2019 година што се одржа под нормални услови, без никакви ограничувања за пандемијата, со оглед на тоа дека во 2020 година беше откажана, а лани беше под специјални Ковид мерки. Токму затоа беше огромна присутноста на граѓаните, а парадата беше со продолжено времетраење од над два часа. Во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците, а во село на островот Наксос, како и на малиот остров Матраки, парадираше само по еден ученик, единствениот во училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voena-parada-vo-solun-so-uchestvo-na-germanskite-tenkovi-marder-i-francuskite-voeni-avoni-rafal/feed/ 0
ВО ЖИВО: Воена парада во Москва, се одбележува победата над фашизмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-voena-parada-vo-moskva-se-odbelezuva-pobedata-nad-fashizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-voena-parada-vo-moskva-se-odbelezuva-pobedata-nad-fashizmot/#respond Sun, 09 May 2021 07:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=507821

Светот денес го одбележува Денот на победа над фашизмот во Втората Светска војна  - 9 мај. Во Москва се одржува традиционалната воена парада, која инаку е најголемата воена смотра во светот по повод овој ден. Според податоците од руското Министерствот за одбрана, на парадата учествуваат над 12.000 војници, 191 единица воена копнена опрема, како и 76 хеликоптери и авиони. Музичката поддршка е обезбедена од оркестарот на Министерството за одбрана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-voena-parada-vo-moskva-se-odbelezuva-pobedata-nad-fashizmot/feed/ 0
Воена парада во Атина, 200 години од востанието за независност на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voena-parada-vo-atina-200-godini-od-vostanieto-za-nezavisnost-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voena-parada-vo-atina-200-godini-od-vostanieto-za-nezavisnost-na-grcija/#respond Thu, 25 Mar 2021 06:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=487394

Под драконски безбедносни мерки, под здравствени протоколи, без публика поради пандемијата и карантинот, со ограничен број претставници на медиумите, со високи гости, денеска во Атина ќе се одржи воената парада по повод 200 години од востанието за независност на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. На дводневните свечености по повод јубилејот присуствуваат претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, принцот Чарлс и војвотката Камила, премиерот на Русија Михаил Мишустин и министерката за одбрана на Франција Флоренс Парли. На парадата ќе и претходат свеченост на Акропол со подигање на грчкото знаме, свечена литургија во атински храм, како и положување цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак пред грчкиот Парламент. За време на парадата, се очекува заедно со грчките авиони, да летаат и американски Ф-16 и француски Рафал. Високите гостите веќе се во Атина, синоќа присуствуваа на вечера во нивна чест во претседателската палата, а претходно ја посетија реновираната Национална галерија, што свечено беше отворена. Свечената вечера организирана од претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу се одржа под строги протоколи и со растојание меѓу поканетите, околу 40 лица. Сакеларопулу во поздравниот говор рече дека „придонесот на големите сили од тоа време, Франција, Англија и Русија, во борбата беше голем“ и истакна дека „наследството од 1821 година не е само грчко, туку напротив, носи универзалност и универзалност на идеите и вредностите на своето време“. Принцот Чарлс, кипарскиот претседател, рускиот премиер и француската министерка за одбрана, во нивните поздравни обраќања пред свечената вечера се задржаа на врските што нивните земји ги имаат и ги одржуваат со Грција. На свечената вечера и претходеше посета на реновираната Национална галерија, додека пак во текот на вчерашниот ден, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се сретна со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и со премиерот на Русија Михаил Мишустин. Денеска, кусо по завршувањето на парадата ќе оствари средба и со принцот Чарлс. На плоштадот Синтагма, пак, вчера интензивно се работеше на подготовките за денешната парада, со поставување на специјалната ложа за претставниците на државниот врв и гостите пред грчкиот Парламент, но и 200 грчки знамиња. За безбедноста во Атина пред и за време на парадата ангажирани ќе бидат околу 4.000 полицајци, центарот ќе биде целосно затворен и за сообраќај и за граѓани, затворени ќе бидат и повеќе метро станици, а на објектите околу Парламентот, според грчките медиуми, ќе бидат поставени снајперисти. Поради рестриктивните мерки, традиционалната воена парада ќе ја следат само мал број претставници на медиумите, за кои потребна е специјална акредитација, присуството на новинарите беше одредено со ждрепка, а меѓу избраните новинари е и дописничката на МИА од Атина. Лани воената парада, поради почетокот на пандемијата не се одржа, а ова е втора година по ред, националниот празник во Грција да е во период кога земјата е во карантин. Токму поради пандемијата, овој пат, воената парада ќе биде без публика, а граѓаните ќе ја следат преку телевизиските екрани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voena-parada-vo-atina-200-godini-od-vostanieto-za-nezavisnost-na-grcija/feed/ 0
Поради пандемијата нема да се одржи традиционалната воена парада во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pandemijata-nema-da-se-odrzi-tradicionalnata-voena-parada-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pandemijata-nema-da-se-odrzi-tradicionalnata-voena-parada-vo-grcija/#respond Mon, 05 Oct 2020 13:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=412611

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, поради пандемијата, оваа година нема да се одржи традиционалната воена парада во Солун на 28 октомври, кога се одбележува денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите ја соопшти одлуката на Мицотакис, како за воената парада во Солун, така и за парадата на учениците во Атина. Говорејќи за пандемијата, Пецас рече дека во овој момент има стабилизирање на ситуацијата, а не драстично зголемување на случаите и истакна дека „ако продолжиме вака нема да има потреба од нови мерки“. Паралелно, објасни дека не се разгледува можноста за задолжително носење маска и надвор, ниту пак да се воведе полициски час од полноќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pandemijata-nema-da-se-odrzi-tradicionalnata-voena-parada-vo-grcija/feed/ 0
Чевлата и испадна за време на воената парада во Русија: За тоа што се случи потоа денеска зборува целиот свет (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chevlata-i-ispadna-za-vreme-na-voenata-parada-vo-rusija-za-toa-shto-se-sluchi-potoa-deneska-zboruva-celiot-svet-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chevlata-i-ispadna-za-vreme-na-voenata-parada-vo-rusija-za-toa-shto-se-sluchi-potoa-deneska-zboruva-celiot-svet-video/#respond Thu, 25 Jun 2020 17:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=363031

Командантот на руската балтичка флота, адмирал Александар Носатов лично денеска и врачи награда на учесничката во воената парада на победата во Русија. Имено на учесничката за време на парадата и се соблече и загуби чевелот, но наместо да направи застој таа продолжи да маршира, по што стана вистинска сензација низ целата земја и светот. Поради нејзината храброст денеска таа добила благодарница, медал и букет цвеќе за својата снаодливост, пренесува РИА новости. Ксенија Калчинској исто така е наградена за издржливоста и самоконтролата која ја покажала во текот на воената парада, не забележувајќи го тоа речиси од никого. Инаку таа денеска стана вистински херој во Русија, а веќе четири години служи како медицинска сестра во штабот во една против пожарна единица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chevlata-i-ispadna-za-vreme-na-voenata-parada-vo-rusija-za-toa-shto-se-sluchi-potoa-deneska-zboruva-celiot-svet-video/feed/ 0
Среде воена парада, падобранец удри во бандера и остана да виси пред кралот (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srede-voena-parada-padobranec-udri-vo-bandera-i-ostana-da-visi-pred-kralot-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srede-voena-parada-padobranec-udri-vo-bandera-i-ostana-da-visi-pred-kralot-foto-video/#respond Sun, 13 Oct 2019 12:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=251132

Воената парада во Мадрид, по повод националниот празник, ја одбележа „судир“ на падобранец со бандера, кој наместо да слета пред кралот и свечено да му го предаде шпанското знаме, остана да виси. Публиката која во ѓиво ја следеше вчерашната парада, но и оние кои преку телевизија ја следеа, сведочеа на мал инцидент, кога падобранот се закачи за бандерата и падобранецот остана да виси наместо да слета на трибината пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивните ќерки. Како поддршка за падобранецот, кралското семејство започна да му аплаудира. Потоа, војникот го испушти големото знаме на Кралството Шпанија за да се подигне на време во знак на одбележување на пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година. Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен падобранец со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srede-voena-parada-padobranec-udri-vo-bandera-i-ostana-da-visi-pred-kralot-foto-video/feed/ 0
Најмалку 24 загинати при напад врз учесници на воена парада во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-zaginati-pri-napad-vrz-uchesnici-na-voena-parada-vo-iran-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-zaginati-pri-napad-vrz-uchesnici-na-voena-parada-vo-iran-2/#respond Sat, 22 Sep 2018 12:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=104512

Најмалку 24 лица загинаа, а 53 се повредени во нападот изведен за време на воена парада во иранскиот град Ахваз. Министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф порача дека брзо и одлучно ќе биде одговорено на нападот. „Регрутирани терористи, обучени, вооружени платеници на странски режим го нападнаа Ахваз. Иран ќе одговори брзо и одлучно, бранејќи ги животите на Иранците“, напиша Зариф на Твитер. Претходно беше соопштено дека вооружени напаѓачи убиле најмалку осуммина припадници на елитната Револуционерна гарда и раниле уште 20 лица за време на парада во југозападен Иран. Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се межу жртвите на нападот, објави државната агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер. Во дел од медиумите се наведува дека нападот го извеле припадници на „Такфирија“, термин кој во Иран се користи за т.н. Исламска држава. Напаѓачите, за кои локалните медиуми наведоа дека биле двајца, се неоѓале зад бината и почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот. Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се ранети. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-zaginati-pri-napad-vrz-uchesnici-na-voena-parada-vo-iran-2/feed/ 0